Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: bore on 28.02.2012, Tuesday, 03:01:59

Title: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: bore on 28.02.2012, Tuesday, 03:01:59
Ми треба помош за матична плоча лаптоп HP ProBook 4510s, проблемот е што не знам кое интегрално коло е U8 кое е со 8-ногички ова кај мене е изгорено и не се чита. може и шема ако некој има.
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: GigaWatt on 28.02.2012, Tuesday, 03:05:08
Можно е да е стабилизатор за напон, тие во 8 пински SMD куќишта одат до максимум 500mA (или така нешто беше, може да беше и 100mA, не сум сигурен).

Ај направи неколку фотки со убав фокус и резолуција (не мора да е преголема, фокусот е побитен) да видиме, можеби врз база на позицијата на колото и за што е врзано да се определи што коло е ;).
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: bore on 28.02.2012, Tuesday, 03:38:15
Еве слика од матичната

(http://theimagehost.net/upload/1fe47f553c7c59ebb298b33523078c78.JPG)

(http://theimagehost.net/upload/f2906457cb1e17517828d62eb66434cc.JPG)

[датотека избришана од администраторот]
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: batka on 28.02.2012, Tuesday, 03:43:12
Веројатно е стабилизатор,за споредба погледај веројатно има и други идентични на плочата.Прочитај и пиши кои стаб. ги има .
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: bore on 28.02.2012, Tuesday, 03:49:24
batka oва слика што ја даде е таа за матичната само што проблемот е од другата страна на матичната види мои слики.
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: GigaWatt on 28.02.2012, Tuesday, 03:51:03
U е обично ознака за стабилизатор, барем така сум гледал по плочиве. Јас би се обложил дека е некој стабилизатор за 5V или 3.3V. Разгледај ги околните компоненти, кој работен напон го имаат, дали е 5V или 3.3V ;). Ако работи со обичен 7805 или со 7833, стави му 78L05 или 78L33, оние што се малине, во пакување како што се BC550 (не ми текнува во моментов како се викаше пакувањето ;D).
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: batka on 28.02.2012, Tuesday, 03:54:39
Мора да има повеке такви на плочата.Оди по ред со лупа и ке најдеш уште некое.Ништо ли воопшто не се чита,барем прва или последна буква/бројка??
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: GigaWatt on 28.02.2012, Tuesday, 03:57:39
Сликај го од поблиску, и без блиц, со подобро осветлување можеби и на macro, ама не и со блиц.

Како и да е, да знаеш дека може да се случи да го смениш и пак да изгори, не значи дека само тој изгорел, всушност, многу почеста е обратната ситуација, нешто друго изгорело, па повлекло повеќе струја и го изгорело стабилизаторот, сум видел вакви ситуации неколку пати, ставаш нов стабилизатор и пак гори :S.
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: bore on 28.02.2012, Tuesday, 04:03:59
Со U-се сите интегралци напишани што може да прочитам е _М3_ _
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: SaleSk on 28.02.2012, Tuesday, 09:25:03
Побарај по интернетов модел на матична плоча кој можеш да го најдеш на самата матична. Можеш да најдеш еден куп слики со матична како твојата, па дури и во висока резолуција, така да мислам дека ке можеш да најдеш слика на која може да се исчита кој е чипот.
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: GigaWatt on 28.02.2012, Tuesday, 15:54:21
Побарај по интернетов модел на матична плоча кој можеш да го најдеш на самата матична. Можеш да најдеш еден куп слики со матична како твојата, па дури и во висока резолуција, така да мислам дека ке можеш да најдеш слика на која може да се исчита кој е чипот.

Да да, и ова не е лоша идеја ;). Пиши ако не производител и модел на матичната плоча, сите ќе побараме, кој што најде, ќе post-ра ;).

Со U-се сите интегралци напишани што може да прочитам е _М3_ _

Ова ме асоцира на некој 3.3V стабилизатор, барем така ме асоцира, мислам дека M ознаката на овие интегрирани кола (ако е стабилизатор) е ознака дека дава до 500mA струја на својот излез.
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: batka on 28.02.2012, Tuesday, 17:57:44
Еве како е распоредот на ножички и мошност за замена.Мери колку волти идат на влез на  стабилизаторот.Ако е околу 5V можно е да биде 3,3V стабилизатор.Почни со 3,3V a ако не оди стави 5 V стабилизатор.Ако е се друго во ред може да тргне
Title: Одг: Помош за матична плоча од HP ProBook 4510s
Post by: tefe_negro on 14.06.2012, Thursday, 12:58:35
види како се поврзани ногичките на интегралното ако 1 2 и 3 се заедно,4тата е сама а од другата страна 5 6 7 8 заедно тоа е мосфет транзистор не е стабилизатор на напон
Пример фдс6676

Code: [Select]
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/fairchild/FDS6676.pdf