Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: at.koce on 17.03.2011, Thursday, 21:29:27
-
Значи, напојувачката единица е извадена од ТВ приемнив (филипс) во боја, и од неа би сакал да направам лаборатористи исправувач, т.е. само да и додадам регулација на напон (а можеби и регулација на стрја) :)
Слика од напојувачката единица:
(http://pic.mk/thumbs/img0277a.jpg) (http://pic.mk/?v=img0277a.jpg)
-
дали знаеш кој напони и кој струи ги дава на излез, теоретски може да се направи што сакаш од ова
ти само треба да ни кажеш, колкав е напонот на излез и колкава моќност има напојувањето
-
Како што може да забележите од сликите, на самата плочка има повеќе „штекови“. Јас не знам кој „штек“ е излез ( а можеби има и повеќе излези) па ако може некој совет како тоа да го проверам и како од прилика да знам колкава е моќноста на напојувањето :)
-
најдобро мери со апаратче
-
е оти ко го растурваше не виде кое кај оди :)
дали барем знаеш кој модел беше телевизорот, број на шасија нешто
дали пишува нешто на плочата (горе долу, сеедно)
-
Абе јас имам всушност 2 такви телевизора така да знам се кај оди.. (на другиот телевизор се е поврзано). Модел на телевизор ќе погледнам и ќе ви кажам за некое време..
најдобро мери со апаратче
Мислиш на унимер? Апаратче е широк поим.. ;D
-
да може и мултиметар, кој како го вика, повекето го знаат како апаратче.
-
Прво најди каде е влезот за 220V, приклучи го и мери на тие „штековите“ што ги викаш што напони дава.
-
Прво најди каде е влезот за 220V, приклучи го и мери на тие „штековите“ што ги викаш што напони дава.
Влезот знам каде е :)
(http://pic.mk/thumbs/img0280a.jpg) (http://pic.mk/?v=img0280a.jpg) (http://pic.mk/thumbs/img0282a.jpg) (http://pic.mk/?v=img0282a.jpg)
Се извинувам што втората слика е со лош квалитет..
Овој број го имаше на плочката:
8222 280 3538 3
-
провери во кој дел се исправува напонот, па со унимер види кои од водовите се плус и минус а после по водовите на ппк провериги другите излези ;)
-
Не ми текна на тоа, добра идеа :D Малце ке се намачам ама не е проблем :D
-
само пази да не те здрма струја, дека мене вчера 2 пати ме мавна хаха :D
-
Свич е напајањето или класично?
-
само пази да не те здрма струја, дека мене вчера 2 пати ме мавна хаха :D
Хахах да се надеваме дека нема ;D
Свич е напајањето или класично?
Паа не знам, не ги разликувам :-[
-
на ладилникот што делови има?(какви ознаки на деловите има)Претежно смпс напајањата користат трансформатори од ферит, не од лим(железо), по се изгледа дека е класично напојување, мада едното трафо не можам да го загледам баш најдобро.
-
Поголемото траво има феритно јадро, помалото - железно. На ладнилникот е елементот
BU
508AF
PH-m9524
PHILIPPINES
-
би требало да е свич чим така. Измери што напони дават на излез...
-
Сигурно на секој излез дава различен напон.. Кога ќе имам време ќе измерам. Иначе ако е свич би можел да го искористам како лаб. извор?
-
SMPS напојување е, а тоа што е лево со метално јадро е филтер... тоа при средина што е е трансформаторот...и да е прекинувачко напојување може да се користи како лабараториски извор, важно е што напон дава и колкава струја...
-
Не ти препорачувам да го користиш за таква намена .Има подобри решенија, а стабилизацијата не одговара за лабораториски намени.Направи си друг извор на напон и добро стабилизирај го.Друго ,кај ТВ напојните единици обично напоните на излез се дефинирани ,па секое посегање по промени раздесува други параметри.Не знам што мислиш да работиш, ама напојувачки единици од ТВ не се многу добри за експерименти.
-
Па тоа и сакав, да експериментирам, да испитувам склопови и слично.. Јас би направил едно обично напојување баш за таа намена, ама проблем ми е трафото >:(
-
мојш да експериментираш, мада ако претераш со струјата брзо би летнало, не се издржливи како овие класичниве.
-
Па не би требало да го прегорам, нема да приклучувам јас кој знае што. Позади на ТВ пишува нешто 120W дали тоа значи дека ова напојување ја има таа моќност?
-
од прилика..
-
Тоа 120 вати заборави го кај овие типови исправувачи!Ако мислиш појачувач да напојуваш- заборави!! Прво ,напојувањето ако не е правилно оптоварено нема ни да тргне,а ако го оптовариш премногу ке блокира или ке крене бел лад!
-
Значи како лаб. извор не би можел да го користам.. >:( А за што друго би можел?
-
можеш да го растуриш и делчињата да ги користиш за нешто друго...
-
И да киниса без товар- брзо ќе прегори кога ќе го оптовари. Послушај го батка-нема да погрешиш. Пред некој ден ми рикна слично напојување, тоа ми се најде при рака, па мораше ново да правам.
поарно за некое шемиче што бара мала снага со лед диоди или со нешто што нема да го отповари, и што нема индуктивен отпор чувај го-ќе се најде за нешто, него за експериментано напојување- ќе приклушиш мотор или нешто(некој кондензатор) ќе повлече троа повече струја ќе змине...
-
Па не би требало да го прегорам, нема да приклучувам јас кој знае што. Позади на ТВ пишува нешто 120W дали тоа значи дека ова напојување ја има таа моќност?
Ако мислиш да користиш некое регулирано напојување а при тоа да биде ефтино и да не го оптеретуваш многу најдобро земи си адаптер со преклопник(како за почеток). Такви има на секој пазар и се релативно ефтини до 1 ампер 12В можеш да најдеш за отприлика 100-150 денари.Ова решение ти е додека не најдеш соодветно трафо за да си направиш напојување.
-
Имам таков адаптер, и не ми врши работа.. Имам едно трафо од фабрички засилувач и дава некаде 50V на еднонасочна струја.
-
Трафото не дава еднонасочна струја,туку наизменична! Мери добро ке ти дадам шема да си направиш некој исправувач со регулација,само провери колку јачина на струја дава.Ако не пишува дај пресек на јадрото на трафото и дебелината на жицата на секундарот!
-
Батка, знам дека трафото дава наизменична, само не напоменав дека јас мерев после грецот и филтрите ;) Иначе трафото е торусно.. И како да проверам колку ампери дава?
-
Која димензија е трафото,колкав е грецот(колку А држи!) и колкава е вредноста на електролитите? Ако можеш и види која дебелина е бакарната жица на секундарот!