Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: gladiator on 06.04.2010, Tuesday, 23:39:31

Title: инфраред- мерење на температура
Post by: gladiator on 06.04.2010, Tuesday, 23:39:31
додека читав за ласерите сакав да прашам како е принципот на мерење температура со
инфраред па затоа отворив нова тема па ве молам ако некој знае да ми појасни?
однапред фала  :)
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: malkjos on 06.04.2010, Tuesday, 23:52:10
додека читав за ласерите сакав да прашам како е принципот на мерење температура со
инфраред па затоа отворив нова тема па ве молам ако некој знае да ми појасни?
однапред фала  :)

Еве линк од фирмата Флуке да видиш некои камери

http://us.fluke.com/fluke/usen/products/CategoryTI?trck=thermography (http://us.fluke.com/fluke/usen/products/CategoryTI?trck=thermography)
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: gladiator on 07.04.2010, Wednesday, 00:01:17
знам како изгледа имаме наработа само што не е термална обична е само ме интресира на кој принцип работи ако некој знае подетално да објасни
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: Georgi on 07.04.2010, Wednesday, 00:04:23
Еве линк од фирмата Флуке да видиш некои камери

Кодирај го линкот...
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: BorceBT on 07.04.2010, Wednesday, 01:10:10
Мерењето на температура преку инфрацрвеното зрачење на предметите е всушност мерење на интензитетот на одреден спектар (deep (far) infrared) кој го зрачат сите загреани предмети. Во таквиот термометар има PIR сензор (слично како сензорите што се за аларм) и леќа која може да фокусира инфрацрвено зрачење во далечина од 10цм па со 1 метар и повеќе. Значи PIR сензорот линеарно дава напон во зависност од зрачењето (топлината) на предметот и микроконтролер или стрелка го дава тоа на дисплеј. Се надевам дека е јасно. Ова со инфрацрвените камери е малку посложено бидејќи се работи за модифициран CCD сензор а не за PIR сензор меѓутоа ова со PIR сензорот се употребува за поевтини инфрацрвени термометри (од 50 до 150 евра).

Типичен PIR (passive infrared) сензор:

(http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:F0qfW4JV8Fb7EM:http://www.futurlec.com/Pictures/PIR_D203B_250.jpg)
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: MAKEDONIA on 07.04.2010, Wednesday, 04:04:20
Пир сензорот има прозоце од пластика , германиум или други материжа сто пропуста инфра црвено светло
има и пйровидикони,ццд на црнобелите камери оди негде до ъъ00нм , бидежки леката не пропуста повеке .
Во старо време навигацижата се врсела со иц филм бидежки маглата не преци на иц.
Топлотните камери се развиени од ага Сведска денес купена од американците и се вика ФЛИР повеке за вожна употреба  навигацижа медицина позарникари откриванже грески во електроника меренже на изолацижа на куките за далеководи каде има грески ,една многу корисна направа кожа досла да остане за стално.Порано тие беа со тецен азот.
Денес на база на разни соединенижа  и во вид на ццд.Перфектни се за нокно возенже ама американците не дозволуваат да се просират се пласат од терористи и имаат апсолутен монопол во цел свет.
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: Zdravkovski on 07.04.2010, Wednesday, 16:51:37
незнам дали на електроничарите би им вршела работа една таква термо камера ама мене како електричар-енергетичар тоа како би ми завршила особено кога поврзувам кабли со дебелина над 35мм да проверам дали и колку загрева на местата за контакт .
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: MAKEDONIA on 07.04.2010, Wednesday, 17:13:17
жас имам една стара црно бела со цопер произведена од PYE англија  со пировидицон
отвор на бленда на обжективот е 0.7 ,само денеска топлотните се како малецка бормасина со мало екранце
и во божа цената е во пад околу 3000 евра само се додека американците блокираат теско да паднат цените
кинезите прават ама не сум видел да продават на запад
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: gladiator on 07.04.2010, Wednesday, 22:25:31
мене ме интересира дали со овој PIR сензоров и некој микроконтролер може да се исконбинира нешто и да може да се мери температура преку инфраред се разбира  ::)
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: BorceBT on 08.04.2010, Thursday, 02:44:31
Може сигурно ама еден пир сензор е 1000+ денари :(
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: Devil on 08.04.2010, Thursday, 12:00:41
може поефтино
ќе си купите од тоа сијаиците што се со пир сензори негде 250 денари е најмалата ;D
хехе ќе ја растурите и терајте
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: MAKEDONIA on 08.04.2010, Thursday, 13:57:44
имам една сема од америка треба да жа наждам и ке жа ставам ама пред пирот треба да се стави цхопер за да мери
тоа бесе долго проблем за топлотни камери и можата стар со пировидикон има цхопер  со цхоперот се губи 50%
кога врти сега имаат направено без цхопер и се користи сигналот 100%
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: Zdravkovski on 08.04.2010, Thursday, 16:10:32
јас имам извадено од аларм таков пир сензор , ама немав престава дека е толку скап
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: gladiator on 08.04.2010, Thursday, 22:42:34
значи вака јас од досега прочитаново разбрав дека зрачењето од загеаното тело го препознава овој пир сензор { или можеби треба нешто што ке емитува инфраред зраци} и тоа е се значи кога би се врзал на аналогната порта од некој микроконтролер тој би мерел некоја си температура или сум грешка да не треба уште нешто  ::)
Title: Одг: инфраред- мерење на температура
Post by: BorceBT on 09.04.2010, Friday, 03:33:46
Баш така да. Само уште треба да се види дали PIR сензорите од аларми имаа диференцијален излез или обичен. Ако имаат обичен тогаш се работи за напон кој се менува во зависност од инфрацрвеното зрачење а ако имаат диференцијален тогаш неможе да се употреби за мерење на температура бидејќи ќе дава напон на излез само додека има промена пред сензорот. Да бидам искрен немам извадено сам сензор досега, да мерам и да знам во алармите од кој тип се сензорите.