Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 23.06.2010, Wednesday, 22:36:22

Title: ВФ транзистори - трајност?
Post by: DX-er on 23.06.2010, Wednesday, 22:36:22
Ме интересира нешто околу VF транзисторите, освен транзисторот што може да прегори од лошо користење или од дотраеност дали VF транзисторите може да ослабнат односно да не засилуваат толку многу како порано ?
Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: BorceBT on 24.06.2010, Thursday, 01:08:19
ВФ транзисторите можат да се оштетат од тоа да се долго време под висока температура и под голем SWR (повратна снага). Едноставно деградира кристалот и ја губи всушност точноста на влезната и излезната импеданса а со тоа и засилувањето меѓутоа за тоа треба или време или големо прегревање од неправилна работа. Сепак ми се има случено ВФ транзистор да „полу-прегори“ и да дава доста послаб сигнал (најверојатно кристалот се фузирал на некое место внатре). Но ова ми се случи еднаш, значи е ретко. Најчесто или работат добро или прегоругваат :) Можда проблемот ти е во нешто друго (често проблемот кога паѓа снагата е кондензатор кој пробива внатре, не се гледа тоа, не е мерливо а снагата ти паѓа на него (на поголеми снаги грее и се топи а на мали снаги не се гледа).
Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: DX-er on 24.06.2010, Thursday, 01:17:13
Благодарам за одговорот, само ме интересираат уште неколку работи

Едноставно деградира кристалот и ја губи всушност точноста на влезната и излезната импеданса
А дали тоа значи дека може да се корегира импедансата со штеловање на тримерите па потоа пак снагата да биде како порано или е невозможно ?

Едноставно деградира кристалот и ја губи всушност точноста на влезната и излезната импеданса а со тоа и засилувањето меѓутоа за тоа треба или време или големо прегревање од неправилна работа.
Значи освен од неправилна работа може да се случи и со тек на време ? Па сега ме интересираат две работи:
Дали имаш инфо колку години треба да работи континуирано транзисторот (при нормална работа) па за да дојде до вакво слабеење на снагата?
Од кога ке ослабне снагата колку ке дава, дали 80% или 50% или помалце од порано ?
Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: Devil on 24.06.2010, Thursday, 08:25:44
ако е нормална работа со добри услови ќе треба долго време за да се расипи, но ако нешто не е во ред и има некој проблем за пократко време ќе даде душа :)
Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 13:35:13
За обични транзистори повеќе се разбирам, за ВФ помалку, така да и мене ме интересира дали само ослабуваат после определен период или не ;).

Во студентското радио (новото што го отворија па пак го затворија) имаше еден 200W-ен Iskra предавател. Многу стар беше, се гледаше, фреквенцијата на предавање му се подесуваше преку дисплај и со тастерчиња (значи дигитално), ама се гледаше дека е стар. Колку што забелешав, си работеше супер иако беше стар. Единствен проблем беше малку повисокото ниво на шум. Е сега, не знам дали беше тоа заради истрошеноста општо на компонентите (електролити, потенциометарчиња, прашина) или потрошеност на транзисторите, или пак можеби таков бил уште од почетокот (сепак беше доста стар) па можеби тоа ниво на шум од предавател бил најголем дострел во техиниката што го имале тој период... навистина не знам ???

А дали тоа значи дека може да се корегира импедансата со штеловање на тримерите па потоа пак снагата да биде како порано или е невозможно ?

Мислам дека не, за такви проблеми мислам дека нема корекција, едноставно се заменува нов и тоа е тоа... :S

Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: DX-er on 29.06.2010, Tuesday, 22:34:32
Некои транзистори па имаат две парчиња силициум во натре а некои по едно парче. Зошто некои имаат по два силициума?
Некои па имаат по два силициума ама толку се мали што ако ги собереш се како еден од друг транзистор.

Дали по трајни си?
Дали по силни се?
Помалце греат?
Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: GigaWatt on 30.06.2010, Wednesday, 04:19:11
Тоа е веќе поврзано со начинот на изработка на транзисторите, повеќето денешни транзистори (барем за биполарните знам, за MOSFET или JFET не знам) се прават со GaAs (галиум арсенид), не со силициум ;).
Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: batka on 14.07.2010, Wednesday, 09:37:00
Еве мое мислење - секој транзистор има свој век на работа,работни саати или како би рекле остарува.Има посебен дел од електрониката кој се бави со староста на материјалите,особено на полупроводниците.Секој транзистор поставен да работи во излезен или друг степен треба да има нагоден режим на работа кој ке гарантира максимално искористување на неговите ресурси.Сепак поради промената на работните услови доаѓа до изместување на работниот режим што се гледа по засиленото греење,шумови,паразити и сл. Значи се си има рок на траење кој може да се продолжи со правилно ракување на уредите.
Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: DX-er on 18.07.2010, Sunday, 01:17:52
сепак има ли некој од вас инфо колку е работниот век на ВФ транзистор како на пример 2SC1971 но при нормална работа (да нема прегревање и преголема повратна снага) ?
Title: Одг: ВФ транзистори - трајност?
Post by: GigaWatt on 18.07.2010, Sunday, 06:01:49
Ако не го пишува тоа во datasheet-от, можеби на на net ќе најдеш некои статистички податоци правени од поединци, ама не верувам дека нашто повеќе од тоа дека ќе најдеш :S.