Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: Malecko on 24.08.2010, Tuesday, 22:57:16

Title: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: Malecko on 24.08.2010, Tuesday, 22:57:16
Здраво дечки ќе може ли некој да ми објасни за што служи батеријата во десктоп компјутер таа што е прикачена на матичната плоча,зошто му е потребна на компјутерот и дали може компјутертот да работи без неа :).
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: JOCO on 24.08.2010, Tuesday, 23:26:53
Ако не се лажам мислам дека е потребна за напојување на биосот или така нешто(нека дообјасни некој кој знае повеќе) ;D ;D ;D ;D
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: SKOLS_OLD on 24.08.2010, Tuesday, 23:52:55
Да така е,батеријата служи за биосот но исто така и за РТЦ (реал тиме клок)тоа е кога ќе снема напојување да си одбројува колку е час,датум се!!!Тоа ти е кога од штекер ќе го исклучиш напојувањето од компјутерот!!! :)

Споено мислење: 25.08.2010, Wednesday, 00:50:04
ПС. Да ја нема батеријата компјутерот ќе се изгуби во простор и време  :P :P
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: Malecko on 25.08.2010, Wednesday, 02:54:37
Oк благодарам за објаснувањето SKOLS ;D +реп.
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: GigaWatt on 25.08.2010, Wednesday, 03:41:20
ПС. Да ја нема батеријата компјутерот ќе се изгуби во простор и време  :P :P

Не, само ќе се ресетира на датумот кога е произведена матичната плоча :P, и ќе ги „заборави“ сите подесувања во BIOS-от :D.
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: alex on 25.08.2010, Wednesday, 16:46:30
компјутерот би работел и без батерија, само како што рече сколс ќе биде изгубен во време и во простор хаха :D и ќе работи по дифолт подесувања на биосот
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: SKOLS_OLD on 25.08.2010, Wednesday, 16:49:51
Да не има некој што продава такви држачи за батерии дека имам еден проект со РТЦ,па сега ми треба држач за батеријата!!Ако има некој што продава нека ми прати меил!!Однапред благодарам ;D
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: GigaWatt on 25.08.2010, Wednesday, 16:52:51
Мислам дека има во Loging ама не ме земај за збор, како низ магла ми се гледа во излогот дека водов нешто тако ;). Само кој знае која цена им е, ако можат да продаваат еден машки Ethernet конектор по 15 денари, кој знае која цена им е држачот, хахах ;D. Во Електроинвест имаше сигурно, само што (нажалост) се затвори.

Најдобро репение ти е ако можеш да најдеш некоја стара неисправна матична и од таму да го извадиш држачот ;).
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: Bojan on 25.08.2010, Wednesday, 17:14:32
ако сакаш јас имам две матични за растурање па да ти дадам таков држач за батерии....
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: SKOLS_OLD on 25.08.2010, Wednesday, 17:48:39
Може колку пари??
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: Bojan on 25.08.2010, Wednesday, 17:51:48
ако дојдеш до ѓорче free ке ти го дадам... за батерија како што се на матичните збориме...така???
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: SKOLS_OLD on 25.08.2010, Wednesday, 18:01:50
добро ај ќе дојдам и ќе одам до тој отпадот!! ;D
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: didy on 08.12.2010, Wednesday, 19:01:58
може ли ТОП ЕКСПЕРТ-иве по електроника да не поставуваат прашања кои се наменети за почетници  :o :o
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: Devil on 08.12.2010, Wednesday, 19:48:42
тоа ТОП ЕКСПЕРТ се добива автоматски во зависност од бројот на мислење
знаењето нема никаква врска !
така да и некој кој ништо не знае може да го добие тоа значење !
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: Jove on 09.12.2010, Thursday, 11:06:54
кај мене батеријата е рикната долго време на матична но не го памтеше часот и времето   е сега можќе од тоа да не ми памти на пример сум симнал некои слики го исклучувам од штекер после 2 дена го приклучувам и сликите ги нема има врска батеријата во тоа (а мислам дека нема) да не ги памти сликите ???
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: SKOLS_OLD on 09.12.2010, Thursday, 11:11:37
нема врска,тоа се си иде си се собира во Хард дискот и се чуваат податоците!Батеријата служи за времето,датумот Биосот итн.!А ти акоси го извадил од штеќер ти си го рестартирал компјутерот и тој ништо не запамтил!Значи ако го извадиш од штеќер тој е како рестартиран!Батеријата за тоа нема врска ама ниич! ;D
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: Devil on 09.12.2010, Thursday, 11:18:43
нема врска тоа со сликите, провери си за вируси и малвер
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: Jove on 09.12.2010, Thursday, 14:43:07
ок фала девилче хаха  ;D ;D
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: batka on 09.12.2010, Thursday, 15:22:34
Кој сакаше подножја за комп.батерии!? Мислам Скоолс?? Дојди до Велес и добиваш 10 парчиња гратис.
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: SKOLS_OLD on 09.12.2010, Thursday, 19:25:46
Па да дојдам,..а има во Велес продавници за електроника,електронски компоненти!?Да поминам да видам тогаш! :D
Title: Одг: За што служи батеријата во компјутерот?
Post by: GigaWatt on 09.12.2010, Thursday, 20:54:28
нема врска,тоа се си иде си се собира во Хард дискот и се чуваат податоците!Батеријата служи за времето,датумот Биосот итн.!А ти акоси го извадил од штеќер ти си го рестартирал компјутерот и тој ништо не запамтил!Значи ако го извадиш од штеќер тој е како рестартиран!Батеријата за тоа нема врска ама ниич! ;D

Грешка си, ако случајно го извадиш компјутерот од мрежно напојување (или снема струја) по правило треба батеријата да го држи clock-от на часовникот (значи датум, време, подесувања во BIOS-от) барем неколку дена без струја. Ако не држи ни 5 минути, тогаш батеријата ти е отидена :S. Треба наова да си купиш ;).