Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: batka on 12.03.2012, Monday, 17:03:21

Title: АС регулатор на мотор со U208 и TIC 236
Post by: batka on 12.03.2012, Monday, 17:03:21
 Бидејки има доста прашања и интерес за ваков вид регулација на мотори,еве една добра шема со U208 и  TIC 236.Не знам каде и колку чинат  U208 и  TIC 236 кај нас ,само знам дека замената за TIC 236  е ВТА 16/800 која чини,ако не се лажам околу 1,5ЕУ. Во прилог имате и изглед на плочка .
Title: Одг: АС регулатор на мотор со U208 и TIC 236
Post by: Gele_PP on 13.03.2012, Tuesday, 11:10:15
Дај ако можи и мало појаснивање за поврзувањето. Гледам има конектори Ј1, Ј2 и Ј3....
Станува збор за мотор на наизменична струја со четкици или може да се користи и за асинхрон мотор со краткоспоен ротор?
Како што гледам ова потсетува на класичен димер...
Title: Одг: АС регулатор на мотор со U208 и TIC 236
Post by: GigaWatt on 13.03.2012, Tuesday, 14:49:09
Па во принцип, да, тоа и е, само што има и некои додатни компоненти за компензација на индуктивното оптеретување ;).

Мислам дека може да се употреби и за таков тип на мотор, иако мислам дека нема да има баш најдобра регулација на брзината :S. Пробај, види, можеби ќе има прилично солидна регулација ;). Не е прескапо да се направи димерчево ;).
Title: Одг: АС регулатор на мотор со U208 и TIC 236
Post by: batka on 13.03.2012, Tuesday, 15:23:21
Дај ако можи и мало појаснивање за поврзувањето. Гледам има конектори Ј1, Ј2 и Ј3....
Станува збор за мотор на наизменична струја со четкици или може да се користи и за асинхрон мотор со краткоспоен ротор?
Како што гледам ова потсетува на класичен димер...

Да,во принцип може! Иначе,според некој ценовници не треба склопот да чини повеке од 250 денари со плочка комплет!
Title: Одг: АС регулатор на мотор со U208 и TIC 236
Post by: Gele_PP on 13.03.2012, Tuesday, 15:32:21
Со класичен димер при помали брзини ми расти струјата (исклучува склопката) а и моторот тотално ја губи снагата. Моментално само фреквентен регулатор ја брка работата солидно ама се мноОООоогу скапи  :o
Да напомнам, размислувам за поголеми мотори (~ 1kW)
Title: Одг: АС регулатор на мотор со U208 и TIC 236
Post by: batka on 13.03.2012, Tuesday, 15:42:58
Е,ова не е за големи јачини,триакот е мах. 18А  ,ама му треба добро ладење.За помали работи е добро и ефтно решение.
Фреквентни регулатори се друга тема,и скапа.Ама ако некој сака такво нешто може да побараме и шема,ама и готови регулатори.Знам еден тип кој се бафта со такви работи. ;D ;D