Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: LordZi on 10.11.2009, Tuesday, 18:00:14
-
Едноставна шема, работи 100%. Неколку напомени - пазете на последните два дисплеја, свртени се наопаку (за да се искористат децималните точки), а инаку сите четири дисплеи се паралелно поврзани (a-a-a-a, b-b-b-b, c-c-c-c...итн.). Друга работа - јас ги поврзав дисплеите преку транзистори за да имаат поголем сјај и исто така едниот кондензатор кај кристалот го заменив со тример, за евентуално подесување на точноста (иако излезе дека не е потребно).
Страната со шемата и кодот
http://www.josepino.com/?led_clock
Мојата изведба
(http://pic.mk/images/saat.jpg)
-
Колку модерен си го направил саатот, браво
-
хе,хе, ова го најдов на "бувљак" за 20 ден., беше обичен саат со стрелки, на сликата не се гледа убаво ама горниот дел е топка, беше една несреќна портокалова боја со црни линии (за да личи на баскет), ама малце црн спреј го реши тоа 8). Исто така федерот беше подолг, ама пошто во топката го напикав и трафото за напојување заради стабилност го скратив.
Кога сме веќе кај "бувљакот" или таканаречен "пазар за стари работи" , сите што се од Скопје секој вторник и петок можат да го посетат, се наоѓа на отворено под Кале и се исплати да се отиде, може за бадијала пари да се најдат супер работи, на пример досега имам начекано неколку тороиди од по 200-300W, трансформатори, автотрансформатор(variac) и тоа исправен за неверојатни 100ден.!!!, големи електролти (>20.000uF), разни (не)исправни појачала, токи-воки, радија, мал милион ситнурии, плочки, делови и што уште не.
-
Браво браво супер изгледа, стварно на тој пазар има се и сешто ама одамна не сум го посетил
-
Од која страна е најблиску да се дојде таму на пример од центар?
-
Зависи од каде од центар и со што доаѓаш, јас на пр. ако одам со кола пред мостот Гоце Делчев вртам десно по улицата и паркирам негде на тротоар пред влезот од авто-полигонот, ако одам пешки поминувам позади Влада по пешачкиот мост преку Вардар и одма сум таму. Пошто пазарот работи негде до 12-13 часот, најдобро е да се оди околу 11 зошто има повеќе простор за пазарење, насабајле држат цена, ама па од друга страна има повеќе шанси најубавите работи да се веќе дигнати ;).
-
него ме насмеа, од кај тој израз бувљакот :D и што значи доколку значи нешто хехе
-
Бувљак доаѓа од српското "buvlji pijac" (на англиски "flea market"), или директно преведено на македонски болвји пазар ;D, а малце покултурно некои го викаат пазар за стари работи.
-
е фала ти за информацијата, сега може да му дадам име :) бар под име да го знам
-
Постарите скопјани го знаат уште и како "црв-пазар" ;D, пошто долго пред таму да има пазар за стари работи имаше (и уште има) масички каде што се продаваат црви, јадици и други рибарски тракатанци...
-
Навистина интересноо...:)
-
Najnovo !!!!!!!! ROMSTORE !!!!!
-
Хаха, RomStore :D
-
Мислам дека човекот мислеше на трговскиот Рамстор, ако не нека ме поправи. Само не го разбрав, што сакаше да каже, дали тамо има такви часовници или друго нешто?
-
Не, не: Ром како Ром (националност) :)
-
аааа што било ;D
-
ја па го викам цигански пазар...иначе да...се ке најдеш таму од игла до локомотива... 8)
-
ја па го викам цигански пазар...
Па да и тоа е :) Јас се прашувам, од каде ја "набавуваат" таа роба ? да не е од некоја депонија :o
-
од кај што ке ти текне од таму, те од канти те од одпади те од депонии од кај што ке смислиш од таму „набавуваат“ роба...
-
а може ли семата да ја постираш да не ја цртам ::) ако сакаш сепак
-
Шемата ја има овде, од некоја причина не можам да ја симнам како посебна слика, ако некој успее нека ја стави
http://www.josepino.com/?led_clock
а ако мислеше на плочката, ја немам пошто го правев на универзална плочка со дупчиња
-
ке може ли некој да ми каже кој програматор да го изработам за да го програмирам пиков ??? ??? ??? ???
-
JDM можеш ама зависи каква среќа ке имаш, кај многумина со истиот го програмирале пикот а еве кај мене не сака.
-
JDM ти е наједноставен за правење, а програмира се! ;)
-
кај мене не може да програмира 16F628, прво мислев дека е до пикот ама после купив и друг и па ништо... а не е ни до програматорот бидејки 16F84 го програмира без проблем. Пробав и со адаптерот и како и претходно па ништо :( сега имам 2 неискористени 16F628 и комплетно направена LED порака.
-
сеа малце се бунам не можам да ставам http://img294.imageshack.us/img294/7921/saat.png (http://img294.imageshack.us/img294/7921/saat.png) еве ја шемата и сеа ја правев на пцб ама незз како да ги поврзам останатите диспели http://img535.imageshack.us/img535/1491/saat2.png (http://img535.imageshack.us/img535/1491/saat2.png)
-
првите 2 дисплеи се паралелно поврзани секое со секое ноџе освем тоа со заедничката анода кое е за секој дисплеј е башка, вторите дисплеј се паралелно исто поврзани но треба обратно со првите да се поврзат, разгледај ја шемата вака не можам убаво да ти објаснам
-
Првите два дисплеја се нормално монтирани (со децималната точка доле), а последните два се обратно (со децималната точка горе), со ова се добиваат двете точки што трепкаат помеѓу саатите и минутите. Поврзувањето на дисплеите е многу едноставно, сите исти сегменти од четирите дисплеја се поврзани заедно, а-а-а-а, b-b-b-b, c-c-c-c, d-d-d-d, итн., само што последните два дисплеја се монтирани обратно.
-
ок ок сеа сватив 8)
-
колку пари те фати саатов ?
-
РОМСТОР ;D ;D ;D ;D
леле не сте нормални :D ;D
Од сега вака ќе го викам пазаров.
Инаку едно од имињата под кој е познат, мислам не го спомнаа е и „ѓубриште“.
-
саатов не ни кошта 500 денари!Дисплеите се 4*50 и ПИЦот!!
Инаку не сум чул дека бувлјакот така го викаат!
-
џавте пазар го викаат.
-
да највеќе така ;)
-
Освен пикот друго не купив пошто се си имав ;), така да не знам колу би коштал...
-
е ова таман за мене по пракса ми требаше, само што јас сам треба да ја пишам програмата а не да ја користам готовата :)
или во микро Ц или во микро бејзик ќе биде завис :)
-
ти требаше или уште ти треба??
-
ми треба сеуште
-
а што направци со програмот?
-
па треба да го пишувам ;D
-
имам пишувано програм за часовник кој ќе покажува саат,минути и секунди!Таа програма ја поставив само да ми ја прегледа некој и готова работа,тоа ете сам го направив и шема и програма сам пишував! :D
-
Браво, браво, има од кого да учиме за микроконтролери ;).
-
Toчно така.
Јас сакам да го направам овој часовник само гледам во насловот пише 16F84 or 6F628. E сега 16F84 зошто е шкртнат кога подоле за него има HEX фајл?
Има 3 различни шеми, вие по која шема правевте?
http://www.josepino.com/?led_clock
-
По првата, со 16F628, верзијата со 16F84 веќе не ја препорачуваат, затоа е шкртната. Пази на дисплеите, последните два се свртени наопаку (со точката нагоре). :)
-
По првата, со 16F628, верзијата со 16F84 веќе не ја препорачуваат, затоа е шкртната. Пази на дисплеите, последните два се свртени наопаку (со точката нагоре). :)
фала за информацијата, имаш реп+. Првата шема е наједноставна и е супер, во тој случај тој отпорник 10k го тргам.
(http://pic.mk/thumbs/llllllllll.jpg) (http://pic.mk/?v=llllllllll.jpg)
-
Јас наместо едниот од кондензаторите кај кристалот ставив тримерче за да ја подесувам точноста, ама излезе дека нема потреба, како го ставив на средина не сум го мрднал ;D
-
Аха, значи и без тој тример (како што е шемата) точно ке иде часовникот и нема да касни или брза?
-
според вас кај би можел да најдам убави дисплеи (квалитетни )така по големи какви што се на lordzi и дали знаете колку би ме чинеле ?
-
во Логинг имаш!Цена 50 денари! :D
-
Аха, значи и без тој тример (како што е шемата) точно ке иде часовникот и нема да касни или брза?
Да, а и да иде напред/назад тоа е многу малку и се приметува после подолг период, на пр. пола минута на неколку месеци.
-
на шемава не се обележани сите елементи со колкав капацитет се или негде на друго место ги има ?
конензаторине после кристамлот од 4мх со колкава вредост требада бидат ?
(http://pic.mk/images/llllllllll.jpg)
-
22-30pF во тие рамки да се
-
22-30pF во тие рамки да се
Aма ако е 22pF да не касни или брза?
Денес барав 30pF ама нема ни во Логинг ни во ASWO, па да не знае некој каде има?
АКо не најдам 30pF, дали може со два 15pF паралелно поврзани да се добие 30pF?
-
Не ти препорачувам да ги ставаш паралелно, а ако не се снајдеш јас ќе ти дадам такви кондензатори ;)
-
и ја барав нема :-\
-
Не ти препорачувам да ги ставаш паралелно, а ако не се снајдеш јас ќе ти дадам такви кондензатори ;)
Фала ти за понудата, ако не најдам уште во БТ и ГАЦ тогаш ке те побарам :)
-
Не ти препорачувам да ги ставаш паралелно, а ако не се снајдеш јас ќе ти дадам такви кондензатори ;)
Фала ти за понудата, ако не најдам уште во БТ и ГАЦ тогаш ке те побарам :)
Во гац ќе најдеш тоа гарант. ;D
-
Скапи се :o
-
што се скапи??? кондензаторчиња од 30pF?? ако ги има до кај 7 денари би биле...
-
абе не мора 30пФ може до 22п да се
во тие граници, а со ним нема ни да касне ни да брза, односно зависи од тоа како е испишан програмот дали му се софпаѓаат тоа кодовите со кристалот пр. ако е напишан за 4мхз а ти ставаш 8 сигурно дека ќе брза :)
-
де бе некој мајсотр за телевизори немате ли по тоа скопјето... ја таму си идам на шопинг најефтино ми е... Ако не ти даде еден тон кондензатори од по 30p.....
-
колку ти ги даваат??
-
22-30pF во тие рамки да се
Aма ако е 22pF да не касни или брза?
Денес барав 30pF ама нема ни во Логинг ни во ASWO, па да не знае некој каде има?
АКо не најдам 30pF, дали може со два 15pF паралелно поврзани да се добие 30pF?
Тие кондензатори се за стабилизација на осцилаторот, нема врска со нив дали ќе брза или нема да брза, пошто тактот си е во секој случај 4 Mhz и го диктира кристалот..
-
колку пари е пикот и кристалот ???
-
пикот е 130 (или 160 беше, не ми текнува) во логинг (таму е најевтин како што знам) а кристалот во гац е 50 денари..
-
а како се десило со пикот во логинг да е најефтин
-
125 денари во алфа, 20 денари кристалот
-
а како се десило со пикот во логинг да е најефтин
и јас тоа се чудам...
-
за све има првпат колеги :D
-
вака денес земав ја направив шемата ја проектирав на pcb е сеа само не ми е јасно како ке ги поврзам диплеите пошто никат не сум ни поврзувал дисплеи :)
какви диплеи да барам во логин ? со заедничка анода ,кадода ? или не е битно тоа ?
исто така тука пиновите се обележани со a,b,c,d,e,f,g,dp на дисплејот кој пин би му дошол a,b,c,d,e,f,g,dp ?ја како што сватив би требало првиот да се поврзе директно од плочка а сите други паралелно со тоа што последните два обратно ?
еве ја мојата изведба
(http://i1223.photobucket.com/albums/dd502/dariophoto1/digital%20clock/th_semaaaa.jpg) (http://s1223.photobucket.com/albums/dd502/dariophoto1/digital%20clock/?action=view¤t=semaaaa.jpg)
(http://i1223.photobucket.com/albums/dd502/dariophoto1/digital%20clock/th_lllllllllleeee.jpg) (http://s1223.photobucket.com/albums/dd502/dariophoto1/digital%20clock/?action=view¤t=lllllllllleeee.jpg)
идев по оваа шема се надевам таа е истата по која го работесе лорзи?
http://img294.imageshack.us/img294/7921/saat.png (http://img294.imageshack.us/img294/7921/saat.png)
-
(http://blog.fupps.com/wp-content/media/2009/jp-7_segment_display_labeled.jpg)
ете ти кои се а,б,ц... контакти на дисплејот, а за како се поврзуваа...е тоа незнам...
-
вака денес земав ја направив шемата ја проектирав на pcb е сеа само не ми е јасно како ке ги поврзам диплеите пошто никат не сум ни поврзувал дисплеи :)
какви диплеи да барам во логин ? со заедничка анода ,кадода ? или не е битно тоа ?
исто така тука пиновите се обележани со a,b,c,d,e,f,g,dp на дисплејот кој пин би му дошол a,b,c,d,e,f,g,dp ?ја како што сватив би требало првиот да се поврзе директно од плочка а сите други паралелно со тоа што последните два обратно ?
еве ја мојата изведба
(http://i1223.photobucket.com/albums/dd502/dariophoto1/digital%20clock/th_semaaaa.jpg) (http://s1223.photobucket.com/albums/dd502/dariophoto1/digital%20clock/?action=view¤t=semaaaa.jpg)
(http://i1223.photobucket.com/albums/dd502/dariophoto1/digital%20clock/th_lllllllllleeee.jpg) (http://s1223.photobucket.com/albums/dd502/dariophoto1/digital%20clock/?action=view¤t=lllllllllleeee.jpg)
идев по оваа шема се надевам таа е истата по која го работесе лорзи?
http://img294.imageshack.us/img294/7921/saat.png (http://img294.imageshack.us/img294/7921/saat.png)
Да не се повторувам по стопати, пошто поврзувањето на дисплеите е малце специфично, имам на претходните страни убаво објаснето како треба, прочитај ја целата тема и нема да имаш проблеми ;)
-
бојан фала за објаснувањето со дисплеите , лорзи најдовјасно ми е како да ги поврзам
само незнам сеусте какви дисплеи да барам со заедницка анода ?
-
Првите два дисплеја се нормално монтирани (со децималната точка доле), а последните два се обратно (со децималната точка горе), со ова се добиваат двете точки што трепкаат помеѓу саатите и минутите. Поврзувањето на дисплеите е многу едноставно, сите исти сегменти од четирите дисплеја се поврзани заедно, а-а-а-а, b-b-b-b, c-c-c-c, d-d-d-d, итн., само што последните два дисплеја се монтирани обратно.
-
каде да го поврзам плусот ;D ???
-
на напојување мислам дека треба...
-
............ мислам ?
Пишувај кирилица!
-
не е на напојувањето, на шемата има кај се поврзуваат, се поврзуваат на микроконтролерот...
-
Да не му треба на некој одмор од 1 до 7 дена? Сакам да се пише исклучиво на кирилица. Новите членови и тие што немаат можност да користат кирлица ги разбирам ама стар член што до сега пишел на кирлица а сега почнал одвреме навреме да си пише латиница не го сваќам.
Извинете за офф топикот, постов ке го избришам (заедно со латиничниот) штом ке го види членот
-
најдов најдов си пишува убаво на шемата
-
Ако стигнам вечерва ако не до петок ќе биде завршен часовников ;)
-
Ако стигнам вечерва ако не до петок ќе биде завршен часовников ;)
што бидна со часовникот?
вие што го имате веке направено часовникот, како го напојувате? ако е со батерија вероватно многу брзо ке се потроши, ако е на стрија со адаптер при снемување на струја или пак несакајки некој ако го исклучи адаптерот ке се исклучи и часовникот, дали имате некоја финта направено, ако снема струја да се префрли на батерија за привремено ?
-
лорд зи го има направено со трансформаторче во кутијата ставено а да се изведе така со батерија да префрла ке дојде нешто како упс мислам со транзистор и реле може само незнам со кој имаше на форумов негде сакаа да прават упс за комп :D :D :) ;)
-
мислам со транзистор и реле
само тоа?
-
Колку е ценава на пикчево?Во логинг,гац и БТ?
-
во ГАЦ е најскапо, јас го купив 230 денари, во логинг е поевтино за 50 ден. провери за тазе инфо
-
Не ми се верува колега во логинг пикот да е најефтин нели тие се најскапи во скопје :D
-
мислам дека пиковите им се најефтини во логинг
-
во Логинг имаат многу работи кои вредат,а во другите продавници не им се квалитетни!
-
со часовникот ништо не бидна :)
требаше денес ама немав време и остана така, плочите ми се готови само да залемам деловите :)
-
е па ајде леми учисе вежбај :D :D ;D ;Dхахахха
-
учам јас вежбам работам вие до кај сте :)
-
остајне нас не бива само за растурање хахахха ти склопи нешо остајне нас ;D ;D ;D ;D :D :D ::) :P
-
го изработувам овој часвник, вие што го имате направено ме интересира дали вторите два дисплеја иако се свртени наопаку (зарди точката) Б си е пак Б само што, кога ке го свртам наопаку Бто ке си биде доле десно а не горе лево како кај првите два дисплеја.Односно дали софтверот е така направен да вторите две бројки ги покажува обратно па затоа ги вртиме дисплеите обратно? Ова вака го разбрав од вашите постови. Само ме интересира дали е 100% така или погрешно сум разбрал.
Фала однапред :)
P.S. мислам вака како на сликата
Напомена: дисплеите се нацртани како да ги гледате од позади од кај жичките. Точката е h = H
(http://pic.mk/thumbs/copyofledd.jpg) (http://pic.mk/?v=copyofledd.jpg)

Да, баш така е како што мислиш, иако се свртени дисплеите поврзувањето е исто (aaaa, bbbb,...), а софтверот последните два броја ги покажува обратно ;) :)
-
супер, фала ти многу, имаш пер+ :)
-
A може наместо PIC16F628,да се стави PIC16F628А?
-
A може наместо PIC16F628,да се стави PIC16F628А?
да ќе работи и така!
-
Во шемава за часовникот, подоле има некоја модификација со LED драјвери и ги пише како 4050, па дали некој знае под кое име да ги барам овие чипови?
-
Во шемава за часовникот, подоле има некоја модификација со LED драјвери и ги пише како 4050, па дали некој знае под кое име да ги барам овие чипови?
Па под 4050, 4000 фамилијата на логички кола се C-MOS фамилија на логички кола, а буквите напред само го означуваат производителот, така да барај ги само како „логичко коло 4050“ ;).
-
ok фала за одговорот, сега видов дека може да се користат и 74HC541
па према вас кои ЛЕД драјвери се подобри, овие или 4050?
-
ok фала за одговорот, сега видов дека може да се користат и 74HC541
па према вас кои ЛЕД драјвери се подобри, овие или 4050?
7000 серијата на логички кола е TTL, 4000 серијата е C-MOS, секој тип на фамилии си има свои предности и недостатоци. Мада мене лично ако ме прашуваш, барем кога станува збор за LED драјвер и за некој уред кој не бара голема брзина (такт) на работа, а треба да даде доволно голема излезна струја (како во случајот на LED диодите), би избрал TTL логичко коло, односно логичко коло од 7000 фамилијата. Не се осeтливи на статички електрицитет и можат да дадат поголеми излезни струи одколку C-MOS колата ;). Ако треба колото да игра клучна компонента во некое дигитално коло кое има висока фреквенција (такт) на работа, би избрал C-MOS логичко коло, побрзи се и имаат поголем излезен напон Vpp на сигналот ;).
-
пократко речено,од тебе зависи!Но ја да ти кажам земи ги тие од серијата C-MOS,тие мене ми се поквалитетни,дека кога правев јас за натпревар еден проект овие од TTL серијата одма ми прегоруваа. :D Одма да ти кажам стави CD4050!
-
вака мене скоро ми е изработен часовников само нешто ме буни , дали сите децимални точки треба да бидат поврзани ??? или само тие двет во средина ? и нашемата што ја има поставено DX-er пинот G не е паралелно поставен на сите 4 лед дисплеи туку првина е G-G .....G-G така треба или несто му е згрешено ?
http://pic.mk/?v=copyofledd.jpg
Кодирај линкови !!!
Како да кодирате линкови (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=92.0)
-
се едно е, можеш и сите точки или само едната
-
а за точката G ?
се извинувам за не кодираниот линк :-\
-
сите поврзи ги паралелно,а за напојување на дисплејот кој заеднички минус користи го(долен или горен) кој сакаш!
-
фала :)
-
го програмираше ПИКот?
-
токму така со помш на сколс програмиран е пикот, саатот го пробав све си функционира како што треба и минути и саати само има еден проблем :-\
На секој дисплеј по еден сегмент цело време свети односно сегментот A и незнам што е проблемот што све не направив и цело време свети знае ли некој некое чаре ??? ???
-
дали провери за спој, провери на кој пин од колото се добива цело време
да не ти е рикнат тој излез од пикот :)
да не не е убаво испрограмиран провери го пак
-
ти кажав направи ја одпоново плочката за ЛЕД дисплите и со оние лежишта одвои ги ЛЕД дисплејите
од плочката.
ПС.Направи нова плочка и нека бидат дисплеите еден до друг.
-
skols шемата е добра све работи како што реба не е до тоа
Споено мислење: 18.12.2010, Saturday, 20:23:14
дали провери за спој, провери на кој пин од колото се добива цело време
да не ти е рикнат тој излез од пикот :)
да не не е убаво испрограмиран провери го пак
За спој проверив нема нигде шемата е све во ред направена незнам што е работата 100 пати проверив мозно ли е да е до пикот :-\ ?
-
Да не си промашил поврзувањето на дисплеите?
-
не не добро се поврзани 100 пати проверив
Споено мислење: 19.12.2010, Sunday, 13:07:39
саатот е направен работи.....
проблемот бил во тоа сто маса и - биле споени сега е све во ред
ccc влатко влатко зарад тебе ке го искрсев за малце друг пат не те слушам >:(
-
мислиш едната маса,таа на тастерите преку отпорниците не била споена со заедничка маса,
си заборавил да ги поврзеш.Ај доби петка сеа една и ќе частите и двајцата за програмирањето!! ::) ;D ;D
-
Jejj и јас го направив саатот,работи супер ;D.Од прва проработе,и без ни една грешка го залемив 8) :D.Исто така ја го правев со PIC16F628A,за случајно некој да не се мисли дали работи и со другиот пик ;) ;D
-
е добро тој си е пикот во шемата...
-
Jejj и јас го направив саатот,работи супер ;D.Од прва проработе,и без ни една грешка го залемив 8) :D.Исто така ја го правев со PIC16F628A,за случајно некој да не се мисли дали работи и со другиот пик ;) ;D
Епа супер, ај честито ;D, дај некое сликиче да го видиме :) ;)

Уште да имав апарат :'(,иначе (според мене :D) супер е направено и е сместено во едно мало кутиче од логинг,од порано што сум го купил,работи се добро,само што не ставив транзистори и малце ме шупчи кога ќе трепнат точките brightness-от на дисплеите се преполовува ама не се приметува многу ама ако си блиску се приметува,чудно.Мерев струја кога влече,вика дека 67-73mA влече,зависи колку црти светат на дисплеите,а го напојувам со 9V исфилтриран напон 200mA ;D
-
Епа стаи си транзистори, не биди стипса сега кога си го направил веќе ;D ;)
-
Епа стаи си транзистори, не биди стипса сега кога си го направил веќе ;D ;)
Нејќам да го дирам :D,дека еднаш асално нешто да направам и да работи надвор од кутија и во кутија :D,ама ќе видам ќе ставам изгледа дека е малце annoying,aма ќе правам уште едно за кај мене во работилница.Исто ми се свиѓаше што можеш да бираш дали сакаш дисплеите да бидат CC или CA.Него дај некој од нашиве програмери ;D,да ја репарираат тоа програмата ако може,да покажува онака 23 часот,00 часот,да не оди до 12,ама не е битно и вака е добро :D.Друго да прашам,ако ставам кристал со друга фрекфренција пример 20MHz ќе биде во секунди и стотинки? :D
-
времето ке врти побзо...барем тоа прикажаното ке биде ептен брзо, дека програмата брои импулси од кристалот и после одреден број импулси се менуваат минутите....
-
Ако ставиш некој поголем кристал односно поголема фреквенција,може да дојде до грешка при работењето на саатот.Нема да прикажува стотинки ни десетинки само може грешка да има,на пример да прикаже дека 12часот а тоа е 13.Исто така како што викаат дека имало во година правел грешка од 1мин. овој со поголем кристал ќе прави 1час грешкаХАхахаа ;D ;D
Кристалот е срцето на микроконтролерот,за одреден такт се извршуваат наредбите кој програмерот му ги наредил.
ПС.Убаво тебе ќе ти биде да срцето ти чука 20 удари во сек. а не 1,5(тука нешто е).Има одма да цркнеш :P

Ахаа сега знам :D.Него можеш ли ти да направиш да оди до 00 часот,како што е стандардно а не до 12часот,знаеш тоа,тешко е,лесно е,изводливо,неизводливо? :)
-
гледам овој Џосефино е американец,тие нели одат ПМ и АМ имаат.Па ми можело да се преправи овој код да прикажува 24 наместо 12(Ам или ПМ незнам што беше што :P) би требало да се направи
-
гледам овој Џосефино е американец,тие нели одат ПМ и АМ имаат.Па ми можело да се преправи овој код да прикажува 24 наместо 12(Ам или ПМ незнам што беше што :P) би требало да се направи
Еииии, не зезај, часовников покажува AM и PM, готово одма го правам ;D, добро, не одма, ама шом најдам повеќе слободно време, јас само така можам да гледам на часовник, кога ќе ми каже некој дека е 18 часот, врска немам колку е часот, или на аналоген, или на дигитален со AM/PM се снаоѓам ;D.
А има ли часовников аларам да можам да наместам, и ако има, каков звук вади, некој навситина annoying (дека мене друго не ме буди ;D)?
Ова со AM/PM навистина ме заинтересира, стварно, никаде не можам да најдам дигитален часовник кој покажува време во AM/PM, многу гласно ѕвони (да има едно барем 5, 6W моно засилувач во него со некое адекватно високотонче) и да вади многу непријатен звук кога ѕвони ;). Ако може така да се изведе овој часовник, ова е за мене ;D.

Eпа гига ова му е мајката,земи еден саат од пазар и репарирај го! ;) :D
World's Loudest Alarm Clock! (http://www.youtube.com/watch?v=8zEH5GxPNO8#ws)
-
Eпа гига ова му е мајката,земи еден саат од пазар и репарирај го! ;) :D
Да, ама кај нас сите покажуваат без AM и PM, покажуваат според „Европскиот“ стандард, мене ми теба некој кој покажува со AM и PM колку е часот, така сум навикнат да го гледам времето :S.
-
Знае некој зошто се користи кристал 4MHz кога самиот пик си има свој кристал (осцилатор) ? Баш го гледав Hex фајлот и гледам дека може да се активира внатрешниот кристал. Па ако го активирам и го направам часовникот без надворешен кристал ке работи ?
-
Па ако го активирам и го направам часовникот без надворешен кристал ке работи ?
Па по некоја логика, би требало ;).
-
Па озбилно, со тоа би се заштедиле 40 денари за кристал...
-
Па озбилно, со тоа би се заштедиле 40 денари за кристал...
Да де, прави логика, само што треба да најдеш кои се registry switches за да се активира 4МHz-ниот кристал во PIC-от ;).
-
сега е вака
(http://pic.mk/thumbs/11296007074.jpg) (http://pic.mk/?v=11296007074.jpg)
а треба да се направи вака
(http://pic.mk/thumbs/21296007076.jpg) (http://pic.mk/?v=21296007076.jpg)
Друго мислам дека нетреба да се менува
-
Па да, би требало само тој registry fuse/switch да се активира ;).
-
тој клок не е стабилен, затоа се користи кристал дека неговата фреквенција е многу по стабилна за разлика од внатрешниот осцилатор...
-
Внатрешниот е осцилатор а не и кристал ? Нема кристал внатре ?
-
Нема Dx-er .... Oбичен осцилатор е ;)
-
хмм па тогаш што е разликата измеѓу 16F84A и 16F628А ? Ја мислев дека само 84ката нема кристал а 628ката има.
-
тоа е разликата, и има и поголема меморија, а внатрешниот осцилатор обично се користи за работи кои не им е многу битен тактот, на пример како тоа лед срцето од борче, или такви некои работи...
(иначе зборам за 628)
-
видете не сте разбрале вие нешто убаво
значи внатрешниот осцилатор цело време осцилира, а надворешниот се користи за да се стабилизира внатрешниот, значи ако сакате прецизност мора да го ставите надворешниот, е сега ако правите некој сат на пр. и го користите внатрешниот само нема да забележите некоја голема промена, ама ако го оставите саатот на пр. 1 година да работи ќе видите дека или брза малку или па доцни малку :)
кај 628 добро е тоа што ја имаа таа функција да може само внатрешниот да се користи, што не е случајот и кај 84-та, ова се должи на подобрите перформанси и потребата за повеќе влезноизлезни порти кај 628-та што мислам дека супер му е направено :)
-
така е,84 нема внатрешен осцилатор.Тој работи со надворешен само.
И Дексер ти ако сакаш да го смениш осцилаторот т.е. да направиш да работи со внатрешниот осцилатор 628 нема да работи,дека треба да се пише во програмата.Ако не пишеш нема да работи,ако го имаш кодот(source code) може да смениш да работи со внатрешен осцилатор.Вака нема,ако менуваш во програматорот. ;) :D(тоа погоре сликите за менување на внатрешен од надворешен)
-
така е,84 нема внатрешен осцилатор.Тој работи со надворешен само.
Чекај 84ка нема осцилатор внатре па му треба надворешен, а надвор се става само кристал, а кристалот не е осцилатор туку филтер :)
-
има и 84-та, ама тој е па премногу не стабилен и мора да има надворешен за да се усогласи програмата со тактот, пошто ти во програмата ќе наместиш пр. 4MHz такт, ама овај ти осцилира со 5MHz со што ќе ти работи побрзо, а може да се случи и да прескокнува чекори, мене така ми се имаше случено со една 84-ка не работеше правилно заради тоа што не ми беа усогласени :)
-
ке може ли овој саат да се напојува со полнач за мобилен телефон ? или ке прегори пикот ;D ако не може со полначот дајте некоја понуда како да направам некое напојување за овој саат ;D
-
Ако полначот дава 5 волти, тогаш може, нема зошто да прегори.
Само треба да провериш колку струја троши уредот и дали полначот може да даде доволно струја.
-
5v и 500ма а не верувам саатот да троши повеке од 100-200ма, ова го прашувам бидејки еднаш прегорев еден пик така, ама изгледа не беше баш 5в тој адаптерот и отиде пикот ;D ;D
-
ако е точно 5V да не надминува 5.5V тогаш можеш да го користиш...
-
Може проверено! Јас го користев со полнач (5V од мобилен)