Македонски форум за електроника
Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: MaxADSL on 27.02.2012, Monday, 14:33:01
-
Незнаев кај да ја ставам темава, па бидејки е поврзана со компјутери овде се одлучив :)
Имам еден проблем, сега наидува лето и ќе морам да го решам.
Купивме супер добар компјутер со цел да го поделиме на 2 дела кој ќе работат независно едно од друго. Значи сега додека траеше зимото овие 2 компјутери стоеа блиску еден до друг (2 метра-жично) во една иста соба. Сега сакам едниот да си остане во едната соба, а другиов дел да го преместам во друга соба но ќе ми треба мноогу кабли за да стигнам до посакуваната цел. Растојанието на кое планирам да бидат оддалечени е околу 5-6 метра воздушна линија.
Еве сликовито како е сега
(http://pic.mk/images/AdhtB.jpg)
а како сакам да биде
(http://pic.mk/images/QMuw2.jpg)
не барам готово решение да се купе, туку барам нешто како електронкси уред кој сам ке си го направам, шемичка и упатство добро ќе ми дојдат. Конктретно мене ќе ми треба бежичен пренос на USB и VGA предавател и приемник.
Благодарам многу...
-
За татстатура и маус, лесно е, проблемот е со безжичниот пренос на VGA :S. Можеби најдобро е да најдеш некој вид на уред кој жичано пренесува податоци, па преку Ethernet да се праќаат сите тие податоци... ваљда има такво нешто ???.
-
Во самоградба такво нешто не постои! Два компјутера ако сакаш да бидат во мрежа еден со друг можеш да ги поврзеш најдобро со рутер и wi-fi картица ( за вториот).Рутерот и wi-fi картицата нема да те чинат повеке од 1500-1600 денари ,а се ке работи максимално добро,ке имаш интернет на двата и сл.Со шеринг можеш да направиш транспорт на документи,а можеш и виртуален сервер да направиш користејки го појакиот компјутер,па да можат уште неколку компјутери да се врзат во мрежа и слично.Значи,многу е поевтино да земеш готови уреди,отколку да се правиш стручњак и сам да покушаваш да направиш нешто.И самоградбата би те коштала колку купечките ( може би и повеке!) а резултатите би биле под знак ????
*..бежичен пренос на USB и VGA предавател и приемник...* е само твоја желба без некоја реална можност за реализација.
-
batka, он уствари има едно PC кое е подесено да работи во split мод, значи по две тастатури, два мауса, два монитори. Во принцип, опретивниот систем мисли дека е тоа се две различни PC-иња, а се работи само за едно ;).
Како и да е, имам видено вакви конфигурации и се немаат покажано како многу практични, освен во фирми можеби. Не верувам дека ќе најдеш некој ваков уред, можеби и има, ама не верувам дека ќе го најдеш кај нас. Како што реков, за маусот и за тастатирата е лесно, wireless маус и тастатура и решен проблем, ама за VGA, малку потешко :S.
-
Да,сега видов,нешто слично како овие школскиве компјутери ;D ;D ;D И тие на жалост никогаш не проработеа како што треба ;D
-
Ма другарчиња, си работи ова супер, финтава со ова е Aster XP програмот. Инаку доста дискусии со дали ќе биде одделно да работат, бидејки веќе ми работат но на мало растојание се, доколку сакате и ќе ви снимам да видете дека работи :D
(http://pic.mk/images/MC8ky.jpg)
-
Најисплатлива опција ти е да си купиш Wireless глувче и тастатура (1500/2000 ден.)
Еден подолг мрежен кабел и да го користиш како VGA. Значи тој VGA кабел да го пресечеш на пола и залемиш соодветно на мрежниот кабел. Би требало така да функционира.
-
Ма неможе, не фаќа глувчето ни тастатурата, далеку е :( Не постои ли некои примопредаватели што сите 3 кабли што се да работат на различни фрекфенции да не се мешаат сигналите???
-
и да постое или би бил пресложен или би бил прескап што не се исплаќа, набави од тие X-кутиите во школите што ги имаат и со еден мрежен кабел поврзи се што ти треба, безжичен пренос не верувам дека ќе успееш да постигнеш
-
Ма имам и такво, XTenda x300 е али неможам да најдам соодветен софтвер (драјвер) и програм за делење како што е NCLinux кај ubundu во школото. Имам XP SP2 32bit
-
Ма имам и такво, XTenda x300 е али неможам да најдам соодветен софтвер (драјвер) и програм за делење како што е NCLinux кај ubundu во школото. Имам XP SP2 32bit
Не само тоа,треба мислам дека и да ја имаш таа картицата што е.3 излези што има,без нејзе тешко дека ќе проработи ;D
-
Абе види вака , одпозади на куќиштето ќе поврзеш на незнам кое мислам дека ethernet порт треба да има 2 или повеќе и влечеш до собите кај што ке ти бидат мониторите маусот и тастатурата и преку едно такво црно што иде преку тој кабел си поврзуваш , исто како што е и во школите ..
-
Хаха добро ме насмеавте, па погоре што сум пишал? XTenda X300, па тоа е парчето хардвер што е со 3 или повеќе ethernet излези..
Е точно ова го имам...
(http://images.highspeedbackbone.net/skuimages/large/N316-1000-main2-ca.jpg)
Ма имам и такво, XTenda x300 е али неможам да најдам соодветен софтвер (драјвер) и програм за делење како што е NCLinux кај ubundu во школото. Имам XP SP2 32bit
-
Еден подолг мрежен кабел и да го користиш како VGA. Значи тој VGA кабел да го пресечеш на пола и залемиш соодветно на мрежниот кабел. Би требало така да функционира.
Ова нема да функционира, тие кабли не се наменети за пренос на аналоген VGA сигнал, дигитален нема да има проблеми преку нив, но аналогните сигнали се деградираат многу брзо преку такви кабли (сум пробал, знам, не за VGA, за здруга работа, ама не функционираше како што треба). Ќе почне да се јавуваат сметњи, шум, сликата ќе тресе, а кога ќе ѕвони некој на телефон, 100% целмонитор ќе губи си синхронизација. Нема да има проблем со keyboard и mouse, на тастатура имам ставано и по 7, 8, 9 метри кабли (на PS/2), исто и на мауси, немало проблем ;). Можно е да има проблеми само ако има телефон во близина ;).
Како и да е, и јас мислам дека XTenda ти е најдобро решение, можеби и не е потребен некој посебен софтвер, можеби кога ќе се стави картицата во PC, оперативниот сам си ја препознава и само потребно да ги инсталираш драјерите со кои доаѓа и софтверот, можеби така функционира системот. Не сум работел до сега со овие уредчиња, така да, не знам точно како функционираат, но вреди да се проба ;).
Тебе всушност ти треба нешто вакво. USB или Ethrnet KVM Extender. Само не знам дали вакво нешто има кај нас, највероајтно ќе треба од странство да го купуваш :S.
http://www.kvm-switches-online.com/kvm-extender-usb.html
Евентуално провери на овој сајт, можно е ова фирма да има нешто вакво ;).
http://www.jvsnet.com.mk/index.php/mk/

Oвие се исти како во школо што се поврзани компјутерите.. Него знаеш мислам дека ке кочи малце ако ставиш Windows Linux според мене е боље пошто никогаш вирус нема да фатиш и би ти било доста брзо пошо се само 2 ...

А игрите ?
-
компјутерите не се користат само за игри играње :)
не е точно дека линукс не фаќа вируси, фаќа, ама така е направен да се оневозможи заразувањето на сите фајлови, поточно вирусот фаќа еден фајл и не може да се прошири, и да видиш ите како се полнат со вируси :)
ако не ти е за нешто посебна намена најди уште еден никаков компјутер и поврзи ги во лан
-
Како што кажа Дx компјутерите не се само за играње.. ко прво и на линукс можеш да инсталираш се што сакаш незнам за игри ама за апликации да во школо го направиа тоа и работеше само не пробавме да инсталираме игри.. баш го гледав тој туторијал на еден исто наш македонски форум како да инсталираш се на линукс... Само сеа да не го пишувам името на форумот да не испадне дека рекламирам или слично...
-
@GigaWatt штом си пробал тогаш тоа не се исплати. Јас не сум пробал, ама го препорачав.
Колку е тоа далеку за да безжични тастатура и глувче не работат ? Ќе си земеш Logitech и немаш гајле. :)
-
Не ме земајте за збор но мислам дека тие TendaX уреди иако имаат LAN приклучок, протоколот не им е LAN.
-
Не ме земајте за збор но мислам дека тие TendaX уреди иако имаат LAN приклучок, протоколот не им е LAN
Многу јасно :D
И тие работат 100% и на Windows XP, ама ако си ги имаш правилно купено со лиценца и софтвер, а не да ги крадеш од училиштата :)
-
Еден подолг мрежен кабел и да го користиш како VGA. Значи тој VGA кабел да го пресечеш на пола и залемиш соодветно на мрежниот кабел. Би требало така да функционира.
Ова нема да функционира, тие кабли не се наменети за пренос на аналоген VGA сигнал, дигитален нема да има проблеми преку нив, но аналогните сигнали се деградираат многу брзо преку такви кабли (сум пробал, знам, не за VGA, за здруга работа, ама не функционираше како што треба). Ќе почне да се јавуваат сметњи, шум, сликата ќе тресе, а кога ќе ѕвони некој на телефон, 100% целмонитор ќе губи си синхронизација. Нема да има проблем со keyboard и mouse, на тастатура имам ставано и по 7, 8, 9 метри кабли (на PS/2), исто и на мауси, немало проблем ;). Можно е да има проблеми само ако има телефон во близина ;).
Како и да е, и јас мислам дека XTenda ти е најдобро решение, можеби и не е потребен некој посебен софтвер, можеби кога ќе се стави картицата во PC, оперативниот сам си ја препознава и само потребно да ги инсталираш драјерите со кои доаѓа и софтверот, можеби така функционира системот. Не сум работел до сега со овие уредчиња, така да, не знам точно како функционираат, но вреди да се проба ;).
Тебе всушност ти треба нешто вакво. USB или Ethrnet KVM Extender. Само не знам дали вакво нешто има кај нас, највероајтно ќе треба од странство да го купуваш :S.
http://www.kvm-switches-online.com/kvm-extender-usb.html
Евентуално провери на овој сајт, можно е ова фирма да има нешто вакво ;).
http://www.jvsnet.com.mk/index.php/mk/
Проблемот е тоа што оваа картичка нема драјвери бидејки ми е од школо ;D :D ;D а овие екстендери се многу скапи... 1000$ ??? :o
-
Е,вака - им требаат драјвери.Се работи за 2 типа -понови и постари.Ова што е на слика се поновите,а постарите се малку поинакви.Второ,се врзуваат на посебна плочка по 4 или 8 парчиња и тој хардвер има драјвери.И не можат да се врзат стари и нови TendaX уреди на иста плочка - или само стари или само нови,инаку нема да работат! Ама ,пак како што реков врзани се со мрежен кабел,а никако безжично.Џабе си ги крадел ;D ;D (ако си ги крадел! ;) ) од школо! 8)
-
Проблемот е тоа што оваа картичка нема драјвери бидејки ми е од школо ;D :D ;D а овие екстендери се многу скапи... 1000$ ??? :o
Епа друже, ти реков, за врзување на keyboard и mouse преку 7, 8, 9 метри кабел, не е проблем, немам пробано со подол (на пример, 15-тина метри), ама мислам дека на тие должини веќе ќе почне да прават проблеми тастатурата и маусот, освен ако не се некои навистина дебели и добро изолирани оклопни кабли, со конектори на двата краја, за да може да се приклучи маус и тастатура ;).
Тебе всушност ти требаат многу долги и многу квалитетни KVM кабли. Такви во МК нема. Ќе треба сам да си направиш. Има квалитетни, ама толку долги (9, 10 метри), нема (или барем јас немам видено, можеби и има, кој знае. Ќе треба сам да фатиш да си направиш такви кабли.
Евентулано поровери на сајтов, продаваат многу добри и квалитетни KVM Switch-ови, можеби имаат и кабли. Но, дури и да имаатдолги KVM кабли, верувај, цените ќе им бидат далеку од евтини, под 2000 или 3000 денари, не верувам дека ќе бидат.
http://www.jvsnet.com.mk/index.php/mk/
Ако решиш сам да правиш, за keyboard и mouse ќе се најдат кабли, проблем е VGA кабелот. Не знам дали во МК ќе најдеш некаде доволно добар и квалитетен кабел, особено сега, во време на евтина Кинеска неквалитетна роба ::).
-
Абе VGA кабел може и сам да си направи ,тоа не е проблем,ама малку повеке чини - пример 10 мерти во СЕТ мислам беше околу 2400 денари.И пак ке кажеме - кабел си е кабел,безжично не оди. 8)
-
Абе VGA кабел може и сам да си направи ,тоа не е проблем,ама малку повеке чини - пример 10 мерти во СЕТ мислам беше околу 2400 денари.И пак ке кажеме - кабел си е кабел,безжично не оди. 8)
Барем за VGA, дефинитивно ;) ;D. Аналоген сигнал е, затоа, многу поподложен е на деградација отколку дигитален сигнал ;).
-
Проблемот е тоа што оваа картичка нема драјвери бидејки ми е од школо ;D :D ;D а овие екстендери се многу скапи... 1000$ ??? :o
Епа сакаш да имаш, а да не платиш бе друже.. ;D ;D ;D Како и да е ако е за драјвери иди во My Koмпјутер- пропортис-Хардвер-Девајс Менаџер најди ја картицата тука и кликни на неа десен клик и Scan for Hardware changes
Незнам дали би успеало ама пробај или види на нет за драјвер...
-
ако е за драјвери иди во My Koмпјутер- пропортис-Хардвер-Девајс Менаџер најди ја картицата тука и кликни на неа десен клик и Scan for Hardware changes
Самиот Windows нема драјвери за вакви картици, а на овој начин се скенираат драјверите импортирани во самиот Windows.
-
Проблемот е тоа што оваа картичка нема драјвери бидејки ми е од школо ;D :D ;D а овие екстендери се многу скапи... 1000$ ??? :o
Јас ја имам целата опрема дома, картичката за на ПЦ, тие надвор што се екстендерите, кабли, единствено што ми фали е само драјверот за картичката, треба да го побарам ;)
-
Мислам дека на .нет нема да најдеш ;D ;D
-
Како што реков „најбезболна“ опција е сам да направиш долг VGA кабел, но квалитетен, со повеќе демагнетизатори, на пример 4 или 5 да има околу него ;). За маусот и татстурата е лесно да се направи кабел ;).
-
Абе човеков сака БЕЗжичен пренос ! :o
-
Абе човеков сака БЕЗжичен пренос ! :o
Нема шанса тоа да се направи
-
Абе човеков сака БЕЗжичен пренос ! :o
Нема шанси безжичен, маусот и тастатурата можеби, ама VGA нема шанси... односно има, ама треба да измисли нова технологија за тоа ;D.
-
за маусот и тастатурата може лесно, да се купат што фаќаат до 10m ама за VGA нема шанса!