Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 27.02.2010, Saturday, 23:19:20

Title: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: DX-er on 27.02.2010, Saturday, 23:19:20
Ако може некој што има радиоаматерска дозвола од скоро да ни каже која е постапката за добивање на истата?

Ме интересира што е разликата меѓу А и Р класа?

Овие прашања подоле се за А (најдобрата) класа
Значи прво какво барање се попунува и каде се подига и каде се еподнесува?
Во колку наврати се плаќа и по колку пари?
Испитот е писмен или усмен?
Колку прашања има? Колку комбинации на прашања има?
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: Aleks on 28.02.2010, Sunday, 01:44:58
Quote
Ако може некој што има радиоаматерска дозвола од скоро да ни каже која е постапката за добивање на истата?

Симнуваш пријава од аек.мк, пополнуваш пријава, праќаш по пошта. Симнуваш прашањата и се спремаш по нив (во прашањата е даден и одговорот)

Quote
Ме интересира што е разликата меѓу А и Р класа?

А класа е старата А класа, врвна класа, неограничени фрекфенции и зголемена предајна моќност ти е дозволена. П класата е комбинација на старите Б, Ц и Д класи, значи знакот за П класа мора да има една бројка и три букви после македонскиот префикс (Z3) пр. Z33ABC.

Овие прашања подоле се за А (најдобрата) класа

Quote
Значи прво какво барање се попунува и каде се подига и каде се еподнесува?

Испитот е бесплатен

Quote
Во колку наврати се плаќа и по колку пари?

По завршен испит, доколку сакаш дозвола (знак) уплаќаш 550 денари административни трошкови во министерството за финансии, таа дозвола ти важи 10 години. По 10 години треба само да ја обновеш дозволата (550 денари)

Quote
Испитот е писмен или усмен?

Писмен, полагаш пред комисија од 3 члена и тоа Радка, Коле и Перо.

Quote
Колку прашања има? Колку комбинации на прашања има?

Испитот се содржи од 30 прашања од можни 300 и нешто.
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: DX-er on 28.02.2010, Sunday, 16:27:10
Фала ти многу за одговорите, сега ми се разјасни комплет како иде постапката, па да почнам да ги читам прашањата и одговорите пополека да се спремам па да се чуеме на КБ :) поздрав
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: Cyberking on 04.03.2010, Thursday, 14:46:49
Dx-Er планираш радио станица да отвориш?
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: DX-er on 04.03.2010, Thursday, 14:48:09
Секако не, јас планирам дакупам КБ радио станица
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: Cyberking on 04.03.2010, Thursday, 15:11:26
Малце повеке инфо за тоа..каква зошто служи на која фрекфенција ....ако сакаш..(ако неможе тука пиши ми преку пп)
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: DX-er on 04.03.2010, Thursday, 15:15:13
Избегавајте преку Л.П. тоа што може на форум.
Најпросто кажано тоа е како токи воки но е поголемо и е фиксно а намената му е иста односно за радио комуникација со други луге.

П.С. ја забегавме темава, да се вратиме на  Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа  :)
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: Aleks on 04.03.2010, Thursday, 17:06:33
Избегавајте преку Л.П. тоа што може на форум.
Најпросто кажано тоа е како токи воки но е поголемо и е фиксно а намената му е иста односно за радио комуникација со други луге.

П.С. ја забегавме темава, да се вратиме на  Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа  :)

Дап .) Со помош на станичка и некоја домашно изведена антена имаш цел свет покриеност. Еве денеска јас сум среќен, во Z37E (Мојот школси клуб) поставивме антена за 40м банд кога функционира феноменално.
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: xantox on 12.03.2010, Friday, 00:11:45

Симнуваш прашањата и се спремаш по нив (во прашањата е даден и одговорот)


земав да ги разгледам прашањата за А-класа и останав вџашен  :o кога во дадените одговори најдов грешки.

Прв пример
прашање од МАКЕДОНСКИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ПРОЦЕДУРИ И  ПРАВИЛА ЗА РАБОТА под реден број
19.  Koe e значењето на кратенката  “PA”?
а)  апаратура;
б)  излезен степен;
в)  фазна модулација;
г)  ВФ засилувач.
 
дадениот одговор е (в), арно ама, во книгата "Радио прирачник за аматери и техничари" од  др Божо Метцгер,  кратенката PA значи означува "излезен степен"  и истото значење го сретнав и во скрипта за радио аматери "Основи на радиоаматеризмот". И двата извора се хрватски.

Втор пример
прашање од MАКЕДОНСКА И МЕЃУНАРОДНА РЕГУЛАТИВА РЕЛЕВАНТНА ЗА АМАТЕРСКА И АМАТЕРСКА САТЕЛИТСКА СЛУЖБА под реден број
19. Кои фреквенции  од подрачјето 28 МHz можат да се користат за ФМ репетитори?
а) 28,560-28,590  и  28,660-28,690 MHz;
б) 28,520-29,590  и  29,610-29,650 MHz;
в) 29,560-29,590  и  29,660-29,690 MHz;
г)  на тој опсег не е дозволено користење на ФМ ретранслатори.

дадениот одговор е (в) и тука арно ама, според Правилникот за користење на радиофрекфенции вo аматерска служба од 02.05.2008 во Член 13 став(1) вика :   
"Аматерските репетиторски станици може да работат само на определени фреквенции во фреквенциските подопсези: 145.000-145.7875 МHz; 433.000-434.825 МHz и 1291.000-1297.475 МHz."

има и други одговори кои не ми се совпаѓаат со литература, па ме интересира што е финтава?
дали е намерно ова вака оставено за да мора новите радио оператори малку да се помачат и да пролистаат некаква литература а за де не би бил ептен лесен испитот во смисол набубај ги на памет одговорите, или грешките се ненамерно направени од некој неписмен дактилограф ???
 ;D

Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: DX-er on 12.03.2010, Friday, 00:27:40
извинете за офф. Божо Метцгер на кој јазик му е напишана книгата ?
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: xantox on 12.03.2010, Friday, 00:30:19
хрватски
зошто?
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: DX-er on 12.03.2010, Friday, 00:39:36
па сакам да ја набавам...ама тешко :( мислев да не е преведена и на македонски
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: xantox on 12.03.2010, Friday, 01:00:20
ако нешто ти помогне ќе ставам линк во книги па види си  :)
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: Aleks on 12.03.2010, Friday, 11:32:32
@xantox

Има мали грешки но тие се во мал број. Како и да е, тестот е според светскиот ХАРЕК стандард :)
Title: Одг: Радиоаматерска дозвола за А класа и Р класа
Post by: DX-er on 12.03.2010, Friday, 15:47:53
ако нешто ти помогне ќе ставам линк во книги па види си  :)
ОК фала, сега ке ја симнам