Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: ljup4o on 28.09.2010, Tuesday, 23:34:59
-
Дали е возможно да се зголеми дометот на предавателот од безжично количе
-
Па во принцип, со мало зголемување на напонот на напојување може да се добие поголем домет, толку барем сум пробал јас лично, ако некој знае нешто повеќе, нека пише ;).
-
VF засилувач???
-
незнам да ти кажам има грец на предавателот два транзистори и едно интегрално
-
сликни да го видиме, за што се работи
-
Вака слики ке ставам утре пошто не го имам склопено мојот телевон ана овој што го имам камерата не му е како што треба
-
ok, да видам па ке ти кажам оти зависи на која фрекфенција емитува и колку mW дава.
-
пиши кое интегрално е па ќе видиме понатаму
-
Еве неколку слики како изгледа само незнам интегрално кое е има залепено несто на него па ке пробам да го одлепам и ке ви кажам а ина;е транзисторите едниот е SM945 а другиот MLB8050 прв пат гледам вакви транзистори
http://pic.mk/?v=0401010024.jpg
http://pic.mk/?v=0401010025.jpg
http://pic.mk/?v=0401011285757077.jpg
http://pic.mk/?v=0401011285757137.jpg
Споено мислење: 29.09.2010, Wednesday, 12:42:22
Интегралното е TX-2-G
-
ај види кварцот на која фреквенција е...
-
Кварцот е на 27.145 MHz
-
нема врска кварцот!
-
со замена на излезните транзистори може да се зголеми снагата
работи на 27МХз и има врска кварцот :)
би можело да се преправи да се види на кој пинови од интегралното е излез и да се стави тука предавателот
-
Кварцот е на 27.145 MHz
Баш така и си мислев, или е на 27MHz или 49MHz, само ако може види водот од антената каде иде, во кој транзистор. Од антената водот треба да иде во кондензатор а после во транзистор и на крај во интегралецот. Пиши го името на тој транзистор и името на чипот. Според нив грубо ке процениме колкава снага дава предавателот а со тоа да видиме дали може да се засили сигналот.
Ми личи дека едниот транзистор е осцилатор а другиот е засилувач. Чипот само ги дава телекомандите
-
а антената да се смени со некоја поголема!?Или нема ништо да се случи??
-
ако има поголема антена нека стави, за таа фрекфенција треба голема антена.
-
Му имам ставено поголема од тоа сто имаше му ставив од радио некаде околу 50цм е мислам ма исто е. За антената кади оди ке видам после моментално су насколо ;D
Споено мислење: [time]29 Септември 2010, 18:01:23[/time]
Антената оди првин преку отпорник па преку кондензатор на транзистор а транзисторот е MLB8050 и прелу друг отпорник оди на интегралното TX-2-G каде што е прилкуцено и Vcc само немозам да најдам datasheet ни за транзисторот ни за интегралното
Споено мислење: 29.09.2010, Wednesday, 19:41:56
Да прасам дали треба да се смени транзисторот што оди на антената па така да се добие поголем домет или треба и напојувањето или несто друго
-
ќе промени ама многу малку
снага дава за до кај 50m максимално да има дофат ( истите интегрални ги имам дома :))
пробав ова со таа колата што ја имав јас до кај 20-25 метри добро оди после како во дупки е де фаќа де не фаќа :)
-
Значит малце потешко е да се зголеми дометот на овие предаватели ;D тогаш ништо ;D
-
може, но ако направи некој предавател и приемник кој ќе се на иста фреквенција
или некој да направи предавател со голема ( ај не ептем голема ) моќност кој ќе биде на 27...MHz
-
може да го промениш транзисторот и да добиеш поголем домет (претпоставувам дека тој е засилувачот ама за секој случај ке проверам во спецификациите) Е сега да видам кој транзистор да би го ставил. Само кој друг и да го ставиш ке сака поголема волтажа... ако има некој друг што повеке засилува а работи на таа волтажа нека пише. Најдобро би ти било да направиш посебно појачало ама и за тоа треба да видам кои делови се за тие фрекфенции. Да беше за FM предавател уште одма ке ставев шема.
-
абе на блокче батерија од 9V се, нешто како буби се хахаха
јас имав една идеа ама малку скапа беше
имаше едни примо предаватели за на 3. нешто GHz беа со домет од 1000m ( 1км ) ама па тоа примопредавателот ( хибрид ) скап беше негде 30 евра беа 2 та што не ми се исплаќа
значи да се преправи или нова плоча да се направи интегралното исто дека тоа е нешто како кодер за тоа функциите и на излез од него се става овај хибрид, а кај примникот иде хибридо па декодерот/ интегралното..
-
Мислам дека 2N3053 ке биде таман, не е многу скап.
Како што видов чипот е предавателот а транзисторот е всушност засилувач.
Сега колку домет има ?
SM945
http://www.shinyutek.com/upload/SM945.pdf
TX-2-G
http://www.alldatasheet.com/datasheet-pdf/pdf/154571/SILAN/TX-2B.html
-
Ај и јас да се вмешам со една шема (има и изглед на плочки за РХ/ТХ ).Излезниот транзистор го направивме со БЦ219 и работеше на 5о-тина метри со антени од 1 м монтирани на бродче (должина 70 см,ширина 38,висина 18 см.Дечкото во далечната 2001 во Велес на Олимпијадата на КМТ освои 1 место во дисциплина Бродомоделарство ( тоа му беше домашна задача).
-
Mоментално има негде околу 15тина метри домет а на местото од кој транзистор да ставам 2N3053
-
пробај ама не верувам дека со замена на само еден трзнзистор ќе се смен нешто драстично
абе РФ е наука за себе не е тоа туку така ;D
-
мал домет :( е тоа е сега проблемот, тоа нема ни 1mW. Како да се стигне до 10mW а после е лесно, после ке ставиме појачало со бафери и ке добиеме 50mW а тоа е домет од околу 500m. На тие 50mW ке додадеме друго појачало што ке даде накај 200mW и на крај уште едно кое ке даде над 1W (5-6km)
-
се што треба е да се направи појачалото со „пред појачалото “ од интегралното после ќе земеме сигнал за во тоа појачало
треба да се направи предавател на 27MHz
EDIT
моменталната шема е оваа
(http://talkingelectronics.com/projects/27MHz%20Transmitters/imagesP2/TX-2Bcct.gif)
да се измени и да се зајача малку :)
-
Ако има некој предлог како ова ноже да се измени нека кажи ;D
Споено мислење: [time]30 Септември 2010, 00:30:22[/time]
Дали можи на предавателов што го имам интегралното да се напојува со 3 волти а на предавателот да му пустам малце повеќе пошто овој цел систем кај мене работи на 3 волти па затоа дометот е толу мал?Па после тој сигнал да се засили со друг засилуцач ;D
-
А да му го зголемиш напонот на напојување на целото коло (вклучувајчи го и интегрираното коло, само провери дали може да работи на тој напон на кој си го зголемил, на пример на 9V)?
-
IC-то можеш да го ставиш на 5V ама не повеке од тоа. Транзисторите комотно може да ги ставиш на 9V а сигурно може и на 12V со тоа ке се добие поголемо засилување а и домет + после со таков сигнал може да му поврзеш појачало и да имаш голем домет. Значи прво што треба стави го целото коло на 5V или додавање на уште една батерија и ке имаш 4,5V и види треба да има поголем домет.
Ако си задоволен така после ке смислиме начин како само транзисторот да се напојува со појголема волтажа од 5V за да има уште поголем домет. Ако и ова се покаже како добро после може да се проба и со друг транзистор да се види дали ке биде уште подобро. Ајде со овие експерименти може да се добие домет до 50-60m барем според мене
-
Вака сега на интегралното му ограницив на 3V а на транзисторите им пуштив прво 9 а после и 12 волти на 12 волти малце грееја транзисторите ама добив некое метро + е сега кој транзистор да се смени за да се добие уште поголем домет а после ке дадете некој засилувач да направам ;D
-
колку метри домет имаш ?
-
Сега има негде околу дваесет и нешто метри ама нее она скрос чист сигналот
-
како виде дека не е чист? Да не има хармоници на ТВ или?
-
Не го пробував надвор и на одредена далечина се јавуваше сецканје на промер кога ке потиснев да врти нево колицето тоа сецкасе за такви пречки ти кажував
-
а тоа само на далечина се дешава или и блиску? ако и блиску тогаш е нечист сигнал
-
Јас бити препорачал да го замениш вториот транзистор со BFR91 или BFR96, и провери колку дава домет, ако работи намали го отпорникот на емитерот кај вториот транзистор, од 100 на 47 оми, ова би требало да го зголеми дометот.
Друг проблем ти е излезната намотка од 6,8 микрохенри кај антената, ако си ставил подолга антена, намалија ова намотка, например 2,2 микрохенри, во спротивно ќе го намалува дометот. Намотката од 6,8 микрохенри е тука за компензира за кратката антена во однос на брановата должина, ако ставиш подолга антена намотката треба да биде со помала вредност исто така, или не треба да има намотка воопшто ако антената е со должина 1/4 ламбда, ~ 2,5 метри за 27 Мхз :D
Но сепак ова е 27 Мхз и за да добиеш добри резултати ти треба поголема моќност (500 миливати на пр.)
-
Кај мене нема намотики нигде можеш да ги видиш сликите а на кој транзистор мислеше конкретно
-
Има намотки, тие што изгледаат како поголеми зелени отпорници на сликите. ;)
А за транзисторот мислев на Q2 да се замени со BFR91/BFR96.