Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: ZareBt on 10.09.2011, Saturday, 17:11:26
-
Вака...проблемот е шо полначот е во дефект.
На секундарот на трафото дава околу 9в наизменични.
На диодите кои се во грецов спој има по 4,5 волти еднонасочни.
На кутијата од полначот пиши дека на излез дава 3.7 в.
Кога јас мерев даваше 8,7 Волти..
А ИСТО ТАКА ДАВАШЕ И 17,3 ВОЛТИ НАИЗМЕНИЧНИ!!!
Незнам шо можи да е проблемот.. Нема мн делови, а проблемот не можам да го увидам.
Исто така да напоменам дека има и 1 отпорник..Mерев отпор и има само 1.2 оми
Најверојатно е до него проблемот шо не го намалва напонот и зато дава толкав голем на излез.
Колкав отпорник треба да клам за да добијам напон од 3,7 волти??
-
Отпорникот, сигурно служи за струјно ограничување, ;) така да не е проблем што има повисок напон, пробај измери го напонот под приклучен телефон и ќе си дојде во нормала.
проблем е наизменичниот напон, најверојатно заради диодите од грецот пошто не може да има на влез на грецот 9 волти наизменично а 4,5 волти еднонасочно, плус наизменична струја... Не кажа дали има електролит? Сигурно има, така да најубаво на неговите краеви измери го напонот, и ако таму има наизменична компонента тогаш сигурно е некоја од диодите или елетктролитот.
-
Нема ни електролит.. :(
-
Имам видено вакви полначи, даваат некој брануван еднонасочен напон на излезот. Во нив имаат само грец и уште некоја компонента (мислам дека Siemens имаа вакви полначи). Како и да е, направи си обичен стабилизатор на напон со 7805, би требало да се полни телефонот без проблем ;).
-
Ќе му ги сменам диодите.
Инаку се работи за полнач на SAMSUNG!
Ако проработи арно, ако не ако можи да ми кажиш како да напрам таков стабилизатор.
Ќе го клам истото трафо, грец, и дали треба да клам и блок кондензатор па стабилизатор или да го изоставам кондензаторо??
И минусот ќе треба да го врзам на масата на стабилизаторо (извод 2) ??
Ако можиш нацртај шема на paint :D
-
Ако проработи арно, ако не ако можи да ми кажиш како да напрам таков стабилизатор.
Ќе го клам истото трафо, грец, и дали треба да клам и блок кондензатор па стабилизатор или да го изоставам кондензаторо??
И минусот ќе треба да го врзам на масата на стабилизаторо (извод 2) ??
Шемата е од прилика вака ;).
(http://dawn.singlespoon.org.au/7805.gif)
Место кондензаторот од 100nF на влез на 7805 ќе ставиш 1000uF кондензатор со работен напон од околу 16V. Каде што пишува +7.5V му го носиш напонот од грецот, масата ти е изводот 2 на 7805 (минус, исто е), 5V е обележано на шемата каде е ;).
-
Фала Гига ;D
-
8.7 волти дава неоптеретено кога ке го приклучиш мобилниот напонот си паѓа самиот
-
Off topic.
Што ти значи електроничар. За полнач од 100 денари си отвара работа од 3 дена :) Мерак
-
Off topic.
Што ти значи електроничар. За полнач од 100 денари си отвара работа од 3 дена :) Мерак
Епа не е работата само да купиш нов.. Добиваш самодоверба кога ќе постигниш нешто. Не е голема работа то да попрајш полнач, ама некогаш во животот и тоа можи да ти користи. :D
-
ОК си е тоа. Не го кажав со лоша мисла.
-
по секако напонот треба да е повисок. стави на излезите кондензатор од 1000 микро 25в и мери напон, треба да е некаде 15 в.. .