Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: batka on 30.05.2012, Wednesday, 18:36:51
-
Дали некој знае каде и под кое име во Скопје може да се купи спреј боја за пластика(поточно -тастатура!),потоа бели летрасет слова и знакови бела боја 5-6 мм и пластик спреј за нивно фиксирање!! ????
-
Не може боењето на тастаурата да се изведе со обичен авто лак?
-
Не.може,паѓа обичната боја.Треба прво подлога( боја) па обичен спреј -боја.Имало посебни бои со основа за пластика,малку поскапи,ама со нив можело директно да се фарба.Колегава бара за да префарба стара клик-механичка тастатура.Тоа било сега нај-кул работа.Па ајде да помогнеме.... ;D ;D ;D
-
значи така.. Батка гледам дека бараш спреј за пластика.. до сега не сум видел би требало да има ама знам ако сакаш да фарбаш со пиштол.. има еден како лак кој се става на пластики пред бојата незнам како точно се викаше.. се прска прво лакот после тоа се става боја без разлика на тоа дали е обична боја или е маталик.. ова го имам правено многу одамна со металик боја и не се секавак како се викасе лако ке прашам и ке ти кажам ако си заинтересиран да фарбаш со пиштол :) :)
-
Борис,абе Батка ти фарбал и коли,ама ова е специфична работа.Точно, прво подлога се шприца,па нитро или двокомпонентна боја.Исто е и за медијапан( за да не упива!) - прво темелна ,па финиш!.Ама ми рекоа дека имало сега некоја боја во спреј која директно се нанесувала на пластика и била добра ( и на ABS одела!!).Па тоа ме интересираше дали некој знае каде во Ск може да се најде таква боја,колку чини итд.Добро е ако има некој искуство со таков спреј !
-
Батка многу “ретро“ терате :), ако е за така постарите машини за чукање имаа стакленца врз буквите и нема лижење на словата, па може и вие да излепите стакленца врз копчињата, и да користите боја за секојдневна употреба или онаа од ситопечат што ја користат ;D
-
Диди и ти си ретро! Она боја за *сито* паѓа,батка,штом се исуши,како прашина! Коки запнал собира и преправа *клик* тастатури и сака да ги репарира докрај.Не му спомнувај за стакленца ,ке почнеме и писачки машини да собираме! ;D ;)
-
batka ima dvokomponentni boi za sito, cicko mi koristi takvi za stampanje na plastika i bojata tesko se vadi, ama pa ke treba so pistol nekoj da farbas tastaturata...
P.S. pc-vo nema mkd poddrska...
-
OK! Го решив проблемот со ABS црн мат спреј.Го користат за репарација на пластични браници и делови за скутери.Основата е црна мат,а врз неа оди било каква боја ( може и емаил,па и флуоресцентна боја).Проблемот е решен ,Ке ставам слики да видите ретро тастатура.Проблем е сега уште дали да се пресече нумеричкиот дел или да се остави да биде цела.Можно е да поработиме на позадинско светло.