Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Goikoetxea on 24.12.2010, Friday, 16:25:55
-
Здраво
Прво морам да кажам дека сум целосно исфрустриран. Имам потреба да реализирам инвертор на напон. Знам дека најлесно и најефтино се реализира како транзистор во спој со заеднички емитер. Истиот го реализирам со транзистор BC337 каде емитерот е директно врзан на маса, колекторот преку отпорник од 1k на 12 V и базата преку отпорник од 1k на 12V. Влезот е на база а излезот е на колектор. Влезот е или 0 или 12 V.
Проблем - не функционира. Направив 15 инвертори и никој не функционира!
Се надевам дека има некој попаметен од мене кој ќе ми каже каде грешам.
Ви Благодарам
-
мора да е само со еден транзистор? не може како астабилен муллтивибратор да работи ?
-
еве ти една проста шема
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/invertor_analogna.png)
-
Благодарам на помошта.
Шемата многу помогна, инаку и без диодата функционира одлично.
Поздрав
Goikoetxea