Ајде, еве нешто за сите студенти ;D. Програмов не е баш поврзан со електрониката, но на определен начин е, бидејќи и електрониката е егзактна наука, па следува дека математиката е неизбежен дел од неа ;). Со ова програмче можете да ја најдете вредноста на било кој определен интеграл. Пробав да видам дали работи со некои нерешливи интеграли, како на пример ex2 и се изненадив кога ми врати назад логична вредност ;D. Значи, овие интеграли се нерешливи, но тоа не значи дека не може да се прсмета нивната вредност со помош на определени статистички методи ;). Изгледа токму дел од овие методи ги користи ова програмче ;) ;D. Значи, програмот не го дава назад решнието на интегралот (равенката која ќе се добие пред да се применат границите на интегралот), туку само ја дава неговата вредност.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=7712.0;attach=7563)
Искрено, мислам дека ќе ви се најде при некои пресметки програмчево, особено практични пресметки каде и не е баш многу важно кое е решението на интегралот, туку неговата вредност ;).
Се разбира, нема многу да ви служи при решавање на испитни задачи ;D. Мора да стигнете до крајната равенка со изведување, тоа е поентата на самата задача ;).