Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: van on 09.10.2011, Sunday, 23:47:44
-
Може ли неколку предлози за квалитетен видео кабел, ако имате сознанија каде може да се набави, продавници, видови на каблови, брендови, цени?
Кабелот ми треба за поврзување на сателитска антена (поточно LNB-а) со HD сателитски ресивер.
По кажувањата треба значително појак сигнал да дојде до ресиверот за добар прием во висока HD резолуција. Растојанието е подолго (проценка окулу 50-60 метри) па затоа барам нешто пристојно ама ако е возможно да не е прескапо...
-
Побарај коаксијален кабел на fkn-negotino тиа ти е доста квалитетен и нема да имаш проблем никаков :) :)
-
Успешно си го користел за прием на HD сигнал (во поголема должина, односно повеќе од 50-60 метри) ?
Ако да, колку % сигнал добиваш на ресиверот (и ако не е проблем, информација кој е ресиверот) ?
Извини за конкретното прашање, ама економската ситуација ми таква да не смеам да си дозволам да купам несоодветен кабел и да го менувам веднаш.
-
Види во логинг,таму знам имаат разни кабли...
-
Хаха, фала ама во Логинг можам да одам само ако никаде не најдам.
Без навреда, можеби ти си имал добро искуство со нив ама јас не сум видел кај нив цена што не е бар дупло повеќе од било каде на друго место.