Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: cika on 24.03.2011, Thursday, 07:30:28

Title: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: cika on 24.03.2011, Thursday, 07:30:28
насловот кажува се
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: at.koce on 24.03.2011, Thursday, 08:53:04
Пред се, изгледот, а и торусното трафо е по „елегантно“.
Торусно:
(http://pic.mk/thumbs/tra010xxts.jpg) (http://pic.mk/?v=tra010xxts.jpg)
Обично:
(http://pic.mk/thumbs/images1300953631.jpg) (http://pic.mk/?v=images1300953631.jpg)
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: batka on 24.03.2011, Thursday, 10:11:22
Не е само до убавината! :D :D ;) Торусното трафо за поголеми јачини е помало од соодветното класично,нема брум,помала тежина,не грее толку како класичното.
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: cika on 24.03.2011, Thursday, 10:55:02
И торусниот поскап е  :P (лол)
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: Baze on 24.03.2011, Thursday, 11:49:34
во оваа тема има објаснување од мене.....  http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1923.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1923.0)
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: Bojan on 24.03.2011, Thursday, 20:10:11
Пред се, изгледот, а и торусното трафо е по „елегантно“.
Торусно:
(http://pic.mk/thumbs/tra010xxts.jpg) (http://pic.mk/?v=tra010xxts.jpg)
Обично:
(http://pic.mk/thumbs/images1300953631.jpg) (http://pic.mk/?v=images1300953631.jpg)

дечки имате авторски права за подолната слика??? :D
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: Steff_Maja on 24.03.2011, Thursday, 20:30:44
А како се успева да се зголеми работната фреквенција на трафото ? Сакам да кажам нели трафо од 50Hz има голем облик додека оние во напојувања за компјутер се мали, но имам слушнато дека работат на висока фреквенција.
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: Malecko on 24.03.2011, Thursday, 20:33:44
А како се успева да се зголеми работната фреквенција на трафото ? Сакам да кажам нели трафо од 50Hz има голем облик додека оние во напојувања за компјутер се мали, но имам слушнато дека работат на висока фреквенција.
Да тие се користат во SMPS т.е Switch Mode Power Supply ;D.Пиши на гугл ќе најдеш :)
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: batka on 24.03.2011, Thursday, 20:38:45
Да , можат само ако ти треба за свич или сличен уред! Иначе за стандардни работи предности се тие: помалку грее,помали димензии,нема зуење.Иначе,работната фреквенција може да се зголеми и кај обично трафо,ама не до таа мера.Феритот има други  карактеристики и може да биде * неутрален* на многу повисоки фреквенции,па затоа ,поради стабилност е погоден и за други ,освен за мрежни намени!
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: at.koce on 24.03.2011, Thursday, 21:28:28
Quote
дечки имате авторски права за подолната слика???
Сликата е пронајдена на гугл.. А гугл од каде ја нашол „не знам“  :P
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: Bojan on 24.03.2011, Thursday, 21:47:12
што пиша жити се... :D
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: at.koce on 24.03.2011, Thursday, 22:14:35
Значи, на гугл притиснав „слики“ и напишав: „трафо“ и се појави сликата од ова (твоето) трафо, а ако ја отвориш сликата ке приметиш дека во позадина е страната elektronika-mk.net, т.е. гугл ја „ископал“ сликата од форумов. Ме свати сеа? :)
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: SKOLS_OLD on 24.03.2011, Thursday, 22:17:30
добро де Коце,не му ја мисли.Немај гајле не ти може ништо Бојан во врска со авторските права. :( ;D ;D
Само кога си барал на Гуугле ти си пишал на македонски или англиски?
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: at.koce on 24.03.2011, Thursday, 22:18:44
Најпросто си пишав „трафо“ (ме мрзеше да ја сменам македонската поддршка)  ;D
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: Malecko on 24.03.2011, Thursday, 22:27:07
Најпросто си пишав „трафо“ (ме мрзеше да ја сменам македонската поддршка)  ;D
Хахаха во право е,не го карајте ;D
(http://www.pic.mk/images/captur1301002462.jpg)
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: GigaWatt on 24.03.2011, Thursday, 23:07:03
хехехе ;D ;D ;D... Бојан, славен си ;D.
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: Bojan on 24.03.2011, Thursday, 23:50:45
сега ке им барам пари зашто ги ставиле моите слики таму :D
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: stevce_ris on 17.04.2011, Sunday, 01:22:47
ако имаш некој пријател на факултет на кој му оди електромагнетика ке ти објасни има еден куп интеграли ама искрено јас ич не ги разбирав  ;D
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: GigaWatt on 17.04.2011, Sunday, 15:58:03
ако имаш некој пријател на факултет на кој му оди електромагнетика ке ти објасни има еден куп интеграли ама искрено јас ич не ги разбирав  ;D

Разликата е во начинот на кој циркулира магнетното полето во металнот/лименото јадро, на еден начин циркулира кај трансформаторите со EI лимови, а на друг начин (не баш друг, повеќе би одговарало малку подруг ;)) циркулира во торусните трансформатори ;). Се се објансува со равенки, но искрено, не би навлегувал во тоа сега, не поради друго, еднсотавно бара преголемо предзнаење од областа на математиката оваа проблметика, поради тоа, само ќе се задржам на констатацијата дека: торусните трансформатори имаат многу подобри карактеристики од трансформаторите со EI лимови за повечето примени, за некои посебни намени, повеќе одговараат трансформаторите со EI лимови ;).
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: Malecko on 17.04.2011, Sunday, 16:03:19
Quote from: Baze
Најголемата разлика е тоа што торусните трансворматори имаа голема ефикасност.Следи малку поголемо појаснување   Кај обичните Е И трансворматори,знаеме дека јадрото е направено од мн феромагнетни лимови кои се составени и формираат едно јадро(за да се намалат загубите и греењето).Мааната на овие трансворматори е тоа што нивните лимови имаат мала магнетна пермабилност u (ми) и заради тоа,требаат голем прој на намотки за да индуцира доволно голем влукс,кој потоа ке индуцира напон во секундарот.Е сега,поради големиот број на намотки во примарот,импедансата на секундарот ке има голема омска вреднос и нормално имагинарната вредност на отпорот затоа што тој сепак претставува калем(и воедно имате грејач   ).Исто така има и загуби поради формата на самиот трансворматор,односно поради ивичните ефекти.Во тој случај флуксот наместо низ јадрото си ја скратува патеката на течење (кај ќошевите) каде што на кратко излегува од јадрото и пак влегува и тука губи дел од својата ефикасност.

Торусите пак,имаат голема вреднос на магнетната пермабилност u (ми) и се разбира за да се индуцира доволно голем флукс низ јадрото,му се потребни мн помал број на намотки во секундарот.Па воедно импедансата на трафото ке биде мала бидејки скоро и ке ја нема чистата омска отпорнос,туку ке ја има само имагинарната.Воедно и на секундарот ке бидат потребни мн мал број на намотки за да се добие потребниот напон и нормално омската вредност на секундарот ке биде (мерено со унимер) тотална кратка врска затоа ке може да се повлечат големи снаги.Тука загубите се уште помали и заради неговата форма,односно флуксот едноставно неможе да си го скратува патот па да мора да излегува во воздухот и да губи дел од својата снага...
Title: Одг: Што е разликата помеѓу обичен трафо и торусен ???
Post by: GigaWatt on 17.04.2011, Sunday, 16:10:30
Знам, го имам прочитано ова, поентата ми беше околу објаснувањето на формата на полето кое го имаат торусните и трансформаторите со EI лимови во нивните јадра ;).