Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: BanManaSaH on 06.08.2010, Friday, 19:11:30

Title: Метал Детектори
Post by: BanManaSaH on 06.08.2010, Friday, 19:11:30
Има ли некој искуство со изработка на метал детектори. Немам направено, а сакам да направам некој помал за на плажа. Во Емитер имаше неколку шеми, ама некако не ми се верни. Па за тоа барам некој кој има искуство со оаваа работа, да постави сигурна шема и слика, или барем да напише мислење.
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: batka on 07.08.2010, Saturday, 22:49:10
Добра е она втората од ЕМИТЕР со два калеми,ја направив и точно е за на плажа.
Еве една шема со кварц 455 Кхз.Друго се е на шемата.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1770.0;attach=819)
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: BanManaSaH on 08.08.2010, Sunday, 11:25:57
Не, за толку аматерски нема потреба да се замарам со плочки и шеми, барам нешто што ќе открива барем 10 см под пескокот.
How To Make a Metal Detector (http://www.youtube.com/watch?v=nyXQbcEnUzE#)
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: batka on 08.08.2010, Sunday, 12:25:17
Не и ни малку аматерска ни оваа ,ама ова од ЕМИТЕР е подобра!
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: batka on 10.08.2010, Tuesday, 15:15:53
Направив грешка: Имено ,фреквенцијата на која работи уредот е 455 Кхз,ама без кварц,а Х1 се кристални слушалки (може и базер !).Дометот е 15 см во песок,проверено.Сепак во ЕМИТЕР излезе пософицитарна верзија(со сличен калем) од ова и се покажа добра!
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: DX-er on 10.08.2010, Tuesday, 20:26:20
зошто баш на 455КХз, дали тие фрекфенции најдобро се одбиваат од метал или друго нешто?
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: BanManaSaH on 10.08.2010, Tuesday, 20:45:06
Има разни видови метал детектори, во зависност од фреквенцијата зависи опсегот на полето во кое откриваат метал и колку што имам некое искуство детекторите со пониска фреквенција покриваат поголемо поле и се подобри за откривање.
Мене повеќе ме интересираат ПИ метал детектори кои можат да откријат метални предмети и подлабоко под земјата.
А инаку суштината на метал детекторот е предавател и приемник кои работат на иста фреквенција. Кога метален предмет се најде во близина на овие две осцилаторни кола, се искривува електромагнетното поле, па миксерот детектира промена на фреквенцијата и сигнализира.
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: DX-er on 10.08.2010, Tuesday, 21:23:02
фала за објаснувањето, имаш репутација за ова :)
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: batka on 20.08.2010, Friday, 23:36:08
Предавателот и приемникот не работат на иста фреквенција! Тие мора да се разликуваат бар за малку за да дојде до *избивање* и уредот да реагира со звук! А зошто се користи 455 Кхз фреквенција - веројатно затоа што лесно се наоѓаат фабрички калеми подесени на таа фреквенција ,кои во секој случај се основа на стабилност на уредот и во секој случај се поточно наштимани од аматерски правените.Таа фреквенција е основа на среднобрановите уреди ,кои биле *врв* во времето кога овој тип на детектори почнале да се употребуваат.
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: Georgi on 21.08.2010, Saturday, 02:13:21
Има ли некој подобра шема која има поголемо поле на разоткривање метали?
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: batka on 21.08.2010, Saturday, 14:00:58
Шеми има ,ама не за аматерска изработка.Пред се заради цената,а второ изработката бара познавање и алат,како и мерни инструменти кои аматерите воглавном ги немаат.Потоа,сондата
која е превидена за нив е посебно изработена(под сериски број!) и без податоци- мораш да ја купиш готова.Такви китови се наоѓаат ама се солени и ги нема под 200-300 ЕУ.Погледај кај *Хиткит*,*Конрад*, ке се најде по нешто.Онаа втората шема од *ЕМИТЕР* со две ИК е солидна за аматери.Има домет во земја барем 15 см.И со фабрички уреди дометот е сличен,ама тие чинат екстремно повеќе.Ако сакате домет од половина метар одвојте бар 2000 ЕУ!
Title: Одг: Метал Детектори
Post by: batka on 17.09.2010, Friday, 16:12:20
Еве една покрупна шемичка,ме интересира дали некој се нафаќа да ја прави? :D ;)

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1770.0;attach=1039)

Споено мислење: [time]19 Септември 2010, 14:59:09[/time]
Ако сте за нешто помалку сложено еве нешто со 3 транзистори.Беше пред 2-3 години правен уредов за натпревар.За напомена - првиот калем е правен со 32 намотки со двожилен кабел ( внатре е 0,6мм) бел со ПВЦ изолација (оној турскиот во котури го има ,околу 8-10 ден.метар).Направете круг  со дијаметар 30 см(картон,пластика,шперплоча)  и во средина фиксирајте(со лепење) пластично или дрвено цилиндарче со дијаметар 2,5 см и висина 1,5 см.Намотајте 32 намотки според шемата,а намотките фиксирајте ги на кругот со НЕОСТИК,а меѓусебно со *брз* лепак.Пожелно е намотката да ја фиксирате со лак во 2-3 слоја и поврзете ја со оклопен кабел со уредот.Имате грубо и фино штелување на * нулата* и добро би било инструментот да биде поголем по димензија.Направете солидна кутија на 1 метро од калемот.
Вториот калем е малку со послаб квалитет: на феритен стап (од антена) намотајте потребен број намотки со 0,3-04 мм пресек.Калемите меѓусебно ги поместувате за да добиете најдобра осетливост,а по тоа фиксирајте ги(отприлика 1-1.5 см растојанието треба да биде).Со овој вториот солидно се бараат водови и цевки во ѕид :D

Споено мислење: [time]19 Септември 2010, 14:59:49[/time]