Македонски форум за електроника

Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: SKOLS_OLD on 30.09.2010, Thursday, 16:51:29

Title: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 30.09.2010, Thursday, 16:51:29
Купувам РС232 во УСБ конвертор!!
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 30.09.2010, Thursday, 16:53:21
Mislam imam vo dukan.Ke ti javam posle i kolku pari e! Izvinite za latinicata - vo brzanje sum
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 30.09.2010, Thursday, 16:56:00
ок само цена молам да ми кажеш!
А мене ми треба само плочка не во пластично кутивче!!
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 30.09.2010, Thursday, 22:33:53
 RS232 to USB конверторот е во вид на кабел  на кој има и електроника во појачување на кабелот.Во комплетот има и ЦД кое се инсталира за да функционира конвентерот.Цена 480 денари
ЛПТ1 то УСБ конвертор ( за печатари обично!) е 420 денари.
*ТРЕНД компјутери * Велес ,спроти Гимназијата и Хемиското училиште
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 01.10.2010, Friday, 05:23:02
ЛПТ1 то УСБ конвертор ( за печатари обично!) е 420 денари.
*ТРЕНД компјутери * Велес ,спроти Гимназијата и Хемиското училиште

Го препознава под XP или Server 2003 (или Win 7, Vista, не е битно) како виртуелна LPT порта или виртуелен печатач?
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 01.10.2010, Friday, 07:25:24
мене не ми треба како кабел,ми треба како мала плочка на нејзе да е серискиот порт и УСБ портот!За еден проект ми е по електроника снимач на  разговор од телефон!
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 01.10.2010, Friday, 16:33:03
Познава и Виста и седмица,како виртуелна порта.Како плочка не сум видел,ако така размислуваш најди некоја *двојка* со матична на која има РС232 порт. Иначе, без компликации ,не знам што смераш ама има други решенија за снимачот - дури може да користиш и софтвер,а снимањето може да оди и мрежно  ;) :D
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: MarkoMK on 01.10.2010, Friday, 17:49:11
ЛПТ1 то УСБ конвертор ( за печатари обично!) е 420 денари.
*ТРЕНД компјутери * Велес ,спроти Гимназијата и Хемиското училиште

Го препознава под XP или Server 2003 (или Win 7, Vista, не е битно) како виртуелна LPT порта или виртуелен печатач?

Најверојатно како принтер само, а не како LPT порта.

Јас имав проблем со тоа.., купив LPT то USB конвертор заради тоа што имам PIC програматор кој е на LPT, и не ми профункционира. После дознав дека тој конвертор е ИСКЛУЧИВО за принтери, за ништо друго.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 01.10.2010, Friday, 17:59:54
мислиш УСБ во ЛПТ порт!?
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 01.10.2010, Friday, 20:14:42
мислиш УСБ во ЛПТ порт!?

Да, мислам дека на тоа мсли, пошто и на мене ми треба истото, да го препознава USB device-от не како USB принтер туку како виртуална LPT порта, зашто и јас така се имам зезнато :S (си купив конвертор и го инсталирав драјверот и гледам после дека чипот го препознава како USB принтер). За разлика од виртуелните LPT порти што се на USB, виртуелните COM порти ги препорнава најнормално како COM порта (RS-232), не знам зошто е вака решен проблемот, но тоа е тоа :S.

Инаку има го Loging PCI картции со по 2 COM порта и 1 LPT порт на нив, само што се изгор скапи, околу 1500 денари мислам дека се, освен таму на друго место all-in-one (LPT заедно со две COM порти) PCI картичка немам начекано, или се само со COM посрти или само со LPT порт :S.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: MarkoMK on 01.10.2010, Friday, 21:11:01
Да, мислам дека на тоа мсли, пошто и на мене ми треба истото, да го препознава USB device-от не како USB принтер туку како виртуална LPT порта, зашто и јас така се имам зезнато :S (си купив конвертор и го инсталирав драјверот и гледам после дека чипот го препознава како USB принтер). За разлика од виртуелните LPT порти што се на USB, виртуелните COM порти ги препорнава најнормално како COM порта (RS-232), не знам зошто е вака решен проблемот, но тоа е тоа :S.
И јас на тоа мислев  :)

Инаку има го Loging PCI картции со по 2 COM порта и 1 LPT порт на нив, само што се изгор скапи, околу 1500 денари мислам дека се, освен таму на друго место all-in-one (LPT заедно со две COM порти) PCI картичка немам начекано, или се само со COM посрти или само со LPT порт :S.
И јас имам некои такви картички од стари компјутери, ама изгледа на ISA беа  :( :(
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 01.10.2010, Friday, 21:13:05
И јас имам за на ISA, немам за на PCI, тоа е проблемот :S. Што ќе ми е за на ISA или EISA кога PIII-ките и PII-ките и онака имаат LPT и COM порти onboard, ми треба за CoreQuad-ов :S.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 02.10.2010, Saturday, 12:18:50
затоа кога ќе зимате лап топи не зимајте некој што нема ни принтерски порт камоли УСБ порт(имаат помалите лаптопи УСБ порти) затоа соберете неколку илјадарки и земете си некој лап топ од 50 илјади,да не ве јаде послем совеста! :o ;D
ПС.Ова важи за тие што имаат лап топи без принтерски порт :P
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 02.10.2010, Saturday, 15:37:21
Проблемот за печатар се решава со тој кабел,ама момчево бара Рс232 на УСБ!! Ако е за сериски,прашањето е само што ке врзе на тој сериски порт,кога ке го вклучи кабелот на УСБ?Точно е дека сите уреди врзани на сериски порт кој е врзан на УСБ од компјутер,не функционираат.Ама проблемот е веројатно што тој ги помеша работите: сака својот ОКИ печатар да го врзе преку ЛПТ1 на УСБ на компјутерот.Пак велам ,проблемот со печатарот ти е во драјверите!!
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 06.10.2010, Wednesday, 16:11:44
Иначе имам и интерна плочка ИСА на ПСИ ,само 360 денари е.ПИК програматор не можеш да поврзеш преку ваков кабел,пишува за тоа на многу места.А и ВИН 7 има проблем со некој вакви додатоци!
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 07.10.2010, Thursday, 00:24:24
Иначе имам и интерна плочка ИСА на ПСИ ,само 360 денари е.ПИК програматор не можеш да поврзеш преку ваков кабел,пишува за тоа на многу места.А и ВИН 7 има проблем со некој вакви додатоци!

Која цена се PCI картиците со LPT и COM порт на нив ?
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 07.10.2010, Thursday, 08:18:41
Немам картици,само кабли.Ако ти е за печатар вршат работа.РС232 има проблем со некој уреди.Драјверите кои идат со кабелот на Виста и Седмица прават проблеми со некои уреди.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 07.10.2010, Thursday, 13:01:04
Значи да си ја купам таа од Loging од 1300, тоа е тоа :S... а на net сум гледал вакви картици и по 6, 7 USD :S.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: Devil on 07.10.2010, Thursday, 14:08:54
доколку имате постари компјутери на матичните има пинови кај што се поврзуваат сериските порти преку кабле
јас така имам додавано на компјутер повеќе порти, кај поновите мислам дека нема таква можност, некои имаат само за усб хуб
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 07.10.2010, Thursday, 15:29:23
најдов РС232 во УСБ конвертор во Еми медиа,но моментално немале!Затоа на друго место дали може да ми кажете каде да барам!??
ПС.Во Еми медиа конверторот не бара софтвер
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: Malecko on 07.10.2010, Thursday, 15:32:57
најдов РС232 во УСБ конвертор во Еми медиа,но моментално немале!Затоа на друго место дали може да ми кажете каде да барам!??
ПС.Во Еми медиа конверторот не бара софтвер

А која цена е,има едно еми медиа и кај мене во аеродром па ќе прашам ако имаат ќе ти кажам. ;) 8)
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 07.10.2010, Thursday, 18:54:56
најдов РС232 во УСБ конвертор во Еми медиа,но моментално немале!Затоа на друго место дали може да ми кажете каде да барам!??
ПС.Во Еми медиа конверторот не бара софтвер

На USB ли е, зошто јас барам на PCI затоа :S.

Ако има некој картица за на PCI слот (или знае каде може да се купи по прифатлива цена) со LPT и два COM порта на неа, нека пише на topic-ов или нека ми пише PM ;).
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 13:29:08
Гигават ке побарам:Ако на плочата имаш конектор за 232, имам како што реков каблиња кои се прилкучуваат на матична и се поставуваат(со  штрафење!) позади на кукиштето.За тоа не треба драјвери. :D Имам и една плочка во кршот ,мислам дека е за ПСИ, ама пак со кабли се вадат приклучоците (9-ка и 15-ка) позади на кукиште.Ке погледнам во вторник што имам.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 10.10.2010, Sunday, 14:39:44
Гигават ке побарам:Ако на плочата имаш конектор за 232, имам како што реков каблиња кои се прилкучуваат на матична и се поставуваат(со  штрафење!) позади на кукиштето.За тоа не треба драјвери. :D

Знам, знам, и јас имам таков кабел, и знам дека не се потребни драјвери, во принцип постои device-от, но не е врзан со кабел на задната плоча од PC-то, јасно ми е тоа ;). Проблемот е што мојата матична плоча нема таков device onboard (нема LPT или COM контролер), тоа е проблемот :S. Е сега па нешто друго ме мачи, ај погледнете ја сликава подолу и ќе ви стане јасно.

(http://img842.imageshack.us/img842/3850/shot0095r.jpg)

Јавува дека има некаков си COM порт, ама најверојатно го користи за интерна употреба тој порт матичната плоча, за комуникација меѓу некои два device-а, а не и за надворешна комуникација. Ова е претпоставка се разбира, но ја имам прелистано документацијава на матичната плоча (Abit IB9) 100 пати, и никаде не пишува дека има LPT или COM контролер инсталирано на матичната плоча. Плус, некако не ми прави логика да монтираат само еден чип кој е COM контролер, никаде немам видено такво нешто, обично тие чипови се со еден LPT и два COM контролери, или евентуално еден COM и еден LPT контролер, никогаш немам видено да се монтира чип со само еден COM контролер :S, нема логика. Поради тоа мислам дека станува збор за контролер кој најверојатно е дел од northbridge-от, но се користи исклучиво за интерна употреба. Ги проверив сите можни влезно/ислени порти од матичната плоча, никаде не пишуваше RS-232. Само си ги искористив ушет 6-те onboard USB контролери кои доаѓаат onboard заедно со матичната плоча (со кабелчиња ги врзав за задната страна на PC-то).

Имам и една плочка во кршот ,мислам дека е за ПСИ, ама пак со кабли се вадат приклучоците (9-ка и 15-ка) позади на кукиште.Ке погледнам во вторник што имам.

Е тоа навистина би ми свршило работа ;), нема везе што се врзуваат со кабли, имам слободни „слотови“ за картици на задната страна од куќиштето, не е проблем ;). И јас таа PCI картица што ја најдов во Loging беше со само еден LPT и еден COM порт на самата картица, другиот COM порт се врзуваше со каблече за плочката, па после се додава под или над самата плочка (на оние стандарднине задни приклучоци на куќиштето, оние кои треба да ги кршиш за можеш за прв пат да ставиш некоја нова PCI картичка или графичка карта, што и да е ;)). Значи како што реков, не е проблем, имам слободни „слотчиња“ на задната страна на куќиштето, немам LPT и COM контролер на матичната плоча :S, а „радо“ би жртввувал и три „слота“ ако треба, само да имам LPT и COM контролер на куќиштето (што да правам, го превидов овој момент кога го купував копјутерот :S).
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 15:56:06
Не си ти прв!! ;D ;D На сите,особено ако земаат офис конфигурација им кажувам дека немаат сериски и паралелен порт и да мислат каков печатар ке приклучат.Повекето се одлучуваат за нов печатар на УСБ порт,освен ако не им треба *трактор* за книговодство.Добив еве два ЕПСОН ЛКУ 570+ на поклон затоа што не можеа да ги користат на ПК,па си купија ласерски! :D :D ;)Ке ти јавам во вторник,ама мислам дека се моташе некоја плочка.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 10.10.2010, Sunday, 15:59:21
Батка дали имаш некој лап топ поволен по ефтина цена со принтерски порт!Хитно ми треба да не ти се наоѓа некој??
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 16:11:41
Има еден IBM,ама не е исправен.Претпоставувам дека има проблем со матичната.Веројатно е прегорен делот за полнење ( му ставиле адаптер со поголем напон!),а може би има и нешто друго...
Немам моментално ништо евтино на лагер.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 10.10.2010, Sunday, 16:13:11
ако најдеш нешто те молам да ме контактираш дека ми е потребен многу еден лап топ!
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 16:22:57
Moже ли да биде некој П1 ММХ ,битна ли е некоја карактеристика,освен ЛПТ порт?

Споено мислење: 10.10.2010, Sunday, 16:29:23
ГигаВат стварно нема ништо на плочата! Го имаш ли мануелот за неа? Околу сто страни е...
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 10.10.2010, Sunday, 16:33:58
Moже ли да биде некој П1 ММХ ,битна ли е некоја карактеристика,освен ЛПТ порт?

Споено мислење: 10.10.2010, Sunday, 16:29:23
ГигаВат стварно нема ништо на плочата! Го имаш ли мануелот за неа? Околу сто страни е...
Појак некој ако може да најдеш!!Дека сакам да го користам во подрум и долг да му биде векот! ;D
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 17:11:48
Ако нешто испадне,добро.Имам две двојчиња,комплет за интернет.Едниот е со 3,5 Гб хард 128РАМ ,ХР тера,звучна.мрежа... со 15 инчи монитор,тастатура,глушец - 1500 ден.,Другиот е со 10 Гб НДД ,466 процесор,128РАМ,ХР;мрежна .звучна, комплет со 17 инци КОМПАК монитор - 2500 ден.Двата имаат сериски и паралелен порт  ;D ;D ;D ;D
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 10.10.2010, Sunday, 17:40:45
ГигаВат стварно нема ништо на плочата! Го имаш ли мануелот за неа? Околу сто страни е...

Имам прочитано се што е можно од документација и сум се утепал од шетање по форуми барајќи договор дали има било каков тип на LPT или COM порт onboard на матичната плоча, преку било каков продолжен кабел дали може да се врзе, нема :S.

А инаку конфигурацијата ја праваев сам (custom), не земав готова конфигурација, ама кога ја правев конфигурацијата за друга намена ми требаше машината, па не ни помислив дека можеби некој ден ќе ми треба LPT или COM порт, така да не обрнав внимание тогаш на тоа :S. А инаку плочата беше премија пред три години кога ја купив (не за џабе ме кошташе 100 евра), такви карактеристики немаше нитуедна друга плоча за таа цена, па затоа и ја земав, ама после кога видов дека сум си се лишил од LPT и COM портите, па криво ми стана кога ми притребаа за принтерите два што ги имам дома матрични (вршат работа за текст, а лентите им се џабе), така сега моментално ми стојат во дневна и двата принтера врзани за PIV-ката шт ја склопив од останати делови по дома, и нешто ситно што купив (CPU, RAM...).

Како и да е, ако некој ми ги видел сликите од работилницата, се гледа дека немам компјутер во неа, а очајно ми треба PC во неа (инаку трчам како мува без глава од работилница во соба кај мене за да видам распоред на пинови на тоа и тоа, или привремено пренесувам се од работилница кај мене во соба, па потоа кога ќе завршам, ајде враќај се пак назад... замарање е :S), па планирам ова PC да ида таму, а јас да си купам нов за во соба (некој iCore или QuadCore, ќе видам колкав ми е буџетот), но дефинитовно не ја правам истата грешка како и сега, нареден пат ќе гледам обавезно плочата да има onboard LPT и COM порти, зашто некој ден и оваа новата што ќе ја земам пак ќе оди во работилница ;).
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 17:54:59
Пази добро. ;DМалку плочи имаат сега сериски и паралел.Ке видам ,имаше некој МSI ,да видам .Ако наскоро купуваш дојди до Велес и попуст ке добиеш ;D ;D ;) Можеме докај 500 ЕУ да направиме нешто добро.Очекувам наскоро мало снижување на цените.... :) :) :)
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 10.10.2010, Sunday, 17:58:53
Епа супер ;D, не планирам баш во блиска иднина (не мислам на наредниве недела дена или две), ама може пред нова година или после неа да склопам некое машинче ;).

Искрено, барам Gigabyte плочи, гледам стабилни се, доста често ги купуваат и скоро сите се со LPT и COM порти на нив ;). Држите Gigabyte плочи?
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: Bojan on 10.10.2010, Sunday, 20:35:24
се продаваат плочи со паралелен конектор што се закачуваат на PSI слотот од матичната, ~500 денари си купив од сет...ке отидеш таму ке им објасниш што ти треба и ке ти дадат :D
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 10.10.2010, Sunday, 20:37:31
Ако нешто испадне,добро.Имам две двојчиња,комплет за интернет.Едниот е со 3,5 Гб хард 128РАМ ,ХР тера,звучна.мрежа... со 15 инчи монитор,тастатура,глушец - 1500 ден.,Другиот е со 10 Гб НДД ,466 процесор,128РАМ,ХР;мрежна .звучна, комплет со 17 инци КОМПАК монитор - 2500 ден.Двата имаат сериски и паралелен порт  ;D ;D ;D ;D
Чекај малце,имаш лап топчиња!?Дека викаш тастатура! ;D
А дали може да се појачаат,да им ставам поголем рам и поголем хард диск!?
Ако може одма зимам еден! :D
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: GigaWatt on 10.10.2010, Sunday, 21:07:12
се продаваат плочи со паралелен конектор што се закачуваат на PSI слотот од матичната, ~500 денари си купив од сет...ке отидеш таму ке им објасниш што ти треба и ке ти дадат :D

Знам, сум ги гледал тие, ама само за LPT се тие, немаат COM посрти на нив :S, а инаку начекав и посебни PCI картички со COM посрти на нив, ама 400 денари е една, и пак ќе ми се фати исто, 500 денари за оваа, 400 за онаа, тоа се 900 денари, а 1300 ми е картица со две COM и една LPT порта во Loging :S, и вака и така е многу скапо, нова матична плоча можам да земам за 2000 денари :S, не се исплати :S.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 10.10.2010, Sunday, 21:29:44
најдов РС232 во УСБ конвертор во Еми медиа,но моментално немале!Затоа на друго место дали може да ми кажете каде да барам!??
ПС.Во Еми медиа конверторот не бара софтвер

А која цена е,има едно еми медиа и кај мене во аеродром па ќе прашам ако имаат ќе ти кажам. ;) 8)
Извини што не пишав но за цена незнам!!Ако најдеш те молам кажи ми!! :D
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 21:38:54
Не се лап топови - обични статични ! :D :D
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 10.10.2010, Sunday, 21:40:08
слики може да ми пратиш!!Мислам на форумов постави ги!
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: batka on 10.10.2010, Sunday, 21:51:49
Абе што да снимам обични кутии -едната е кремова(бела),другата е шприцана портокалово ! :D :D :D
да одговара на наместајот во детската соба ;) :D ;D >:( Едниот монитор е 15 инчи КТЦ,а 17 инчниот е Компак.Друго се стандардно.
Title: Одг: РС232 во УСБ конвертор!
Post by: SKOLS_OLD on 10.10.2010, Sunday, 21:53:04
извини вака што те "замарам" ама димензии да ми кажеш!
Исто така од каде имаш ти толку компјутери!Што им правиш?