Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: vrukiot on 23.04.2012, Monday, 15:58:14
-
Здраво другари имам мал проблем во врска со мониторчево LG FLATRON W1934S значи имаше и еден друг пост за сличен модел.Значи вака мониторчево се пушта на почеток и се си работи како што треба но во рокот од две три секунди се гаси екранот и така стои се додека не го изгасиш од копче или од струја.Го отворив кај напојувањето мислев некој кондензатор има рокнато али нема ништо од тоа се си е добро нема ни ладни лемови ни подуван кондензатор.Некој помош некаква да ми понуди :) Поздрав и пријатен ден до сите.
-
Може да е проблем со неонка или со инверторот...
Мора да се провери...
Поздрав
-
Треба да се измерат кондензаторите. Не секогаш подујуваат кондензаторите, може и да се суви, а да не се подуени.
И тоа што го спомна Сале, и тоа е исто така можно. Треба да се измерат некои работи во секцијата со инверторот.
Најдобар начин за да провериш дали воопшто работи екранот, односно дали само неонките се гасат, а всушност има слика, е ако екранот го поставиш под јако свело (легнат, над него некое неонско или обично светло, но да свети директно во него). Ако гледаш дека се гладаат бледо икони, Desktop, ова она, значи само неонките не работат. Ако не се гледа ништо, можно е да има и некој друг проблем освен неонското осветлување.
-
Да се извинувам јас тоа го заборавив да го напоменам дека кога ќе го ставам под неонка се што работам на компјутерот се гледа :-\ ! значи неонките се расипани :) Е сега уште едно прашање каде може да најдам за овој модел и која им е сумата да не знае некој ??? Иначе ви благодарам на сите што ми помогнавте да го откријам дефектот.Поздрав
-
Не мора да значи дека се неонките во прашање, можно е и инверторот да е проблематичен. Затоа пишав дека треба да се направат мерења во секцијата на инверторот.
Неонки мислам дека некој спомна дека има во BT електроник. Цената мислам дека беше околу 300 денари една.
-
Ако ти требаат неонки може и јас да ти продадам за 200ден парче или сите 4 за 600 ден.Ако е изгорен инверторот може да ти понудам готов инвертор кој е комплетно идентичен со мониторот и се монтира за брзо време и е едноставно, инверторот е 450 ден ти види и пиши ми на пп за да ти одговорам побрзо.
-
здраво може ли да знам од каде сте и може ли некако да ми продадеш инвертер .мониторот ми е кај еден мајстор ама ми вели за две недели ке добил инвертори.некако многу ми се гледа.поздрав
-
кој сака ке му испратам по пошта,карго или глс само нека се јави, не кажав дека инверторите и неонките се нови и имаат гаранција
-
боре имаш ли доволна количина од неонкиве или само овие 4 ти се?
Да знам дали да те барам ако ми требаат ;)
-
имам доволно неонки за 15’’,17’’,18’’ и 19’’
-
супер
-
Боре мене ми треба неонка за 19" монитор.Инаку димензиите се 2,6x410mm.Дали имаш и која цена ти се???
-
здраво колеги имам еден мал проблем ке ве молам за помош сега моментално имам ист оваков монитор нема ништо значи ни STBY ништо не раб едноставно мртов е .Го отворив да видам физички да не има нешто подуено кондензатор или да не има изгорено нешто меѓутоа нема ништо сменив кондензатори во примар и секундар и понатаму нема ништо треба да има 5v на излез мно има само 1.2v ве молам за помош
-
Треба цела напојувачка секција добро да се испита. Еве шема.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/lg_w1934s_flatron_power_supply.gif)
Провери дали го дава напонот од +5V ако напојувањето не е поврзано со компонентите кои ги напојува?
-
не го дава тој напон дава само 1.2 v
-
Дури и кога напојувањето не напојува ниеден дел од мониторот (виси)?
-
да да нема 5v
-
Провери ги заокружените компоненти.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/lg_w1934s_flatron_power_supply_component_check.gif)