Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: at.koce on 15.10.2011, Saturday, 19:04:57
-
Имам едно АТX напојување и го користам како извон на напон за некои ситни работи, арно ама напојувањето испушта некој високофреквентен звук (не знам како да го опишам). Го отворив и точно не можам да одредам од кај доаѓа но мислам дека е од тие интегрални кола што се заштрафени на ладилници но не можам да ги оштрафам од едно трафо >:(
-
Најверојатно switching фреквенцијата е поиска, па е во човечкото чујно подрачје, ништо посебно, се е ОК, не би требало да има проблеми напојувањето ;).
-
АТХ нема интегралци заштрафени на ладилник.Има дупли диоди и транзистори само.Звукот иде и од калемите,намотките низ кои мине струја.Често и тороидите зујат,ако лакот е веке прегорен(поцрнет) Значи, ако има такво нешто помини ги со лак за електромотори,течна пластика ( никако силикон!!)
-
Најверојатно тоа е транзистор што е заштрафен на ладилник (од трафото ништо не можам да видам), ке видам утре каква е состојбата на калемите па ке пишам :)
-
Jaс имав ист ваков случај,кај мене брмчеше :D едниот трансформатор,а кога ќе го фатев со прсти престануваше...така да види тој да не е :)
-
И како го реши проблемот?
-
Со лак ( макар за нокти!),само истури му :D :D :D
-
И како го реши проблемот?
Со чекич,ти што мислеше?! :D Не,озбилно,го пернав 2-3 пати со чекич и престана да зуе...
-
Значи вака сеа: ако се поцрнети калемите да ја извадам таа жолтата фолија, да фатам шмирглата и да ги ишмирглам и после да ги излакирам.
Ова што обележав тоа треба да средувам? ;D (сликата не е од моето напојување, симната е од нет)
Сликата е избришана од администрација: вакви слики од привремен карактер не се ставаат директно на форум, туку на надворешен хост, а ако ти е сликата од нет стави само линк до неа!
-
Какво шмирглање? Кој спомна!???? Абе само земи четка и лак о премачкај ги калемите и остави да се исуши!!!! Најдобро со лак за електромотори.Се суши подолго,може со фен , ама станува коска и веке не зуи калем никогаш повеке! ;D ;D
-
Ооо ти си пишал „..само истури го..“ ја сум прочитал истругај го :-[ Па затоа се чудам како нема да направи краток спој ;D Иначе, лак за мотори малце потешко ке најдам, а лак да нокти имам па ке пробам со тоа.
Сликата што беше избришана (на моја вина):
(http://pic.mk/thumbs/atxpowersu.jpg) (http://pic.mk/?v=atxpowersu.jpg)
До администрацијата: Се извинувам за сликата, нема да се повтори.
-
може да е и некој од кондензаторите
-
Не ми се верува, свукот доаѓа од близина на најголемиот трансформатор, а таму нема кондензатори.
-
Не ми се верува, свукот доаѓа од близина на најголемиот трансформатор, а таму нема кондензатори.
Aj пробај со прсти стегни го тој трансформатор,само пази да не те измава струја :D
-
Абе не си го комплицирај животот! Не со раце,ниту нозе,ами ако немаш лак земи обичен НЕОСТИК и истури врз намотката.Нека се исуши и ке видиш резултат! 8)
-
А дали кога го користиш за напојуванје на нешто го менува звукот ?
-
Ако е ослабен спојот на лак жицата со феритното јадро,односно ако од греењето е делумно оштетен лакот на бакарната жица со секое протекување на струја низ калемот тој ке *свири*,вибрира со некоја висока фреквенција.Тој звук е писклив и непријатен,а најдобро се одстранува со премачкување или намотување на вакви намотки со лак,лепак или некој изолатор или материјал за фиксирање,Значи ,ако се работи за ваква појава едно е сигурно - не е штетна за уредот,освен за ушите,а решението е едноставно и секој може да го направи по избор.
-
А дали кога го користиш за напојуванје на нешто го менува звукот ?
Најверојатно кога ќе повлече повеќе струја switching фреквенцијата станува пониска, па се слуша како понизок звук ;).
-
Точно така како што кажа Гига. Јас денес го премачкав со лак за нокти и сеуште чекам да се исуши, па ке видиме утре што ке биде :)
-
Де,бе што нокти ке беа! :D :D За 1 час најмногу можеш да го пробаш и тоа под услов да си го истурил целото шише лак! 8)
-
Не верувам да е до некоја намотка . Давам глас за исушен кондензатор кој свири кога протечува струја низ него .
-
Де,бе што нокти ке беа! :D :D За 1 час најмногу можеш да го пробаш и тоа под услов да си го истурил целото шише лак! 8)
Цело го истурив, и уште не е стврднат ;D
Не верувам да е до некоја намотка . Давам глас за исушен кондензатор кој свири кога протечува струја низ него .
Како да го проверам тоа?
-
Не верувам да е до некоја намотка . Давам глас за исушен кондензатор кој свири кога протечува струја низ него .
Како да го проверам тоа?
Tреба да имаш ESR метар,или C метар...
-
Ништо од тој бизнис, немам ESR метар :(
-
Ништо од тој бизнис, немам ESR метар :(
90% од проблемите со овие кондензатори се во излезна секција, смени се што е во излезна секција и не би требало да имаш проблеми, не се повеќе од 5 или 6 кондензатори ;).
-
Го послушав Батка, го премачкав трафото со лак за нокти и тој звук малце се намали но сепак сеуште го има. Бидејќи не е постојано вклучено напојувањето, не ми пречи многу звукот. Во секоја счучај фала ви на сите за советите :)
90% од проблемите со овие кондензатори се во излезна секција, смени се што е во излезна секција и не би требало да имаш проблеми, не се повеќе од 5 или 6 кондензатори .
Ако ми се најдат некој при рака ќе ги сменам, само за нив не ми се оди до продавница ;D
-
Изгледа си штедел на лак: најди од овој за паркети и добро *натопи* го! ;D ;D
-
А лепак за паркети? Ама не е толку течен...