Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: edidenis on 24.03.2010, Wednesday, 13:06:16
-
Потребна ми е шема за регулатор на вртежи на АC мотор.
значи сакам да регулирам вртези на мотор од перална. да мозе да се намали брзината ското до застанување. фала ???
-
колкава е моќноста на моторот ??
-
моќноста на мотор од машина за перење е околу 400 W
-
епа направи некој димер ама со појак тријак за д аможе да ја издрже снагата
има некј триаци од 5А таков еден нешто помошн аелектроника и терај
-
ДАЛИ МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ГОТОВА ШЕМА . ???
-
не пиши со големи букви
-
еве вака нешто
(http://pic.mk/thumbs/regula1269461658.jpg) (http://pic.mk/?v=regula1269461658.jpg)
како работи
со ова коло на излез кај моторот се добиваат циклуси од 50 пати во секунда
со потенциометарот се регулира протокот на напон со кој ќе се активира SCR- от и ќе проведе за да се активира моторот, со прекинувачот добиваш полна снага без регулација е сега добро би било да SCR-от е на ладилник пошто можи да зоврие ако се преоптерети моторот :D
-
Не ја пробувај шемата бидејќи ќе изгори моторот!!!
Асинхрон кафезен мотор (каков што е моторот од перачката машина) неможе на тој начин да се регулира!
Единствена можност за регулација на вртежите на асинхрон кафезен мотор е со промена на фрекфенцијата. Промена на фрекфенцијата може да се направи единствено ако направиш инвертор. Тоа воопшто не е едноставно и моментално шема за инвертор за Монофазен асинхрон мотор на форумот нема. Овој начин на регулација кој ти го дава Devil може да се употреби само кај мотор од правосмукалка, бормашина и слично (со четкици).
-
пред некој ден сретнав слична шема ама борче е во право се употребува само за
мотор со четкици