Македонски форум за електроника

Стручна литература => Туторијали => Topic started by: laze on 19.03.2011, Saturday, 22:52:38

Title: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: laze on 19.03.2011, Saturday, 22:52:38
секој што пробал знае колку е тешко да се растури ваков трансформатор без да се скрши јадрото.
постапката е следнава:
Се става трансформаторот во ѓезве со ладна вода и се загрева до вриење, па се вади надвор од водата и одма додека е жешко со благо притискање се раздвојува јадрото.За да не се изгорите користете крпа или ракавици.
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: at.koce on 20.03.2011, Sunday, 00:48:24
Или како што Г-от GigaWatt кажа, со СМД дувалја. А моше и со технички фен (така мислам се викаше). Тоа е оној фен кој се користи пр. за одстранување на боја од рамка на прозорец.
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: GigaWatt on 20.03.2011, Sunday, 14:16:15
Сличен е методот, пак е принципот тој ;). Треба да се загрее за да се раздвои ;). Мада овој метод може секој да го примени ;), а тој мојот не ;D.
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: bicikle on 20.03.2011, Sunday, 17:57:17
јас еднаш го ставив во оган, мада трафото беше од тв, арно ама, јадрото сол се напрј, а за расклопување на јадра од комп. напојување сум немал мака.
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: laze on 21.03.2011, Monday, 01:42:32
затоа е ова со водата добро, полека го загрева трафото и не го загрева повеке од 100 степени
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: Bojan on 21.03.2011, Monday, 02:01:52
јас прегеска пробав да растурам трафо едно и од прва испадна...фала многу за туторијалов :D
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: at.koce on 21.03.2011, Monday, 10:10:09
А кога ќе го растурите, што правите со него, т.е. за што го користите?
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: GigaWatt on 21.03.2011, Monday, 13:47:00
Мене не ми успеа :S. Само што јас користев трафо од TV, можеби затоа :S. Ај ќе пробам пак, па ќе пишам што сум направил ;).

А кога ќе го растурите, што правите со него, т.е. за што го користите?

Па јас барем, планирам да го премотувам за да си направам мое custom напојување ;).

Споено мислење: 21.03.2011, Monday, 14:42:59
Јееееее ;D... ми профункционира и мене ;D. Не знам на што сте ја грееле водата, ама ако го правите тоа на плин, оставете водата да поврие малку, на пример ако почнала да врие, оставете ја барем едно 30-тина минути да поврие. Предпоставувам дека доколку ја греете водата на рингла, малку помалку помалку време ќе треба, можеби некои 5 минути да врие водата е доволно ;). Можеби затоа мене не ми успеа првиот пат, премалку време ја оставив да врие водата на плинот :S.
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: Bojan on 21.03.2011, Monday, 18:15:09
мене само што ми проврија водата го извадив и супер си беше...ама тоа водата па пополека треба да се загрева, на плинско многу брзо се загрева и затоа зафркавало...
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: laze on 21.03.2011, Monday, 19:55:10
да можеби ако е поголемо трафото треба да се загрева малку подолго .
заборавив да напоменам да не го ладите јадрото од трафото со ладна вода или да го ставите на некое метално ладно тело ќе пукне, треба да се олади само по себе на собна температура 
Title: Одг: Како лесно да расклопите трансформатор од компјутерско напојување
Post by: GigaWatt on 21.03.2011, Monday, 21:53:06
мене само што ми проврија водата го извадив и супер си беше...ама тоа водата па пополека треба да се загрева, на плинско многу брзо се загрева и затоа зафркавало...

Да, кај мене одма се загреа, плус, јас во малечко лонче од пола литро го вриев трафото, така да и на рингла да го греев пак брзо ќе се згрееше, ама се разбира поспоро одколку на плин ;). Инаку на плин, водатат за максимум 10 минути почна да врие, и си реков ај да пробам, пробав, го вадам, гледам капките лепак не мрднале, исто сјаат, пробувам да го разклопам, јок, не сака. Пак пробав по некои 20-тина минути, сега малку повеќе го остатвив едно 15 или 20 минути (значли некаде околу 5 или 10 минути веќе вриеше водата), пак ништо :S. И таман сакав да се откажам, да пробам со некоја друга метода, си реков, ај уште еднаш, и го остатвив така да врие, и се заборавив ;D. Кога се вратив, половина вода беше испарена и трафото „зјаеше“ над површината на водата. Дотурив уште малку вода, оставив и таа да зоврие, уште едно 5 минути, и го извадив и пробав пак, немаше проблем, одма се разклопи ;D.

Значи, ако расклопувате трафо со мала количина на вода и ако ја грете на плин, оставете ја да врие едно 30-тина или 40-тина минути, притоа додавајте вода како што ќе испарува, и би требало без проблем потоа да можете да го разглобите ;).