Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: stefan_bt on 29.11.2011, Tuesday, 23:16:12

Title: Индикатор за мраз на патот
Post by: stefan_bt on 29.11.2011, Tuesday, 23:16:12
Ова го немам направено но ќе го направам за скоро
има некој извесни грешки но тоа е поради програмата за цртање на шеми тоа се:
*за минус на влезот од колото има заземјување  наместо соодветниот знак
*НТЦ отпорникот е претставен со обичен отпорник наместо со соодветниот знак
*влезниот напон е претставен со јазол наместо со соодветниот знак

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Indikator_Za_Mraz_Na_Patot.jpg)
Title: Одг: Индикатор за мраз на патот
Post by: DX-er on 29.11.2011, Tuesday, 23:40:27
stefan_bt прочитај го правилото за правописно пишување на наслов, и среди го да не ја бришам темата
Title: Одг: Индикатор за мраз на патот
Post by: GigaWatt on 30.11.2011, Wednesday, 02:45:53
Сега не ми е јасно, ова е побарување за некој да изработи некоја шема или ти си презентираш твоја шема па те интересира како се задоволни од работата на уредот останатите членови?
Title: Одг: Индикатор за мраз на патот
Post by: batka on 30.11.2011, Wednesday, 08:09:40
Шемата е добра,иначе е превземена од една книга, а грешките со симболите не се толку проблематични.Склопот би функционирал со тоа што предлагам НТЦ отпорникот со оклопен кабел да се носи некаде надвор од автомобилот,најблиску до подот на автомобилот,на предниот дел каде нема делови кои се греат.Некаде се ставени во предниот браник.
Title: Одг: Индикатор за мраз на патот
Post by: stefan_bt on 03.12.2011, Saturday, 02:03:45
ова шема ја ставив,бидејќи иди зима па би било потребно да се има ова во автомобилот. И извинете ме сите  сеуште сум нов на форумот па не ги знам некои работи како се и што се ама ке се потрудам да ги научам што побрзо ;) :)

Споено мислење: 03.12.2011, Saturday, 02:10:40
Сега не ми е јасно, ова е побарување за некој да изработи некоја шема или ти си презентираш твоја шема па те интересира како се задоволни од работата на уредот останатите членови?

Не ми е никаква презентација сето ова,ова го одбрав бидејќи доаѓа зима,а тоа како функционира уредот тоа ми беше само да дознам дали сето тоа проработило од права рака или не само тоа ништо повеќе!!!!!  :)
Title: Одг: Индикатор за мраз на патот
Post by: GigaWatt on 03.12.2011, Saturday, 07:07:53
ова шема ја ставив,бидејќи иди зима па би било потребно да се има ова во автомобилот. И извинете ме сите  сеуште сум нов на форумот па не ги знам некои работи како се и што се ама ке се потрудам да ги научам што побрзо ;) :)

Нема проблем, битно имаш желба ;).

Ако некој го направи, сигурно ќе пише ;).
Title: Одг: Индикатор за мраз на патот
Post by: Devil on 03.12.2011, Saturday, 10:18:06
доколку не сакаш да имаш вакви проблеми со цртање на шеми, користи ја sPlan, побарај ја на интернет ќе ја нејдеш и демо и цела верзија (кракована), ги има скоро сите потребни елементи кој се користат во секојдневието, а и плус може многу лесно да се доцртаат по потреба и свои

проблем ќе ти е ако ја користиш како симулатор, тогаш нема да може, за симулација јас ја користам ISIS7, прилично јак симулатор
Title: Одг: Индикатор за мраз на патот
Post by: stefan_bt on 03.12.2011, Saturday, 23:11:46
доколку не сакаш да имаш вакви проблеми со цртање на шеми, користи ја sPlan, побарај ја на интернет ќе ја нејдеш и демо и цела верзија (кракована), ги има скоро сите потребни елементи кој се користат во секојдневието, а и плус може многу лесно да се доцртаат по потреба и свои

проблем ќе ти е ако ја користиш како симулатор, тогаш нема да може, за симулација јас ја користам ISIS7, прилично јак симулатор

Фала многу за информацијата ќе се потрудам да ја побарам таа програма!! ;)
Title: Одг: Индикатор за мраз на патот
Post by: najdo on 04.12.2011, Sunday, 17:17:59
Devil  програмот шо го користиш ISIS7 и sPlan, некако да дајш упатсво или линк од каде да го спуштам оти ги барав на нет неможев да ги најдам.