Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: ShAdOw on 13.01.2011, Thursday, 14:11:00
-
FM предавател со 2N2219.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=3621.0;attach=2397)
Извор:
http://www.diy-electronic-projects.com/p121-4W-FM-Transmitter
-
Знае некој каде може да се најдат транзисторите за предавателов 2N2219 и по која цена :) ??
И секако доколку го направиме предавателов колку домет одприлика би можеле да очекуваме :) ??
-
ShAdOw браво за уредно поставената тема, има и слика со шемата и извор од каде е шемата.
Што се однесува до авторот на шемата ако го кренам на клоци нема да знае кај да бега ;D ;D ;D се шалам тоа не. Транзисторот 2N119 според спецификациите е 800mW меѓутоа јас сум успеал да го пробудам до 100mW бидејки тој транзистор е тром и не засилува 10 пати... или со поголема поуда (100mW) може ке даде и 200mW ама 4000mW нема шанса да даде поготово без никаква побуда бидејки тој не е засилувач туку осцилатор во овој момент. Према мене би дал некаде околу 5-10mW
Знае некој каде може да се најдат транзисторите за предавателов 2N2219 и по која цена :) ??
И секако доколку го направиме предавателов колку домет одприлика би можеле да очекуваме :) ??
Најевтини се во БДС 25 денари. Мислам дека баш најевтини се во Алфа електроника ама тоа ако правиш нарачка па у спат да го нарачаш и овој транзистор.
Дометот би бил околу 300m (на 300m дух-сигнал)
-
Фала DX-er :), а што се однесува до предавателот штета што напишале дека е 4W, а всушност не ни приближно толку и за да се уверам го погледнав даташитот на 2N2219 и се уверив дека е 800mW и еве ќе го поставам за да можат да го погледнат и другите членови ;).
2N2219 Datasheet:
http://www.pci-card.com/2n2219a.pdf

Да но сепак за 2N2219 треба да работи како засилувач во Ц класа и да има поголема побуда за даде дупло снага од побудата (тоа се резултати од реалноста) а 2N2219 како осцилатор и притоа да нема засилувач хахаха ај ако даде 10mW добро ке биде. Е сега не губете надеж, овој предавател може да се засили и до 4W со тоа што после овој осцилатор ке се додаде појачало во A класа со BFR91 а потоа појачало во Ц класа со BFR96 па потоа појачало во Ц класа со 2SC1970 и на крај појачало во Ц класа со 2SC1971 и ке се добие не 4 туку 5-6 W
-
и што ке ти се 4W, низ цело скопје ли ке зрачиш???
-
и што ке ти се 4W, низ цело скопје ли ке зрачиш???
Па, 4W е далеку од површина на покривање на цело Скопје, ќе го покрие можеби цел центар, со пречки се разбира, ама не верувам и повеќе од тоа да покрие :S. Со засилувачи од 500W или 1000W едвај цело Скопје го покриваат со репетитори поставени на високо место, а камо ли со обична антена поставена на врв на зграда ;).
Не знам, можеби и грешам, не се разбирам многу во RF техника, така да корегирајте ме ако грешам ;).
-
со 60W цела битола се покрива солидно, без многу пречки :)
-
Ха,ха извинете ама многу работи прочитав и мислев да не се мешам.Ама...
Со еден транзистор од типот 2219 тешко да добиеш и 300 м домет ако немаш побуда.Ова шема не е за директна врска мик. /транзистор бидејки тешко сигнал од микрофон да побуди транзистор од тој тип.Нема ниту еден степен НФ засилување,а за ВФ побуда не станува збор.За да не бидеш разочаран најди некоја шема бар со 1 степен НФ засилување,еден степен ВФ побуда и во излез стави 2219.Еве една шема со 2219 ,кај која има некои предности,а слободно можеш да ја направиш,ако си го набавил транзисторот! Само 2 км со парче жица тешко да добиеш!! ;D
-
и што ке ти се 4W, низ цело скопје ли ке зрачиш???
Па, 4W е далеку од површина на покривање на цело Скопје, ќе го покрие можеби цел центар, со пречки се разбира, ама не верувам и повеќе од тоа да покрие :S. Со засилувачи од 500W или 1000W едвај цело Скопје го покриваат со репетитори поставени на високо место, а камо ли со обична антена поставена на врв на зграда ;).
Не знам, можеби и грешам, не се разбирам многу во RF техника, така да корегирајте ме ако грешам ;).
Па да знаеш дека и добар си со проценката, со 4W од Балкон ке се покрие центарот на Скопје а дел од теренот со многу шум. А со 50W гарантирано ке се покрие цело Скопје од Водно... е сега се ставаат по 500W предаватели за да се слуша со стерео/RDS во подрумите и скривниците :) а се слушаат и на Кокино (проверено)
Ха,ха извинете ама многу работи прочитав и мислев да не се мешам.Ама...
Со еден транзистор од типот 2219 тешко да добиеш и 300 м домет ако немаш побуда.Ова шема не е за директна врска мик. /транзистор бидејки тешко сигнал од микрофон да побуди транзистор од тој тип.Нема ниту еден степен НФ засилување,а за ВФ побуда не станува збор.За да не бидеш разочаран најди некоја шема бар со 1 степен НФ засилување,еден степен ВФ побуда и во излез стави 2219.
Со 2N2219 не советувам да правите осцилатори бидејки голема мака сум видел со нив, за осцилатор подобро ставете BC547 или најдобро BF199. Иначе јас имам направено тест со ваков сличен предавател ама наместо 2N2219 имаше BC547 и добив домет од 300m макар сигналот беше дуг. Иначе на изван градов со исиот предавател добив домет од 700m. Чудно но вистинито.
-
Како може со едно такво малечко , обично , пластично транзисторче да се добие домет од 300 метри ;D ??
-
Не е само транзисторот во прашање, тука е и осцилаторната намотка L1. Тоа е цела наука :)
-
ај нека го донесе тоа некој 60Ватно предавателче кај мене,ќе им зрачиме на МВР но и на цело Скопје ;D ;D
-
Па ако се постави на врв на Водно ке се слуша со добар сигнал во цело Скопје вклучувајки ги и селата од околу, само нема да биде насекаде стерео и со RDS
-
а како ќе се намести на кој банд?
-
Е тоа е наместено во шемата :)
-
со 60W цела битола се покрива солидно, без многу пречки :)
Kичево со 15ватно појачалце фаќаше перфектно, дури до селана, арно ама прегоре и не можеа пак да го погодат како тогаш...
-
заради антената прегорело или па поради нешто друго?
-
Јове тоа беше твој предавател или на некој друг?
-
заради антената прегорело или па поради нешто друго?
Заради времето... 5-6 години тераше...
-
Интересен податок! Значи RF засилувачките транзистори на излезен степен траат по некој 5-6 години. Јас мислев дека до кај 10 години би терал таков транзистор ама не сум бил во право
-
Многу улога игра и доброто ладење! Направивме на времето ние двајца колеги два предаватела ФМ со BLY..
транзистори во излаз и по спецификација требаше да добиеме 60 вати.Го смаливме излезот,намаливме побуда,на 50 вати за да одат подолго транзисторите.На едниот му ставивме кулер 9х9 см на задниот дел на кукиштето,а на вториот мал кулер 4х4 см на самиот транзистор кој беше со ладилникот прицврстен на горната плоча на кукиштето,ама со помал ладилник од алуминиум.Првиот предавател по 5 години од 50 вати * падна * на 30-35 вати,а вториот тек по 8 години(кога зарибал малиот кулер,а баткиве не го сетиле!!) падна на 25 вати!! Кога го сменив малиот кулер и малку ја зголемив побудата,вредноста рипна на 45 вати и до ден денес (14 години!) не е поместена!
-
Нишка школа ;D ;D ;D ??

Oпа значи транзисторот работи веке 14 години, тоа не е малце!
Батка како што те сватив RF транзисторите на излезен степен ослабнуваат со тек на време и снагата (засилувањето) им се намалува и опаѓа ? Поправи ме ако грешам
-
Точно ! Со време прво обично страда побудниот,а ако не е добар односот - излез: антена ( не е добро прилагодено!) страдаат двата одеднаш !! Значи прво покушајте да го замените поевтиниот ( побудниот) транзистор,а потоа одете до излезниот.Воглавном, највеке страдаат од неадекватно ладење!!!
Споено мислење: 14.01.2011, Friday, 17:17:41
Нишка школа - отсек Телекомуникации !! Абе ти не знаеш каков Класен имаш!! ;D
-
Знам ама другите незнаат >:( ;D !
-
batka со колкава побува ги теравте тие на 50W ?
-
Зависи и каде го чувате, овај беше во подрум стациониран, влага прашина можда и гувци...
-
Зависи и каде го чувате, овај беше во подрум стациониран, влага прашина можда и гувци...
не тоа нема врска. ако е со лошо ладење, лошо подесена импеданса или недобра антена..... или некој чкарт (фалш) транзистор
-
Па овој тип транзистори се побудуваат и со 1 ват снага,до некаде 90% модулација!
-
со кондензаторите најверојатно