Македонски форум за електроника
Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: batka on 12.08.2010, Thursday, 21:38:18
-
Има ли некој шема на поврзување на адаптер * паралел ЛПТ на УСБ * порт? Треба да врзам игличен принтер кој има само ЛПТ 1 на комп.чија плоча(за жал) нема паралелен порт туку само УСБ.Има готови адаптери,ама во моментов не ми се иде на 40 степени во СК само за тоа.
-
Има готови шеми на интернет, ама се доста комплицирани, освен ако не користиш Prolific чипови. Oни имаат готови UBS-to-LPT, UBS-to-Serial, Serial-to-USB, LPT-to-USB чипови, само што ги нема кај нас и можеш да нарачаш само екстремно голема количина од нив. Инаку се си имаат, на самиот сајт на Prolific дури имаат направено и драјвери за сите попопуларни оперативни системи ;).
-
Може да ги пробаш чиповите од FTDI, тие имаат комплетен USB-LPT чип заедно со драјвери. Мислам дека ги има во Loging а сигурно има кај бугарите во comet.bg.
-
Фала за напорите,ама добив од Ск адаптер и го решив проблемот.При инсталација на принтерот (Епсон ЛХ 300+) не правите виртуелен или не знам каков порт ,туку му давате команда да го препознава принтерот како да е закачен ма ЛПТ 1,а го врзувате на УСБ.Нема никаква електроника ,освен две диоди.Имам уште еден адаптер и ако имам време ке го шемирам .