Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Syrus on 24.07.2011, Sunday, 13:19:58

Title: Зошто анласерот не работи??
Post by: Syrus on 24.07.2011, Sunday, 13:19:58
Анласерот од застава 101 ми е изваден и неќи да работи, го приклучувам директно на акумулатор и го прави само оа так-так, котвата излегува надвор ама неќи да врти, зошто?... четкичките се добри и ги истругав ама џабе...
Title: Одг: Зошто анласерот не работи??
Post by: ivica.s on 24.07.2011, Sunday, 14:44:11
Ако претходно работел, имаш грешка во поврзувањето. Котвата не е тука само за да го турка запчаникот напред, во нејзе имаш и реле кое го вклучува анласерот. Веројантно тука е грешката.

Побарај на Гугл, имаш еден куп страници на кои можеш да видиш како се поврзува анласерот, да не цртам.  ;D
Title: Одг: Зошто анласерот не работи??
Post by: LordZi on 24.07.2011, Sunday, 16:43:54
Најверојатно се изгорени контактите во бендексот (котвата, како што ја викаш ти ;)), таму освен што има електромагнет што го исфрла запчаничето, има и контакти кои го вклучуваат анласерот. Отварањето на овие контакти е ептен зезната работа, кај застава сум заборавил конкретно како беше, но кај повеќето модели крајот од металното куќиште на бендексот е подвиткан, треба да го исправиш со чукање (внимателно!) за да дојдеш до контактите, после тоа, ако не се многу нагорени,  чистење со многу ситна шмиргла и пак склопување. Иначе, и кога сум правел вака, најчесто дефектот се повторувал после некое време, така што најдобро е, ако го најдеш само него, да си купиш половен бендекс, за застава не се нешто претерано скапи како за други коли.
Title: Одг: Зошто анласерот не работи??
Post by: puknati on 24.07.2011, Sunday, 17:38:01
Таа котвата е позната како аутомат
А бендекс во алансерот е овој дел на сликата

(http://img9.imageshack.us/img9/2526/250250x250.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/9/250250x250.jpg/)

Uploaded with ImageShack.us (http://imageshack.us)

Инаку како што кажа и ЛордЗи ке кажам и јас, оправка на аутоматот е само губење време, али некогаш знае доста долго да изоди.
Title: Одг: Зошто анласерот не работи??
Post by: bicikle on 25.07.2011, Monday, 01:46:15
жиците треба да ти се добро поврзани, исто така и со бобри кабли, минимум 2,5мм ако сакш само да го пробаш, ако е оптеретен 3-4 мм ....
Title: Одг: Зошто анласерот не работи??
Post by: LordZi on 25.07.2011, Monday, 09:35:19
Во право е puknati, автомат се викаше, а бендекс беше само запчаничето, не ми текнуваше кога пишував, па го напишав целото дека е бендекс... ;) :)
Title: Одг: Зошто анласерот не работи??
Post by: Syrus on 26.07.2011, Tuesday, 00:21:13
дечки се е средено, сум имал грешка во поврзувањето....сепак фала...позз