Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 24.06.2010, Thursday, 13:47:32

Title: Локални ФМ радиа
Post by: DX-er on 24.06.2010, Thursday, 13:47:32
извинете за офф топикот, Дали знаеш колку W им е сега предавателот и каде им е поставен? Бидејки низ градов има релативно слаб сигнал па дури и не пали стереото секаде. Интересно е што се фаќа дури и на места каде што другите радиа не се фаќаат како на пример автопатот скопје-велес после катланово или позади водно...
Title: Локални ФМ радиа
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 13:59:25
Не, не знам за сега, ама порано им беше поставен на кровот на зградата каде што беше сместено студентското радио (карши студентскиот дом Кузман во центар) и сите го тврдеа тоа што ти го викаш, дека фаќа на определени места каде што нитиедно радио не фаќа ;D. Е како е ова можно, не знам ;D (рефлексија, рефракција на бранови...), навистина не знам.

Мислам дека сеуште ја имаат истата опрема, така да, можно е да го имаат истиот предватаел, од нова опрема што ја купија, само знам дека купија UPS, другото мислам дека сеуште им е исто.
Title: Локални ФМ радиа
Post by: DX-er on 24.06.2010, Thursday, 16:34:36
кој ги знае сега каде им е предавателот ама сигурно не е на средно или на врв на водно
Title: Локални ФМ радиа
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 17:30:22
Мислам дека на истото место им е, на кровот на зградата, мада не ме земај за збор :S.
Title: Локални ФМ радиа
Post by: DX-er on 24.06.2010, Thursday, 18:07:54
Aма студиото им е во универзитетот с.в. Кирил и Методиј па затоа мислам дека им е сменета и локацијата на предавателот
Title: Локални ФМ радиа
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 18:13:16
Ау, па не знаев дека смениле локација, последен пат кога прашав еден другар (заедно со мене и уште неколку „електраши“ беа едни од луѓето што го реоформија радиото) ми рече дека уште на стара локација се, не знаев дека се преместиле од кога го рестартираа (по втор пат :S).
Title: Локални ФМ радиа
Post by: DX-er on 24.06.2010, Thursday, 18:18:43
Па види како што кажаа на вестите тогаш кога го отвараа радиото пред некој месец и така знам.
Title: Локални ФМ радиа
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 18:38:05
Аха, епа нема везе, тогаш изгледа се во УКИМ... ;)
Title: Локални ФМ радиа
Post by: DX-er on 24.06.2010, Thursday, 18:42:39
па така слушнав :) но предавателот не е на кровот на УКИМ бидејки поминував покрај универзитетот ама стереото не запали... значи пак им е на друга локација.
Него знаеш што, ме потцети.  Стално ги гледам тие антени на здрадата до поранешна Нова Македонија... има една дипол антена која е за емитување и 2 Yagi антени со над 15 елементи кои се приемни линкови.. и највероватно имаат и други студиа па се уклучуваат или којзнае што прават...
Title: Одг: Локални ФМ радиа
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 20:35:10
Искрено да ти кажам не знам, ако сакаш да прашам, па да ти кажам ???
Title: Одг: Локални ФМ радиа
Post by: DX-er on 24.06.2010, Thursday, 22:43:43
па не специјално, ако паднете у муабет нешто за радиото тогаш може ;)
Title: Одг: Локални ФМ радиа
Post by: DX-er on 10.08.2010, Tuesday, 23:07:13
денес го слушав велешкото локално радио 5ФМ на 107,1МХз. Нај интересното беше текстот што го пишуваше на RDS. Имено пишеше: Наскоро радио 5ФМ со дигитален сигнал на 107,1MHz. Ако некој има што се знае со некој од вработените може да праша или ако некој од 5ФМ го види постов нека пише за што се работи. позз
Title: Одг: Локални ФМ радиа
Post by: GigaWatt on 10.08.2010, Tuesday, 23:24:06
Хммммм, да не е оној новиот дигитален band? На net читав за него пред едно 4 или 5 години, требаше да земе голем замав, исто така користи FM модулација, но на друг опсег и сигналот се предава дигитално па се декодира во приемникот (мислам дека користеше некаков вид на MPEG кодирање на аудио сигналот, ќе да беше MPEG-2 ама не сум сигурен), ама не знам што се случи, колку што гледам, сеуште се користи FM опсегот. Истото се случи и со DAB-от, требаше да земе голем замав на почетокот на милениумот и на крај, пуффффф... ништо :S. За DAB-от има логично објаснување зошто не зема голем замав (премногу голем замав земаа дигиталните online радио станици, а DAB приемниците се релативно скапи, а стандардите се менуваат премногу често, во 90-тите беше еден, по милениумот е друг... народки кажано „не се знае кој пие а кој плаќа“, луѓето што веќе купиле DAB приемници во 90-тите можеа слободно да ги фрлат ако сакаа да го користат новиот стандард со имплементиран SBR алгоритам за кодирање на аудио сигналот бидејќи старите применици не можеа да го декодираат новиот сигнал, или можеа, ама со аудио сигналот е со лош квалитет :S), ама не ми јасно зошто беше напуштена идејата з аовој нов FM дигитален опсег. Колку што читав на net, далеку поедноставен и поприлагодлив беше од DAB-от, така да не ми е јасно :S.

Sorry за off-topic дискусијава...
Title: Одг: Локални ФМ радиа
Post by: DX-er on 11.08.2010, Wednesday, 00:13:43
види сега се иде на DAB+...... цела работа е нејасна со 5ФМ бидеки како што пишеше на РДСто ке емитуваат дигитално на истата фрекфеннција па така мислам:
Ако емитуваат на истата фрекфенција тогаш нема да има аналоген сигнал, тоа значи ке слушаат само оние кои имаат диг. приемник а другите нема да слушааат Слушателте со дигитални приемници се 0% така да би изгубиле многу слушаност.
Нај интересно е тоа што дигитално емитување на 88-108МХз е дефинирано во стандардот HD Radio ама тој стандард сеуште е во тест фаза и тоа само во америка и канада. ДАБ е на сосем други фрекфенции и е над 200MHz така да ова што го причитав на РДСто не штима.
Знам дека и да емитуваат дигитално тоа не може да го прават сами туку мора да има провајдер-фирма која ке го прави тоа како со БУМ ТБ
Title: Одг: Локални ФМ радиа
Post by: GigaWatt on 11.08.2010, Wednesday, 01:12:31
Да, знам тоа за DAB и DAB+-от дека предваат на сосема други фреквенции, ама не ми е јасно како ќе предваат дигитален сигнал на стандардниот FM опсег. Не знам дали воопшто постои технологија што може да го декодира тој сигнал во стандардниот FM оспег... тоа навистина ми е мистерија :S.

Можеби згрешиле во рекламата (ќе емитуваат паралелно и FM и DAB сигнал), сепак, не сите се разбираат од електроника ;).