Македонски форум за електроника
Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: darkoj on 11.12.2011, Sunday, 15:31:40
-
Колеги имам вакви 3 компјутерчиња и со маки успеав да склопам едно ;D сега проблемот е во тоа што не го тера Windows XP SP2 сите визуелни ефекти му се исклучени и така некако да отвори на гугал пробав да инсталирам Ubuntu 7.04 но го имам овој проблем
Чаре ???
-
провери дали каблите од харддискот ти се убаво поврзани, провери дали тоа чипсетот на матичната ти прегрејва, мене исто вака ми се случуваше поради овие 2 работи што ти ги набројав, исклучи го остави го некое време да олади ако пак така ти прави пробај преинсталирај
-
Имаш право ако го работам 20тина минути загрева чипстот така што неможе да се добре со гола рака.
-
стави му кулерче некое, од графички карти кулерите се прилично тенки, мислам дека ќе го собере некако
-
Ке пробам некако да го „збуцам“ некако ;D
-
Јас обично ги монтриам со шрафови за дрво ;D. Си има купено различни, од секоја дебелина и должина по 20-тина и ги монтриам со нив ;D.
-
Слободно лепи ги и со брз лепак!
-
а можно е да е до чипсетот штом несака да се инсталира друг оперативен систем можам само Windows XP да инсталирам а друг неможам сум пробувал и со различни видови линукс и виндовс верзии.
-
пробај направи тоа лов левел формат
и после пробај инсталирај, пробај со друго цд, на факултет гледам имаат на 1.6 целерон со 1Г рам, му имаат ставено 7-ца некоја верзија, не сум сигурен која е, провери можеби ќе фати на 7-ца
-
Не те разбрав добро,не можеш ХР да инсталираш или не можеш Убунту да инсталираш??? За да инсталираш Линукс треба да направиш трета партиција ,во зависност каков и кој Убунту го инсталираш.Извади го најпрвин хардот и на друг компјутер врзи го и пушти му ХДД регенератор ,да видиш до каде е отиден,Можно е да има бад сектори.
Споено мислење: 11.12.2011, Sunday, 19:24:57
Чипсетот нема врска со можноста за инсталација на овој или оној ОС.
-
Да, но греењето на чипсетот може да прави проблеми :S. Некои инсталации на оперативни системи повеќе го загреваат чипсетот при инсталирање од други. Ова не е секогаш точно, но ми се има случено ;).
-
Пробав го извадив одвој ХДД што го имам ставено и му ставив друг но и тој несака да го форматира. Конфигурацијата на лаптопов е следна: Intel Pentium III 600MHz, RAM 128MB (според изгледот мислам дека е SD RAM), и незнам каква матична плоча има дали доколку му ставам 512МВ RAM ке го тера Windows XP? Но мислам дека мора да бидат 2 плочки по 256МВ зошто максимално може да има 256МВ на еден слот.
-
И 128 РАМ ке го тера ХР то без проблем.Останува да смениш IDE кабел и да пробаш да влезеш во BIOS.Провери го редоследот на бутирање .Не сретнав никаде дали можеш во BIOS да влезеш?
-
Јас би пробал да го отворам од озддола и да му ставам голем вентилатор и тогаш да пробам инсталацијата на XP, ако и тогаш заглави или не од, барем сум се осигурал дека не е до греењето проблемот ;).
-
Цитирам :незнам каква матична плоча има ... Тоа е барем лесно - освем што можеш да провериш на Гугле,можеш и со Еверест хоме да пробаш да видиш за која матична плоча се работи.Компјутерот е доста стар и спрема податоците не вреди премногу да инвестираш во него
-
Вака сега, batka во биосот се си е најнормално можам да влезам и да подесам да се бутира ЦД-то, GigaWatt сигурен сум 100% дека не е проблемот во ладењето а еве ви Print Screen од еверестот.(http://pic.mk/images/estiz.png)
-
Добро, ова ти е Windows, како си успеал да го инсталираш ако не може да се инсталира?
ПС: Сакаш да пробаш со една инсталација која јас користам?
-
Проблемот е во тоа што мажам да инсталирам само Windows XP но неможам да инсталирам друг оперативен ситем освен Windows XP.
-
Па нели XP сакаше да инсталираш? Што ќе ти е друг да инсталираш ако си сакал само XP.
-
па на оваа машина што сакаш да инсталираш ти биди радосен нели тера хп ::) ::)
-
votka21 пишувај на кирилица
-
Пробај да го инсталираш како што треба линуксот, пошто не ти го чита стартапот од ХДД. Направиси партиции за да работи како што треба. ти треба 3 дела. / swap; /home; ext4.
-
Сега се испомеша и не разбравме ништо.Сепак вака: ти имаш ХР инсталирано и за ова машина е успех тоа.Ако сакаш Линукс да инсталираш,како што ти кажаа- треба да направиш и трета партиција,ама не знам колкав е ХДД кај тебе.Можеш и напоредно да инсталираш и Линукс и XP ,само тогаш е потребно (најлесно) прво да ги кутнеш партициите,да инсталираш наново ХР,па Линукс
-
batka јас имам ХР но ми работи многу споро не дека не сум задоволен од ХР туку доколку има некое чаре да го забрзам дали ке треба да му ставам повеке рам и ли нешто друго, барем да мажам од него да се уклучувам на форумоф додека сум во работилница бидеќи го спремам за таму.
-
Добро е и што работи со XP ;D. Зошто не најдеш WIN 2000 ,во секој случај бара помалку ресурси. И која верзија XP ја имаш.Најди XP servis pac III lite. Тој троши најмалку ресурси.
-
Добро е и што работи со XP ;D. Зошто не најдеш WIN 2000 ,во секој случај бара помалку ресурси. И која верзија XP ја имаш.Најди XP servis pac III lite. Тој троши најмалку ресурси.
Многу е спор 2000-рката :S. Поспор и од XP. Евентуално некоја tiny едиција од XP или нешто слично ???.
-
Гига ,препорака за овие машини е токму 2000-ката :D :D Нека се јави,можеби има сервис пак еден инсталирано. ;D А иначе на некои машини 2000 -ката навистина подобро работи,со гаранција ;)
-
Моите искуства со 2000-рката биле дека работи мноооооогу споро, поспоро и од XP на стари машини, така да, ја инсталирам само ако немам избор, односно ако имам само 64MB RAM на располагање на таа машина, инаку, не би ја препорачал на никој :S. Стабилна е, не викам не, стабилна е колку и XP, сепак е NT ;), ама мнооооогу спора :S.
Од друга страна, не се знае дур не проба, можно е и да работи побрзо од XP, што знам, не сум пробал на лаптоп да ја инсталирам, можно е да си во право ;D.
-
Имам една верзија 2000 -ка лиценцирана која на многу послаби компјутери *игра * подобро од ХР.Да се чудиш и со 32 Мб РАМ функционира. Брзината не зависи од изборот на ОС.Поедини комбинации ( матична,графика,РАМ,ХДД) подобро работат со еден,некои со друг ОС.Гледајки ги податоците за HP OmniBook 6000 се зачудив што на некои форуми поединци го препорачуваат ОС 2000 како добра солуција. Иначе Р III се познати * гњаватори* за овие работи. Селави !
-
batka овие компјутери ми ги донесоа од Германија од некое училиште мислам, а на еден од нив имаше налепница дека е со лиценциран Windows 2000 го извадив хардот од него го ставив на овој но испадна дека е поспор и од ХР. GigaWatt ми препорача да пробам со Server 2003 па ке видиме. но нешто и цд ромот ми е ослабнат и некои цд-а не ги чита. Ке побарам некој кабел од IDE за лаптопи да конвертира во стандарден IDE кабел.(batka ти мислам дека беше од Велес па доколку знаеш каде да најдам таков кабел пиши ми ПП или тука на форумоф). И уште нешто може ли да биде толку спот компјутеров од што има многу мал ХДД околу 5GB e?
-
batka овие компјутери ми ги донесоа од Германија од некое училиште мислам, а на еден од нив имаше налепница дека е со лиценциран Windows 2000 го извадив хардот од него го ставив на овој но испадна дека е поспор и од ХР. GigaWatt ми препорача да пробам со Server 2003 па ке видиме. но нешто и цд ромот ми е ослабнат и некои цд-а не ги чита. Ке побарам некој кабел од IDE за лаптопи да конвертира во стандарден IDE кабел.(batka ти мислам дека беше од Велес па доколку знаеш каде да најдам таков кабел пиши ми ПП или тука на форумоф). И уште нешто може ли да биде толку спот компјутеров од што има многу мал ХДД околу 5GB e?
Да ти продадам хдд 20гб иде и ддр1 2х256мб рам за лаптоп ако си заинтересиран пиши ми пошто утре одам накај ск.
-
Лесно е за ХДД би требало да имам дома а штосе однесува за рамот на лаптопот е СД не е ДДР слот :-[.
-
И уште нешто може ли да биде толку спот компјутеров од што има многу мал ХДД околу 5GB e?
Има шанси, но не мора да значи. Се разбира, игра улога и колку cache има HDD-то и дали користи ULTRA DMA и кој Level на ULTRA DMA го користи, така да, можно е и некоја од овие работи да игра улога ;).
Ако не можеш да најдеш друг HDD за лаптоп, а можеш да најдеш кабел за конверзија од IDE-то за лаптопот на обичен IDE HDD, може да искроситиш обичен 3.5 инчен HDD од PC, ако не планираш многу да го поместуваш лаптопот се разбира ;).
-
Да да, кога ке зимам кабел за ЦД ромот ке земам уште еден за ХДД и така имам дома други ХДД и да ти кажам прави и не планирам многу да го премествам ке окапе на едно место ;D. А со Windows 2000 е премногу спор дури поспор и од ХР.
-
batka овие компјутери ми ги донесоа од Германија од некое училиште мислам, а на еден од нив имаше налепница дека е со лиценциран Windows 2000 го извадив хардот од него го ставив на овој но испадна дека е поспор и од ХР. GigaWatt ми препорача да пробам со Server 2003 па ке видиме. но нешто и цд ромот ми е ослабнат и некои цд-а не ги чита. Ке побарам некој кабел од IDE за лаптопи да конвертира во стандарден IDE кабел.(batka ти мислам дека беше од Велес па доколку знаеш каде да најдам таков кабел пиши ми ПП или тука на форумоф). И уште нешто може ли да биде толку спот компјутеров од што има многу мал ХДД околу 5GB e?
Не може да биде спор компјутерот од тоа што има мал хард диск.Може само брзината на читањето да е помала ако хардот е постар ( со помалку вртежи).Со промена на кабел не добиваш ништо мислам.Треба да се провери комплетно целиот ПК ,да се види дали и што може да го кочи.Ако е SD RAM види дали е PS100 или 133.И тоа можеби влијае на брзината,ама вака од око нешто конкретно е тешко да се каже.
-
Да да PS100 сe и двете зошто имам 2 плочки по 64MB а во продолжение пишува 100MHz. Дали има некој SD-RAM за лаптоп за продавање најголем до 256MB зошто можам да ставам 256MB на еден слот значи може и помал да е не е проблем само да не е помал од 64MB оти имам таков ;D
-
оди на ѓупски најди си таму мора да има сдрам пошто вака ќе бараш нема да најдеш или ќе најдеш а ногу скап