Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: StefanKTS on 22.01.2012, Sunday, 09:24:00
-
Ве молам за помош околу предавателов,
и дали се достапни BC109, BC177 и 2N2219 во Скопје..
http://www.circuitstoday.com/2-km-fm-transmitter
(http://pic.mk/?v=p0ryg.png)
-
Деловите ги има кај нас и не се скапи, а за дометот дали ќе биде 2km нека каже некој поупатен.
-
каква помош бараш ти од нас ?
разгледај на форумов има многу шеми од предаватели
-
Ве молам за помош околу предавателов,
и дали се достапни BC109, BC177 и 2N2219 во Скопје..
http://www.circuitstoday.com/2-km-fm-transmitter
(http://pic.mk/?v=p0ryg.png)
Aко досега немаш искуство со предаватели не започнувај веднаш со конструкции кои имаат повеке степени.Најди некој едноставен,прво со еден транзистор(баг) ,па кога ке стекнеш некое практично знаење оди на посложени конструкции.Колегиве спомнаа дека не си напишал каква помош ке бараш,освен за транзисторите.BC109, BC177 можеш да ги замениш со BC 547,8,9,а 2N2219 со BF...,2N3866....дури и со BD139.Сепак 2км домет не очекувај.Ова шема веке беше постирана ,провери во темата * Предаватели*.
-
Сакав да знам од прилика колку домет ке имам, како да наместам на која фрекфенција да биде и од колку волти треба да бидат кондезаторите.....
-
Не се почнува прво од дометот.Имам правено по иста шема неколку пати предаватели ,па не биле со ист домет.Тоа зависи од многу чинители- прво каква е конструкцијата ( механички),какви делови,напојување,антена користиш.Како да ја наместиш фреквенцијата - прво точно изработи го калемот.Со тример кондензаторот или со растегнување на калемот се подесува грубо фреквенијата.Потоа треба да се подеси антената - со SWR метар или со мерење на фреквенција со некој фреквенцметар.Обично малите предаватели се штимаат со калемот или кондензаторот во осцилаторното коло,а некогаш помага и скратување на антената.Кондензаторите треба да имаат напон поголем од напојувањето.Тоа највеке важи за електролитските,а керамичките се обично со над 30V пробоен напон.За подробно да се запознаеш со овие предаватели те советувам да прочиташ што повеке статии(постови) кои се наоѓаат веке на Форумот.Таму ке најдеш голем број одговори на твоите прашања.И како што реков,најди шема со еден транзистор,направи ја,врзи батерија и антена и на еден приемник за ФМ покушај да го фатиш сигналот.Потоа ке разговараме.
-
мене ми треба да биде дометот до 1км, затоа прашувам... ако биде све правилно изработено дали ке фаќа 1 км, зашто со еден пријател ке го правам овам, па барам добра шема... ако е до 300-400м да најдам друга шема...
-
Никој не може да ти го одговори тоа! Ти кажав кои фактори играат тука.Ако е добро механички направен(оклопен) ,со суперстабилно напојување и ако користиш GP антена или Yagi усмерена ,можеби ке постигнеш и 1 км. Но,сепак со резерва.Да не испадне..* вие ми рековте... а нема ниту 200м!!* ;D А ако сакаш шема за сигурни 1 км,ке добиеш друга.Само пази,секое емитување без дозвола се казнува со сторги законски прописи.Да не речеш после не ми кажавте 8)
Споено мислење: [time]22 Јануари 2012, 13:59:24[/time]
1-2 поста под тебе имаш една тема
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7474.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7474.0)
таму стои мој пост со ова шема:
-
Знам за тоа, епа ако имаш сигурна шема за 1км дај постирај ја, ама да можат елементите да се најдат во Скопје....
-
Во кој дел на Скопје сакаш да ги најдеш?
-
Само да ги има деловите во Скопје, јас ке ги набавам, да не мора да одам по други градови....
-
Само да ги има деловите во Скопје, јас ке ги набавам, да не мора да одам по други градови....
Не знам само во кои други градови би ги нашол ,ако не во Скопје.Еве Скопјаниве би ти кажале точно,ама ги нема.Можеш и од Алфа од Битола да ги нарачаш,праќаат по пошта.
-
епа тогаш ок... само прати ја шемата ке се снајдам за деловите ке ги нарачам.....
-
Шемата е пратена ,стои на еден пост како * 1W..*.Би ти препорачал повеке да читаш,има добри шеми по Форумов.Она за Законот стои!!
-
Фала...
Споено мислење: [time]22 Јануари 2012, 14:13:16[/time]
а од прилика до колку пари ке ме фати све на све за да го напраам предавателов со ми го прати ?
-
Ова е најтешко прашање што ми го постави!! Не би знаел точно,особено ако сам ја изработуваш и плочката.Но сигурно просечно 700-800 денари.
-
Према шемата од првиот пост ми личи дека 2 транзистори се за аудиото а само 1 е за ВФ, така да мислам дека околу 200-300m домет
-
Во врска со правилата и законите за користење на педавател без лиценца,што треба да се има или ако има објаснување на коии фрекфенции мози да се користи или ако има некоја страница на која е кажано како е дозволено и ако некој знае не ка каже... :)
-
на страницата на AEK се ти пишува
http://www.aek.mk/index.php
-
Сега ке разгледам фала...