Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: mart11n on 03.05.2011, Tuesday, 19:06:46

Title: Луге помош со малку теорија
Post by: mart11n on 03.05.2011, Tuesday, 19:06:46
Четврток прам тест електроника и знам некој прашања шо ке паднат , ама одговор на некој немом да најдам низ учебник па ако знај некој да ги одговори нека кажи. ;)


1.Кога напонот на инвертирачкиот влез е еднаков со напонот на неинвертирачкиот влез тогаш на влезовите на операцискиот засилувач постои куса врска наречена __________________________.


2.____________________ е број кој покажува колку пати засилувањето на влезниот диференцијален напон е поголемо од засилувањето на влезниот истофазен напон.
Title: Одг: Луге помош со малку теорија
Post by: MarkoMK on 03.05.2011, Tuesday, 19:32:11
Одамна беше ова  :) :) :)
бр. 1 мислам дека ти е „виртуелна куса врска“
а бр. 2 незнам
Title: Одг: Луге помош со малку теорија
Post by: Devil on 03.05.2011, Tuesday, 19:35:02
1. Ако работната точка на идеален ОЗ е во активното подрачје, разликата меѓу потенцијалите на двата влеза е нула, но истовремено заради бесконечната голема влезна отпорност во влезовите не може да тече струја. Заради ова се вели дека меѓу двата влеза на ОЗ постои привидна куса врска или ВИРТУЕЛНА НУЛА.

2. види слика во атачмент
инаку ова ти е од скриптата за ОЗ на Емитер