Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: Georgi on 07.08.2010, Saturday, 21:07:08
-
Еве еден интересен проект кој го имав изработено пред една година но не ми беше испробан. Со далечински управувач може да ја регулирате јачината на светлината во 10 степени. Га памети последното ниво на јачина кога била вклучена сијалицата и има тајмер со времетраење од 2 мин. Реализиран е со PIC 12F629.
IR Dimmer (http://www.youtube.com/watch?v=yzQH42XNwrk#)
Извор:
http://www.elektronika.ba/617/ir-dimmer-svjetla-v1/
-
супер сработено ;D
сега уште да се вметни во некој зид или столбна ламба уште подобро ќе биде :)
-
Најдобро е да се вметни во дозната каде што зема струја лустерот. :P
-
Имам видено модификација на горната шема со употреба на обична лед диода + транзистор наместо инфрацрвениот приемник, дали некој ја има сретнато така модифицираната шема?
-
јас немам сретнато таква шема
-
Не за ваква шема но имам сретнато LED диода како сензор. Може некој да го објасни тоа?
-
Не за ваква шема но имам сретнато LED диода како сензор. Може некој да го објасни тоа?
LED диодите можат да работат и инверзно, значи им носиш светлина и генерираат некој минимален напон. А интересно е тоа што најголем напон генерираат кога ќе се осветлат со светлина што има боја како нивната.
Имам видено шема негде (изгледа во Емитер) со лед диоди се детектираше боја на светлина - по една лед диода за сите бои и се споредуваат излезните напони...
Споено мислење: 08.08.2010, Sunday, 11:44:58
Еве еден интересен проект кој го имав изработено пред една година но не ми беше испробан. Со далечински управувач може да ја регулирате јачината на светлината во 10 степени. Га памети последното ниво на јачина кога била вклучена сијалицата и има тајмер со времетраење од 2 мин. Реализиран е со PIC 12F629.
......
Ај стави ја плочката (ако ја имаш на компјутер) пошто оригиналниот проект е со СМД.
-
Пребарав секаде, ја немам. Одамна беше мислам на школо ја прецртав...
-
Вчера се изнакупив 5 микроконтролери од типот PIC12F675 кои беа многу ефтини во Битола!! ;D ;DА во Скопје се изгор!!! :P
-
Дали може да ставам место СМД компонентите, обични? Кај тебе не ги гледам тие, дали си стаил обични компоненти?
-
Georgi добра изработка респект + :)
-
а како ке биде ова да се напрви и да се изработи тач сензорот на батка да се руши дупка во алуминиумот од тачот и да се стави диодата :D лудница ке биди 8)
-
Убабо изработено,и јас имам изработено ваков склоп пред 1 год само не да ја намалва светлината туку само да вклучва исклучва.А за во дозна да се вметне ке го собери овај склоп и + напојуванје 12В што треба дали ќе ја бере во дозна,ако е преполна со жици тешко или ако е од оние малите кружнире тешка работа.Дајте вие идеја ако имате за во дозна +12в напојуванје.
-
Убабо изработено,и јас имам изработено ваков склоп пред 1 год само не да ја намалва светлината туку само да вклучва исклучва.А за во дозна да се вметне ке го собери овај склоп и + напојуванје 12В што треба дали ќе ја бере во дозна,ако е преполна со жици тешко или ако е од оние малите кружнире тешка работа.Дајте вие идеја ако имате за во дозна +12в напојуванје.
Мислам дека не ти треба посебно напојување за ова коло...си има капацитивен делител со зенерка и кондензатор,така да директива се напојува од ~220V ;) :)
-
Да да, директно се напојува од 220 AC...
-
Ама јас ова што го имам само што вклучува и исклучува некој склоп на пр сијалица а за него бара 12в напојуванје.
Еве линк http://www.ivica-novakovic.from.hr/IrOn-Off.htm
-
Ама јас ова што го имам само што вклучува и исклучува некој склоп на пр сијалица а за него бара 12в напојуванје.
Еве линк http://www.ivica-novakovic.from.hr/IrOn-Off.htm
Eве ти исправно и испитано напојување за тоа коло за директива на 230V~.Јас лично го направив по шема од емитер.Ептен е ефтино со малце делови е,и испорачува 12V 50mA. ;) :)
Шемата: :D
http://pic.mk/?v=transforme.png (http://pic.mk/?v=transforme.png)
Кондензаторот е 680nF 275V AC,отпорниците од по 100Ω нека бидат половина ват. ;) :)
-
Фала за шемата, :) само диодата 12в 1 до 1,5 вати.
-
а ако сакаш да смениш струја т.е. да дава помала треба равенката да ја промениш!! ;) ;D
R=U\I за U=230Волти I=струјата која ја сакаш C=1\6.28*f*R кондензаторот се менува за колкава струја сакаш на излез да добиеш!за 35мА е 470nF а за 50мА е 680nF!
-
а ако сакаш да смениш струја т.е. да дава помала треба равенката да ја промениш!! ;) ;D
R=U\I за U=230Волти I=струјата која ја сакаш C=1\6.28*f*R кондензаторот се менува за колкава струја сакаш на излез да добиеш!за 35мА е 470nF а за 50мА е 680nF!
А што мислите,да го заменам тој кондензатор со нов од 1uF и зенерка да ставам од 5W дали на излез ќе добијам негде 100-200mA или тешко? :)
R=U/I
R=230V/0.100A
R=2300Ω
C=1/2•(pi)•ƒ•Z
C=1/2•3.14•50•2300
C=1.384 uF
Tочна ми е пресметката ;D?Ако е точна супер ќе биде да испорачува 100mA струја ;D :D
-
а ако сакаш да смениш струја т.е. да дава помала треба равенката да ја промениш!! ;) ;D
R=UI за U=230Волти I=струјата која ја сакаш C=16.28*f*R кондензаторот се менува за колкава струја сакаш на излез да добиеш!за 35мА е 470nF а за 50мА е 680nF!
А што мислите,да го заменам тој кондензатор со нов од 1uF и зенерка да ставам од 5W дали на излез ќе добијам негде 100-200mA или тешко? :)
R=U/I
R=230V/0.100A
R=2300Ω
C=1/2•(pi)•ƒ•Z
C=1/2•3.14•50•2300
C=1.384 uF
Tочна ми е пресметката ;D?Ако е точна супер ќе биде да испорачува 100mA струја ;D :D
1384nF ми испадна на мене!Зашто си го ставил на микро кога си можел да множиш со -9 за нано да ти испадне! ;) ;D ;DСмени таму наместо -6 стави множи го со -9! ;)
Споено мислење: 23.11.2010, Tuesday, 17:59:12
спој во серија неколку кондензатори дека нема да најдеш од 1000нФ! ;)
-
1uF 60mA по некое не напишано правило :)
така мене ми објаснуваја :)
-
1uF 60mA по некое не напишано правило :)
така мене ми објаснуваја :)
како мислиш 1uF 60mA???
-
епа за секој 1uF добиваш по 60mA
ама тоа оди до кај 5х 1uF паралелно поврзани 5 конд. пошто после пука ;D
-
1uF 60mA по некое не напишано правило :)
така мене ми објаснуваја :)
Meне не ми прави логика,за 50mA струја ставаш кондензатор од 680nF,а за 60mA струја 1uF ???
-
Има голема логика,што те чуди ;D Еве и нешто околу без-трансформаторското напојување.
-
Тогаш зошто ставаме 680n кога е 50mA тогаш не може може од 1uF да се стави ???
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1116.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1116.0)
-
Само делот за напојуванје ќе се искористит,само пак голем простор ке зафаќаат кондезаторите 2200uF другите 2 од 1uF а можеби и ке е тамам за во некоја дозна со помалку жици.Ќе пробаме ;).
-
Ај ќе ве молам за помош, ја направив шемава од тука
http://www.elektronika.ba/617/ir-dimmer-svjetla-v1/
и сега не ми свети сијалицата. Со фазомер покажува струја ама со мултимер не ми дава кај фасонката. Не ми е јасно што треба да правам, пробував за споеви нема само кај тоа за IR TSOP шо е има кај сите 3 спој (незнам дали вака треба да биде). Ве молам за помош побрзо ми треба. Прашајте нешто ако треба да ви докажам. :)
(http://pic.mk/images/untitl1292794549.jpg)
-
Kicho_MKD прочитај ги правилата
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0
Имаш две грешки:
кодирај линкови
ставај помали слики
-
го изработив пред 2-3 дена и функционира одлично го монтирав директно на лустерот.Го работев со друга плоцка најмала направена за тој димер ама семата е иста.дали го програмира пикот и кој фајл го искористи.ако не си го програмирал нема да добиес ништо.тие денови ке ставам клип за да видите како функционира
-
Извини другар... еве средено, ај ако можеш да ми помогнеш.
-
нетреба нигде да има спој, дали ти е убаво програмиран пикот
-
Епа пикот нели треба да се програмира преку тастерот, на плочката?! Таму пишува дека стискаш 11 сек на тастерот и диодата почнува да свети брзо и за 11 сек ти ги стискаш копчињата преку кои сакаш да го укл/искл и контролираш уредот. Е сеа кај лед диодата ми вика на мултимерот дека ми е поврзано + со - а неам спој :( И кога ќе ги поврзам 3 и 2 кај TIC206 ми свети сијалицата :( Споеви неам освен кај диодата.
-
пикот треба претходно да се програмира со соодветен .hex фајл, па после тоа да ставиш во употреба, така празен не прави никаква функција...
-
Ааа... ја мислев може на плочка директно :-\ :-\ А со кој програм да го програмирам. Имам hex фајлови од електроника.ба и у школо професорот има програматор. Дали треба за секој пик посебен програматор или еден си е универзален... не се разбирам ???
-
јас го програмирав со all pic programator ги програмира скоро сите пикови и супер работии но не на сите далински ( не сака на NEO tv).ir-приемникот го извадив од кинеско двд можеби тоа е причината за несогласувањата со далечинските.
еве видео го снимив пред 10-тина минути
http://www.youtube.com/watch?v=WYCcE7FzCpM
-
во зависност од фреквенцијата,се направени IR детекторите/преимниците.
TSOP1736 работи на фреквенција од 36KHz,TSOP1738 на 38KHz итн.Има разни програматори за програмирање на PIC микроконтролерите.Јас го користам Easy PIC6.Тој не е само програматор туку и ICD.Овој развоен систем е многу добра развојна околина,ги опфаќа сите 8 битни микроконтролери:PIC10F,PIC12F,PIC16F и PIC18F.за фамилијата dsPIC,PIC24,PIC32 овој развоен систем не е сторен.Само за тие погоре.
-
Фала ви на сите за помошта... Го средив, го стаив у кутија и си работи.
IR DIMMER (пригушувач на светлина) (http://www.youtube.com/watch?v=0GHWxuqp2Vg#)
-
ај со среќа да си го користиш :D
-
ииии,многу е добар.
-
Ја направив плочката ама ми фали D1 5,6V дали може место таа диода да става Z6.8 ?????????
-
може да се стави ама не ти препорачувам, таа е за напојувањето на пикот
-
ќе ти прегоре ПИЦот,не ставај
-
Еве ви ја шемата во sprintlayout, само не се толку настегани деловите. ;) ,,Поедноставна шема за овај димер''
Kаде што пишува 220v таму е влез на напон, каде што пишува out тоа оди на сијалица,а каде што пишува тастер таму ставате тастер(Тој што се држи притиснат 11 секунди за програмирање на далинското).
(http://pic.mk/images/irdimmerse.)
Ќе има слики од мојот IR димер во наредниот пост ;)
-
ајде чекаме.А во кутија го стави?
-
Еве слики од мојот димер ;)
http://pic.mk/images/irdimmerj.jpg
Белите жици на сликата се влез 220v напон, зелените одат на сијалица, а црните на тастер ;)
(http://pic.mk/images/irdimmerpp.)
-
дали можам да регулирам 4 сијалици од по 60 вати.
-
дали можам да регулирам 4 сијалици од по 60 вати.
Може. Бидејки тиристорот издрзува до 600вати но ке треба и ладилник да му ставис
-
ок значи може одма да почнам :D
-
Дали може место отпорникот од 47ома 1W да ставам отпорник од 100 ома 2W ???
-
Поарно стави 2х100Ω / 0.5W паралелно
-
Или 2ватни ако имаш на располагање
-
ееех, 2W многу се, вкупно 4W отпорникот ке му биде, џабе место ке зафаќа, убаво пиша чекај...
-
е да поќе место зафаќаат, ама понема да греат.. башка ќе функционира :)
-
Ilcebt еве ја шемата без смд далови отпорниците се испраени за да не фаќат многу место јас овај димер го имам изработено пред една година и работи супер
-
денеска започнав еден нов проект,мој,кој може со помош на еден тастер да контролира реле.Работи со 12Ф675 односно два такви,едно е приемник а другото е предавател.И работи на ИР диода за предавателот,а за приемникот работи со ИР транзистор.Користев команда Серин и Сераут,но сега испитувам со пулсаут и пулсин командите.Дометот не е дознат,набрзина го тестирав,важно работи.Вклучува и исклучува едно реле од 5волти. :D
За неколку дена(кога ќе го завршам) ќе поставам шеми и кодови :D
-
супер чим така, ајде направи го што побрзо па да го видиме тука на форумов што ке биде од него :D
-
супер чим така, ајде направи го што побрзо па да го видиме тука на форумов што ке биде од него :D
сега ја доцртувам шемата,го допишувам кодот и најверојатно утре ќе отворам нова тема.Да видите во каква кутија ќе го ставам-во кутија за светилки за на елка(пластичнине со еден тастер што се!) ;D
-
Дечки, го направив ова димеров, ама слабо ми свети сјалицата кога е на максимум (не свети како кога е дирекно на струја уклучена). Видов дека само една полупериода доаѓа до неа. Дали е ова нормално? И ако не е, да не е случајно до тријакот, немав TIC206 па ставив BTA08 и отпорникот од 820 го сменив на 100 ома, пошто не сакаше да запали со 820.
Си мислам, да не треба негативни и позитивни импулси на гејтот за да се уклучуваат двете полупериоди?
-
смени го тријакот најдобро работи со оргиналниот.имам пробувано со замени ама безуспешно беше
-
Да,БТА... има поголем внатречен отпор.
-
Да не купувал некој побрзо TIC206 да ми каже каде има ???
-
Да не купувал некој побрзо TIC206 да ми каже каде има ???
TIC206 имаш во гац,цената би требала да е негде измеѓу 50 и 100ден...
-
Да не купувал некој побрзо TIC206 да ми каже каде има ???
TIC206 имаш во гац,цената би требала да е негде измеѓу 50 и 100ден...
Thanks!
-
Да не купувал некој побрзо TIC206 да ми каже каде има ???
TIC206 имаш во гац,цената би требала да е негде измеѓу 50 и 100ден...
Thanks!
Нема гајле :D,само да ти напоменам дека има TIC206D и TIC206M,тој со „D“ е за напон до 400V и струја до 3А,а тој со „М“ е за напон до 600V и струја до 3А ;) ;D
-
Има ли некој снимено или сликовито да ставе туториал за програмирање на пик12ф629 ми треба за ir dimmer а иначе имам направено PIC and EEPROM Programmer
-
каков тип на програматор е тоа, некој вид на JDM ?
која програма ја користиш за програмирање на пиковите IC-Prog WinPIC ....
-
Што може да е работата, едната PCB е по широка од другата
(http://pic.mk/images/5h2Wt.jpg)
-
кај тој големиот кондензатор на левата плочка има уште една лемна точка за поголем/помал кондензатор....барем тоа приметив дека е разликата...
-
Исти програматор како на најдо http://elektronika-mk.net/index.php?topic=399.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=399.0) со WinPic800 целосно се програмира а со IC Prog на крај ми пише дека има грешка Verify failed at address 0000h
[датотека избришана од администраторот]
-
а на IC-Prog тој драјверот што иде со него го имаш ставено во истата папка во компјутерот кај што е и програмава ?
дали со WinPIC имаш нешто успешно испрограмирано ?
-
Брат ја средив работата не било до програмирањето ниту до програмерот туко до хардверот односно ир димеро шемата не била во ред ја прегледав па направив др според др семичка и е ок сега ;)
-
А кој од тука знае да го испрограмира PIC -ов може да се дог.. преку ПП ке платам за програмирањето ако е потребно :D ако некој знае нека пише во ПП..
-
Дали мислите дека IR димерот ќе биде само IR ON OFF за некоја година кога ке се укинат стандардните сијалици со жаречко влакно ? Бидејки на CLF сијалиците а можеби и на неонките не може да им се поврзе димер!
-
тоа ти е...може само за халогенки некои ако и тие не престанат да ги прават па на нив да се поврзе некој димер...
-
Ве замолувам ако може некој да ми каже како да ја најдам шемата и кодот на страната, бидејки јас неможам да се снајдам ;D
-
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/Razno/untitled_zpsc2757317.jpg)
-
Благодарам. ;) ;D
-
Инаку авторот на проектот напоменува стриктно да се користи TIC206 бидејќи со други триаци (TIC216 итн.) не работи како што треба, ама еве баш предмалку завршив еден димер и ставив BT136 кој го имав дома, си работи супер и со него (не ми се даваа 110ден. за TIC206 :))...
-
патем да прашам кој е подобар. овој или другот v2 со оптотриак? ;D изгледа би можел да работи и со бт139 кој е 30ден ;D инаку јас планирам доколку го правам, да не ставам смд отпорници и кондезатори туку обични само ке им ги пресечам водовите и ке пробам така да ги залемам ;D
-
Јас ја направив верзијата на плочката со СМД делови, се мислев за оваа v2 верзијата со оптотриак со две жици што е, ама самиот автор напиша дека не е како што треба, така што ја баталив, а и така ми требаше за столна лампа, не за монтажа во дозна така што ја направив првата верзија и супер си функционира.
Ако планираш да користиш обични делови има доста обемна тема на електроника.ба кај што има неколку различни нацрти на плочки и со СМД и со обични делови, ако сакаш може да ја проучиш... ;)
http://www.elektronika.ba/forum/viewtopic.php?f=30&t=6598
-
благодарам за линкот со плочките ;) вака може е поголемо ама и полесно, мада и да беше и она со смд некако ке импровизирав и ке ја направев. инаку сега разгледував даташит на триаците и бт136 и тик206 се скоро исти и двата имааат јачина на струја од 4а и напон од 600вмах зборам за стандардните, а додека бт139 има јачина од 16а така да мислам дека би требало и со него да работи, ама јас би одел со бт136 освен ако не треба за нешто појако и да поефтин е. ;D патем изгледа со ова би можело да се контролира и некој мотор со четкици ;D само ке треба да се користи бт139 или некој помокен и секако добар ладилник....
-
Амперажата не е толку битна, побитна во случајот е струјата на гејтот, колку што памтам TIC206 треба да е поосетлив од BT136, ама ете кај мене работи и со него...
-
во овој склоп, да се бара поголем осетливост на гејтот, а инаку општо мокноста им е скоро иста, а додека бт139 е помокен, ама изгледа тој не е толку осетлив и ке му треба побуда со транзистор. :)