Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 17:33:50

Title: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 17:33:50
Епа вака имам еден постар компјутер но не работи баш.. Приклучувам процесор, рам, хдд, графичка, напојување... и го стартувам и се случува следното: Лед диодата за хдд (цврената) свети постојано, кулерот од процесорот ке сврти 2-3 kруга и ке застане и зелената лед диона на матичната свети но мониторот не се вклучува. Му сменив рам, напојување и графичка (ставив една за ПЦИ слот и една за АГП слот), пак истото се случува   >:( Се работи за матична од пентиум 2 или 3..
Скокачите ги наместив сите како што треба да бидат, кондензаторите 'од око изгледаат ок.. Во што би можело да биде проблемот  ???
И уште нешто, кога го држам копчето за рестарт кулерот од поцесорот почнува да врти постојано (без застој)...
Слика од матичната:
(http://pic.mk/images/img0247a.jpg)
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: bicikle on 07.03.2011, Monday, 18:00:19
процесорот работи, има некој звучни сигнали?
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 18:06:40
пробај батеријата да не е...види БИОСОТ ако загрева наеднаш само со ке го уклучиш компјутерот (ако загрева свртиго [FLIP])  ако имаш интегрирана графичка на неа уклучи го мониторот .... ако не е то незнам што би можело да биди  :(
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 18:26:39
Звучен сигнал нема. @cika што ке добијам ако го свртам биосот? Интегралецот никој не го чепкал и според подножјето е добро наместен...
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 18:52:55
не не...муабетот ми е ако грешно е наместен биосот одма ќе загреј отприика за 5 секунди.... ќе можи јајце да се испржи...значи така не смеј да биди ( ако загреј така наеднаш (тогаш грешно е наместен))

то ми беше муабетот... а ако не загреј значи точно е наместен  ;)
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 18:55:48
Не не, не загрева воопшто :)
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 18:59:20
можи мониторот да не ти се уклучи ако имаш интегрирана графичка
(оти ти напиша во постот дека си клал графичка нешто )
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 19:01:15
Немам интегрирана графичка... како и да е, кулерот треба постојано да врти.. процесорот е дел кој највеќе ослободува топлина.
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 19:06:31
на тие Пентиум 3 има на сите интеграна графичка МИСЛАМ види на сликите што ти треба за да го уклучиш мониторот и каде

и пробај уклучиго вентилаторот на онај пинот под дата пиновите
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 20:27:31
Не најдов такво кабелче/приклучнок  :-\ Што мислие вие, можно е да е отиден процесорот?
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 20:29:09
треба негде во продавница или некој ако има така стар компјутер да му земиш....друго сеа работи кулерот  на тој другиот ПИН ???
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 20:30:45
Не..  :( Исторо се случува, ќе сврти 2-3 круга и толку..
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 20:33:51
хмм...ако тргни компјутерот со то каблето за мониторот ...види тој кулерот уклучи го на напојувањето     на жолта и црна то ти е 12 волти или ако некиш да ти брчи црвена и црна то ти е 6 волти поздрав пиши туре ако најдиш кабле дали ке тргни  ;)
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 20:38:44
Да те поправам, црна е GND а црвената е +5V, ама има уште еден ситен проблем, вентилаторчето е со 3 приклучока...
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 20:45:03
абе ако тргни компјутерот .... сечи ги тие трите та жолтата отпаѓа ...таа ти кажува во биосот колку вртежи прај вентилаторот..поз

секогаш грешам со таа 5в шо е

првата 12в и другата јас у пола велам 6  грешам
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 20:48:19
Абе не е проблем, уживај  ;) Ако проработи вака со интегрираната графичка, како што викаш ти нема да го расипувам овој вентилатор, ке го чувам за нешто друго. А на ладилникот од процесорот ке му шибосам некој од напојување или од нешто др.  ;D
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: GigaWatt on 07.03.2011, Monday, 22:03:23
Провери ги напоните на напојувањето, види дали навистина ги даваат означените ознаки во празен од (кога не е поврзано напојувањето за матичната плоча и екстерните уреди: HDD, CD-ROM...) и кога е оптеретено напојувањето (кога е врзано напојувањето за матичната плоча). Напоните не би требало да отстапиваат повеќе од 10% од нивните назначени вредности (кога е оптеретено напојувањето, иако во некои случаи и 5% се многу, но мислам дека за волку стара матична и 10% нема да прават проблем ;)).

Доколку се е во ред со напоните, пробај пушти ја матичната плоча без да има приклучено нитуедна компонента на неа и види дали ќе добиеш звучни сигнали од BIOS-от. Без да има ништо приклучено на неа, би требало да даде некаков звучен сигнал (побарај на интернет за звучните кодови на BIOS-ите, колку beep-ови што значат, мислам дека три значат дека нема RAM или дека има некој проблем со RAM-от, или така нешто, за останатите, не ми текнува во моментов, на net има подетално што како, и јас сум ги заборавил ;D). Ако не даде никаков звучен сигнал плочата, провери дали правилно си го врзал звучничето, провери два или три пати ако треба ;). Ако си сигурен дека звучничето е правилно врзно, напоните се во ред, но сепак плочата не дава никаков звучен сигнал иако нема ништо приклучено на неа, најверојатно плочата е изгорена (а бидејќи и процесор си врзал за изгорената плоча, има големи шанси и он да е изгорен, така да провери го и него :S).
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 22:09:27
Ок, сеа ќе проверам само заборавив да ви кажам дека компјутерот си работеше се најнормално ама малце пецкаше струја на куќиштето и јас го отворив нежно, полека, да не оштетам нешто (мислев дека напојувањето некаде прави проблем) и така отворено куќиште без капак го приклучив на мрежен напон и пробав да го стартувам и не се уклучи... Иначе го приклучив пред малце напојувањето што го користам на овој компјутер од кој што ви пишувам, и пак ништо..
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 22:12:05
ако ти пецка можи да имаш проблем со заземјувањето на цела куќа...
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: GigaWatt on 07.03.2011, Monday, 22:15:38
Ок, сеа ќе проверам само заборавив да ви кажам дека компјутерот си работеше се најнормално ама малце пецкаше струја на куќиштето и јас го отворив нежно, полека, да не оштетам нешто (мислев дека напојувањето некаде прави проблем) и така отворено куќиште без капак го приклучив на мрежен напон и пробав да го стартувам и не се уклучи... Иначе го приклучив пред малце напојувањето што го користам на овој компјутер од кој што ви пишувам, и пак ништо..

Можно е да имаш null-увана маса во зградата/куќата каде живееш, па напонот од нулата го праќа на масата :S, на ЕТФ/ФЕИТ беше вака решена инсталацијата низ бараките, па матични плочи и компјутери гореа низ целиот објект како луди :S. Доволно е да фрли една искра према некоја компонента или да се допре некој пин од некоја компонента од плочата за куќиштето, и ако масата на плочата е изолирана од таа на куќиштето (кај некои куќишта, ова можно е да е вака изведено, да има пластични држачи место шрафови), можно е одма да изгори плочата :S.

Како што ти спомнав, поврзи ја плочата празна (без нитуедна компонента), само напојувањето да биде поставено, стави го тоа од другата машина (за да не мора да мериш напони и да бидеш сигурен дека напојувањето е исправно ;)) и пробај да го пиштиш компјутерот само со врзано звучниче. Ако даде beep (или неколку beep-ови) плочата, можеш да сметаш дека е исправна. Ако не дава знаци на живот... :S, најверојатно е изгорена :S.
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 22:19:56
Кога пецкаше.. компјутерот го користевме во една подземна гаража, тоа ни беше онака место за со женски :P И во гаражата имаше инсталација ама немаше струја па бев приморан да земам струја од кабелот што е за осветлување на хотникот на гаражите, така да 100% не беше заземен компјутерот ..
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 22:21:19
хахаа за со женски....ххахахаха...лол се изнасмеав  :P
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 22:22:18
Иначе сеа пред не полни 5 мин со ЦЕЛ памет го приклучив процесорот без ладилник и фино лепо си ја потпрев раката на него, и кога ја уклучив матичната кога ме спрзи спроцесорот.. значи и да бил исправен сеа сигурно не е  ;D

Споено мислење: 07.03.2011, Monday, 22:23:03
хахаа за со женски....ххахахаха...лол се изнасмеав  :P
Е не, со машки  ;D Романтики бе брат.. 2 штедни сијалици.. и немаш гајле xD
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 07.03.2011, Monday, 22:25:38
хехехехе.....ова поќе не е тема за ( шо неможи да ти се уклучи компјутерот) хахаххахха...
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: GigaWatt on 07.03.2011, Monday, 22:30:24
Како и да е, според симптомиве, најверојатно е изгорена плочата :S.
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 07.03.2011, Monday, 22:33:47
Апсолутно се сложувам со тебе! Ја приклучив како што ми кажа и почнаа да треперат двете зеледни лед диоди и напојувањето почна буквално на брчи (сличен звук како на пр. пропелерот кога удира во некоја жичка...). Според мене матичната е отидена. Ќе фатам некој ден ке одлемам се што има да се одлеми и ај со здравје  ;D Ако на некој му треба некој дел нека пише слободно  :) Иначе ви благодарам што одвоивте време за да ми помогнете  :)
Да го сочувам БИОСот? Би можел да ми послужи за нешто?
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: filipmkd on 07.03.2011, Monday, 23:50:45
Пробај да ја оклучиш матичната плоча без никакви делови со приклучен кулер настрана за процесорот што е и види дали ке изгаси матичната плоча... За да провериш дали е исправна матичната плоча...а после еден по еден дел ставај и пробувај
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: batka on 08.03.2011, Tuesday, 00:59:49
Касно се уклучив а вие веке се суредивте! >:( ;D Абе,процесорот не ти е изгорен сигурно.Второ,како што гледам (поправи ме) плочата тие е ЕЦС ,мојата најомилена од оние кои прегоруваат.Од ова што ми го кажа на постов ,мислам дека ако си спретен треба да смениш 2 или 3 МОСФЕТ стабилизатори (оние СМД црни залепени со ладилник на плоча!) и плочата ке проработи!! И обавезно стави и пробај со НОВО напојување!! Во некои слушаи знае да тргне и така! Иначе ЕЦС плочите ми се најомилени и најлесно се * обработуваат* при вакви кварови.И уште нешто ,погледај околу ПСИ слотовите можеби има некое кондензаторче во краток спок или истечено ( не мора да е подуено!).
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: GigaWatt on 08.03.2011, Tuesday, 14:30:14

Хммммм, секој ден се учи по нешто ново ;).
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: cika on 08.03.2011, Tuesday, 14:31:31
ej at.koce тргна мониторот со то каблето ???
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 08.03.2011, Tuesday, 18:42:57
ej at.koce тргна мониторот со то каблето ???
Не, не ни побарав такво кабелче, уште вчера ја демолирав плочата, и извадив ладилници и уште некои корисни работи...
Quote
Второ,како што гледам (поправи ме) плочата тие е ЕЦС
Батка стварно не знам што значи ЕЦС, ама како и да е ке ги имам вашите совети на ум за понатака  :)
Фала ви на сите  :)
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: GigaWatt on 08.03.2011, Tuesday, 19:46:35
Quote
Второ,како што гледам (поправи ме) плочата тие е ЕЦС
Батка стварно не знам што значи ЕЦС, ама како и да е ке ги имам вашите совети на ум за понатака  :)
Фала ви на сите  :)

Значи дека производителот на плочата е ECS ;).
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 08.03.2011, Tuesday, 20:11:13
Не пишува што парка е.. уште поодамна барав на нет перформанси за матичната, ама не најдов од причина што на матичната не пишува производител. Заборавиле дечките да се потпишат  ;D
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: Steff_Maja on 08.03.2011, Tuesday, 20:18:36
Quote
Не пишува што парка е.. уште поодамна барав на нет перформанси за матичната, ама не најдов од причина што на матичната не пишува производител. Заборавиле дечките да се потпишат

ECS е производителот. Тоа е марката на матичната. Исто како што се ASUS, ASRock, Gigabyte, така е и ECS.
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: bicikle on 08.03.2011, Tuesday, 20:21:59
имам една матична од 2-ка мислам низ дома ако сакаш да ти ја дадам може да пробаш со неа
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 08.03.2011, Tuesday, 20:33:48
Исправна е?
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: bicikle on 08.03.2011, Tuesday, 20:52:26
до последно работеше.
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: at.koce on 08.03.2011, Tuesday, 20:55:57
Ке те контактирам преку ПМ
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: ZareBt on 25.04.2012, Wednesday, 23:35:27
Мислам дека стара е темата.. Ама прашањето ми е за ова тема, да не отворам нова  ;D
кога го пуштам пк 2 пати слушам кај шо бипка. А кога ми е во стенд-бај мод, па потоа кога ќе го уклучам НЕКОГАШ дури и по 3-4 пати се слуша бипкање. ова не е секогаш, ама се случува. Да не е некој проблем?
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: GigaWatt on 26.04.2012, Thursday, 01:22:21
Треба да се испита, можно е да има некој проблем кој (сега за сега барем) се манифестира преку повеќекратно бипкање.
Title: Одг: Ми треба помош - компјутерот не сака да се вклучи
Post by: Pance24 on 26.04.2012, Thursday, 13:39:32
Исчисти му ги рам мемориите кај лежиштето и друг пат наведувај подетално што компјутер е.