Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: DX-er on 29.11.2010, Monday, 17:38:21
-
Саат/Датум/Температура, се во едно
Digital Clock/Date/Thermometer with PIC16F84A/PIC16F628(A) & DS18S20/DS18B20 (http://www.youtube.com/watch?v=pIBU7nmIbm0#)
(http://www.elektronika.ba/img-cont/c/c_777_cdt_16f628_18s20_3.jpg)
проект
http://www.bogdi.ro/electronics/digital%20clock/digital_cdt_pic16f84_628a_ds18sb20.zip
Што мислите за проектов?
-
Работи ;)
испробано, баш овај јас го правев, единствено што не ми работеше беше температурата дека немав сензор инаку добар е :)
-
И ја го меркав ова ама уште не сум го направил :)
-
Одличо и јас ке си го направам ;D
-
дали има хекс програма и шеми за овој часовник?дека кога јас барав немаше!
-
да ги има двете
-
еден другар ми бараше шеми па ќе му ги дадам!
-
фирвмерот го има во проектот на линкот
-
дрчки саатов бара екранчиња со заедничка анода или катода?
-
дисплеј со заедничка анода
-
Може ли некој да ми постави линк од шемата за печатење и монтажната шема.
-
оди најгоре таму имаш се,кој го направил итн. :D
-
Работи ;)
испробано, баш овај јас го правев, единствено што не ми работеше беше температурата дека немав сензор инаку добар е :)
која верзија ја имаш правено ? Со 16F84A или 16Ф628А и дали со CA или CC дисплеи ?
-
со 16F628 со CA мислам дека е
-
колеги ми треба ваков проект ама со поголеми дисплеи...има некој?
-
Истиот проект прави го со какви сакаш дисплеи :)
-
тој мојот за натпревар што ќе го правам ќе биде со ЛЕД дисплеи.само да пројде натпреварот ќе поставам шеми и хекс.Ако не ти е за брзање.Да докажам дека мојот саат ќе има 10цм ЛЕД дисплеи :o :D
380 денари беа од Логинг.Само немам за секунди да прикажам уште два дисплеја,затоа ќе ставам ЛЕД диоди 10мм.Инаку добро ќе си работи нема да влечат,само што треба да поставам голем ладилник на напонскиот стабилизатор.
-
или пак да се стават транзисторчиња и погоеми дисплеи и таман :Dхаха
-
не ти требаат,само ти кажав постави поголем ладилник на напонскиот стабилизатор.
-
ок има време за овој проект, така да ке експериментираме малце хх ;D
-
денес ги завршив плочките за тој саатот што ќе го правам за на натпревар.Утре па
со професорот ќе го поврзуваме и ќе видиме дали ќе работи,ќе има големи ЛЕД дисплеи(10цм :o ) РТЦ,дигитален сензор и се разбира PIC ;D
-
Сакам да го направам проектов (атачмент) саат, датум и температура но нешто не "штима". Проблемот е кога ке ја тестирам шемата во Протеус не сака едниот тастер да се стисне, поточно тастерот кој е најдесно, значи неможе да се наштима саатот и датумот. Друг проблем е, кога ке покаже датум само првите 2 дисплеи покажуваат бројки а другите FE
-
дај презакачи го атачментот ама на латиница името, или на некој друг јазик пошто вака ми дава PHP да симнам
-
еве го
-
ок провери ја шемата има проблеми, односно не се исти со таа на сликата
копчето не ти работи пошто е пикнато во отпорникот и кога пробваш да прицниш на него, ти фактички го прицкаш отпорникот, тргни го понастрана малку
види тука треба да има на 12 пин на 8 и 9 пин од микроконтролерот копчиња
среди ја малку :)
-
епа чим е таква шемата на протеус, тек ако фатам да ја правам 99% нема да работи во пракса.
-
дали е истата со тоа во првото видео, таа во првото видео ја имам изработено и работеше супер :)
-
дали е истата со тоа во првото видео, таа во првото видео ја имам изработено и работеше супер :)
епа ако го чуваш фирвмерот од таа шема што ја имаш правено, стави го на форум да пробам со него на симулаторот.
-
епа се тоа е од таа страната таму во 1 мислење тука што се наоѓа, од таму се симнав тогаш
-
здравооо
да прашам има некој направено часовникот со дата и температура
дали функционира
да го правам
поздрав и фала !!!
-
3 мислења над твоето јас имам нешто напишано, дај малце прелистувајте ги темиве :)
-
да во симулатор или во реалнос го има направеноо !!!!!!!!!
-
шемата од 1-то мислење во темава
јас ја имам направено практично (физички) и работи, само немав сензор и незнам како оди температурата, времето си го покажува точно
-
ок ти благодарам и јас ќе пробама да ја направам
со 16ф84
поздрав и фаала
-
Дечки а како покажува кога е минос температурата, сакам да ја правам ама ми треба и минус и плус да показува. фала поздрав
-
Можам да кажам слободно дека шемава е исправна и нема потреба некој да се сомнева во истата.
-
да
да
проверено и направено со малце
размислување
работи на 12 волти
(http://pic.mk/images/14bCD.jpg)
-
БРАВО :)
-
Дали ако се исклучи саатов од напојување, и при повторно вклучување ќе треба повторно да се мести часот и датумот ? :)
-
мислам дека да, ама ти можеш да додадеш склоп кој ќе го напојува микроконтролерот со потребниот напон од батерија, а останатиот дел од колото ќе го исклучи, со тоа би се штедела батеријата и нема да има потреба да секогаш кога снема струја да се мести се наново :)
-
А ова постираната слика со големи 7 сегментни дисплеи ја има изработено некој? Ако има некој шема од голем 7 сегментен нека ја постави..
-
сликата е од човекот што ја изработил (од членот gochcommk), нема шема, едноставно поврзи лед диоди во форма на 7 сегментен дисплеј, додади транзистори за контрола на сегментите, другото е исто :)
-
Ќе пробам па ќе видиме... :)
-
Друго добро нешто, може да поставите 2 сензори, и да мерите температура на две локации. Само ке треба да направите прост автоматски преклопник кој ке ги "менува" сензорите на определено време.
-
здраво
да часовникот има батерија кој го напојува само интегралецот и не се губи времето.
а дисплите се правени од по 3 лед диоди може и повеке по избор и се напојуваат на 12 волти.
кој сака да го прави нека пише !
-
A каде го поврзуваш плусот од батериите, на 1 или на 2 према сликава ?
(http://pic.mk/images/4CeRH.png)
Уште нешто ме интересира, бидејки и батериите и стандардното напојување со адаптер се на исти пин (14 пин од пикот), како пикот распознава да кога ке снема струја да ги изгаси само дисплеите а пикот да продолжи со работа?
Кога склопот е приклучен на стандардно (адаптер) напојување по малце се трошат и батериите бидејки дел од нивната енергија протекува до пикот ?
-
вака
1 е напојувањето од батерија кое оди преку диода д2 и отпорник
2 е главно папојување од извор преку д1
значи д1 е цело време вклучена и води а д2 е исклучена
кога однема струја во адаптерот д1 се исклучи а д2 проведе и само дава струја на интегралецот
-
Само не ми е јасно ова ама баш ич
бидејки и батериите и стандардното напојување со адаптер се на исти пин (14 пин од пикот), како пикот распознава да кога ке снема струја да ги изгаси само дисплеите а пикот да продолжи со работа?
-
па ти објасна де, со диода се одвојува едно од друго напојување со помош на диоди
значи д1 е цело време вклучена и води а д2 е исклучена
кога однема струја во адаптерот д1 се исклучи а д2 проведе и само дава струја на интегралецот
-
аха, јас го немам тој дел направено со диодите и отпорникот па ке треба да го изработам и тоа за да поврзам батерии
-
здраво
да часовникот има батерија кој го напојува само интегралецот и не се губи времето.
a какви диоди стави? Бидејки тие BAT43 ги нема кај нас.
-
1N4148 може да се користат без проблем :)
или сите брзи типови на диоди исто би можело да се користат
-
дечки што точно е улогата на отпорникот од 56 оми ?
(http://pic.mk/images/FDQw0.png)
-
ограничување на струјата која ќе протечи низ диодата најверојатно
-
да ама зошто би се ограничила?
друго нешто што ме интересира, кога е поврзан саатов на напојување а едновремено и батериите се поврзани, дали тоа значи дека и батериите се трошат минимално па малку по малку ке се истрошат ИЛИ пак воопшто не се црпи струја од нив ?
Мене ми изгледа, бар по изглед дека се трошат, оти нема нешто што би имало улога на винт и кога ке има напон од напојување да не дозволи струјата од батериите да се троши.
-
нема да се трошат дека напонот на катодата ке биде поголем од напонот на анодата и нема струја да тече низ лед диодата....
-
Ќе ве молам да ја закачите повторно шемата од првото мислење во темава, бидејќи од таа локација не можам да ја симнам
-
http://bogdi.ro/electronics/digital%20clock/
види снајди се таму за симињање на хексот...
-
Еве го цел проект ;).
-
Ima li nekoj nacrtana plocka za ovaj saat?
-
Еве и јас си направив часовник за дома со
саат, дата и температура
да покажува
еве како изгледа и супер работи
-
За пофалба,интересно !! 8)
-
Одлично сработено,иако готовите се поевтини.Но важно е да се има желба сам да се изработи.И како шо гледам многу набрзо ќе менуваш батерии ;)
-
фала
а батериите се само кога ќе снема струја
и работи само микроконтролерот
и за тежина да не падне ;)
а се напојува од адаптер на 220
-
Си можел да ставиш Backup кондезатор, кај мене јас имам ставено еден од 0.47Ф и држи скоро 5минути без струја на термометар со пик16ф84 и саат со ф628. ;)