Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: DX-er on 05.02.2012, Sunday, 21:14:40

Title: Проблем со трепкач
Post by: DX-er on 05.02.2012, Sunday, 21:14:40
Се работи за еден трепкач со НЕ555. роблемот е што едната ЛЕД свети 90% од времето а другата само 10% од времето. Ако пак го покачам потенциометарот тогаш па нема да приметиш дека едната се гаси... и ке видиш само како трепнува како блиц другата.

(http://pic.mk/images/RWzpg.jpg)

Дали има начин да се подеси да светат по 50% од времето, значи рамномерно или неможе ?
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: SKOLS_OLD on 05.02.2012, Sunday, 21:45:45
Пробај извади го од шемата тој VR1 потенциометарот
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: DX-er on 05.02.2012, Sunday, 21:51:38
Пробај извади го од шемата тој VR1 потенциометарот
епа кога е ставен на 0, исто како да е изваден. Мене ми треба како да направам рамномерно време да светат.
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: bicikle on 05.02.2012, Sunday, 22:55:55
стај 1к или 47 к пробај, или стај усте 470 ома сериски на потенциометарот, само така ке имас помалце вакво за манипулација...
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: Malecko on 05.02.2012, Sunday, 23:02:58
Стави R3=1КΩ,R4=150КΩ и тргни го тримерот/потенциометарот...
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: Bojan on 05.02.2012, Sunday, 23:36:12
хммм...нели имаше една ваква тема, само што јас имав пишано, памтам имав и ставено формула една за пресметување на тоа колку време е на високо ниво излезот а колку време е на ниско...или грешка сум???
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: DX-er on 06.02.2012, Monday, 00:01:38
Стави R3=1КΩ,R4=150КΩ и тргни го тримерот/потенциометарот...
да ама во тој случај нема да можам да ја местам брзината на рамномерното трепкање >:(

хммм...нели имаше една ваква тема, само што јас имав пишано, памтам имав и ставено формула една за пресметување на тоа колку време е на високо ниво излезот а колку време е на ниско...или грешка сум???
имав поставено како прашање ама не знам кај точно, дали во слулајни или општо не знам кај точно... ако најдам ке средам што треба
Title: ┘делумно решен проблем ┌
Post by: DX-er on 06.02.2012, Monday, 01:08:26
Фала малечко, направив така и добро е и рамномерно се палат/гасат. Едино како да направам да може да ја местам брзината но рамномерноста да се задржи, ако е можно тоа пиши?
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: Malecko on 06.02.2012, Monday, 01:33:08
Фала малечко, направив така и добро е и рамномерно се палат/гасат. Едино како да направам да може да ја местам брзината но рамномерноста да се задржи, ако е можно тоа пиши?
Пробај паралелно на тој од 150к да додадеш 100к тример/потенциометар...
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: DX-er on 06.02.2012, Monday, 01:56:17
фала друже конечно го оправив трепкачот со твоја помош :) Сега е топ.
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: DX-er on 14.02.2012, Tuesday, 23:16:24
Направив проба со 5 мега оми тример за да го зголемам времето на светење/пауза. Сакам да направам 1 минута да свети/несвети па потоа една минута обратно. Приметив дека ако го зголемам времето на светењето/несветењето се случува да не е правопропорционално светењето/несветењето. Значи проблемот што го опишав погоре. Што да правам сега ? Како да направам наизменично исто време да светат/несветат двете ЛЕ диоди но на подолго време како 1 минута ?
Иначе на краток временски период не се приметува ова и личи како исто да трепкаат.
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: Malecko on 15.02.2012, Wednesday, 00:45:57
Пробај зголемувај ја вредноста на кондензаторот.
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: bore on 15.02.2012, Wednesday, 02:49:44
Aко сакаш рамномерно да се пали / гаси лед диодите, треба да се изведе со CD4060
ако сакаш ке ти нацртам таква шема и ти гарантирам 100% ке биде тоа со го сакаш.  :D
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: DX-er on 15.02.2012, Wednesday, 10:39:54
ако сакаш ке ти нацртам таква шема и ти гарантирам 100% ке биде тоа со го сакаш.  :D
може :)
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: bore on 15.02.2012, Wednesday, 14:59:55
Вечер ке отварам нова тема ке биде трепкач со 4060
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: batka on 15.02.2012, Wednesday, 17:40:22
Прво,ова шема не е за трепкач  со 555 туку е тактер,а истото го видов кај боре и со 4060.Ако сакате да правите трепкач со 555 побарајте некој  астабилен осцилатор со формула за пресметување на времињата и вредностите на елементите,Вака,само со нагодување или експериментално може да го нагодите периодот на палење и гасење на ЛЕД.И зошто никој не го спомна кондензаторот? 8)
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: LordZi on 15.02.2012, Wednesday, 18:53:27
Го спомна Малецко, ама никој не го чита... ;) :)

Пробај зголемувај ја вредноста на кондензаторот.
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: batka on 15.02.2012, Wednesday, 19:13:45
Ма.многу е малецко,затоа не го чита никој... 8)
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: DX-er on 15.02.2012, Wednesday, 21:25:23
Направив како што ми кажа малечко уште вчера ама заборавив да пишам, ставив 330uF и на период од 1 минута, разликата е само 5 секунди во интервалот меѓу едната и другата ЛЕД. Значи далеку е подобро од претходно.
Ова на симулатор, а во пракса ке го пробам покасно.
Title: Одг: Проблем со трепкач
Post by: batka on 15.02.2012, Wednesday, 22:37:05
Ајде пробај без симулатор