Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: najdo on 13.06.2012, Wednesday, 21:07:05
-
Имам пробел со рутерот забележав пред некој ден, брзината на интернетот од 7 мгб ми падна на 1,5 до 2 мгб. Си реков до модемот да не е, ама не било до него, го поврзав директно на пц но си ја имаше брзината од предходно, а пак некогаш (ретко) кажва како да се е во ред но само за кратко време и пак паѓа брзината. Па сега прашањето е дали се можни некои поправки во рутерот или ке треба нов да земам.
-
на кој провајдер си ?
жали им се дека не ти чини нетот, ако си на т-хом ќе испратат екипа која ќе мери каков сигнал имаш :D, ако си на некој од овие приватните мини провајдери, не верувам дека нешто големо ќе се смени, едноставо нивните мрежи се пренатрупани...
не верувам дека е нешто до модемот
-
Ми се има појавено сличен проблем со ден постар рутер, поради не знам која причина, едноставно ја немаше онаа брзина која ја имаше на почетокот, врзи го PC-то директно на модем, нема проблем. Пробај со ресетирање на рутерот, можно е да се среди проблемот. Иако во мојата ситуација, се средуваше проблемот, краткотраен ефект имаше ова :S. Ако тоа не успее, пробај со flash-ување на firmware-от, можно е да помогне, но ризично е, пази, потребно е firmware-от да биде наменет за твојот модел, а не некој сличен.
-
На Телекабел сум, иначе пред недела дена дојдоа луѓе но јас небев дома, сестрами му се јаве му кажа дека е бавен интернетот, дојдоја и рекоја демек до рутерот бил пробелмот, а еве сега на спеедтест пак си кажва дека ја има брзината.
-
ако мислиш дека е рутерот дади му update или рестартирај го целосно и одново намести си ги опциите :)
-
А да си провериш да не ти е „отворен“ рутеро, па да те кради комшијата, некој во близина, па да ти фаќа брзината. Мене то ми се случи, па сеа скроз ми е исклучен wireless-от оти не го користам :)
-
дефинитивно ќе да ти кради комшијата нет штом има па ќе падне брзината и на кабел директно се ти е ок .
-
Последно и јас на то мислев, гледам 1 -от ден од месецот 1 Гб нема, гледам по 6 дена, 6 Гб нема, ама пак кајмене во комшите мислам дека нема некој шо ми ја има пробиено шифрата па да ми кради нет, но сепак ке го рестартирам одново и ке го конфигурирам наново. Еве денеска провервам собраќај, 15 Гб истрошени се.
-
Смени ја шифрата и продолжи да ја менуваш на секои 3-4 дена... ;)
-
Влези во рутерот преку неговата ајпи адреса и види ограничување ;)
-
Изгледа до рутерот е, ама засега вака го терам со намалена брзина па потаму ке го менам.
-
Побарај на официјалниот сајт на тп линк моделот на рутерот што го имаш и побарај да не има случајно понова верзија на софтвер за твојот рутер и абдејтувај го .