Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: nCounTr on 07.07.2010, Wednesday, 22:32:38
-
Оваа тема ја отворив бидејќи подолго време сум корисник на андроид телефон и досега успеав да направам кустомизиран ром за T-Mobile Pulse и научив како да се прават апликации и да се модифицираат апликации за Андроид и можам да дадам некому помош околу овој оперативен за мобилни, а и за мобилните кои го покренуваат овој оперативен.
-
Сакав да влезам на натпреварот што го организираше ВИП за андроид апликации меѓутоа навистина немав време ги привршувам магистерските... Всушност направив една андроид апликација со мапи и со прикажување на претходно снимени локации (со layers) ама не ја довршив за да ја пријавам на натпреварот заради немање време. Како и да е многу веројатно е дека и ќе ми треба помош во догледно време ;)
-
Модифицирање во кој стил ?
Поголемиот дел од апликациите се со отворен код така да нема којзае колкава *филозофија* околу нивното променување. Симнуваш код, го менуваш саканото, прекомпајлираш и ЕУРЕКА :)
-
Мислам дека потоа неможе да се запакува повторно во apk без сертификат?
-
@r00t
Модификации во однос на тоа дека го направив да биде побрз ромот за мојот телефон, сега не кочи како што кочеше со оригиналниот ром, го рутирав и уште неколку други модификации, сеуште работам на маркетот пошо не ги наоѓа сите апликации (особено платените).
Инаку не секој може да смени код, како што знаеш повеќето не се замараат околу програмирањето на електро ако се на други смерови, знам по мене, ниту еден од моите колеги незнае да програмира.
Инаку немам никаков сорс во однос на системските апликации и такви работи, модифицирам веќе компајлирани апликации.
@BorceBT
Немаше потреба да ти е завршена апликацијата, потребно беше само да ја пријавиш апликацијата со име, верзија и краток опис, а потоа имаш цел август да ја завршиш апликацијата.
Јас пријавив две апликации од која едната ми е до пола направена, наидов на мал проблем и се префрлив на другата апликација која е 98% готова, уште утре да поставам неколку услови во нејзе и ќе биде готова за испорака првата верзија.
Слушнав само дека за напреварот немало многу заинтересираност.
За помош нема гајле, овде сум, затоа и ја постирав темата.
Може да се запакува со твој сертификат пошо е опен сорс, ако користиш сорс код од гугл кодес.
Инаку можам да запакувам било каква апликација еве што имав направено на еден од кустом ромовите:
(http://img693.imageshack.us/img693/2656/38313373.png)
-
малку глупаво звучи ама кој се тие андроид мобилни ?
и од прилика колку коштаат ? ;D
-
Андроид мобилни ти се:
T-Mobile Pulse
T-Mobile G2 Touch
HTC Tatoo
HTC Desire
HTC Legend
HTC Desire
Google Nexus One
Најевтин кај нас е T-Mobile Pulse во т-мобиле - 6000 денари во доверба 24 со флекс 250 или 3000 доверба 24 со флекс 600, додека во вип имаш 3 HTC кои се изгор над 15000 од телефон.
П.С. Борче наидов на интернет дека гугл дава бесплатни нексус 1 на сите девелопери чија апликација ќе добие 3 ѕвездички репутација за 5000 симнувања, истото го најдов и потврдив на блогот на гугл, но незнам дали Македонија е поддржана за испраќање на овој телефон.
-
а вака како се имаат покажно према издржливоста, оти сите знаеме нокиа 3310 е нај издржлива :) како тула е ;D
напрајте вие некоја апликација јас ќе ја симнам 100 пати :)
-
а вака како се имаат покажно према издржливоста, оти сите знаеме нокиа 3310 е нај издржлива :) како тула е ;D
За тоа незнам, кај мене сите издржуваат, имам моторола v547 која има повеќе од 4 години, има направено околу 1170 часа разговор, има само неколку гребаници, но од времето пластиката почна да ја губи бојата, работи како нов.
Пред некој месец продадов Сименс МЦ60 кој го продадов за 800 денари.
Па сега види колку се зачувани кај мене телефоните, дали ми паднале по еднаш телефоните.
Пулсов се има покажано како цврст телефон, скоро како нокиата, но ништо не ја менува 3310-тката.
Моментално ги користам пулсот и самсунг S3100, двата се супер не ми паднале нитуеднаш.
Така да издржливоста зависи од корисникот на телефонот.
-
Значи вака првата програма ја пратив во ВИП и утре или другитен ја праќам на Андроид Маркет и ќе биде достапна за сите со вакви мобилни да ја тестираат и да ми пишат импресии.
Ќе пишам точно кога ќе биде одобрена од андроид маркетот и ќе пишам под кое име ќе може да ја најдете.
А засега останува да ја напишам и уште пола од другата апликација и нејзе да ја пратам.
-
@BorceBT
Борче за вторава апликација треба да направам слајд шоу на слики при што кога се уклучува апликацијата да ги лоадира сите слики и да ги прикажува на цел екран во лендскејп формат и треба да прикажувам текст врз секоја слика посебно.
Дај кажи ми некоја идеа за како да го средам тоа. Инаку текстовите што треба да се прикажуваат ги запишувам во датабаза.
Немам поима што да искористам за приказот, дали листвју со слика и текст, дали имиџвју или имиџсвич или галерија.
Се вртам во круг околу ова, единствено што успеав да средам досега е запишување и читање на информациите од датабаза.
-
Само што ја објавив мојата апликација на Андроид Маркетот, сите кои поседуваат Андроид Телефон, може слободно да ја симнат апликацијата од Андроид Маркет, а ќе ја пронајдете под името CarMote.
-
здраво на сите дали garmin може да работи андроид за мобилен
-
Сеуште неможе.
-
здраво дали некој може да ми каже како да видам сто работи во позадина на андроид ОС
имам проблем со брзо празнење на телефонот и тоа од 1,5 до 2 дена а телефонот е нов :'(
-
Дали некој има драјвер за linux kernel за e-ink дисплеј. Контролерот за дисплејот е EPSON (па и друг најверојатно не постои) а цртањето од андроидот иде преку стандардни повици кон драјверот. Имено станува збор за "NOOK" кај кој kernel-от што го даваат, кога ке го избилдам и исфлешувам работи се освен драјверот за дисплејот. Малку се саботирани драјверите, па UART1 TX пинот беше премапиран во влезен за да неможе да се гледаат принтаути од u-boot и kernel, и тоа го средив. Најверојтно има избришано и некој ред во драјверот за дисплејот во повикот кон функцијата за trigger. Ако намерно пред секој повик го сетирам флегот за refresh на дисплејот си работи дисплејот, ама се однесува крајно лудо, сам кога ке му текне си менува страни, а некад доцни, некад не слуша наредби. А со оригиналниот бинарен kernel дисплејот си работи супер.
-
здраво дали некој може да ми каже како да видам сто работи во позадина на андроид ОС
имам проблем со брзо празнење на телефонот и тоа од 1,5 до 2 дена а телефонот е нов :'(
Го реши ли проблемот? Јас штотуку земав HTC Desire многу брзо ми ја празни батеријата, па незнам дали е до проблемот во батеријата или нешто друго?
-
не сеуште е така а навистина незнам дали така треба да биде или телефонов има некаков проблем
-
не сеуште е така а навистина незнам дали така треба да биде или телефонов има некаков проблем
Што телефон имаш?
Инаку Wi-Fi то многу троши, јас го исклучив сега малку повеќе држи батеријата ама сеуште мислам дека е малку 1,5 ден - според GSM arena треба да држи 380 часа на стендбај ! а ова одвај 24 часа држи (со многу малку зборење).
-
Јас имам T-Mobile Pulse и исто батеријата ми траеше еден ден максимум, па затоа го исклучив 3G (го пуштам по потреба), како и се друго што не користам во моментот (WiFi, bluetooth..) и сега батеријата држи 4-5 дена :).
-
јас имам SAMSUNG GT I8500 и се му имам исклучено но повеке од 1,5 до 2 дена нема шанси да издржи
-
Ова го имам приметено уште пред некоја година кога пуштија 3G, на 3G батеријата многу помалце трае одколку на GSM. не знам зошто е тоа така, кога на 3G емитуваната снага е само 125 или 250mW max а на GSM и до 2 000mW..
deophorant за снагата за 3G ако знаеш која е точната максималмна излезна снага пиши
-
Една од причините е лош сигнал, т.е. лош однос сигнал/шум, па така кога е полош сигналот(магла, ѕидови ова она..) 3г-то поќе троши...
-
Ова го имам приметено уште пред некоја година кога пуштија 3G, на 3G батеријата многу помалце трае одколку на GSM. не знам зошто е тоа така, кога на 3G емитуваната снага е само 125 или 250mW max а на GSM и до 2 000mW..
deophorant за снагата за 3G ако знаеш која е точната максималмна излезна снага пиши
Па и не сум видел баш рано, ако има нешто во некоја тема од која сакате одговор од мене пишете ми преку ПМ само линк до темата. Инаку за максималната излезна снага на 3G, зависи од моделот на телефонот, од далечината на предавателите и слично. За 30% е поголема од GSM во нормални услови, но сепак несмее да ја надмине максимално дозволената моќност според ISO. Но кога станува збор за потрошувачка, 3G не е активен како протокол ако не побара од него корисникот да се активира. Значи тој не комуницира со базните станици често, и не и треба потврда на базата дека е во опсег како кај GSM. Значи ако не правите видео разговори или било што, што бара 3G тоа нема да троши струја.
-
Имам ZTE Racer од ВИП му го сменив ромот во 2.3 mooncake, сакам да ми дадете линк од некој македонски ром да симнам да го сменам, значи целосно да е преведен менијата и другите апликации и да не ми го кочи многу телефонот... препорачливо и слики да има со него да не го лупнам безвезе :)
-
Еве една апликација за Андроид за електроничари
https://play.google.com/store/apps/details?id=it.android.demi.elettronica&feature=search_result
-
зедов сабајле zte v9 таблет ама нејки нешто да се уклучи интернетот преку гсм замо wi fi работи му ги наместив нагодувањата ама пак не работи од т мобиле е ама незнам што е проблемов дали јас незнам да го пуштам или расипан е нешто ако знај некој нека кажи
-
Имам ztev9 пред недела дена го рутирав и верзијата е некоја cianomod7 а сакам да инсталирам понов ос пр. jelly bean ама неможам да најдам по интернетов ако знај некој несто нека пиши.
и имам igo навигација со мапи од цела европа ако му треба на некој нека кажи
поздрав
-
Имам ztev9 пред недела дена го рутирав и верзијата е некоја cianomod7 а сакам да инсталирам понов ос пр. jelly bean ама неможам да најдам по интернетов ако знај некој несто нека пиши.
и имам igo навигација со мапи од цела европа ако му треба на некој нека кажи
поздрав
Android Jelly Bean on ZTE V9 (http://www.youtube.com/watch?v=EbtsbkOoJUU#)
Имаш линкови под видеото.
-
На Wi-Fi телефонот јас го чувам по цел ден, ама гледам само кога ќе светне дека стигнало нешто. Иначе ако го користам интензивно бидејки има голем дисплеј се троши батеријата за 6 - 7 саати. Тоа е новата технологија неможе да подржи батеријата толку многу апликации. Иначе телефонот е Sony Xperia Miro.
-
Какво искуство имате со *рутовање* на андроид, поточно Т-Мобиле MOVE 2 ?
-
Здраво дечки
Вака имам таблет zte v9 light го рутирав со cianogen mod 7 си работеше супер се дури не го исклучија од гоогле и сега немам маркет андроид 2,3 е , е сега ме интересира дали можи да се клај понова верзија од пример андроид 3. за да си имам пак маркет и да си терам , оти во мени не постој опција за надградба на софтвер
фала и се надевам дека ке има некое чаре.
-
инсталирај му понова верзија на CM и би требало да се реши проблемот.. така дека ќе го абдејтуваш (како што си навел ти преку settings) малку потешко потешко :D
-
пробав да инсталирам понова верзија од СМ ама не стартова после ич изгледа не е компатибилна за овај таблет
дали можи да се врати некако на фабрички како шо беше да пробам така некако, верзијата сега е 2.3.7 ама ко шо можам да најдам на нет и други телефони се уште има поддршка од гугл
и си мислам да го вратам на фабрички можеби ке се реши проблемот
-
Разгледај тука.
Фабрички ромови.
http://forum.xda-developers.com/showthread.php?t=1353526
http://hariz9511.blogspot.com/2011/05/zte-v9-light-flash-with-factory.html
Gingerbread 2.3.3 (CM7 built Nightly) и google apps.
http://hariz9511.blogspot.com/2011/06/zte-v9-light-gingerbread-233-cm7-built.html
-
Ако знај некој да му го пуштам таблетот нека го напрај јас се откажувам се пробав и никако неможам да го дотерам како што треба во секој случај фалави што се потрудите да ми помогните
-
таблетот го средив со секој ром треба да се инсталира и друг кернел и гугл апликации gapss и ке си работи бес проблем .
е сега имам друг проблем имам самсунг галакси ејс сакам да му инсталирам фабрички ром преку один ама ко ке го пуштам на данлоадинг мод на компјутеро ми излегва дека не го познава и не ми излегува на ком, инсталирав и драјвер и се ама нејки нешто а во нормално поврзуванје си функционира си го познава како самсунг девајс
имам виндовс 8.1 да не има нешто врска со то појма немам ако знај некој нека поможи