Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: BOBAN on 24.10.2011, Monday, 02:15:06

Title: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: BOBAN on 24.10.2011, Monday, 02:15:06
Значи, компјутерот мој го преинсталирав предходно копирав некои работи што ми беа повеќе битни арно ама заборавив еден фолдер со слики и некои текст документи(фолдерот се наоѓаше во [My Documents] ). Дали постои некој начин тој фолдер да се врати и да го извадам од хард дискот ?
Благодарам однапред
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: dejanpetrus on 24.10.2011, Monday, 02:34:02
за сликите пробај со photo recuva треба да успееш да го вратиш поголемиот дел а за документите ако можеш да најдеш hirens boot цеде имаш во него да вратиш цела партиција нтфс пробај валјда ке успееш ако е свежо инсталиран виндовсот
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: BOBAN on 24.10.2011, Monday, 02:38:58
Некни го форматирав со една програма цел хард диск па денес го инсталирав ќе се обидам и на двата начина утре па ќе ви кажам што сум направил
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: Steff_Maja on 24.10.2011, Monday, 12:25:16
Еве еден мој пост од друг форум:

Quote
Само сакам да го предложам овој софтвер на сите членови кои имаат или ќе имаат (пу пу) проблеми со губење на податоци од одредена партиција.

Јас имав една грешка направено и форматирав партиција полна со .psd, .jpg и .png фајлови. Големината беше 92GB, а имаше неколку илјади фајлови. Кога сфатив дека направив грешка, не копирав ништо на таа партиција, туку веднаш ми текна на овој програм и го симнав од piratebay.org (бидејќи се плаќа) и пробав со него да ги вратам. После 40 минутно скенирање (отприлика - горе/доле 5 мин) програмот ми ги прикажа СИТЕ фајлови. На многу лесен начин си ги избираш податоците кои си ги сакаш назад и на која локација. Копирањето оди со нормална брзина како да копираш од една партиција на друга. На крај УСПЕШНО ги вратив СИТЕ до ЕДЕН фајл (барем ги добив пак 92 гига) и пробував проверував доста фајлови и сите беа неоштетени, значи можев повторно да си ги користам како и пред форматот.

(http://www.quetek.com/images/file_recovery_image.gif)

Споено мислење: 24.10.2011, Monday, 12:47:41
Погоре пишува:

Quote
го симнав од piratebay.org (бидејќи се плаќа)

Не ставам линк бидејќи:

Quote
4.4 Строго е забранета каква била Warez содржина на форумот.
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: BOBAN on 24.10.2011, Monday, 16:00:58
Te zamoluvam prati mi link po pp
(ADMINI  -- Izvinete me ama momentalno sum na Hiren's boot)
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: malkjos on 24.10.2011, Monday, 16:48:58
Значи, компјутерот мој го преинсталирав предходно копирав некои работи што ми беа повеќе битни арно ама заборавив еден фолдер со слики и некои текст документи(фолдерот се наоѓаше во [My Documents] ). Дали постои некој начин тој фолдер да се врати и да го извадам од хард дискот ?
Благодарам однапред


Пробај со ова
Јас имам спасено многу
Code: [Select]
http://www.runtime.org/data-recovery-products.htmи бесплатен е

Кодирај линкови!

Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: BOBAN on 24.10.2011, Monday, 19:44:32
не успеав
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: Steff_Maja on 24.10.2011, Monday, 20:55:36
Можеби бидејќи веќе си инсталирал ОС на партицијата.
Јас потенцирав дека откако ја форматирав партицијата на неа ништо не снимав туку веднаш почнав со враќањето, а тоа е од клучна важност за спасувањето на податоци.

Пробај и со GetData Back for NTFS. Можеби тоа ќе ти помогне. Провери.
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: batka on 24.10.2011, Monday, 21:19:21
Ако ти се ептен многу битни податоците испрати го хардот во Велес,ке го средиме.
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: DX-er on 24.10.2011, Monday, 21:22:16
Ако ти се ептен многу битни податоците испрати го хардот во Велес,ке го средиме.
Батка, едно стручно прашање, нели и од расипан УСБ може да се извадат податоците? Како е можно тоа? Нели во УСБ мемориите има чипче во кое има милјони транзистори, кондензатори и сл. па како би ги извадиле податоците од расипана чип-меморија ?
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: batka on 24.10.2011, Monday, 21:25:51
За УСБ не важи тоа правило како за ХДД! Прво,податоци се вадат ако е блокиран УСБ од повеке причини ,може и од вирус.
Ако е механички оштетено или електрично уништено нема помош!
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе
Post by: koki88 on 28.01.2014, Tuesday, 01:15:10
Темава е стара веќе 3 години, но морам да побарам помош.
 
Успеав од тазе форматиран компјутер да вратам избришани податоци, поконкретно избришани слики.
 
Но сопственичката на компјутерот се жали бидејќи ги има над 10.000 слики, но сите се со датумот од денот кога се вратени и сите се сместени во еден ист директориум, поради што не може да ги разликува кои слики од кој период се, а станува збор за фотографии од изминативе 3 и повеќе години.
 
File Scavenger не само што не ги враќа со оригиналните имиња, барем колку за да може да се разликуваат според имињата, туку и не ги враќа во исправен формат, добар дел од сликите се корумпирани, односно нечитливи, исто беше и со случајот со некои Word документи, кои File Scavenger ги врати, но едноставно се корумпирани, односно нечитливи.
 
Повеќето слики и Word документи успеав да ги вратам со EaseUS Data Recovery Wizard, но и тие не се со оригиналните имиња, ниту се сместуваат во оригиналните директориуми.
 
Како капак на се, огромен дел од сликите не се со оригиналната резолуција, туку со многу помала резолуција во споредба со оригиналната, што ги прави буквално бескорисни.
 
Едно време користев iolo Search & Recover и ми вршеше работа, но тоа беше ептен одамна, можеби има 10 години од тогаш, а и плус не помнам дали ми ги враќаше фајловите со оригиналните имиња или во оригиналните директориуми. Го пробав и iolo Search & Recover, го инсталирав, но од тотално непозната причина, програмот воопшто не се стартува. Се е исправно и со оперативниот систем и со компјутерот, но едноставно програмот не сака да се стартува.
 
Има ли некој препорака за софтвер кој ги враќа избришаните фајлови со оригиналните имиња, или во оригиналните директориуми или барем ми прикажува како се викале оригиналните директориуми во кои се наоѓале конкретните фајлови ?
 
Или некоја препорака за некој сервис во Скопје во кој ги враќаат избришаните фајлови со оригиналните имиња или во оригиналните директориуми и со оригиналната резолуција на сликите ?
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: batka on 28.01.2014, Tuesday, 01:43:00
Слушај вака- првиот проблем е поради што е паднат системот! Ако се работи за некој корумпиран фајл,односно системска грешка, тогаш полесно се решава работата.Ама,ако се работи за вирус,веке се е можно.Може и да не се врати  ништо  и  со најдобрата  програма.Не знам која будала чува 10.000  слики на диск ,а да не прави бејкап! Ако имаш толку битни фотографии мора да правиш бејкап  или да направиш две или три партиции,па да ги тргнеш сликите на партиција на која не се наоѓа ОС.Не постои магична и сигурна програма која гарантира дека се ке повратиш,поготово ако некој вирус се замешал меѓу сликите.Веке се дадени најчесто употребуваните програми  ,ама за таквите муштерии јас имам предупредување дека при  форматирањето не гарантираме за документите  што се на дискот.Дури и најдобрите програми не можат се да повратат се! Јас најчестокористам GetData Back for NTFS,ама дали ке биде 100% успешна не ти гарантирам.
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе
Post by: koki88 on 28.01.2014, Tuesday, 02:06:43
Не верувам дека е вирус во прашање, бидејќи фајловите се изгубени после форматирање, а ако е вирус во прашање, логично е и фајловите во партиција D да бидат заразени, а антивирусот вели дека целата партиција D е здрава.
 
Форматирањето е направено минатата недела, што значи дека фајловите сигурно не се заменети на нивните локации во хард дискот со нови фајлови.
 
И јас тоа си го велам, многу е тешко кога човек си има работа со постари луѓе кои сите документи, клипови, слики и слично ги ставаат во Desktop и после форматирање се губат сите тие фајлови.
 
Сега го најдов Active Boot Disk, па ќе го испробам во иднина, бидејќи лаптопот повеќе не ми е при рака, а ќе го испробам и GetData Back for NTFS.
 
Благодарам за советот.
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: batka on 28.01.2014, Tuesday, 02:12:33
Не се базирај ти на антивирусот! 8) Ако биле сликите на  D ,а ти си го форматирал   :C,како може сликите да се изгубат?? Веројатно  е некоја друга работа посреди ,а  неретко е некој вирус кој можеби антивирусот и не го регистрирал(особено ако е некоја  free варијанта!)
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: GigaWatt on 28.01.2014, Tuesday, 02:30:59
Има ли некој препорака за софтвер кој ги враќа избришаните фајлови со оригиналните имиња, или во оригиналните директориуми или барем ми прикажува како се викале оригиналните директориуми во кои се наоѓале конкретните фајлови ?

100%-но враќање на сите фајлови, нема шанси. Очигледно, кој и да го форматирал, ги избришал само MFT табелите (simple/fast format, како што прават повеќето програми за форматирање), па затоа и можеш да вратиш само дел од фајловите. Реално, нема да може да се вратат сите... освен ако новите фајлови не се запишани на сосема друг дел од HDD-то и ниеден од овие фајлови не е запишан во секција каде што стоеле претходните фајлови. Шансите ова да се случи се... неверојатно мали.

Можно е да ги вратиш назад фајловите со file name и file structure, но само ако партицијата била избришана и пак креирана, а не и ако и е направен обичен format. Зошто? Па кога се креира нова партиција, се креира и нов MFT. Има шанси новата MFT да не се креира на исто место како и старата, особено ако се користи друг програм за партиционирање од претходно искористениот (оној со кој била креирана претходната партиција, избришаната). Под услов софтверот за партиционирање да не ја запише на исто место новата MFT и под услов ниеден фајл да не е запишан на местото од старата MFT (ова се многу услови, но... ако е „тазе“ форматиран дискот и нема многу податоци запишано на него по форматирањето, можно е да се случи и ова), определени софтвери може да ја вратат назад целата MFT структура, заедно со имиња на фајлови и folder structure, но тоа не значи дека ќе ги вратат и сите фајлови назад. Кратко кажано, програмот ќе знае каде биле запишани фајловите, но ако на тие места има запишано нови фајлови, нема да може да ги врати назад старите.

Најчесто, кога се прави format, не се репартиционира, така да, MFT само се брише (wipe), физички останува на истото место на дискот и не може да се врати назад file и folder структурата... особено не ако на HDD-то, по форматирањето, повторно се инсталира оперативен систем или се запишат некои фајлови (податоци). Практично, при fast format, само се брише MFT, а физички, фајловите сеуште стојат на дискот, но без MFT, оперативниот систем не знае каде се запишани и за него, исто е како да не постојат.

Повеќето програми кои враќаат назад податоци работат на принципот на „наоѓање header-и“. Секој filetype си има определен header. На пример, првите два hex симболи од секој exe фајл се "MZ". Слично важи и за сите останати file types. JPG имаат еден header, MP3 имаат друг, DOC имаат трет итн. Програмот го „чешла“ дискот барајќи определени header-и (затоа кај овие програми најчесто и можете да бирате дали сакате при пребарувањето да се зачуваат MP3, JPG, DOC, PNG или некои други типови на фајлови) и кога ќе ги најде, проверува дали во новата MFT има record за таа локација за тој тип на фајл (тој header). Ако нема, претпостаува дека тоа е header од, на пример, JPG фајл од претходната MFT, го зачувува на локацијата каде што е избран да се зачува (најчесто, друга партиција или друг диск) и продолжува натаму. Од овие причини, скоро невозможно е да се врати назад file и folder структурата од избришана MFT.

Се разбира, скоро невозможно не е исто што и невозможно. Постојат определени специјализирани форензички софтвери кои, колку што знам, ги нема кај нас, најчесто ги поседуваат компании кои се специјализираат во data rescue или евентуално владини институции. Овие софтвери работат на „ептен хардверско“ ниво. Ја читаат магнетизираноста на секој бит од секој сектор во кој е запишана новата MFT и врз база на оваа информација и уште еден куп други информации (искористена глава за запишување и бришење, детални информации за HDD-то од производителот, кои не се достапни на широката јавност и најчесто се плаќаат), предвидуваат дали пред да биде запишан „тој и тој“ бит од новата MFT, во старата MFT на тоа место стоело 1 или 0. Исто така, се анализира и искористениот file system, програмот кој се користел за партиционирање на партицијата (и овие податоци најчесто стојат запишани во определен сектор од партицијата), верзијата на истиот, па со додатни анализи, возможно е скоро целосно да се врати назад страта MFT, а со тоа, и скоро целата file и folder структура. Се разбира, ова не е воопшто евтино, се плаќа по GB.

Споено мислење: [time]28 Јануари 2014, 02:41:24[/time]
Сега го најдов Active Boot Disk, па ќе го испробам во иднина, бидејќи лаптопот повеќе не ми е при рака, а ќе го испробам и GetData Back for NTFS.

GetDataBack најчесто се користи за враќање на податоци од зезнати дискови (и прилично добро си ја врши работата, ми се нашол многу пати ;)), не од форматирани дискови. Но пробај, ништо не те чини ;).
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: batka on 28.01.2014, Tuesday, 12:42:05
GetData Back for NTFS покажува  добри резултати кај свежо преинсталирани дискови.Ако е * буричкан* премногу дискот ,процентот на веројатноста дека ќе биде успешно враќањето се намалува! Не спомена колегава со кој ОС е извршена преинсталацијата ,ама ако е ХР има добра основа да проба.
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: izotop on 28.01.2014, Tuesday, 13:22:17
Знам дека не помагам но шансите се никакви ако не се работи за некои податоци од животно значење немој да губиш време.
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: goran_elektro on 28.01.2014, Tuesday, 16:26:53
Имам едно прашање ... Значи дали може да се повратат избришани слики од мобилен телефон ....Поточно се работи за Сони хперија Типо ....телефонот од самиот себе си има 2 гигабајти слободна меморија и ете на таа меморија беа тие слики  ама несакајки се е избришано од таа меморија.......Па барам помош  :(
Title: Одг: Како може да се вратат податоци од веќе преинсталиран компјутер ?
Post by: GigaWatt on 28.01.2014, Tuesday, 17:19:36
Ова е веќе друга тематика, отвори си нова тема.