Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: Devil on 19.03.2010, Friday, 18:01:14
-
Интересен проект кој го изработив за моето напојување, мери од 0 па се до 200V, мене ми е потребно до кај 30V пошто толку ќе дава напојувањето ( ќе го има како проект на форумот)
исто така ќе биде модифициран малку со шемата ( ја има на форум ) со која се мери и напон и струја
За шема, јас правев од дата шитот така да кој сака да го прави ќе си погледни таму ;) а може да ја погледне и оваа шема од electronics-diy:
(http://electronics-diy.com/schematics/ICL7107_volt_meter.jpg)
Kако извор на негативен напон од -5V користам инвертор со ICL7660 ;D
еве и некоја слика како изгледа, а подоцна ќе ставам и при работа
(http://pic.mk/images/dsc0001269018413.jpg) (http://pic.mk/images/dsc0001269018443.jpg)
-
Мислам дека ќе мери до 1999 волти. Истиов проект го има на electronics-lab.com и јас планирам да го правам .)
-
зависи од еден отпорнк на влез кој се користи како напонски делител
инаку да можед а се направи до толку да мери
може 200mV, 2V, 20V, 200V, 2000V така е бар нагласено
ама мене не ми беа сигурни тие шеми па си правев од дата шитот
-
Мал совет (ова сум го правел со 200mV верзијата) - ако го користиш за мерење струја, немој да се мачиш да пресметуваш и правиш шантови, туку земи околу 30-на cm жица 0,75mm (телефонска, плаво-бела), можеш да ја стуткаш во топче и да ја ставиш директно на излезниот конектор (јас така правам 8)) и со тримерот само намести го да покажува точно.
-
хехе
не бе ќе си направам јас со дупла намена
поинтересно е ;D
-
ако не е тајна колку пари те фати се??? :-*
-
негде околу 300 денари може и помалку не сум сигурен од порано ми се купени деловите ама сега имав време да го направам ( не за нешто ми требаше инаку ќе си стоеше уште долго така растурен )
-
аааах таа мрза...ке има ли некој доволно надарен да смисли некоја шема за да не не тепа толку мрзата???? :-* ::) :o ;D :D ;) :).....
-
И јас планирам да го правам, ова е истото?
http://electronics-lab.com/projects/test/001/index.html
-
истото е само мислам дека имаше некоја грешка на шемата
ама не сум сигурен имаше една шема кружеше со грешки по нетов спореди со дата шитот дали ти е така поврзувањето
-
Абе барав по datasheet ама не најдов слична шема... Дали нацрта ти шема кога ја правеше? ???
-
абе во дата шитото има на страна 4 ( бар кај мене ) две шеми една е за ICL7106 a другата е за ICL7107
-
Ако сакаш и ако ја имаш цртано во спринт лајон во нешто ке може да ја прикачиш оти и јас сакам да го правам,а гледа има и други заинтересирани за проектов. ;D
-
Не ни кажа сега за проектов дали имаш цртана шема.
-
kolku e vnatresnata otpornost na voltmetarot i tocnosta
-
Точмоста се штелова на иструмент со повеќе обртниот потенциометар,а вантрешната отпорност незнам прашајго девил.
-
Точноста е околу +-1% (не знам сега точно во која класа на точност влегува ова но не е баш професионална точност а и зависи и од класата на отпорниците што се околу). Влезната отпорност мислам дека е околу 1М.
-
Прво да му се заблагодарам на Devil околу pcb-то. Го изработив, проработи но треба да се досреди. Прво дали можи да се стабилизира напонот што се прикажува на дисплејот, многу играат бројките на втората а некогаш и на првата децимала и друго после влезен сигнал поголем од 20v ми покажува дека е надвор од опсег. За стабилизирање, дали игра улога тоа што кај влезниот сигнал имам ставено 10 место 20nF. А за опсегот на влезот пред овај кондензатор имам 1M а после него немам ставено, дали треба и таму и со која вредност?
(http://pic.mk/images/dsc0171271881343.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc01743.jpg)
-
1 провери дали сите елементи ти се правилно поставени
2 исчисти да не имаш микро споеви ( корисит го методот на Борче -четка за заби и алкохол )
3 Стави директно два кондензатори под интегралното ( што е можно поблиску до нозете) према напојување +/- и маса
еден према маса и плус и еден према маса и минус, за доколку има некој осцилации да се изгубат ( ако е до тоа )
4 За да се зголеми подрачјето ќе треба влезниот отпорник да се зголеми
-
Не гледам електролитски кондензатор ставен на напојувањето, стави еден (залеми директно на плочата) од 470uF/25V и пази на + и - на кондензаторот.
-
Значи изгубив живци со ова, 100% не е до влезната отпорност пробав со многу различни вредности. За тоа што ми покажува до 20V тоа нешто е до мерното подрачје, 19.99V ми покажува а повеќе не, без разлика на влезниот сигнал. За проба го избаждарив да ми кажува 3V помалце. Кога му ставив на влез 22V волтматаров покажуваше 19V, што значи и при погалем влезен сигнал покажува (не е до влезната отпорност) а ако го зголемев напонот над 23V односно вредноста на волтматарот префрли 20V ми кажува дека е надвор од рангот. Дали колово има нешто врска со мерните подрачја, треба да се менуваат? Запирката сега е на две децимали, пробав и на една исто беше...
@Борче
Го напојувам со 9V батерија па потоа со 7805 го стабилизирам. Може затоа што нема електролит да е играњето на на децималите?
-
Хммм, ако го напојуваш од батерија нема улога баш кондензаторот, освен евентуално да ставиш некој мал од 100nF. За мрдањето на децималите пак ќе ти кажам да пробаш да ја исчистиш убаво плочката и да видиш дали ти е добар „инверторот“ што дава -5V, може си употребил стари или несоодветни електролитчиња и затоа игра. Друго околу мерното подрачје: значи мораш да го промениш отпорникот кој го „регулира“ мерното подрачје и да го направиш инструментот да реагира на напони од 0 до 2V и на влез со отпорници да направиш напонски делител и на влез да му доаѓа напон од 0 до 2V за напони од 0 до 200V и да ја поместиш точката едно место подесно за да добиеш инструмент што ќе мери и над 20V.
-
Имам ставено 100nF и на влез и на излез од 7805, инверторот е добар значи мери и негативни напони само ќе те замолам за помош околу напонскиот делител. Еве слика од тоа што имам ставено. Тој отпорникот на 32 пин што нема вредност на него пробував разни отпорности и видов дека работи само со околу 500 оми. Дали треба да се смени тој отпорник и на влезот што го имам од 1М? На која децимала да ја преместам децималната запирка?
(http://pic.mk/images/71071271960031.png) (http://pic.mk/?v=71071271960031.png)
-
тримерот од 1к замени го со поголем за полесно да можеш да го баждариш ;D
-
Јас го имам изработено овај волтметар неколку пати и секогаш проработувал од прва,и за минус наместо ИЦЛ7660 користам НЕ555 поефтина варијанта ;D
Неколку слики од мојата верзија во помали димензии.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=787.0;attach=416)
-
Ете на macobt запирката му е како што треба а и гледам напонот го мери баш така како што сакаш ти. може macobt да ти помогне околу вредностите на елементите и децималната запирка!
-
Еве ја шемата што јас ја користам.
А за колку сакаш да ти биде мерното подрачје за R3 треба да одбереш вредност
0 - 2 V ............ R3 = 0 ohm 1%
0 - 20 V ........... R3 = 1.2 Kohm 1%
0 - 200 V .......... R3 = 12 Kohm 1%
0 - 2000 V ......... R3 = 120 Kohm 1%
Еве и линк до сајтот каде све има објаснато има дури и готови ПЦБ
http://www.electronics-lab.com/projects/test/001/
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=787.0;attach=418)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=787.0;attach=420)
-
Тоа што ти играат последните бројки околу некоја вредност може и да е поради (не)квалитетот на самото интегрално коло, т.е. изворот на референтен напон превише да зависи од температурата, а бидејќи и драверите за дисплеите се наоѓаат во самиот интегралец, тој неминовно се загрева. Мене ми се десило со еден интегралец волтметарот да работи супер, а со друг цело време да се менува последната бројка и да не може да се стабилизира.
-
Како што реков, во овај случај немаа врска влезните отпорници. Самото коло си има мерни подрачја едно од нив е тоа до 20V. Колово може да прикажува напони до 20V со две децимали, над 20V треба децималната запирка да се помести едно место односно на една децимала. Првиот пат кога пробав да ја променам децималната запирка не го баждарев и се реков покажува без врска вредности. Сега е супер а и играњето се изгуби (држи фиксни вредности)... ;)
-
луѓе ке може ли да се направи да мери напон од 200mV ова коло???
-
може, има подрачје кое мери токму до 200mV, па после иди 2 па 20 па 200 па 2000 и толку :)
-
ааах...а што ке треба да се смени на шемата..
-
само еден отпорник :)
и треба да знаеш онаа точката како да ја наместиш за прецизно да биде мислам дека треба на 3 тиот дисплеј ко ќе броеш од лево на десно :)
ама тоа со експериментирање ќе си го откриеш најдобро како ти одговара
треба тој отпорникот што иден на 31пин од интегралното, на влезот, да се промени со некоја помала вредност
-
тој од 1М или од 10К треба да се менува??
-
тој сериски што е поврзан со влезот, незнам која вредност е ја немам шемата :)
-
добро газда...ај фала за помошта...
-
А има ли некој шема исто со ова коло ICL7107 ама да може да мери и струја и напон како 2 во 1 ;D?
-
2-1 со некој измени преклопници ова она се прави
мислам дека имаше една тема за тоа како се прави :)
-
во ваши креации од аналогна електроника имам отворено тема една за еден инструмент да мери и напон и струја, јас ке го правам според тоа па ако е се ок ке пишам...
а ке може ли само со 3 дисплеи да го правам?? со тие последните 3??
-
може со колку сакаш, тоа со 4 е за прецизноста
колку повеќе сиплеи толку повеќе цифри ќе гледаш и имаш поголема прецизност, може да го направиш ако е за волтметар само со 2 цифри :)
-
А дали може повеќеобртниот потенциометар да се замени со обичен тример или ќе мора со таков повеќе обртен,и колово мери само DC така или може да мери и AC? ::) ;D
-
може да се замени ама потешко ќе се наштелова :)
може со надградба и додавање плус елементи да се направи и за AC
-
може со надградба и додавање плус елементи да се направи и за AC
Уште да ни текне некако да го направиме да е 4 во 1 ;D да мери AC,DC и напон и струја.хах
-
Уште да ни текне некако да го направиме да е 4 во 1 ;D да мери AC,DC и напон и струја.хах
И дали финансиски ќе се исплати да се гради :S.
-
И дали финансиски ќе се исплати да се гради :S.
Е тоа да GigaWatt.На пазар за 180 ден имаш дигитален инструмент кој мери: AC до 750V,DC до 500V,отпор до 20мегаоми,мерење исправност на транзистори,диоди и струја до 10A.Jас го имам тој инструмент и веќе го користам скоро 1год,а инаку ICL7107 со кој се прави инструмент кој мери само DC целиот склоп чини повеќе од 300 ден,а не пак да се прави 4 во 1,но има предност што мери до 2KV. :)
-
За мерење на високи напони можеш секогаш да купиш 10:1 сонда ;). Само што тоа што ќе ти го прикаже на дисплејот ќе боде 10 пати помало од реалната вредност, така да на крајот само ќе му додадеш една нула ;).
Инаку во моментов мислам дека само ESR метар се исплати да се гради (од овие малку покомлицираниве мерни инструменти), друго ништо, дури ни мерачи на капацитиност и индуктивност, околу 2000 денари се и имаат сосема солидна прецизност (баш имам купено еден таков евтин, UNI-T).
Ама ова е мое мислење, секој си има право на свое ;).
-
Дечки дај кажете што е финтава со волтметарот.Го изработив и сега ми покажува на првиот дисплеј -1 а на третиот само точката и дали мерам нешто или не мерам истото е си покажува една цифра >:(?Немам апарат иначе ќе го сликнев :). Му ставив отпорник од 12К да мери 200V и запирката е на третиот дисплеј од лево. :D
EDIT:Дали има врска кондензаторот помеѓу пин 31 и пин 30,јас ставив од 100nF,а требало од 10nF?
-
Епа стави 10n, тие бар се ефтини, па ќе видиш дали е до тоа ;). Пробај уште извади го отпорникот 12к за да мери до 2V и види со батерија 1,5V дали покажува нешто, ако не работи тогаш имаш некоја грешка во поврзувањето или некој неисправен дел. Исто така, волтметарот не смее да се напојува од истиот напон што го мери, мора да е галвански одвоен од него, иначе отиде интегралецот :o
-
Jaс пробав да мерам 9V батерија,а како иначе галвански да ја одвојам?
Споено мислење: 26.09.2010, Sunday, 18:38:23
Мислам дека MarkoMK имаше поставена како шема за галвански одвоен извор на напон со ICL7107 ама за трансформатор,а како се одвојува батерија да не знае некој? ;D
-
Ако го напојуваш волтметарот со батерија , а мериш некој друг напон немаш гајле, не смееш да го прилкучиш на истиот напон што го мериш (на пр. некој лабораториски исправувач), мора преку посебен грец и исправувач, а најдобро преку посебна намотка на секундарот од трафото.

Ааааааа сега те разбрав ок фала LordZi! ;D
Споено мислење: [time]26 Септември 2010, 19:39:57[/time]
Леле бре ама ме зафкава волтметаров пак го баждарев и сега пак истото ми го покажува -1 па на третиот дисплеј само точката,а сега после 3-4 секунди ми покажува -000.9 и никако да се стабилизираат последните две цифри,ги кратко споив + и - од волтметарот и божем пак да го баждарам со тримерот пак исто си покажува -000.9 и скока,земав една батерија од 9V полу празна ја мерев со друг инструмент и ми покажува 6V а со овој со ICL7107 ми покажува 22.15 , 23.45 и 25.16V чаре некое,па дур ја мерев батеријата пак го баждарев со тримерот ама џабе пак си седи на тие напони.Му се има случено на некој ова? >:( >:( >:(
Споено мислење: [time]26 Септември 2010, 20:24:15[/time]
ААААААРРРРРРРРРР >:( >:( >:( >:( >:( ги изгубив нервите со ова!Сега го направив да мери до 20V и му ставив нов кондензатор од 10nF и пак зафркава пак си покажува некои ретардирани цифри ;D.Има ли некој паметен што живее во Скопје да му го дадам да го ѕирне?Ќе му платам само да ми го поправи дур не сум отишол у лудница! :D ;D
-
Леле бре ама ме зафкава волтметаров пак го баждарев и сега пак истото ми го покажува -1 па на третиот дисплеј само точката
Ако мислиш на четвртиот дисплеј, а не на третиот (односно на првиот од лево), тоа значи Out Of Range или Over-Load (на некои волтмтери пшува OL место -1), што значи дека мерениот напон му е надвор од мерното подрачје ;).
а сега после 3-4 секунди ми покажува -000.9 и никако да се стабилизираат последните две цифри,ги кратко споив + и - од волтметарот и божем пак да го баждарам со тримерот пак исто си покажува -000.9 и скока
Пробај смени го тример отпорникот за баждарење, од 10K со отпорник од 100K или некоја слична вредност ;).
Со што го напојуваш волтметарот? Батерија, стабилизиран извор за напојување?
-
Волтметарот го напојувам со 9V батерија па на регулатор LM7805 па на него.На првиот дисплеј од лево ми покажува -1,а на третиот дисплеј од лево ми ја покажува точката,ама сега пробав со 20V-ната верзија и ја поместив запирката за едно место по лево ама пак исто си покажува -1 и на вториот дисплеј од лево е точката,после пробав и со 2V-ната верзија и џабе пак исто си покажува -1.
-
Волтметарот го напојувам со 9V батерија па на регулатор LM7805 па на него.
А извор на -5V?
-
А извор на -5V?
Како извор на -5V користам NE555 еве шема,инаку macobt ми ја даде шемата за волтметарот заедно со штампата и генераторот на -5V се заедно спаковано во WinRar.Инаку кај што пишува за C7 јас ставив од 22uF тоа да не има нешто врска?
(http://pic.mk/images/5voltsnega.jpg)
-
Можеш да ја измериш вредноста на напонот кој на излез го дава овој инвертор? Дали навистина е -5V во однос на маса и дали паѓа напонот кога е пуштено колото во работа (мислам на ICL-от)?
-
Можеш да ја измериш вредноста на напонот кој на излез го дава овој инвертор? Дали навистина е -5V во однос на маса и дали паѓа напонот кога е пуштено колото во работа (мислам на ICL-от)?
LOL напонот помеѓу маса и -5V од NE555 е 0,52V и стабилен е хах ;D,значи заклучок не е добар инвертерот.Инаку колку е ICL7660 во логинг и во гац? ;D
-
Прво пробај да го напојуваш со стабилзиран извор за напојување, колку да видиме дали ќе работи ;), ако имаш стабилизиран извор за напојување, ако немаш, заедно со 7805 стави и еден 7905 стабилизатор и доведи му негативен исправен (со грец и филтерски кондензатор од околу 1000uF) напон (во однос на маса) и види дали ќе работи како што треба колото ;), да не трошиш за џабе пари за ICL7660 ако има уште некој проблем во колото освен овој ;).
-
Aј ќе видам ќе одам утре до гац да земам LM7905 и ќе видам што ќе напраам. :D
-
Абе јас овој волтметар го правев според шема од Емитер, таму само 7905 имаше и за +5В и за -5В...
Може за тоа не ми функционира баш нај нај...
-
Шемата од емитер со 7905 е исправна, ја имам правено барем 15-на пати досега и секогаш од прва работела, и во 2V и во 200mV верзија. Иначе ми се има случено да покажува само единица на првиот дисплеј поради тримерот, ако бил во крајна позиција па волтметарот да биде надвор од опсег, но со вртење назад секогаш си проработувал како што треба. Исто така, тримерот обавезно да биде повеќеобртен.
-
дали ова може да се користи да мери струја!??
-
Може, направи ја 200mV верзија, а како шант ставам околу 45cm телефонска жица (0,75mm, онаа плаво белата), свиткана во топче ;)
-
Шемата од емитер со 7905 е исправна, ја имам правено барем 15-на пати досега и секогаш од прва работела, и во 2V и во 200mV верзија. Иначе ми се има случено да покажува само единица на првиот дисплеј поради тримерот, ако бил во крајна позиција па волтметарот да биде надвор од опсег, но со вртење назад секогаш си проработувал како што треба. Исто така, тримерот обавезно да биде повеќеобртен.
Друже ако не ти е тешко ќе може да ја ставиш шемата,ама без грецов спој,сакам да се напојува од 9 волтна батерија.Ме мрзи да барам по гугл дека скоро сите се со трафо,грецов спој и филтерски кондензатори... :) ::)
-
Најчесто се изработиваат со грецов спој и надворешно напојување бидејќи ICL7107 е со LED дисплеј driver, не е со LCD дисплеј driver, па поради тоа за многу брзо време ќе ја „исцица“ батеријата :S.
-
а на кое ИЦЛ можеше да се поврзе ЛЦД екран??Кое беше тоа??
-
а на кое ИЦЛ можеше да се поврзе ЛЦД екран??Кое беше тоа??
НА ICL7106 ;D
-
а цена на истото колку пари кошта??Дека сакам да направам еден волтметар!! :D
-
а цена на истото колку пари кошта??Дека сакам да направам еден волтметар!! :D
120-130 ден во гац. ;) ;D
-
а она со дисплеи што вози??Тоа колку е?
-
а она со дисплеи што вози??Тоа колку е?
130 ден ;D
-
Исто околу 120, 130 денари, не е повеќе од тоа ;).
-
Само пазете каде купувате 120-130 ден се во гац,а 190-200 се во логинг !
-
а дали може да ми кажете каков ЛЦД дисплеј може да се приклучи на нив!?
-
Тие LCD диплсеи се викаат „мултиплексни LCD дисплеи“, такви барај со 3.5 цифри ;).
-
најдов еден дисплеј од малине инструменти но тие се со 4 цифри!! >:( >:(
-
Со 3.5 се не се секирај, ама тие не се мултиплексни LCD дисплеи, тие имаат гумени контакти, ако ги извадиш од гумените контаки, пиши му крст на дисплејот ;D.
-
па ако му шприцнам со графитен спреј нема да го вратам од мртвите??
-
Не, тие се монтираат еднаш и веќе не се вадат... единствено ако успееш да ја исечеш плочката на која е монтиран дисплејот без да ги одлепиш гумените контакти и потоа да го прицврстиш исеќениот дел од плочката со лепак или пластика за дисплејот, па од исечената плочка да „вадиш“ контакти за лемење на дисплејот. Тоа ти е единствен начин да го извадиш дисплејот, иако од искуство ти кажувам дека тоа нема да можеш лесно да го изведеш, најверојатно ќе ти се одлепат гумените контакти, и после враќање назад нема (многу се осетливи).
А можеш да го сликаш дисплејот, ама од повеќе агли, да може да се види контактот на LCD дисплејот со плочката, да не случајно сум згрешил и станува збор за некаков друг тип на контакти (мада овие се најчести).
Како и да е, не ти треба таков LCD дисплеј за волтметарот, ти треба 3.5 цифрен мултиплексен LCD дисплеј, се продаваат во продавниците за електронкси компоненти, си имаат свои чипови самите дисплеи за обработка на податоците кои им доаѓаат на влез (нешто слично како они дисплеите што се 2 X 16, 4 X 16, итн. ;)), така да за тој тип на дисплеи треба и напојување, а некои од нив имаат и backlight ;).
-
Според мене со таков дисплеј е многу комплицирано,а и скапо,подобра варијанта ти е со ИЦЛ7107 и 4 дисплејчиња. ;) :D
-
Ок,јас ќе проверам во продавниците па ќе ги прашам дали имаат таков ЛЦД дисплеј и по која цена се!
Гига за тие ти зборам ЛЦД дисплеи од инструментите чим е така ако најдам некој за расклопување ќе Ве побарам вас!
Малечко,па и за тоа ќе видам дали да го правам со ЛЦД дисплеи или ти како што ми викаш со ЛЕД дисплеи!!
Фала на сите :D
-
ако одиш во битола, таму лед дисплеите се по 25 денари...со 100 денари за дисплеите ке поминеш, а лцд неверувам дека ке е толку евтин...
-
за мене збориш Бојан дека во Алфа се толку ефтини,или за некој друг!
Јас во Битола ќе одам за зимски распуст!
-
Гига за тие ти зборам ЛЦД дисплеи од инструментите чим е така ако најдам некој за расклопување ќе Ве побарам вас!
Само поквалитетните стaри унимери имаа такви дисплеи, на пример Metex ;).
-
ај со Дисплеи ќе го направам!Вака тешко да најдам ЛЦД дисплеј! :'( :-\
-
ај со Дисплеи ќе го направам!Вака тешко да најдам ЛЦД дисплеј! :'( :-\
Само снајди се некако,некој од битола да ти ги прати,тука во гац се по 50 ден-едно,а за логинг да не збориме. ;) ;D
-
Цената и во Логинг е иста,еден другар зимаше и по 50 денари му зема!
Во електронинвест беа по 30 денари,а мене дека ме знаеше ми ги даваа по 25 парче! :D
Многу ми е преку......... дека затвори таа продавница! >:( >:(
-
Леле бре пак нејќе да работи волт метаров,му направив негативен инвертор со ICL7660 и пак несака,пак ги покажува истите цифри на првиот дисплеј од лево покажува -1,а на третиот од лево само точката,пробав и со 2V,20V и 200V верзија,и пак исто на сите го покажува истото -1 и точката,ја менував и точката ваму таму ама џабе пак нејќе.Го баждарев со тримерот од крај до крај и ништо само си седи на -1 и таа еб*ната точка. >:( >:(
-
na sto plocka go imas napraveno!?Na onaa so dupcinja ili vo kiselina sam si ja pravel?!
-
na sto plocka go imas napraveno!?Na onaa so dupcinja ili vo kiselina sam si ja pravel?!
На универзална,ама 1000 пати проверив да не има краток спој,ама нема.Мора да напраам онаква ппк преку к*р со овие универзалниве со дупчиња. :D
-
Јас секогаш го правам на универзална и досега немало утка, многу е поедноставно него ли да правиш ППК.
-
А познат ли е тој проблем,мене што ми се дешава или само кај мене биднало? ;D
-
Досега не ми направило така како на тебе, ај и така деновиве треба да правам уште еден, ќе гледам да го сликам да видиш распоред ;)
-
Досега не ми направило така како на тебе, ај и така деновиве треба да правам уште еден, ќе гледам да го сликам да видиш распоред ;)
Ok благодарам LordZi :D.
-
Lord Zi ako pravis daj na[pravi i za mene eden! ;D ;D
-
Lord Zi ako pravis daj na[pravi i za mene eden! ;D ;D
Добра идеја,колега LordZi дај бизнис да направиме ;D,колку ќе бараш да ми направиш еден волт метар,јас ќе ти дадам дисплјеи и ICL7107,а ти да ги докупиш другите делови и да ги залемиш.Ако си заинтересиран пиши ми по приватна порака. ;D
-
Ја плочки ќе изработам!! ::)
-
Ја плочки ќе изработам!! ::)
Колку бараш за една плочка?Пиши ми по приватна порака. ;) ;D
-
шемаата да ја видам!Па ќе ти кажам!
-
шемаата да ја видам!Па ќе ти кажам!
Оди на првата страница и види ја шемата! ;)
-
ок,ќе ја проверам!
-
Може и поедноставно да се изведе, со 7905 стабилизатор и три дисплеи, без други интегралци и со обично напојување.
-
Хмм имам дома ICL7106/7 (оној што може ЛЕД на него.) од стар унимер, но незнам дали е исправен.. брљавеше унимерот. Има ли шана да се провери дали е исправен?
-
Хмм имам дома ICL7106/7 (оној што може ЛЕД на него.) од стар унимер, но незнам дали е исправен.. брљавеше унимерот. Има ли шана да се провери дали е исправен?
Па да, врзи му GND, +5V, -5V и последниот дисплеј (најлевиот) и види дали ќе ти јави "-1" на дисплејот. Ако ти јави, во принцип можеш да сметаш дека е исправен ;).
-
А познат ли е тој проблем,мене што ми се дешава или само кај мене биднало? ;D
И мене ми се случува истото, покажува цело време -1 на првиот дисплеј (минус бесконечно).
И не го решив, ако го решиш кажи како ::) Изворот ми стои така без волтметар.
Мада мое мислење е дека е прегорен интегралецот, пошто ми работеше, ама кога го врзав да ми мери и напон и струја... престана да работи. И сега не работи никако :( :(

Не е до тоа дека е прегорен интегралецот,јас сменив 3 интегралци и со сите исто правеше,а нови беа од максим! ;) :) Има некоја мука ама не знаеме што му е,јас едно 10 пати проверив дали има краток спој и нема,со тримерот божем го баждарев ама ништо и од тоа,еднаш го завртев на едната страна,еднаш на другата и пак исто си седи на -1 или како што викаш минус бесконечно. :D ;)
-
Леле бре пак нејќе да работи волт метаров,му направив негативен инвертор со ICL7660 и пак несака,пак ги покажува истите цифри на првиот дисплеј од лево покажува -1,а на третиот од лево само точката,пробав и со 2V,20V и 200V верзија,и пак исто на сите го покажува истото -1 и точката,ја менував и точката ваму таму ама џабе пак нејќе.Го баждарев со тримерот од крај до крај и ништо само си седи на -1 и таа еб*ната точка. >:( >:(
И мене ми се случува истото, покажува цело време -1 на првиот дисплеј (минус бесконечно).
И не го решив, ако го решиш кажи како ::) Изворот ми стои така без волтметар.
Мада мое мислење е дека е прегорен интегралецот, пошто ми работеше, ама кога го врзав да ми мери и напон и струја... престана да работи. И сега не работи никако :( :(
Така знае да прави ICL7107 ако не му стига негативен напон (-5V) на пин 26. Инаку он си работи (баре навидум) и само со позитивен напон (+5V), ама го дава сигналот за out of range (overload) -1, и не може да мери :S.

А кој к*р му е незнам >:(,му направив негативен инвертор од -5V со ICL7660 и пак не работеше,мерев дали стварно дава -5 и јок,дава -2,98 волти,а се добро е со 7805 па на инверторот и он си добива испеглан напон од 5 волти и пак нејќе да даде -5 волти,пробав и со адаптер и со батерија и исто е нема измени во напонот седи на -2,98 волти. >:( >:( >:( >:(
-
А кој к*р му е незнам >:(,му направив негативен инвертор од -5V со ICL7660 и пак не работеше,мерев дали стварно дава -5 и јок,дава -2,98 волти
Епа ете кај е проблемот, минимален негативен работен напон на ICL7107 мислам дека му беше 4V, што значи 3V му е премалку :S. Вие зигледа си имате проблеми со напојувањето, инаку шемата си работи. Можно е LED дисплеите да повлекуваат малку повеќе струја, па тоа автоматски значи дека повеќе струја ќе повлече и ICL7107, па инверторот да не може да ја даде таа струја и да му паѓа напонот :S.
а се добро е со 7805 па на инверторот и он си добива испеглан напон од 5 волти и пак нејќе да даде -5 волти,пробав и со адаптер и со батерија и исто е нема измени во напонот седи на -2,98 волти. >:( >:( >:( >:(
А место ICL7660 да му ставиш 7905 и негативен извор на напон од адаптер, и да видиш што ќе се случи ;).
-
А за напојувањето мора да се изведе со трафо,и дај една шема жити мајка ме мрзи да барам некоја ептен проста,само поврзувањето да го видам :P ;D
-
(http://gilmore2.chem.northwestern.edu/images5/balkishan3.gif)
Само што не мора да се 2200uF кондензаторите, и со 1000uF нема да имаш проблем ;).
-
А кој к*р му е незнам >:(,му направив негативен инвертор од -5V со ICL7660 и пак не работеше,мерев дали стварно дава -5 и јок,дава -2,98 волти
Епа ете кај е проблемот, минимален негативен работен напон на ICL7107 мислам дека му беше 4V, што значи 3V му е премалку :S. Вие зигледа си имате проблеми со напојувањето, инаку шемата си работи. Можно е LED дисплеите да повлекуваат малку повеќе струја, па тоа автоматски значи дека повеќе струја ќе повлече и ICL7107, па инверторот да не може да ја даде таа струја и да му паѓа напонот :S.
а се добро е со 7805 па на инверторот и он си добива испеглан напон од 5 волти и пак нејќе да даде -5 волти,пробав и со адаптер и со батерија и исто е нема измени во напонот седи на -2,98 волти. >:( >:( >:( >:(
А место ICL7660 да му ставиш 7905 и негативен извор на напон од адаптер, и да видиш што ќе се случи ;).
Еј, фала ти бе Гига, одма ќе пробам ова дали е чим отидам дома.
Имаш од мене + реп
-
Епа ајде направи го,чекаме! ::)
-
И јас штом дојдам дома одма ќе го пробам,да видам дали ќе работи со тоа напојување.Таман имам и 7805 и 7905 што ми стигнаа од texas,ако проработе те частам отпорници 100 комада ;D ;) :D.
-
Неуспешно :(
Инаку Гига беше во право ;).. напонот го измерив беше +3,5 со -1,9 V. Го средив напонот ама пак не работеше. Потоа отидов до ГАЦ земав нов интегралец и проработе :) ама не за долго. Кога пробав да го приклучам напонот од изворот да се мери пак почна да покажува -1 и сега несака да мрдне од тоа.
Од ова можам да кажам 90 % дека неправилна ми е галванската изолација, најверојатно ќе мора посебно трафо (или капацитивно напојување ако држи) за волтметарот.
Ова галванско одвојување:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1561.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1561.0)
не функционира - барем не во комбинација со шемата од емитер со еден стабилизатор 7905 !
-
Еве линк тука можите да видите шема за +-5в проверено работи
http://pitts-electronics-home.de/electron/schpla.htm
Кодирај линкови!!!

А да пробате да мерите друг напон освен тој од споственото напојување на волтметарот, не се препорачува мерење на сопствениот напон на напојување на волтметарот затоа ;).
Еве линк тука можите да видите шема за +-5в проверено работи
http://pitts-electronics-home.de/electron/schpla.htm
Кодирај линкови!!!
Да, функционира, ама ICL7106, со LCD дисплеј драјвеер, не и на ICL7107 кој има LED дисплеј драјвер, малку повеќе струја троши ICL7107 бидејќи напојува LED диоди, па поради тоа паѓа напонот.
-
А да пробате да мерите друг напон освен тој од споственото напојување на волтметарот, не се препорачува мерење на сопствениот напон на напојување на волтметарот затоа ;).
Абе функционира со друг напон без проблем... Ама мене ми треба за на изворот за напојување да го монтирам, затоа морам (уствари не морам ама така го правам) од истиот напон зимам.
-
Стави му едно минијатурно трансформаторче за волтметрот и нема да ти прегорува ;)
-
Стави му едно минијатурно трансформаторче за волтметрот и нема да ти прегорува ;)
Да, некое 1:1 што земан напон одма после трансформаторот. Или некое друго мало трансформаторче што од мрежниот напон ќе ги напојува волтметрите ;).
Или да начекаш трансформатор со одвоени секундари ;).
-
Ќе пробам со посебно трансформаторче, мада немам многу - многу место во кутијата.
Колку ќе биде доволно ? Едно 300 mA доста ќе биде?
-
Таман ќе му е ;)
-
ми стигна ИЦЛ7107 одма дајте шема да го направам!
-
ми стигна ИЦЛ7107 одма дајте шема да го направам!
Шема на првата страна. ;D ;)
-
ајдее,ги изработив плочките за волтметарот!Само уште утре дислпеи да земам и готова работа!Ги изработив со СМД ИЦЛ 7107
-
ајдее,ги изработив плочките за волтметарот!Само уште утре дислпеи да земам и готова работа!Ги изработив со СМД ИЦЛ 7107
Eпа ајде направи го и чекаме сликички јееее :D ;D ;D ;D
-
само да го довршам!Дека денес ми падна мозокот! :P
-
само да го довршам!Дека денес ми падна мозокот! :P
Eпа пак стави го мозокот во глава and work. ;) ;D
-
ќе поставам слики не се секирајчте!
-
и јас почнав да го правам волтметарот со смд ICL7107, само ми фали уште еден отпорник што сум заборавил да го купам :S па утре-задутре или кога ке имам време ке го доправам...
-
Најдов трансфорамторче што ќе го користам само за волтметарот на изворот.
Инаку го извадив од „адаптер“ 3 до 12 V 300 mA, ама 12 V излез дава 15,3 V неоптоварено, а ако го оптоварам до 200 mA напонот паѓа на 10 V. :) :)
Би требало да биде добар пошто во Емитер пишува напон на напојуавње за волтметарот 8-14 V.
-
јас имам трансформаторчиња од Електроинвест ги земав 100 денари парче 12волти 500 мили ампера,се дели на 2*6 волти!Инаку тоа што ги имаш можеш да ги искористиш!!
-
јас имам едно трансформаторче 12 воти испеглана стуја 5 ампери можам да го искористам тоа за волтметарот а и рагулирано напојување да направам со напојување од видео?????
Споено мислење: 21.10.2010, Thursday, 19:32:51
и колку пари е ицл 7107
-
можеш така со трансформатор од ввидео!Јас имам дома стари расклопени видеа и на нив трансформаторите имаат повеќе напони,па сега внимавај!
Инаку за колото незнам која му е цената!
-
јас имам едно трансформаторче 12 воти испеглана стуја 5 ампери можам да го искористам тоа за волтметарот а и рагулирано напојување да направам со напојување од видео?????
Споено мислење: [time]21 Октомври 2010, 19:32:51[/time]
и колку пари е ицл 7107
Цената на ICL7107,во гац е 130,ама може да ти го даде за 120,во БТ е накај 90-100 денари и во логинг е 190-200 ден.Ете ти цени,а зошто не купиш некое трансформаторче по мало например 500мА,чувај го тоа од 5А,а и плус тоа е доста моќно. ;)
-
со тоа трансформаторчче може да направи дупло напојување!Некое ептен јако!И да поврзе на него волтметар!
-
со тоа трансформаторчче може да направи дупло напојување!Некое ептен јако!И да поврзе на него волтметар!
Е тоа да,може да направи напојување со LM338K,ама без струјно ограничување и напонот да биде докај 20V. 12*1.41=17V,ако напонот од 12V e AC. ;) :)
-
и колку пари е ицл 7107
јас прашав во алфа за колото ми рекоја 86 денари , а сите делови за волтметарот се 314 денари (во алфа)
-
на трансформаторчето е 12 воти дц 5 ампери а не 12 ац а како мислеше дупло напојување
-
Да имаш два извори!На пример како две батерии! ;) ;D
-
и колку пари ке фати трансформатор да купам 14в ац 500милиампери и 14*1.41=19.74 ете 20 волти дц и да нарправам регулирано напојување и волтметаров и да си имам регулација и со вотметарот во една кутија ставини како тоа на девил
Споено мислење: 21.10.2010, Thursday, 20:08:27
А еве сега побарав и најдов трансформатор4е 12волти дц 300 мили апмпери ;D
-
зависи од каде ќе ги купделовите!Испод 1000 денари нема да биде над 100% сум сигурен дека ќе те фати!
-
Земи некое трафо например 12V 1A ДЦ (слабо е тоа 300мА едвај да напојува нешто),и направи регулиран извор на напојување со LM317,на пазарите јас тие трансформатори ги зимам по 200-250 ден,а на бувљакот во Скопје ќе најдеш и уште по моќни трансформатори и тоа за цени од 50-100 ден. ;)
-
јас имам дупло напојување со аналоген волтметар го изработив сам и многу сум задоволен!Го користам од кога сум електроничар!Еве веќе 5 години!
-
Епа сликни го да го видиме ;D
-
и + шема ако може од напојувањето....
-
сеа наја да им направдов еден трансформатор 12волти дц 5.5 ампери и еден најдов 11дц 3.5 ампера е м на двара грец и да ги врзам сериски така мислите дупло напојување ????
-
сеа наја да им направдов еден трансформатор 12волти дц 5.5 ампери и еден најдов 11дц 3.5 ампера е м на двара грец и да ги врзам сериски така мислите дупло напојување ????
Не смееш да поврзуваш трансформатори,ни сериски ни паралелно,освен ако напонот и струјата не им се исти!Ако ги поврзеш сериски и ставиш некој потрошач,тоа трафото од 5,5А,ќе почне да го „полни“ тоа послабото трафо и накрај да изгоре!Подобро со едно него ли со ниедно! :) ;)
-
И дечки што направивме, проработа ли да мери напон од истото трафо од каде што се напојува, сакам да направам и напојување и волтметар (незнам кој член имаше така направено) па да знам како да си го планирам местото у кутијата и плочките.
ПС како се викаат тие „лежишт“ за интегралецот?
Слика во постов
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=787.msg7343#msg7343
-
ПС како се викаат тие „лежишт“ за интегралецот?
Подножја ;).
-
Да така се викаат а тебе ти треба 21 пинско подножје ;)
-
ок фала и на двајцата, а што бидна успеа ли некој галвански да одвои 2 извора од 1 трафо?
-
слики неможам да поставам немам апарат,треба за шема да почекате да ја најдам дека пред пет години го направив напојувањето и тешко да најдам!
-
ок фала и на двајцата, а што бидна успеа ли некој галвански да одвои 2 извора од 1 трафо?
А зошто не поставите уште едно малечко трансформаточе, наједноставно е така да се изведе, a не е ни нешто премногу скапо ;).
-
Убаво ви вика GigaWatt, ако не сте сигурни како се поврзува ставете си трансформаторче, иначе едно погрешно поврзување и отиде ICL-от... :P
-
ок фала и на двајцата, а што бидна успеа ли некој галвански да одвои 2 извора од 1 трафо?
Немој да пробуваш на исто трафо ! Јас изгорев 4 од интегралците така. ::) ::) Џабе ставав посебен грец, посебен стабилизатор, па и уште диоди ставив за подобро одвојување ама ништо. Изгледа поради големата влезна отпорност волтметарот „осеќа“ дека се напојува од истиот напон :) :)
Обавезно посебно трансформаторче стави и нема гајле.
-
Обавезно посебно трансформаторче стави и нема гајле.
Наједноставно и најпросто решение е тоа, да, малку повеќе простор завзема, ама ако искористите некое старо трансформаторче 2 X 9V од некое страо радио или дигитален часовник, нема да имате прооблем, во принцип тие се релативно мали ;).
-
A ШТО СЕ КОРИСТ КАКО ИЗВОР -5 ВОЛТИ???
-
A ШТО СЕ КОРИСТ КАКО ИЗВОР -5 ВОЛТИ???
За извор на -5V можеш да користиш ICL7660 или да направиш симетрично напојување со LM7905. ;D ;)
-
ау ова сакам да го правам со регулирано напојување и сега имам трансформатори е сега имам 11 волти дц 3.5 ампери трансформаторце може да направам шема со отпорници и кондензатори да го разделам напојувањето на 5.5 и -5.5 да го направам всушност симетрично???????? ???
-
Посигурно мислам дека ти е со регулаторите на напон 7805 за +5V и 7905 за -5V.
-
да,подобро е така!
-
A ШТО СЕ КОРИСТ КАКО ИЗВОР -5 ВОЛТИ???
A ШТО СЕ КОРИСТ КАКО ИЗВОР -5 ВОЛТИ???
За извор на -5V можеш да користиш ICL7660 или да направиш симетрично напојување со LM7905. ;D ;)
Посигурно мислам дека ти е со регулаторите на напон 7805 за +5V и 7905 за -5V.
да,подобро е така!
а со отпорници одделено зошто да не е сигурно???
-
Оти овде си напишал дека вадат +5.5V и -5.5V, а овие регулаторите вадат точно +5V и -5V.
ау ова сакам да го правам со регулирано напојување и сега имам трансформатори е сега имам 11 волти дц 3.5 ампери трансформаторце може да направам шема со отпорници и кондензатори да го разделам напојувањето на 5.5 и -5.5 да го направам всушност симетрично?
-
еве го и мојот волтметар го направив и супер е чини ;D
(http://pic.mk/images/sam1325.jpg)
(http://pic.mk/images/sam1328.jpg)
(http://pic.mk/images/untitl1288553915.jpg)
-
еве го и мојот волтметар го направив и супер е чини ;D
Дисплејите ти се од vishay нарачани???
-
еве го и мојот волтметар го направив и супер е чини ;D
Дисплејите ти се од vishay нарачани???
да од vishay ми се ми стигнаја пред 1 недела :)
-
колкав е максимален влезен напон на ICL7107 знае некој??? 200mV e???
-
Колега мислам дека е 200 миливолти но сепак погледни го ова и јас не го разбрав има 100 типа волтажи
Еве овде ке го најдаш тоа што ти треба ;)
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/intersil/fn3082.pdf
-
и јас зјапав во даташитот, ама нигде ненајдов колкав му е максимален влезен напон...
-
и јас зјапав во даташитот, ама нигде ненајдов колкав му е максимален влезен напон...
Како мислиш максимален влезен напон,до колку волти мери,до колку му е максимално напојување или нешто трето??Не контам? :D
-
до колку волти мери мислам дека тоа прашува бојан ;)
-
до колку волти мери мислам дека тоа прашува бојан ;)
Ако тоа прашува тогаш мери до 1999V ама може тоа да се смени да мери до 200mV,2V,20V,200V и 2000V т.е до 199mV,1.9V,19V,199V и 1999V барем јас така мислам :D ;)
-
како може да мери до 199mV??? ке можеш да ми кажеш...please..
-
kolku e vnatrsnata impendansa -otpor 1mega ili 10mega
-
kolku e vnatrsnata impendansa -otpor 1mega ili 10mega
Внатрешната импенданса е 10 мега оми. ;)
како може да мери до 199mV??? ке можеш да ми кажеш...please..
Подрачјето за мерење зависи од отпорникот тој што е паралелно поврзан на пин 30 и пин 31,a за 200mV верзија тоа мислам дека не важи,како и да е еве ти шема за 200 миливолтната верзија ;)
http://www.electro-tech-online.com/attachments/general-electronics-chat/28501d1240231319-electronic-thermometer-icl7106.gif
ПС.Бојан ај кажи жити мајка што ќе ти е 200mV верзија? :D :D
-
за струја мерење :D
-
за струја мерење :D
Ааааа епа тогаш прашај го колегата LordZi он има бајааааги правено такви волтметри и амперметри со ICL7107 он гарант знае ;) :D
-
еве една одлична презентација од MacoBT
Voltmeter ICL7107.mpg (http://www.youtube.com/watch?v=0bh27RMwFZk#)
Проектов и тоа како ме заинтересира и сакам да го направам
http://macoprojects.blogspot.com/2010/02/voltmeter-icl7107.html
-
Кој бараше за струја мерење?
(http://electronics-diy.com/schematics/ICL7107_ampere_meter.jpg)
-
има ваква шема на форумов, ама и ми треба за да ги одберам отпорниците што ке се на влез, што служат како напонски делители...
-
Конечно го сместив во кутија волтметарот комплет со напојувањето па еве некоја слика да ставам:
(http://www.pic.mk/thumbs/2610201015.jpg) (http://www.pic.mk/?v=2610201015.jpg)
(http://www.pic.mk/thumbs/2610201289702013.jpg) (http://www.pic.mk/?v=2610201289702013.jpg)
(http://www.pic.mk/thumbs/2610201289702047.jpg) (http://www.pic.mk/?v=2610201289702047.jpg)
(http://www.pic.mk/thumbs/2610201289702072.jpg) (http://www.pic.mk/?v=2610201289702072.jpg)
Малото трансформаторче за волтметарот е од десна страна на хладњакот.
-
Кажи спецификации на напојувањето...до колку волти,струја,колку те фати едно друго? :D ;D
-
Напојувањето има излезен напон од 0 - 35 V, струјата е декларирана на 3 A, (јас го оптеретив и повеќе - докај 4,5 А). Излезниот транзистор (2N3055) многу грее па му ставив кулер. Инаку има и струјно ограничување.
Ме фати околу 500-600 ден ама поскапите делови ги имав - трансформаторите се од сјалици 220/12 V / 50 W, кутијата е од аналоген ресивер - заедно со дисплеј си беше, кулер и хладњак имав.. Ги купив само плочките од Емитер, потенциомтрите, и интегралните кола. (овде не ги рачунам 3 x ICL 7107 што ми изгореа додека направам посебно напојување за волтметарот ;D )
Шемата ја има овде:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1561.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1561.0)
-
супер си го направил, само ладилникот ти е мал за тој транзистор...ако сакаш да ти дадам некој поголем ладилник, пиши пп да се договориме...
-
Конечно го сместив во кутија волтметарот комплет со напојувањето па еве некоја слика да ставам:
Одлично изведено ;D. Баш ми се допаѓа, и кутијата е супер ;).
-
Kако извор на негативен напон од -5V користам инвертор со ICL7660 ;D
дали може да се стави MAX660 и дали пиновите се исти?
и за минус наместо ИЦЛ7660 користам НЕ555 поефтина варијанта ;D
NE555 како инвертор за негативен напон од 5V? Дали и редоследот на пиновите е ист?
-
и за минус наместо ИЦЛ7660 користам НЕ555 поефтина варијанта ;D
NE555 како инвертор за негативен напон од 5V? Дали и редоследот на пиновите е ист?
Редоследот на пинови помеѓу MAX660 и ICL7660 е ист.Само мислам дека има разлика во струјата...затоа се става ICL7660 наместо МАХ660...NE555 e сосема различен од овие другиве интегрални,а и пиновите се различни... ;D ;)
ПС:Како ти успеа да напишеш два пост-а без тоа споено мислење? ;D
-
Чекај, па како некои правеле со NE555 ? Иначе ICL7660 и MAX660 нели се за -5V...
Видов дека системот не ги спои постовите па сам си ги споив :D
-
Чекај, па како некои правеле со NE555 ? Иначе ICL7660 и MAX660 нели се за -5V...
Видов дека системот не ги спои постовите па сам си ги споив :D
Eве ти даташит и од МАХ660 и од ICL7660 па разглеај карактеристики ;D :D
Даташит од ICL7660
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/67436/INTERSIL/ICL7660.html
Даташит од MAX660
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/73671/MAXIM/MAX660.html
-
ама нели ICL7660 прави од 1,5V на -10V а нас ни треба -5V
-
ама нели ICL7660 прави од 1,5V на -10V а нас ни треба -5V
Јас мислам дека тоа му е работен напон... од 1,5V до +10V..И јас се зае*ав,мислев дека тоа му е како step up конверзија ама тоа било работниот напон хах(how stupid :D) :D ;D
-
Тоа што ти играат последните бројки околу некоја вредност може и да е поради (не)квалитетот на самото интегрално коло, т.е. изворот на референтен напон превише да зависи од температурата, а бидејќи и драверите за дисплеите се наоѓаат во самиот интегралец, тој неминовно се загрева. Мене ми се десило со еден интегралец волтметарот да работи супер, а со друг цело време да се менува последната бројка и да не може да се стабилизира.
Интегралците биле од различни производители или од исти?

Не зимај ICL-ки од гац,од некоја china town фирма се ;D.Или нарачај си од максим или купи од БТ.Во БТ се на интерсил ;) :)
-
одлично,реп имаш за сработеното! :D
-
Дечки вие што го имате направено овој волтметар и ви проработел без проблем, од која шема го имате правено, дали од даташитот или од таа што е на првата страна... ме интересира која према вас е подобра шема бидејки сакам да го направам овој склоп. Мене ми треба за DC напон
И каков отпорник треба да се стави за да мерам од 1 до кај 40 или 50V?
Фала однапред

Тешко таму да биде подрачјето за мерење,или 20V или 200V,па сеа ти бирај ;D.Мислам дека за 20V отпорникот беше 1.2K,а за 200V 12K,ама незнам,не ми текнува сега :D ;D
-
А ако изберам 200V, тоа значи дека ке мери од 1-200В?
-
да ако ставиш 12Кохм отпорник тогаш ќе мери од 0-200в.
0 - 2 V ............ R3 = 0 ohm 1%
0 - 20 V ........... R3 = 1.2 Kohm 1%
0 - 200 V .......... R3 = 12 Kohm 1%
0 - 2000 V ......... R3 = 120 Kohm 1%
-
па супер, значи 120 кило оми да ставам на R3 и така ке биде најдобро... тогаш зошто ли ставаат и послаби отпорници кога може директ 120K и да не му се мислиш, кога со било кој мери од 0V. Фала за инфото реп+
-
А ако изберам 200V, тоа значи дека ке мери од 1-200В?
Да,така некако ќе му дојде,ќе мери од 0-199V,после тоа ќе ти вика -1 или out of range :D ;D
-
Дечки само ме интересира по која шема го правевте вашиот волтметар, дали е по таа од таа на
првата страна или е од даташитот на ICL7107 или некоја друга?
-
па супер, значи 120 кило оми да ставам на R3 и така ке биде најдобро... тогаш зошто ли ставаат и послаби отпорници кога може директ 120K и да не му се мислиш, кога со било кој мери од 0V. Фала за инфото реп+
Помали отпорници се ставаат од причина што ако сакаш да мериш помал напон, ќе имаш поголема точност. Ако напонот што го мериш е, на пр. 20,42 V а тебе волтметарот ти е на 2000 V ќе ти покаже 0020, а децималите ќе се занемарат.
-
Еве ти ја DX-er страната по која јас го имам неколку пати изработено волтметарот и можеш слободно да го изработиш, бидејки работи перфектно ;).
http://www.diy-electronic-projects.com/p215-Led-display-digital-Voltmeter
-
Еве ја шемата по која јас го изработив волтметарот (од Емитер). Ја ставам заради тоа што карактеристично е изведено напојувањето - со единечен извор и со 7905.
(http://pic.mk/images/voltmetari.jpg)
-
И јас го правам исклучиво по оваа шема, секогаш проработувал од прва ;), плус со замена на неколку дела се преправа во 200mV-на верзија, од која лесно се прави амперметар. Само пази, тука го немаш нацртано тој отпорникот од 12к на влез помеѓу пиновите 30 и 31, траба да го додадеш ;)

Па мене без тој отпорник изгледа ми работи ;D ;D ;D

Па што знаеш,можеби без тој отпорник ќе нема делител на напон,нели 2 волти,20 волти,200 волти...Него ќе си мери до колку што треба :D
-
Не, наместо него има отпорнички делител на влез, зависи на кој напон ќе се приклучи, има шема во емитер.
-
а зошто масата од тоа 7905 е поврзана на +5В?
-
MarkoMK од кој број на емитер е оваа шема за волтметар?
-
MarkoMK од кој број на емитер е оваа шема за волтметар?
Е колега DX-er за таа шема ти зборев,таа е шемата од емитер 9/97 ;).Колегава LordZi се претепа од правење волтметри според таа шема и нормално без грешка ;) :D :D
-
А добро унимер е 400 денари од пазар... нели не се исплати.. ?
-
А добро унимер е 400 денари од пазар... нели не се исплати.. ?
Moре 200 е,ја се ценкам и ги зимам за 180,него меракот е ти да го направиш нели+онака на LED дисплеи да ти светкаат хахаха :D :D :D ;)
-
многу е поскапо да се направи одколку да се купи, дисплеите се 200 денари, интегралното е 120-150, плус плочката и другите делови....
Но ако правиш напојување со регулација би било добро да имаш и волтметар
-
Само што го завршив дизајнот за волтметар во SMD со ICL7107 во LQFP пакување
сличе
(http://pic.mk/images/smdvoltmet.jpg)
-
Aaaa колега Devil браво,си се изнамучил ова да го направиш! ;D ќе ти дадев +реп да можеше! :D ;)
-
дали можам дирекно да го лемам ICL7107 ?
-
може, ама подобро е на подножје за да не го изгориш интегралното, ако си претпазлив и не ги грееш многу нозете (3-5 секунди максимално) може директно
-
дали можам дирекно да го лемам ICL7107 ?
Збориш за смд или за дип пакување?Ако ти е за смд,сакал нејќел мораш да го лемиш директно ;D,а за дип поубаво е да има сокет,случајно ако се скува има рацете да ти паднат дур да го одлемиш,а вака оп одма ќе смениш ;) :D
-
а дали може ПДФ фајл да ставиш?Да ја испринтам
-
немкожам да го конвертирам, ако сакаш JPG, GIF TIF слика нешто така може, или ако сакаш lay фајл за во Sprint Layout 5.0
-
туфф,немам Спринт Лејаут 5.Ај стави ЈПГ фајл
-
немкожам да го конвертирам, ако сакаш JPG, GIF TIF слика нешто така може, или ако сакаш lay фајл за во Sprint Layout 5.0
Стави го ти како .jpg па јас ќе му најдам чаре,ќе го конвертирам во .pdf ;) :D
-
ама може нема да испадне иста големина :(
-
ама може нема да испадне иста големина :(
Aко де ќе пробаме,ако не бива не бива,ќе најдеме друго чаре ;) ;D
-
копирај ги фајловите во ворд и намести му димензии, 35мм ширина 40мм должина
(http://pic.mk/images/pcb1294950295.jpg)
(http://pic.mk/images/pcbtop.jpg)
-
ок,фала.А тоа друго СМД делче доле што се наоѓа,кое е тоа?
тој за негативен напон регулаторот е??
-
да тоа е 7660 ама не сум сигурен за димензијата дали му е точно таа, почекај не го прави одма треба да препроверам па да се осигурам и јас дека е толкав :)
-
ок,ќе почекам.А за колку време ја нацрта плочката?
-
ок,фала.А тоа друго СМД делче доле што се наоѓа,кое е тоа?
тој за негативен напон регулаторот е??
Toa e ICL7660 -5V инвертер,иначе ај видете дали е добро конвертирано пцб-то,пдф во атачмент
-
Малечко го преземав и преголема е сликата.Со што ја конвертираше.Отиде во Ворд првин,па потоа save as ПДФ фајл.Или на нет некако ја закачи??Мене ова ми личи дека е save as направено ;) :D
-
ок со толкави димензии е :)
па незнам негде 1 сат ми требаше да ја дешифрирам шемата ;D
тој што ја црташе шемата ја имаше нацртано за поинакво пакување и то е СМД ама со различен распоред на пинови, па споредував со дата шитот па цртав во спринтот :)
-
не е точна,ако сакаш може да се провери така што одиш принт,тој има доле во десниот агол Preview од сликата.Ќе ја видиш колку цел лист е.Тоа не е точно :( треба да биде 1/20 од листот ;)
-
Малечко го преземав и преголема е сликата.Со што ја конвертираше.Отиде во Ворд првин,па потоа save as ПДФ фајл.Или на нет некако ја закачи??Мене ова ми личи дека е save as направено ;) :D
Не,него е конвертирана со соодветен конвертор .jpg to .pdf,стави таму на 100%,или па и на толку не е добра? :D
-
тоа 100% е само зум,тоа нема врска со големината на плочката.Тоа ти е само зум,вистинската големина се гледа ти кажав оди принт или пак print preview.Ќе ти ја даде во реална големина ;) ;D
-
еве ви ја во пдф, ама губи квалитет во конверзијата
-
ок е сега :D
-
Дечли можи за ова една финална верзија...оти мака ми е да читам 16 страни коментари :( ........
оти сакам да го прам и сакам да знам цена од прилика колку кошта се на се ;)
Споено мислење: 08.03.2011, Tuesday, 00:19:51
Дечли можи за ова една финална верзија...оти мака ми е да читам 16 страни коментари :( ........
оти сакам да го прам и сакам да знам цена од прилика колку кошта се на се ;)
да ви кажам искрено .... имавме дуќан еднаш за електроники ( кабли,штекери прекинувачи ова она) и еден иструмен аналоген зедоф 50 ден на набавна од оние малечките шо работат на 1.5волти ке му го бапнам то внатре и ке мери...ке давам 200 дена за овај волт метарот...па извор треба +5в -5в незз шоо уште...e ова е моето мислење
-
сепак е поубаво кога ке го изработиш ти, секој знае да купи и секој знае да му биде се на готово, сепак мора малку да се "помачиме" ако сакаме да научиме повеќе за електрониката ;)
-
многу пари фаќа спрема еден МУЛТИ мер (еден мултимер е 200) а ова кошта негде...
1x - 220 Ohm Resistor 1 den
1x - 10K Resistor 1 den
1x - 15K Resistor 1 den
1x - 47K Resistor 1 den
1x - 100K Resistor 1 den
1x - 1M Resistor 1 den
1x 10K Pot 30 den
1x - 100pF Capacitor 3 den
1x - 10n Capacitor 3 den
1x - 100n Capacitor 3 den
1x - 220n Capacitor 12 den
1x - 470n Capacitor 8 den
2x - 10uF Capacitor 2 den
3x - 1N4148 Diode 2 den
1x - ICL7107 IC zavrse, treba da go dobieme za 8 dena, okolu 80 denari
1x - 7660 IC 62 den 2x - MAN6910 2-digit LED 7-segment Display ELD-512SURWA/S53 109 den so 2 digit. 1x - Dil 40 7 den
околу 270 денари кошта се во битола од алфа електроник ( ова се цени од алфа(на емаил прашав колку коштат и ми имаше вратено порака со цените))
-
мултимер е каде каде поголем, неможеш да го растуриш, зашто ако го поместиш дисплејчето ке го зафркнеш. така да неможеш да го ставиш во напојување :D
-
Па добро, зависи од волтметарот, но во принцип, да, потешка ќе биде монтажата, дефинитивно ;D.
-
Значи, и јас бев во дилема дали да купам унимер и да го ставам во напојувањето или да направам волтметар, ама од две причини си направив волтметар. Прво, таа што ја наведе Бојан, тешко е да најдеш унимер каде што можеш дисплејот да го одвоиш за да го ставиш на предната страна од напојувањето, без да го расипеш , а исто така некако повеќе ми се допаѓаат ЛЕД дисплеите него ЛЦД кои ги имаат унимерите. ;)
-
дали може некој да постави изглед на водови за овој волтметар?Потребен ми е,па ако може некој побрзо да стави.
-
еве еден начин за како да го добиете негативниот напон од -5V за ICL7107
само внимавајте на поларитетот на C2, плусот е со маса споен
-
дали може некој да постави изглед на водови за овој волтметар?Потребен ми е,па ако може некој побрзо да стави.
Ај види овде ако можиш да се снајдиш :)
(http://www.pic.mk/thumbs/voltmetar.jpg) (http://www.pic.mk/?v=voltmetar.jpg)
-
еве еден начин за како да го добиете негативниот напон од -5V за ICL7107
само внимавајте на поларитетот на C2, плусот е со маса споен
Со осцилаторот си го врзал ;). Паметно решение ;). Добро што ти текнало ;).
-
дизајнов не е чисто мој, ова го имав видено на едно друго место, не се сеќавам кај беше пред многу време го имав прецртано на лист и сега само го прецртав на компјутер
сепак со ова ќе се избегнат скапи интегралци за инверзниот напон, а ќе го направите со компоненти од по дома :)
-
Истото може да се постигне и со еден 7809 стабилизатор ;)
-
а зошто е потребен 7809 ?
За негативен напон само 7905 :)
-
Лордзи, 7809 е регулатор за +9V :D
-
Лордзи, 7809 е регулатор за +9V :D
Има една финта со 7809-ката, напонот се дели на +4.5V и -4.5V и колото работи без проблем ;D.
-
Не бе, мислев на 7905, кој знае кај ми бил паметот кога пишував... ;) ;D ::)
-
Не бе, мислев на 7905, кој знае кај ми бил паметот кога пишував... ;) ;D ::)
Е таа финта не ја знам ;D.
-
Не бе, мислев на 7905, кој знае кај ми бил паметот кога пишував... ;) ;D ::)
Е таа финта не ја знам ;D.
Еве ја финтата гига ;D.И не се чудете на сликата,телефончево е за нигде :D.
(http://www.pic.mk/images/spa0066.jpg)
-
Јас го изработив волтметарот од емитер со 7905 како извор на негативен напон. Проблемот е што кога ке го вклучам се појавуват разни бројки и се менинуваат цело време (разни бројки) а кога ке ставам да мерам некоја батерија се губат бројките и останува само точката, што е проблемот?
-
Пробај кратко спој го влезот, дисплејот треба да покаже 00.0, ако покажува така тогаш 99% ти е исправен, а ако ти се гаси дисплејот пробај мери батерија 1,5V, ако си ја направил 2 волтната верзија без да ставиш отпорник 12к или отпорнички делител на влез и ако пробаш да мериш 9V батерија ќе се угаси дисплејот, значи, провери/стави го отпорникот 12к на влез за да мери од 0 до 200V.
-
јас го направив со 12к отпорник. ај ке пробам да ги спојам жичките па ке пишам што има на дисплејот
-
Само внимавај,регулаторот бајааааааааги грее,стави му некој ладилник ;D ;).И пробај кратко спој го пин 37 со маса,и види дали ќе ти покаже 1888 на дисплеите ;D
-
абе ич не грее кај мене
-
абе ич не грее кај мене
Епа не е уреду нешто :D,ако работи добро ќе грее и те како,јас го имам истиов волт метар и тоа регулаторот бајаги грее,али на ладилник е монтиран ;D
-
можно е да не е во ред, иако е нов купен
-
можно е да не е во ред, иако е нов купен
Провери го во празен до дали дава -5V ;).
-
па или не дава -5 волти или не знам да мерам 7905. Еве како, на првата жичка на 7905 ставив плус, на втората минус и на третата е излезот. Е сега земав униметар и со црвеното стапче допрев на излезот а со црното на плусот од влезот и што бидна? Иако имаше влез од некој ди 8 волти на излез покажа позитивен напон од скоро дупло помалку од тоа. Значи не беше ни 5 волти.
-
да не си го прегорел при лемење?Да си држел долго време со леткумот на него?
-
не, туку нели на шемата на некои места има ознака заземјување односно минус и таква ознака имаше и на самиот излез од 7905 и јас баш прашав дали е проблем што излезот од 7905 ке се спои со маса..... ај бидна веке, изгледа тоа го има прегорено. Само и да е тоа излегува дека 7905 се многу понеквалитетни од 7805, бар овие другиве ге греат додека не рпегорат а овие одма прегоруваат.
-
па или не дава -5 волти или не знам да мерам 7905. Еве како, на првата жичка на 7905 ставив плус, на втората минус и на третата е излезот. Е сега земав униметар и со црвеното стапче допрев на излезот а со црното на плусот од влезот и што бидна? Иако имаше влез од некој ди 8 волти на излез покажа позитивен напон од скоро дупло помалку од тоа. Значи не беше ни 5 волти.
Кој вод од грецот му го носиш на 7905, негативниот или позитивниот? Според таа шемата од Malecko го правиш исправувачот?
-
не не, јас земам напон од готово напојување кое има чист напон без брум и сл. глупости, иначе пробав и со адаптерче од пазар за кое сметам сека 99 посто не е проблем
-
не не, јас земам напон од готово напојување кое има чист напон без брум и сл. глупости
Симетричен или обичен?
-
не не, јас земам напон од готово напојување кое има чист напон без брум и сл. глупости
Симетричен или обичен?
обичен, има само плус и минус
-
обичен, има само плус и минус
Епа вака направи, плусот од напојувањето врзи му го за маса на 7905, минусот за влез, и види што ќе даде на излез 7905 во празен од (без оптеретување). Напонот на влез на 7905 треба да биде барем неколку волти понизон од -5V (значи напојувањето да биде поставено да дава барем +8V).
-
а униметарот како да го поврзам на излез?
-
а униметарот како да го поврзам на излез?
Врзи го плусот (црвената сонда) на излезот од 7905, а минусот (црната сонда) на масата од 7905 ;). Ако е вака врзан унимерот, и ако се е во ред, треба да покаже -5V ;).
-
Да, пробај измери тако што ти кажа Гига прво на самиот стабилизатор, ако треба земи друг, а после кога ќе се увериш дека дава -5V залеми го на плочката, најверојатно тој ти е проблемот што не работи волтметарот, шемата е исправна 100%.
-
а униметарот како да го поврзам на излез?
Врзи го плусот (црвената сонда) на излезот од 7905, а минусот (црната сонда) на масата од 7905 ;). Ако е вака врзан унимерот, и ако се е во ред, треба да покаже -5V ;).
При напон од 9V тестирав и на излез даде некој 3V кои не веа - . Ова значи дека е расипан ?

Фрли го во канта,расипан е ;) :)
-
При напон од 9V тестирав и на излез даде некој 3V кои не веа - . Ова значи дека е расипан ?
Сигурен си околу распоредот на пиновите? Чиво производство е? Симни datasheet ама од тој производител и види дали правилно си го врзал ;). Мене ми се има случено да имаат различен распоред на пинови 79XX од различни производители ;).

Марка ST е, иначе поврзав вака: плус 9V на првиот пин, во средина поврзав минус од напојувањето и на крај излез. Иначе униметарот, црвеното стапче на излезот а црното на средната жичка каде се поврзува и минусот од напојувањето.
После пробав и обратно плус и минус и даде исто позитивен напон но само 1v

Епа не иде така расоредот на пиновите ;D. Така иде на 78XX ;D.
(http://www.engineersgarage.com/sites/default/files/7905_1.jpg?1281349588)
Вака ќе го врзеш:
GND --> Сo плусот од напојувањето
Input --> Со минусот од напојувањето
Output --> Излезен напон
Мериш напон меѓу GND и Output, црвена мерна сонда на Output, црна мерна сонда на GND, унимерот треба да јави -5V ;), или 4.8V, 4.9V ;).
-
вака даде негативен напон од 5,25В а влезната волтажа беше 12В, е кога наместив на 17В влез тогаш даде минус 10 волти? Зошто 10 а не 5? Значи пак не регулира добро :(
Друго нешто, ми е сомнително дека работи бидејки вака ако поврзам и 7805 пак ке покаже негативен напон бидејки плусот (црвената) од апаратчето е поврзана за плусот од напојувањето а пак црната од апаратчето е ставена на излез кој што и да е позитивен напон пак ке покаже на апаратчето како негативен, нешто како обратен поларитет би дошло.
-
епа не е добар.Секогаш кога ќе има на влез некој напон(дали различен или ист како на излез) тој МОРА да даде -5волти.
-
вака даде негативен напон од 5,25В а влезната волтажа беше 12В, е кога наместив на 17В влез тогаш даде минус 10 волти? Зошто 10 а не 5? Значи пак не регулира добро :(
Можеби дека нема оптеретување, затоа, ај пробај оптерети го со нешто, моќен отпорник од 470 ohm или нешто така ;).
Друго нешто, ми е сомнително дека работи бидејки вака ако поврзам и 7805 пак ке покаже негативен напон бидејки плусот (црвената) од апаратчето е поврзана за плусот од напојувањето а пак црната од апаратчето е ставена на излез кој што и да е позитивен напон пак ке покаже на апаратчето како негативен, нешто како обратен поларитет би дошло.
На ист начин се мерат и 78XX и 79XX, меќу GND и Оutput. Плус погрешно ги врзуваш мерните сонди, не треба црвената сонда да оди на плусот од напојувањето, треба да оди на излезот од интегриниот стабилизатор, а црната на GND од стабилизраторот, без разлика дали е 78XX или 79XX, црната мерна сонда секогаш се врзува за GND од стабилизаторот ;).
-
еј да, извини... сега поврзав првата жичка на плус од напојувањето средната на минус. апаратчето, црвената на излез а црната на минус и при влез од 13В даде 8В и тоа не беше негативен напон
-
еј да, извини... сега поврзав првата жичка на плус од напојувањето средната на минус. апаратчето, црвената на излез а црната на минус и при влез од 13В даде 8В и тоа не беше негативен напон
На 7805 или на 7905?
-
7905
-
Упс, извини моја грешка ;D, треба црвена да биде на GND а црна на Output за да покаже негативен напон ;D. Плус, оптерети го, како што ти реков ;). Стави му на излез меѓу GND и Output еден отпорник од 470 ohm со поголема моќност (барем 1W) и види колкав напон ќе даде на излез ;).
-
направив 2 плочки дека ми требаат 2 волтметри, едниот е скоро готов само уште дисплеите и ицл-то ми фали, па кога ке го направам ке ставам слики :)
-
еве ги и мојте волтметри ги направив супер работат, ги ставив во кутијата со исправувачите само имам еден проблем со нив кога ке ги поврзам сериски исправувачите на волтметрите покажува 1 и по некое време гори ICL7107 , двата волтметри се напојуваат од едно напојување дали е тоа проблемот што гори ICL7107 ???
(http://pic.mk/images/dsc0561304278589.jpg)
-
еве ги и мојте волтметри ги направив супер работат, ги ставив во кутијата со исправувачите само имам еден проблем со нив кога ке ги поврзам сериски исправувачите на волтметрите покажува 1 и по некое време гори ICL7107 , двата волтметри се напојуваат од едно напојување дали е тоа проблемот што гори ICL7107 ???
Oбично ICL7107 гори ако го мериш напонот што го напојува...Значи од истиот извор што го напојува,ти го мериш и напонот,тебе така да не ти се поврзани?Пробај стави посебно напојување за секој волтметар...

исправувачите ми се поврзано на едно трафо со 2 секундари , а волтметрите се на друго трафо

A проба да напојуваш само еден волтметар,со тоа трафо?
П.С. од кај ти се дисплеиве? ;D
-
да пробав посевно равоти ама кога се двата волтметри и кога исправувачите се сериски врзани тогаш заебава гори ицл ина4е дисплеите ми се од кај DVL тој ми ги даде
-
да пробав посевно равоти ама кога се двата волтметри и кога исправувачите се сериски врзани тогаш заебава гори ицл ина4е дисплеите ми се од кај DVL toj mi gi dade
Епа штом така,нај убаво е да додадеш уште едно трафо...
-
и мене ми се случва истиот проблем двата волтметри ги врзвам на едно напојување од +-5в и работат супер ама кога ќе ги поврзам исправувачите со ги мерат тие волтметри сериски тогаш двата волтметри покажваат 1 и прегорваат интегралните дали некој знај решение за ова?

Ај нашкрабај во пеинт една „шема“ да ми се разјасни малце ;D

Абре не таа ;D,туку како ги поврзувате волтметрите...
-
Абре не таа ;D,туку како ги поврзувате волтметрите...
ти ја дадов шемата само сега и ке нацртам во паинт
-
ако веке имаш 2 волтметри(како што правам јас во моментов) поубаво купи си 2 трафоа некои слаби до кај 120-30 ден да те кошта и фурај си секое посебно напојување, а не вака гледам на сите им горат ИЦЛ а тие се 150 денари, не се баш евтини :)
-
Абре не таа ;D,туку како ги поврзувате волтметрите...
ти ја дадов шемата само сега и ке нацртам во паинт
имав проблем со паинт, еве слика
(http://img860.imageshack.us/img860/9585/scannedat0.jpg)
Споено мислење: [time]01 Мај 2011, 21:40:46[/time]
ако веке имаш 2 волтметри(како што правам јас во моментов) поубаво купи си 2 трафоа некои слаби до кај 120-30 ден да те кошта и фурај си секое посебно напојување, а не вака гледам на сите им горат ИЦЛ а тие се 150 денари, не се баш евтини :)
работата е да дознаеме зошто не работи вака ;)
-
А да ги поврзете паралелно,тоа пробавте? ;D
-
А да ги поврзете паралелно,тоа пробавте? ;D
пробав и така во ред е работат така
-
работата е да дознаеме зошто не работи вака ;)
А сте пробале да им ставите посебни напонски регулатори на волтметрите ;)?
-
работата е да дознаеме зошто не работи вака ;)
А сте пробале да им ставите посебни напонски регулатори на волтметрите ;)?
провав работи така без проблем :)
-
провав работи така без проблем :)
Знам дека така работи без проблем ;D, сум пробал ;), и според теорија би требало ОК да биде ;).
Епа, решението е просто, ставете посебни стабилизатори на секој волтметар, и онака се евтини, за два волтметри вкупно би ве чинеле околу 40 денари ;).
-
Дали некој може да ми пише шема, за да добијам негативен напон без тој компараторот 7660, со помош на некое друго интегрално коло.
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=787.msg42343#msg42343 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=787.msg42343#msg42343)
-
дали може да мерам наизменичен напон?Односно да ставам некој голем грец,кој ќе ја претвори од 220волти наизменично во 220 еднонасочно,со некој голем грец.Може ли така?
-
може, ама ќе имаш пад на напонот, и треба добро добро да го исфилтрираш, а има начин да го делиш со напонски делител 1/100 и наместо да мериш 220 ќе мериш 2.2В, а него (волтметарот) ќе си го наштимаш да ти покажува 220 :) така барем ќе си сигурен дека нема да го изгориш
или пак направи 1/10 не мора према 100, ќе мериш 22В :)
-
Дали може некој да ми каже кои од кондензаториве за волтметарот се керамички а кои блок, и дали има врска ако се стават сите блок или сите керамички.
-
не би требало да има врска дали ќе бидат блок или керамички
-
гледам на сликите некои од нив се блок додека другите се керамички...
-
Сум правел и со едни и со други, некоја битна разлика не сум приметил, иако мислам дека e подобро да ставиш блок, освен тој за осцилаторот од 100nF кој секогаш го ставам керамички. Исто гледај тој од 220nF да е поквалитетен, иначе ќе ти игра последната цифра околу точната вредност.
-
Јас го имам изработено овај волтметар неколку пати и секогаш проработувал од прва,и за минус наместо ИЦЛ7660 користам НЕ555 поефтина варијанта ;D
Неколку слики од мојата верзија во помали димензии.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=787.0;attach=416)
А таа желената жичка, посебно што е од сите, што доаѓа кај интегралното коло кај ти оди и што доаѓа од неа???
-
Зелената жица мислам дека е за 555-ката,излезот од интегралецот пин38 (осцилаторот) оди на пин 6 и 2 од 555-ката.
-
Еве ја шемата што јас ја користам.
А за колку сакаш да ти биде мерното подрачје за R3 треба да одбереш вредност
0 - 2 V ............ R3 = 0 ohm 1%
0 - 20 V ........... R3 = 1.2 Kohm 1%
0 - 200 V .......... R3 = 12 Kohm 1%
0 - 2000 V ......... R3 = 120 Kohm 1%
Еве и линк до сајтот каде све има објаснато има дури и готови ПЦБ
http://www.electronics-lab.com/projects/test/001/
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=787.0;attach=418)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=787.0;attach=420)
Јас според оваа шема кога го правев, светеше само првиот дисплеј. Не најдов што му е проблемот.
-
Добро јас никаде не ја гледам плочката за волт метерот ако може некој да ми ја даде или да ми каже каде можам да ја најдам ке му бидам многу благодарен :-\
-
http://www.electronics-lab.com/projects/test/001/
;)
-
Eве ти цел проект
-
Eве ти цел проект
А зашто деловите се по двапати пишувани ??? И ја има ли некој направено оваа плочка и дали функционира ???
-
Тој што ја постирал прв веројатно двапати *пастирал* ;D Плочката е дел од фабрички електронски КИТ и е успечно направена пред едно 10-15 години.
-
Дали некој знае дали можам ова да го изработам и со ICL7106
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=787.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=787.0)
-
ICL7106 е за поинаков тип на дисплеи, не можеш да го изработиш и да го користиш со 7 сегментни, набави си дисплеј кој би одговарал за тоа коло
-
Дали некој знае дали можам ова да го изработам и со ICL7106
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=787.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=787.0)
Не можеш, ICL7106 е предвиден за LCD дисплеи, ICL7107 е за LED дисплеи, иначе цената на 7107 му е 90-100ден., не е скап...
-
Добро тогаш иначе мислев да го искористам бидеќи го имам извадено од инструмент но ништо од тоа
-
Темите се споени.
-
Еве една моја верзија на ППК каде што негативното напојување е решено со ICL7660, може да се користи и како волтметар и како амперметар, со замена на вредностите на неколку делови означени на плочката, ја направив и практично и е 100% исправна:
(електролитите се од 10uF, заборавив да ги означан на плочката)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/elektro/pcb_zpsd93a4ede.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/elektro/IMAG0112_zps03e4165c.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/elektro/IMAG0111_zpsbfc82733.jpg)
-
Фала друже ;). Добро е што си направил две различни лежишта за двата различни типови на повеќеобртни тримери ;).
-
Еве и компактна SMD верзија за волтметар и амперметар со ICL7107, проверена во пракса, во фајлот се означени деловите што треба да се сменат за верзијата амперметар, исто така има две верзии на плочката со дисплеите, со 3 и со 4 дисплеи:
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/dvm_zps672709f1.jpg) (http://s226.photobucket.com/user/lodr_zi/media/dvm_zps672709f1.jpg.html)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/IMAG0368_zps21e59360.jpg) (http://s226.photobucket.com/user/lodr_zi/media/IMAG0368_zps21e59360.jpg.html)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/IMAG0370_zps63771dc2.jpg) (http://s226.photobucket.com/user/lodr_zi/media/IMAG0370_zps63771dc2.jpg.html)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/IMAG0372_zps9066cac6.jpg) (http://s226.photobucket.com/user/lodr_zi/media/IMAG0372_zps9066cac6.jpg.html)
-
конекториве од кај ги најде?! :D (меѓу главна плочка и плочка со дисплеи)
-
eBay ;)
-
Одлично изработено, нема што ;).
-
линк може? :3
Супер е напраен, освен оваја краткоспојницава, е не да е грда, туку е одвратна..очи ми распара, јбг патам од такви болести, све да е пицикато. Иначе за останатото супер е. :P И едно прашање...зш секогаш се прајш на пертинакс? :D

Па не е една, три или четири се ;D.
-
Зш да не ;), полесно се обработува, не ги троши бургиите, не создава толку канцерогена прашина како витропластот, за домашна употреба е супер, а на позахтевни места ставам витропласт.
-
Па не е една, три или четири се ;D.
да, ама другиве не дека не е изводливо ама време требит, а оваја големава по дијагонала шо е...готово! :D
Зш да не ;), полесно се обработува, не ги троши бургиите, не создава толку канцерогена прашина како витропластот, за домашна употреба е супер, а на позахтевни места ставам витропласт.
па добро, и тука си во право...јас користам фиберглас, затоа прашував дали се карбитни бургиите, зш 5 дупки и треба оштрење...додека така за по “несериозни“ проекти имам плочки пластика ваљда е, имат добар слој бакар, лесни за обработка :P
иначе мојт линк да добијам од ebay од конекторите? :D
-
Пиши на ибеј right angle double row pin header и одбери си какви и колку сакаш.
-
конечно!...значит pin header, фала :D
-
Еве јас имам две верзии од волтметарот.
(http://i1346.photobucket.com/albums/p699/antoniomkd/DSCN6661_zps561bafbc.jpg)
Волтметарот што е долу на сликата е 0-200 волти, а другиот што е горе на сликата е 200 мили волтна верзија (за амперметар). Верзијата 0-200 волти ја направи LordZi, а втората ја правев по верзијата на ППК каде што негативното напојување е решено со ICL7660 што ја има постирано LordZi (благодарам). И двете верзии се по 4 дисплеи.
Трафото е од стар радио будилник 9-0-9, а напојувањето го правев како на сликава, каде што на секој излез има по еден 7805 т.е 7905 :
(http://i1346.photobucket.com/albums/p699/antoniomkd/napojuvanje_zps5541aeff.jpg)
Е сега кога ги пробував еден по еден да мерат, работат добро (и двата се поврзани на напојувањето и на двата им светат диспеите). Кога се и двата врзани да мерат струја и напон на еден извор, амперметарот е добар а на волтметарот му варираат сите бројки. Во ниту еден случај не го мерев нивното напојување. Со оглед на тоа што сам по сам работат како треба, претпоставувам дека трафото е слабо за да ги напојува двата инструменти. Грубо му пресметав 2W што би било по 100mA на инструмент ако не сум нешто грешка ??? Дали имал некој сличен проблем ?
-
До напојувањето е, мора да има секој од нив посебно трафо (или одвоени секундари), иначе прават вакви работи.
Тој што се напојува со симетричен напон остави го вака, другиот на посебно трафо и стабилизатор и ќе го решиш проблемот... ;)
-
Ги прочитав сите постови но не наидов на мојот проблем а и не е проблем.
-Бидеќи имам лед дисплеи со заедничка анода како за волт метаров но тие се со мал сјај кога мерам на инструмент спрема други со з.анода,а од каде што ги извадов светеја ок мислам со добар сјај,па дали треба нешто да изменам во шемава за да светат ок или да си купам нови иначе не ми се залемени уште на плочка па да не копам по плочкава после да дојде расшлакана ;D позз.
-
Не ги ставај трите диоди 1N4148 би требало така максимална сјајност да добиеш од лед дисплеите
-
Еве без диоди и свети сјајно.позз
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/GUfIgir.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/nv8ECOu.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Lbr1KA5.jpg)
-
За уредчево ме интересира за ампер метарот ја правам истата плочка како за волтметар, лемам скоро се исто како и на волт метар само некои делови ги менувам и изоставувам, сега ме буни како да го направам влезот за струјата, што треба да ставам како шант?
-
Размислувам дали веќе е поевтино да се прави вакви волтметри со Ардуино Нано клон отколку со ICL7107.
-
Веќе не вреди да се прави ништо, кога има се направено, по цена од 2-3 долари.
-
Ептен ако ти останало по дома некое фазла, па ако имаш слободно време, да се занимаваш ;D.
Инаку, да, веќе не се исплати.