Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: eptenstrucnak on 20.07.2010, Tuesday, 13:33:01

Title: Микросам
Post by: eptenstrucnak on 20.07.2010, Tuesday, 13:33:01
Електроничари, сакам да слушнам ваше мислење за последнава машина на Микросам.
Според мене компанијата е доста успешна со тоа што произведе машина за производство на критични авионски делови. Според вас дали е можно таква критична технологија да се произведе овде, во Република Македонија, поточно во околината на Прилеп, каде претежно се обработува тутун.
Да слушнам ваше мислење.
Title: Одг: Микросам
Post by: deophorant on 20.07.2010, Tuesday, 14:35:30
Да може, и тоа е веке реалност многу години :)
Title: Одг: Микросам
Post by: GigaWatt on 20.07.2010, Tuesday, 15:08:47
Да, јас се сложувам, ако ја имаат потребната машинерија да се произведат, зошто да не може ;).
Title: Одг: Микросам
Post by: Bojan on 20.07.2010, Tuesday, 15:12:31
само крајот на првиот пост не ми се свиѓа, тоа што прашуваш дали може да се произведе нешто толку добро во Македонија. Во Македонија има многу стручни луѓе, но немаат ни пари ни поддршка од тие што треба да ја добија, така да не сме многу познати по некои иновации...
Title: Одг: Микросам
Post by: Devil on 20.07.2010, Tuesday, 15:48:20
сé се може ако се сака, доколку се имаат потребните финансиски средства за да се оформи и направи фирмата која сака да се занимава со тоа лесно е, но дококу се немаа толку финансиски средства тогаше потешко
рачунај треба цела механизација и машини да  се набават
Title: Одг: Микросам
Post by: GigaWatt on 20.07.2010, Tuesday, 15:51:47
Па тоа ми беше и мене поентата, ако се има потребната машинерија, ништо не е невозможно. Како што рекле старите, секој занат бара посебен алат, ако се нема алатот, ништо не може да се направи ;).
Title: Одг: Микросам
Post by: eptenstrucnak on 20.07.2010, Tuesday, 17:52:07
Во право е Бојан. И македонија има голем потенцијал. Но зборот ми беше тоа дека фирмата не била финансирана ни од нашата влада, ни од никого. Покрај генијалните иншженери, од каде финансиски средства за сето тоа да се направи, плус Микросам биле редовни учесници на саемот за композити во Парис каде што учествуваат нај добрите фирми од обаласта на композитите.
Па според ова фирмата мора да е многу успешна.
Title: Одг: Микросам
Post by: GigaWatt on 20.07.2010, Tuesday, 18:30:59
Па да изгледа е, само што исто како што има многу светски познати музички бендови (во определени стилови) од Македонија (а во Македонија за нив знаат двајца или тројца), истото се случува и со Микросам, сите знаат дека постои само никој не знае колку е успешна ;).
Title: Одг: Микросам
Post by: BanManaSaH on 03.08.2010, Tuesday, 23:06:14
Па тоа ми беше и мене поентата, ако се има потребната машинерија, ништо не е невозможно. Како што рекле старите, секој занат бара посебен алат, ако се нема алатот, ништо не може да се направи ;).
Во Микросам нема ништо од посебна машинерија. 2 дребонзи и еден циркулар, компјутери, десетина умни глави и 2 шофери. Таму само се осмислува, и се склопува машината. Посебните компоненти и делови се прават на други места, низ Македонија и Германија. И нема сериско производство, се е наменско. Така барем беше пред 2 години. Мислам дека и сега е исто. Значи Микросам нема купено машини за којзнае какво производство. Микросам сам си прави машини за своите и туѓите потреби. Таквите самопроизведени машини (роботи) се користат за наменско производство во авио индустријата, воената индустрија, имаат цивилна намена а и последно нешто што читав за Микросам пред 5-6 месеци е дека нивна машина - (робот) произведувала супер лесни и цврсти композитни материјали употребувани во НАСА вселенските летала.

Пред 2 години бевме во научна посета на Микросам и сето ова го видовме.
Title: Одг: Микросам
Post by: Bojan on 03.08.2010, Tuesday, 23:38:44

toa e najvaznoto sto ti treba...i da imas alati i masini sekakvi, nisto nemozes bez tie desetina umni glavi...

P.S. same shit and here...u kompjuternica sum...pak
Title: Одг: Микросам
Post by: Zdravkovski on 04.08.2010, Wednesday, 17:24:49
Quote
Според вас дали е можно таква критична технологија да се произведе овде, во Република Македонија, поточно во околината на Прилеп, каде претежно се обработува тутун.
Да и така е повеќе од 10 год кога за прв пат ги видов на технома.
Title: Одг: Микросам
Post by: eptenstrucnak on 04.08.2010, Wednesday, 18:11:48
А дали го знаете ова: Незнам точно за која година се работи, мислам дека 2001-2002 но не ме држете за збор. Микросам на некој саем во Франција требало да презентираат некој робот, роботоф бил ставен во комбе и по некое време украден, кој и зошто незнам.
Title: Одг: Микросам
Post by: Zdravkovski on 04.08.2010, Wednesday, 18:33:55
Да тоа е вистина за роботот дека е украден а инаку тој требало да биде дел од наменската индустрија
Title: Одг: Микросам
Post by: batka on 06.08.2010, Friday, 21:50:04
Не ја гледам поентава на муабетов.Дајте некој финиш,за што се работи?!
Title: Одг: Микросам
Post by: BanManaSaH on 06.08.2010, Friday, 22:22:28
Го најдоа само комбито, празно се разбира. Во самиот центар на Париз.
А робот - машината некој ...
(ја растурил за делови  ;D , или ја предал во отпад )
Title: Одг: Микросам
Post by: Devil on 06.08.2010, Friday, 22:43:06
читај од почеток мислењата од 1 страна и ќе дознаеш :)
кратко
микросем е фирма која се занимава со производство на некој специфични делови, како што се некој делови за мотори, и некој други работи, читаш горе правеле и роботи
Title: Одг: Микросам
Post by: batka on 07.08.2010, Saturday, 17:35:57
Го познавам газдата,ама не ми е јасен постов - што е поентата на муабетов?Дане ја најде некој во Париз машината !? :D
Title: Одг: Микросам
Post by: GigaWatt on 07.08.2010, Saturday, 17:52:40
Не, мислам дека малку е „филозофска“ дискусијава, не е баш многу поврзана со наоѓањето на машината ;D.