Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: totii on 27.08.2011, Saturday, 21:25:34

Title: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: totii on 27.08.2011, Saturday, 21:25:34
Значи вака кoлеги имам матична плоца GIGABYTE 8VM533M-RZ.Плочата стартува но нема никаква слика на излез на монитор. :( :(Сите додатни компоненти на неа се исправни процесор,рам и тн.Ве молам за помош. :)
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: Bojan on 27.08.2011, Saturday, 21:52:50
а графичката ок ти е???
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: batka on 27.08.2011, Saturday, 22:07:57
Стави ново напојување и ресетирај го биосот со вадење на батеријата ( при исклучен напон!) барем 20-тина секунди.За да провериш дали реагира плочата пушти ја без  РАМ (треба да свири),па без графика ( исто ке свири!),Ако е тоа во ред стави друга графичка.Ако тргне,пробај врати ја старата графичка,која може да тргне тогаш! Можеш да пробаш да ги исклучиш и хардот и режачот и без нив  да добиеш почетна слика ( текст) од биосот на матичната.Добро е да ги протриеш со станиол мемориите и да ги вратиш во слотовите.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: stefanjanevski on 28.08.2011, Sunday, 00:55:27
Пред некој ден го имав тој проблем на еден постар компјутер што ми се мотка по дома. Кај мене работата беше до тие магистралите што одат од матична до хад диск и од матична до цд ром. Откако ги заменив си работеше најнормално.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: batka on 28.08.2011, Sunday, 18:57:59
Пред некој ден го имав тој проблем на еден постар компјутер што ми се мотка по дома. Кај мене работата беше до тие магистралите што одат од матична до хад диск и од матична до цд ром. Откако ги заменив си работеше најнормално.

Магистралите сигурно не можеш да ги замениш,можеш само IDE каблите.Само во овој случај тие не се битни.И без врзан хард и ЦД треба да добие порака од биосот,ако е матичната во ред.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: filipmkd on 28.08.2011, Sunday, 20:23:47
Батка така ли работите во сервисот... со пробување.... јас само ставам PC ANALYZER картичка и ми кажува каде е проблемот и го решавам
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: stefanjanevski on 28.08.2011, Sunday, 20:37:00
Па ние не сме од сервис, ако можеш да му помогнеш така, ако сте од исти град договорете се ќе ти го донесе на поправка и готово, ќе го решите проблемот.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: batka on 28.08.2011, Sunday, 22:37:26
Батка така ли работите во сервисот... со пробување.... јас само ставам PC ANALYZER картичка и ми кажува каде е проблемот и го решавам


Колку години сервис работиш? Треба да знаеш дека тој аналајзер не ги решава сите проблеми.Се дешава - се е во ред ,компјутерот не трга.Констатација од други извори - графичката е цркната! Ставам друга графичка и компјутерот тргнува,Потоа ,ја вадам новата - ја враќам старата и таа работи! Друго,колегава сигурно нема таква волшебна картичка,па мора со пробање да го реши проблемот.Иначе, пробата е дел од електрониката која се занимава со исправање на грешките кои инструментите ги прават,
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: GigaWatt on 29.08.2011, Monday, 04:51:02
Батка така ли работите во сервисот... со пробување.... јас само ставам PC ANALYZER картичка и ми кажува каде е проблемот и го решавам

Имам чуено за картичкава, ама исто така имам чуено и дека доста често знае да згреши. Затоа подобро се водам врз база на проба ;).
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: batka on 29.08.2011, Monday, 08:30:22
Има еден куп такви картици ,се продаваат за неколку долари и на е-bay,ама во скоро 50 % случаи не се успешни.Пример имав една ASROCK плоча со *отидена * мрежна.Картицава покажува цело време ОК,а ваму не работи мрежната .Ставам друга,надворешна - ми кажува *конфликт*,а мрежата си работи.Јас не верувам во такви плочи,бидејки не може да биде универзална и прави грешки и одзема време.Во сервис најдобро е ако имаш куп плочи и пробаш.Ми се десило поедини АТИ графички со некои чипсети да имаат проблем,а ја ставиш на друга плоча- си работи одлично!
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: GigaWatt on 29.08.2011, Monday, 14:30:16
Ми се десило поедини АТИ графички со некои чипсети да имаат проблем,а ја ставиш на друга плоча- си работи одлично!

Добро, некомпатибилноста меѓу различните производители е „стара болка“ на „IBM стандард“ компјутерите ;).
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: batka on 29.08.2011, Monday, 16:46:45
Не се работи за некомпатибилност само! Погледајте на интернет и ке најдете барем 5-6 такви картици кои се рекламираат како * најдобри*.Но, секоја има свои мани,па да речеме имате пари и ги купите сите! Е ,сега треба да се испотите прво да видите која е најкомпатибилна за таа плоча.Додека менувате 5 пати плоча,сменете 2 графички и две РАМ ,или една мрежна и ете ти дијагностика. Во секое време во сервис имаме барем 3-4 конфигурации комплет со чија помош дијагностицираме.ОД ДДР1,2,3 мемории до АГП графички,мрежни ,звучни,напојувања,процесори,хардови итн.Системот е веке уходан пред се со софтверот кој дијагностицира - било да е АКРОНИС,ХАЈРЕНС или некој сличен.За тестирање мемории не постои посоодветен тест од МЕМОРИ ТЕСТ,или ХДД регенераторот е незаменлив за поправање на бед сектори на хардот.па стрес-тестовите  итн. Користиме во сервисот се што може да помогне да го дијагностицираме кварот.Досега не сме испратиле ниту една машина без прецизна дијагноза.Друга е работата дали на газдата му се исплати или не да го поправа РС -то,ама точна дијагноза ке добие! И пак ке повторам - пробата е дел од електрониката која се занимава со исправање на грешките кои инструментите ги прават!
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: totii on 29.08.2011, Monday, 21:41:33
Значи вака лплочата нема врзано хард ниту cd\dvd rom графичката е исправна и пробав со друга но несака :( :( иначе плочата има и интегрирана графичка но ни таму несака :( :( :( деновиве не бев дома и не сум пробал со друго напојување и дали ке реагира без рам и графичка и со вадење на батеријата ке пробам и ке ви пишам пак :)
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: GigaWatt on 29.08.2011, Monday, 23:39:19
Значи вака лплочата нема врзано хард ниту cd\dvd rom графичката е исправна и пробав со друга но несака :( :( иначе плочата има и интегрирана графичка но ни таму несака :( :( :( деновиве не бев дома и не сум пробал со друго напојување и дали ке реагира без рам и графичка и со вадење на батеријата ке пробам и ке ви пишам пак :)

Aј пипни го northbridge-от и види дали кога ќе ја пуштиш почнува да грее и колку грее.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: totii on 29.08.2011, Monday, 23:52:22
тоа е чипот со ладилник???да го извадам ли ладилникот за да го проверам дали грее или ???
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: GigaWatt on 29.08.2011, Monday, 23:55:26
тоа е чипот со ладилник???да го извадам ли ладилникот за да го проверам дали грее или ???

Не, само пипни го ладилникот, ако може да се држи со прст без проблем (да е топол), најверојатно има надеж за плочата ;). Ако премногу грее, најверојатно проблемоте е таму, наеднаш почнува да грее, па се кочи не може да координира ништо, ни CPU, ни RAM ни ништо :S. Ако воопшто не грее, ладен е на допир, ладен колку човечко тело, можно е да е отидена плочата :S.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: totii on 30.08.2011, Tuesday, 17:35:57
Таму вопшто не грее :( ладен е  :( :( :( а тој другито чип што не е со ладилник тој премногу грее
Исто така грее и процесорот бидејки го извадив ладилникот и ја пуштив плочата и тој почна да грее значи процесорот работи,исто така и чипот на графичката грее ја пипнаф позади и грееше и таа но нормално.Ја извадив батереијата ја оставив така некое време пак ја вратив и пробав пак ама несака :( :( ве послушав пробав ја пуштив бес рам но не свирии :( :(
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: GigaWatt on 30.08.2011, Tuesday, 19:24:47
Смени ли напојување? Ај, уште тоа да го елиминираме како можен проблем.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: batka on 30.08.2011, Tuesday, 20:18:53
Мислам дека ти е *отидена*матичната.И процесор без ладилник и кулер не пуштајте во работа никако!!
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: Steff_Maja on 30.08.2011, Tuesday, 20:22:51
Quote
И процесор без ладилник и кулер не пуштајте во работа никако!!

Зошто да не на 5-6 секунди ?

Колку да видиш дали ќе загрее, а и за тие 5-6 секунди тој максимално може да отиде до 80 степени што и не е опасно.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: batka on 30.08.2011, Tuesday, 21:06:50
Quote
И процесор без ладилник и кулер не пуштајте во работа никако!!

Зошто да не на 5-6 секунди ?

Колку да видиш дали ќе загрее, а и за тие 5-6 секунди тој максимално може да отиде до 80 степени што и не е опасно.

Има побезболни начини да видиш дали работи процесорот.Еднаш прегреан процесор може многу лесно да биде причина за други кварови.На некои форуми дури предлагаат да се извади горната обвивка на таков процесор,да се стругне калајот од јадрото ,да се наполни со термална паста и директно да се стави ладилникот на јадрото.Така го стабилизираат термички процесорот.Сум пробал два пати и има ефект.
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: filipmkd on 30.08.2011, Tuesday, 23:19:11
Се поправа матичната плоча на гигабајт чест проблем е биосот ..... Сабајле напишав голем пост но снема струја и не можев да го постирам ... Земи со Виљел програматор програмири го биосот избришани се бут блоковите од чипот ... затоа не може да тргне плочата. ;)
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: batka on 30.08.2011, Tuesday, 23:33:01
Филипче,тој тоа не може сигурно да го направи ;D Тоа е едно,а второ треба да се извади биосот ,не верувам да може да оди * он борд *,можеби не доаѓа и напојување до него... има многу но..! ;D ;D Да не испадне она српската * више дара - него масти!!* 8)
Title: Одг: Проблем со матична плоча GIGABYTE 8VM533M-RZ
Post by: GigaWatt on 31.08.2011, Wednesday, 01:32:49
Се поправа матичната плоча на гигабајт чест проблем е биосот ..... Сабајле напишав голем пост но снема струја и не можев да го постирам ... Земи со Виљел програматор програмири го биосот избришани се бут блоковите од чипот ... затоа не може да тргне плочата. ;)

Ехееееееее, подобро нова плоча да земе :S. Јас не знам некој да го прави ова по сервисиве, а и да го прави, можно е само за лаптопи да прават. Не дека не може, ама прашање е дали ќе се исплати маката и трудот вложен :S.