Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: nikola_bb on 03.12.2011, Saturday, 23:33:09
-
Дечки како во автомобил да добијам 3.3в гледав некои шеми на интернет ама некако слабо најдов.
-
Пробај со помош на интегралните кола од серијата 78ХХ. На пример првин тој од 12 волти намали го на 8 волти со помош на 7808 и после со 7803 ќе дојдеш до саканиот напон, плус ке додадеш некое кондензаторче за да се испегла малку напонот.

Не мора со толку регулатори,само еден треба...Иначе 7803 е за 3V,78М33 е за 3,3V.Може и со LM317 да се изведе,и со тример да се намести на точно 3,3V.
-
Да моја грешка, добро може и со еден регулатор ама не ке биде лошо ако има и два ;)
-
Се наоѓа кај нас 78m33?
-
Се наоѓа кај нас 78m33?
Би требало да има во логинг,ама не сум сигурен...Ако случајно не најдеш,јас ќе ти дадам(ако си од скопје);D
-
Дечки како во автомобил да добијам 3.3в гледав некои шеми на интернет ама некако слабо најдов.
Пробај со step up/down/inverting switching регулатор.Тие интергрирани кола со внатрешна фреквенција од 100KHz ти се постабилни и подолго ќе траат од овие 78m33.Нивен влезен напон е од 3 до 40 волти,што со во автомобил би ти вршел работа.Во еден број на ЕМИТЕР имаше ваков проект со колото MC34063(тоа е истото со горенаведените карактеристики).Ако го немаш овој конвертор може да ти го продадам. ;D
Шема ќе поставам кога ќе најдам(една од нет) за истово што зборувам.
EDIT:Еве ја шемата,оваа е за во автомобил да поврзеш УСБ уред(телефон,МП3) односно ќе даде 5волти.Ќе додадам уште една за да се добие 3,3 волти на излез.
-
Има и нешто поедноставно,ако не можеш ова коло да го набавиш.Еве со LM317 и LT 1085
Споено мислење: 04.12.2011, Sunday, 11:59:26
Може и со LM1084
-
Ова со LM317 пишува влезна волтажа 5В, претпоставувам тамо само ке донесам 12в и се понатаму останува исто?
-
Ова со LM317 пишува влезна волтажа 5В, претпоставувам тамо само ке донесам 12в и се понатаму останува исто?
Да,донеси 12V на влез и после со тримерот намести на излез да добиеш точно 3,3V.
-
а колкава струја сакаш на излез???
-
Да заборавив најбитното да напоменам дека струјата ќе биде од редот на милиампери максимум еве нека биде 1 ампер
-
со тоа шемата од батка што ти ја даде ке ти заврши голема работа...ама ако треба да тече некоја поголема струја, обавезно да му ставиш и ладилник некој....или како и да знаеш да го ладиш интегралецот :)
-
Добра шема за регулатор без дисипација ти е LM2575adj Без дисипација и доста прецизен
http://www.micrel.com/_PDF/lm2575.pdf
Јас ги користам доста
-
Добра шема за регулатор без дисипација ти е LM2575adj Без дисипација и доста прецизен
http://www.micrel.com/_PDF/lm2575.pdf (http://www.micrel.com/_PDF/lm2575.pdf)
Јас ги користам доста
Ги има кај нас? И цена ако знаеш?
-
Ги има во алфа и логинг скопје, цена околу 150 денари
Јас ги користам ЛМ2596