Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: DX-er on 24.06.2011, Friday, 13:32:15

Title: Што се случи со MSN ?
Post by: DX-er on 24.06.2011, Friday, 13:32:15
Дечки сите знаеме дека MSN беше главна алатка за комуникација меѓу пријателите, малце под MSN или на второ место беше Skype. Важно сите беа на MSN и тоа беше главно нешто. Сите викаа, имаш MSN или кој ти е МSN ? Сега MSN-то е сосем празно, нема никој онлајн со месеци. Што е работата? Интересно е тоа што скајпот иако беше на второ место сепак остана активен меѓу корисниците и сеуште се користи и тоа мислам без да се намали бројот на корисниците.
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: nikola_bb on 24.06.2011, Friday, 13:36:55
Мајкрософт(читај мајкрошит), кај што ставиа рака се покакаа. Мое мислење е и дека со скајпот истото ке се случи. Мсн-то напраја некои безвезе апдејти и полека полека почнаа луѓе да не го користат. Скајпот само што излезе веста дека го купиле пуштија апдејт почна да кочи почна да нејќе да се конектира....И така според мене што ќе чепнат они осудено е на пропаст. Позната е и приказната со иксбокс 360 на кои требаше да непраат 3-4 ревизии на матичната за да отстранат сите дефекти кои се појавуваа на скапо платените конзоли.
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: DX-er on 24.06.2011, Friday, 13:58:34
тука си сосем во право, се сеќавам кога имав повеке проблеми да се конектирам на МСН, бараше нова верзија па по некое време пак нова а старите верзии изгледа ги гасеа бидејки не функционираа повеке. На крај мораше да ископам една верзија со крак за да работи ама толку лошо нешто оти многу ми земаше од ресурсите на компјутерот и луѓето виделе невиделе го откачија МСНто. Имаше нели и алтернативни програми што поддржуваа МСН, скајп и наводно мирц ама изгледа таквите програми не се ефикасни баш и тоа е тоа. Ова што викаш за скајпот ништо чудно и тој да пропадне чим го купи мајкрософт. Ех и фејсбук да биде купен од мајкрософт :D
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: Urahara on 24.06.2011, Friday, 14:01:11
Зошто воопшто некој би користел МСН (бљак) во денешно време кога има премногу слободни протоколи и софтвери за ИМ комуникација ? Погледнете го Jabber/XMPP протоколот (истиот овој се користи и на gmail).
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: Bojan on 24.06.2011, Friday, 14:45:10
многу луѓе сега си прават муабети на facebook, па затоа не се користи многу мсн-то...
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: GigaWatt on 24.06.2011, Friday, 15:10:07
Зошто воопшто некој би користел МСН (бљак) во денешно време кога има премногу слободни протоколи и софтвери за ИМ комуникација ? Погледнете го Jabber/XMPP протоколот (истиот овој се користи и на gmail).

MSN протоколот за комуникациај и не е баш лош, лоша е апликацијата, но протоколот и не е баш лош, а за останатите протоколи што ги наброја, Jabber/XMPP е дефинитивно најдобар, со најразлични опции за енкрипција итн. Но, има еден проблем, никој (освен некои затворени заедници) не го користат :S. Сите користат MSN или YahooTalk или Gtalk (што во принцип е базиран на XMPP), што е ОК, секој си има право на избор, но не можеш да нематнеш некој да користи некој протокол кој не сака :S. На пример, имаш некоја компанија, и сега, ти треба на клиентите да им обезбедиш комуникација и пореку net, како секоја модерна фирма во денешно време. Сигурно нема да им го дадеш твојот Jabber/XMPP account, никој од „обичните смртници“ нема ни да знае што е тоа. Ќе им дадеш MSN, Skype, mail, Gtalk, YahooTalk, итн.

А што се однесува до апликацијата на која сите се жалат, имате еден тон апликации кои го поддржуваат MSN протоколот и еден куп други. Јас си го користам Pidgin, а има уште еден тон други, прочепкајте на net и ќе видите, од нив, ретко кој бара update да се направи на апликацијата почесто од еднаш годишно, а промените во апликацијата се минимални, нема реклами и графички не се оптеретени, како на пример MSN што е ;).
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: Urahara on 24.06.2011, Friday, 15:26:44
Мојот gtalk е мојот jabber  :)

Имаш Џабер ? =)
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: GigaWatt on 24.06.2011, Friday, 15:27:47
Имаш Џабер ? =)

Имав направено account, ама толку ретко го користев што го заборавив кој ми е ;D.
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: Steff_Maja on 24.06.2011, Friday, 16:21:51
Quote
многу луѓе сега си прават муабети на facebook, па затоа не се користи многу мсн-то...

Ова е најсоодветниот одговор според мене.
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: DX-er on 24.06.2011, Friday, 17:27:12
Quote
многу луѓе сега си прават муабети на facebook, па затоа не се користи многу мсн-то...

Ова е најсоодветниот одговор според мене.
ама па ФБ немаше влијание врз скајпот
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: batka on 24.06.2011, Friday, 17:30:53
Зошто воопшто некој би користел МСН (бљак) во денешно време кога има премногу слободни протоколи и софтвери за ИМ комуникација ? Погледнете го Jabber/XMPP протоколот (истиот овој се користи и на gmail).

МСН го користиме сите ИТ фирми во МКД.Приклучени сме 24/7 и се функционира како што треба.Сите нарачки,прашања и документи меѓу нас минат коректно.Употребата е функционална и добро работи.Друго е што некој го употребуваат за глупости,допишување од типот* стана ли,те гледам на балкон..*.МСН уште има добра употребна вредност,ако се работи на вистински начин! ;D
Title: Одг: Што се случи со MSN ?
Post by: bicikle on 24.06.2011, Friday, 17:49:16
Јас лично преферира со некого на кафе да пра муабет, инаку имат сега доста бесплатни минути, да не рекламира ама од вип имаш два броја за 300 денари со по 150 денари кредит плус 500 бесплатни минути, па дур се масира да чкрапа по тастатураа че се јава,... освен кога мора на фб.

админ: bicikle без офф топици и реклами