Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: Zdravkovski on 06.10.2012, Saturday, 19:08:23

Title: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: Zdravkovski on 06.10.2012, Saturday, 19:08:23
Како што пишува и во самиот наслов ми треба помош околку тоа на која фрекфенција работат мобилниве оператори конкретно се работи за 3Г мрежите? Прашањето го поставувам бидејќи денес се префрлив во Вип а претходно користев услуги од Оне и Т-Мобиле и немав проблеми сега не можам да се  поврзам на 3Г мрежата на Вип. По консултација со службата за корисници ми кажаа дека  мој телефонот
Code: [Select]
[url]http://www.gsmarena.com/sony_ericsson_cedar-3404.php[/url] не бил компатибилен , па би сакал ако има некој информации на која фрекфенција зрачат операторите би бил благодарен.
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: GigaWatt on 06.10.2012, Saturday, 19:18:02
TDMA/FDMA/CDMA фреквенцијата на повеќето мобилни оператори во Европа е 900MHz или 1800MHz. Околу 3G, не знам која фреквенција се користи, но би требало податоците да се пренесуваат по истиот носител (900 или 1800MHz), само им се разлукува bandwidth-от (поделен е на повеќе подсекции, секција за 2G, за UMTS, за 3G, итн.).
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: Zdravkovski on 06.10.2012, Saturday, 19:22:03
официјалниот одговор од страна на Вип е дека они зрачеле на 900МХ а останатите оператори на 850 МХ па затоа со нив сум немал проблеми а со Вип на истиот телефон имам, ама јас на техничките служби многу не им верувам затоа што често се случува за не дадат почни информации(излажат за да не им досадуваш) па решив да си проверам и настрана  :D
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: GigaWatt on 06.10.2012, Saturday, 19:26:52
850MHz мислам дека е Американскиот стандард за зрачење на мобилните оператори. Они користат некоја модификација на CDMA стандардот и не е баш најкомпатибилен со GSM стандардот (затоа, често, барем постарите модели на мобилни телефони, ако се купени тука, во Македонија, не функционираа во Америка, сега поновиве модели имаат додатни модули кои функционираат и на тој стандард, но не секогаш и не со целосна коматибилност, на пример, нема да имаш определени услуги или нешто слично). Како и да е, ако мобилниот ти е првично наменет за користење во Америка, можно е да имаш проблеми со Европските оператори бидејќи во Америка не се користи GSM стандардот (и нивниот 3G нема исти спецификации како Европскиот 3G).
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: Zdravkovski on 06.10.2012, Saturday, 19:29:14
Абе и да не работи на 3G не е некој проблем, само малку ми дојде нелогично затоа што истиот телефон работеше на Оне и Т-Мобиле на 3G без никакви проблеми.
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: GigaWatt on 06.10.2012, Saturday, 19:34:14
Па најверојатно функционирало без проблем бидејќи им се различни системите од тие на VIP. Искрено, навистина не знам на која феквенција зрачат операторите кај нас (ако е вистина тоа што ти го кажала техничката служба, тогаш, за мене ова е нова информација ;D, јас мислев дека зрачат и на 1800MHz, ама ете, изгледа не сум бил во право ;D), но знам дека дефинитивно можно е определен телефон да има одлична компатибилност на еден оператор, а на друг, да има проблеми, особено ако корисникот сака да ги користи овие „додатни“ услуги (за телефонски разговори и SMS, секој телефон би требало да биде компатибилен со било кој оператор, барем во Европа, за некој друг континент, можно е ова да не важи).
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: dr-mr on 06.10.2012, Saturday, 19:49:13
Quote
SKOPJE (Macedonia), August 31 (SeeNews) – Macedonian mobile carrier Vip Operator said it has launched its 3G network after being allotted radio frequencies in the 1720-1730 MHz and 1815-1825 MHz bands.

Цитирано од
Code: [Select]
http://wire.seenews.com/news/macedonia-s-vip-operator-launches-3g-network-299449
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: LordZi on 06.10.2012, Saturday, 20:17:05
Општо мрежата на вип им е катастрофа, бегај подалеку од нив иако се најефтини, нас на работа не префрлија од т-мобиле на вип и одма почнаа проблеми, често се случува да не сме достапни иако телефонот не е исклучен, нема мрежа во магацинот, прекинува на сред разговор и триста други глупости, кога ГСМ-от им е таков може да замислиш каков им е 3Г.
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: ShAdOw on 06.10.2012, Saturday, 20:21:58
Сега VIP имаат нова сопствена мрежа и полека ги решаваат проблемите :)...
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: Zdravkovski on 06.10.2012, Saturday, 20:39:03
Quote
Општо мрежата на вип им е катастрофа, бегај подалеку од нив иако се најефтини, нас на работа не префрлија од т-мобиле на вип и одма почнаа проблеми, често се случува да не сме достапни иако телефонот не е исклучен, нема мрежа во магацинот, прекинува на сред разговор и триста други глупости, кога ГСМ-от им е таков може да замислиш каков им е 3Г.
И нашите службени се на Вип и тоа со години ама никогаш не сме имале проблеми. Па сега со приватниов број ќе видам како ќе биде затоа и склучив договор на неодредено време  ;)
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: didy on 07.10.2012, Sunday, 00:05:53
Т-мобил и Оне(космофон) изградија земјени сателити за комуникација, ВИП како ппоследен оператор нема изградено овакви станици на планините низ Македонија туку има закуп од овие први провајдери, затоа работат со помала ширина на опсег на фрекфенции па нормално и се одразува на квалитет, затоа што постарата опрема на Т-Мобиле (Ериксон) ја рентаат, додека имаат нова (Кенвуд) ја имаат за себе, исто е и за интернетот, и класичните телефонски линии, Т-хоме користи 16 канална врска по корисник(широкопојасна), додека закупените од кабловските оператори се корисник по еден канал, па јасна е ситуацијата зошто има конекциски прекини
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: DX-er on 07.10.2012, Sunday, 15:21:37
официјалниот одговор од страна на Вип е дека они зрачеле на 900МХ а останатите оператори на 850 МХ па затоа со нив сум немал проблеми а со Вип на истиот телефон имам, ама јас на техничките служби многу не им верувам затоа што често се случува за не дадат почни информации(излажат за да не им досадуваш) па решив да си проверам и настрана  :D

Те излажале или не се доволно информирани, иначе GSM фрекфенциите од 900MHz се 890-915MHz и 925-960MHz a GSM 850MHz e за америка. Фрекфенциите за 3G се 1885–2025 MHz и 2110–2200 MHz
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: Zdravkovski on 08.10.2012, Monday, 17:53:20
Quote
Те излажале или не се доволно информирани, иначе GSM фрекфенциите од 900MHz се 890-915MHz и 925-960MHz a GSM 850MHz e за америка. Фрекфенциите за 3G се 1885–2025 MHz и 2110–2200 MHz
Се излажале ако мислеле да ме излажале, може само да се одложи расправата за таа работа ако јас бидам сигурен и повеќе ќе се расправаме. Ама цело време ме буни една работа што телефонот ја пронаоѓа 3Г мрежата ама не ми дозволува да се приклучам на истата.
Title: Одг: На која фрекфенција работат мобилниве опратори?
Post by: DX-er on 27.10.2012, Saturday, 15:47:41
ВИП оператор зрачи на 900MHz за 3G, а повеќето телефони имаат 3G на 2100MHz па затоа е проблем со компактибилноста.