Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: JOCO on 20.07.2010, Tuesday, 17:09:48

Title: Колофониум
Post by: JOCO on 20.07.2010, Tuesday, 17:09:48
Здраво на сите.Сакам да ве прашам дали знае некој како да направам раствор од колофониум за заштита на ППК.Ви благодарам однапред. :)
Title: Одг: Колофониум
Post by: GigaWatt on 20.07.2010, Tuesday, 17:32:40
Се прави со расворање на многу мала количина на калафониум во нитро-разредувач. Количината на калафониумот во однос на нитро разредувачот оди од прилика 1:10 до 1:15, зависи од типот на калафониум. Калафониумот прво се „ренда“ (шмирга), се прави прав од него, па после се става во нитро-разредувачот и се меша додека честичките од калафониум не се разредат во нитро-разредувачот. Можеш да сметаш дека правилно си ги искомбинирал (во правилен однос) калафониумот и нитро-разредувачот кога бојата на течноста ќе стане одприлика како боја на чај од кантарион, можеби малку посветло или малку потемо, но од прилика тука некаде ;). Потоа, течноста се нанаесува на плочката со четкичка за боење (најдобри резултати се постигнауваат со плоснатите четки, како за мрсни бои или темперни бои). Кога ќе се нанесе, се чека едно 10-тина минути да се исуши нитро-разредувачот и да остане само слојот од калафониум. Ако слојопт не е доволно дебе, може да се премачка плочата уште еднаш, или евентуално да се зголеми концентрацијата на калафониум во растворот, па да се избрише стариот слој од калафониум од плочката со нитро-разредувач и да се повтори постапката ;).
Title: Одг: Колофониум
Post by: DX-er on 20.07.2010, Tuesday, 17:35:21
а нели е подобра варијанта со калајлисување или лакирање ? :)
Title: Одг: Колофониум
Post by: GigaWatt on 20.07.2010, Tuesday, 17:37:34
Па да, подобро е со лакирање, со лакирање е дефинитвно најдобро, но најевтина варијанта е со калафониум... ;)
Title: Одг: Колофониум
Post by: BorceBT on 20.07.2010, Tuesday, 21:05:48
Најдобро и најбрзо (но не и најевтино) е да користите Plastic спреј.
Title: Одг: Колофониум
Post by: Devil on 20.07.2010, Tuesday, 21:33:50
колку е од прилика тој пластик спрејот ?
Title: Одг: Колофониум
Post by: LordZi on 20.07.2010, Tuesday, 21:44:31
Мене не ми се допадна многу тој пластик спрејот, пошто долго време остануваше леплив и се и сешто се лепеше на површината што ја прскав. Исто така, дури го имав, го користев за се и сешто освен за плочки :), така што не сум сигурен дека се леми преку него.
Title: Одг: Колофониум
Post by: DX-er on 21.07.2010, Wednesday, 00:16:01
а одкога ке ја излакирате плочката и како лемите врз лакиран бакар? Дали прво го стругате делот каде што е бакарот или не?
Title: Одг: Колофониум
Post by: Devil on 21.07.2010, Wednesday, 08:24:55
после лемење се прска со  него :)
Title: Одг: Колофониум
Post by: DX-er on 21.07.2010, Wednesday, 11:37:02
аха ама па има опасност малце да потемни плочката на некои места од случајни допирања. Иначе диме прво ги лакира па после неколку дена леми. баш ме чуди како му успева тоа  :)
Кај мене ми се случува одкако ке ја направам плочката и ке ја лакирам и другиот ден ке видам на некои места потемнела плочката, што може да е тоа и дали и дај вас се има случувано?
Title: Одг: Колофониум
Post by: BorceBT on 23.07.2010, Friday, 16:53:11
Јас зедов пластик спреј од фирмата PRF и беше супер, сушеше за 10-15 минути.
Title: Одг: Колофониум
Post by: batka on 29.07.2010, Thursday, 15:24:24
Пластик спрејот се користи за заштита на натписи на предна плоча или сл. а не за заштита на печатени плочки од бакар.Не се препорачува ниту лакирање ( освен со зелен стоп лак!)- нема шанси добар лем да направиш потоа.Постои спреј за посребрување,ама беше скап,па на времето користевме
раствор од сребрен нитрат ( го има во фиксир за црно бела фотографија).Порано го земав од сликарите или по натпреварите на Народна Техника.Сега барам од Рентген,ама течко оди со нив.
Ако најдете,таков истрошен фиксир со плутен чеп растријте го по бакарот ,накапете малку оцет(алкохолен) и добро истрите ги водовите.Треба да се посребрат за 2-3 минути. Не ставајте премногу хемија ,работете во мали количини.Има и посебна паста за посребрување,ама слусам некои цени од 20 и нешто евра за туба,како паста за заби.Не е баш за аматери..
Title: Одг: Колофониум
Post by: Baze on 29.07.2010, Thursday, 17:26:43
Ке кажам едно искуство кое немора да го прифатите  :)  Пред извесно време сам си направив лак од разрегивач и стиропор.Правењето е доста едноставно,ке одвоите разрегивач во однос на тоа колку лак ви треба,па потоа во него ке ставате стиропор скоро до заситување на растворот.И лакот е готов.Доколку лакот го направите доста густ,тој лак ке можите да го користите за лепење на хартија и сл.дури и за лепење на "балза" односно лесно дрво кое се користи за правење на модели на авиони(доколку се занимава некој со тоа  :) )
Title: Одг: Колофониум
Post by: Devil on 29.07.2010, Thursday, 17:30:16
јас имам правено поинаку и за поинаква функција, слично на тоа од баже
значи во чаша или слично ( по можност стаклено или метално) турате бензин, и земате од чашите за јогурт што се и растворате, во бензинот тие ќе се распаднат, после со четка или слично нанесувате кај сакате
јас со ова и премачкувам клемите од акумулаторите за од корозија :)
Title: Одг: Колофониум
Post by: LordZi on 29.07.2010, Thursday, 17:34:41
Одамна, додека бев основно и одев на бродомоделарска секција, правевме т.н. "ацетонски лепак" така што растваравме целулоза (пинг-понг топчиња) во ацетон и после го користевме за лепење на моделите, како што се сеќавам беше доста јак (или така ми изгледало пошто не знаев за епоксид тогаш :)).
Title: Одг: Колофониум
Post by: Baze on 29.07.2010, Thursday, 17:36:31
Да,можи е така.Со него исто така можи да се направи мн моќно лепило.Јас вака направив:во мала тегла (од детска кашичка)наполнав 1/3 бензин,потоа до горе го наполнав со пластика од чаши од јогурт и сл и го оставив еден ден.Другиот ден внатре имаше течна пластика  :) со која можи и да се лие...
Title: Одг: Колофониум
Post by: GigaWatt on 29.07.2010, Thursday, 21:42:31
Хмммм, интересни совети, треба некој од овие да го пробам некогаш ;).
Title: Одг: Колофониум
Post by: batka on 05.08.2010, Thursday, 22:14:58
Од стиропор ( ронет) и бензин може да се направи солидна смеса  за обработка на звучни кутии.Направете неколку премази на предходно китирана  иверка или дрво .Секој слој оставете да се исуши добро.Последниот слој пред да се засуши поминете го со сунгер,да  стане малку рапав.Потоа сушете и шприцајте со боја .Идеално,за малку пари.Добивате коска кутии,кој можете и да ги перете со вода повремено :D
Title: Одг: Колофониум
Post by: Bojan on 05.08.2010, Thursday, 22:44:57
ова се добри совети за лепаци, ако си in the middle of nowhere и ти треба лепак некој...супер работи ви се овие што верувам дека ке им се најдат на многу форумџии...
Title: Одг: Колофониум
Post by: MarkoMK on 06.08.2010, Friday, 00:35:22
А каде може да се купи калафониум??
Title: Одг: Колофониум
Post by: GigaWatt on 06.08.2010, Friday, 00:37:27
Го има во повеќето продавници за електронски компоненти. За цена, искрено не знам, немам купено одамна, а и тој што го имам мислам дека ми беше подарок од некој...
Title: Одг: Колофониум
Post by: Bojan on 06.08.2010, Friday, 16:08:03
јас дома иммам во едно шише растворено калафониум, и така ми седи, ако си од ск ако сакаш да ти го дадам за некој денар (растворен е во 96% алкохол) а за полесно лемење на плочките јас првин лемам на неколку места отпорници (или некој други елементи што не се мноту остливи на топлина) и со четка за заби и алкохол (пак 96%) го чистам флуксот од местата каде што се залемени отпорниците, уствари флуксот се разредува и се разнесува низ цела плочка, и лемењето е каде каде полесно така...
Title: Одг: Колофониум
Post by: BorceBT on 13.08.2010, Friday, 08:20:14
Бојан, оваа горната порака ти е 666-та, пази да не те слушне Devil :D
Title: Одг: Колофониум
Post by: Bojan on 13.08.2010, Friday, 13:37:33
хахаха, не сум приметил...ај тоа 666 порака, ама па на брат ми цел живот му е со 6ки... 06.06 му е роденден, у школо увек бил број 6 у дневник..во секој можен број има 6ки...
Title: Одг: Колофониум
Post by: GigaWatt on 13.08.2010, Friday, 14:13:07
Ааааааа, има тука нешто ;D.



(off-topic)