Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: JOCO on 20.06.2010, Sunday, 12:34:26
-
Здраво на сите.Имам проблем со полнач за авбтомобилски акумулатори.Кога ќе го вклучам на излез не дава никаков напон.Го отворив и внатре има само еден трансформатор и еден дел кој не можам да го опишам(подоцна ќе ставам слики).Инаку е доста стар(околу 25-30 год) од германско производство.Пишете ги вашите мислења.Ви благодарам однапред.
-
Тој делот најверојатно е грец или евентуално да има некаква автоматика за подобро полнење. Ако ти е здраво трафото, за ефтини пари ќе си го опраиш. Провери го трафото дали има напон на секундар со унимер.
-
грец најверојатно, пробај како што ти влеи членот над мене дали дава нешто напон , ако дава има грецови од 35-50А се купуваат ( 100 тина денари беа ) и ќе си го замениш, ама да ставиш и осигурач ако нема сега :)
-
можеби ке звучи малце глупо, ама па....ај провери дали жиците ти се во ред, да не е скратена некоја...
-
Доколку е многу стар полначот тогаш најверојатно се работи за грецов спој изработен од селен (selenium rectifier) слично како на сликата подолу (може да е кафеаф, црвен, зелен):
(http://theodoregray.com/periodictable/Samples/034.2/s7s.JPG)
Овој тип на исправувач е многу несигурен, грее и знае да пробие лесно и треба да го замениш со обичен грецов спој, би ти препорачал да ставиш метален од 35A за да може да издржува и кратки споеви без никаков проблем.
-
Најдов една шема на едноставен поланач за акумулатор.барам васе мислење за шемата и дали може да се најде тука таков стабилизатор од 3 ампера бидејки знам дека ЛМ7812 може да дадат само 1 ампер максимум.Имамм трафо од 12в АЦ 50 вати мислам дека ке мозе да даде 3 ампера струја.Дали мозе да поврзам 3 ЛМ7812 стабилизатора паралелно за да добијам 3 ампера
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1494.0;attach=605)
-
Мислам дека може да се најде регулатор од 3А, или пак ако го нема поврзи паралелно 3 ЛМ7812
-
Баш сега разгледувам шеми со ЛМ7812 и гледам дека успешно има поврзано до 6 интегралци со што се добива 6 ампери
-
Предлог, земи на пр. 2N3055 на база направи склоп со зенер диода и тримерче и наштеловај на 14-15 волти да му иде на базата, стави на трафото грец и поврзи 1-2 кондензатори за филтрирање, после кондензатори стави го склопот со 2N3055 и имаш некој регулатор кој ќе крепи повеќе од 3А :), а ќе биде полесен и се надевам поефтин од горе спомантиот, исто можеш да ставиш, да направиш некој склоп за ограничување на струјата или пак некој мини електронски осигурач и имаш супер полнач, за кој може да си сигурен дека нема да се расипи з абрзо време ;D
-
колку волти треба да дава полнач на акумулатор кога на него нема приклучено акумулатор, и колку има пад на напон кога ќе се приклучи акумулаторот.
-
13,8-14V треба да дава полначот, односно до тој напон треба да се полни акумулаторот, а падот на напон може да нема, а ако има ограничувач на струја тогаш ке падне напонот ако е многу испразнет акумулаторот...
-
јас направив полнач со следнава шема со LM317 и 2 транзистори 2н3055 кој мозат да издрзат до 10 ампери но трафото не ми дава толкава струја. но сепак полни мозеби бавно но врши работа.
-
неоптоварен би требало да дава околу 15 волти. оптоварен, зависи од тоа колу е испразнет акумулаторот.
Инаку акумулаторите имаат крива на полнење од која понатака зависат многу работи.
патем на интернет има многу шеми за акомулатори, па одбери ја таа што ти одговара најмногу т.е. со делови што можеби ги имаш или што можат лесно да се најдат низ продавнициве.
http://www.aaroncake.net/circuits/charger2.asp
http://www.aaroncake.net/circuits/charger1.asp
http://www.brighthub.com/hubfolio/swagatam-majumdar/blog/archive/2010/03/13/lead-acid-battery-charger-circuit-diagram.aspx
http://www.eleccircuit.com/automatic-12v-lead-acid-battery-charger/
http://freecircuitdiagram.com/2010/05/30/12v-car-battery-charger/
http://www.extremecircuits.net/2010/05/battery-charger-regulator.html
http://www.circuit-projects.com/battery/charger-circuit-for-6v-or-12v-car-battery.html
http://www.circuitstoday.com/battery-charger-circuit-using-l200
-
Ако сакаш да добиеш 3А не оди со 3 Х 7812 ,туку направи нешто вакво,поевтино ке те чини.
Споено мислење: 21.02.2011, Monday, 21:42:08
Еве една шема со автоматика за полнење на акумулатори.Кај мене служи повеке од 8 години ! :D ;D
-
Да прашам полнење на акумулатори паралелно но со различна ампеража 55А и 75А , добро или нечини ? Ги полнам со слаб полнач 2А мах.
-
ако не ти грее полначот... друга работа, ако е едниот драстично попразаен од другиот прво ќе се доведат на исто ниво, односно пополниот ќе се поиспразни а попразниот ќе се наполни делумно од пополниот акумулатор па после ќе се полнат како што треба.
-
Него да не ги зезнам да не 55А цркне или нешто слично бидејќи , другиот ќе се наполни 75А да не има теденција да го напуни и 55А до 75А па да не го пренаполни. Тоа сакам да знам. Зашто кај батериите 1,2v имам читано дека паралелно е лошо да ги полниш ако се со различни mA. Знам дека сериски е подобро ако се со различна ампеража
-
не, двата ќе ги наполни до 14.4 в, амперчасата немаат врска... само повеќе струја ќе влечат, ако не грее полначот и ако двата се скоро исто празни нема врска...
-
да прашам дали постои некоја шема за уред кој може да мери капацитет на акумулстор, или подобро е оној стариот со светилка и часовник
-
да прашам дали постои некоја шема за уред кој може да мери капацитет на акумулстор, или подобро е оној стариот со светилка и часовник
Каков е овој метод на мерење на капацитет на акумулатори со светилка и часовник ???.
Чекај, мислите на капацитивност или капацитет (Ah) кои може да ги даде акумулаторот?
-
да де гига... нели колку вати е светилката, колку ампери строши колку време ќе свети.... ,осчам дека тоа е едини начин... инаку имат некој си мерачи за киселинатра, ама незна како функционираат...
-
светилка и часовник :o??? Малку да не се побрка?Ај за светилка -да ,ама за часовников??
Капацитетот на акумулаторот не се мери директно со инструмент,туку на акумулаторот му се става оптеретување па се мери неговата способност да го *држи* напонот.Ова се аматерски мерења,а можеби постои и некој компјутерски програм или подобро речено * плагин* за претварање на падот на напонот во капацитативност на некој извор на напојување ( сум видел на руски сајт).Но,мајсторите мерат со инструмент колку ке падне напонот при оптоварување (омско или со сијалица),Тебе ти е доволно да направиш некој инструмент со ЛЕД кој ке мери низок,добар и висок напон во инсталацијата на акумулаторот.При оптоварување напонот паѓа,ама со надополнување од исправен алтернатор и реглер ,брзо си доаѓа на нормала! Значи најди некоја шема од оние со 3 ЛЕД и решена работа!
Споено мислење: 01.07.2011, Friday, 03:09:52
пс. Мерење на киселината (густината) е сосема друга работа и тој инструмент само ја покажува исправноста на растворот ( киселина и дестилирана вода!) во келиите на акумулаторот.Капацитетот не се мери со мерење на густината на киселината!!
-
Земаш инвертор незнам дали може упс
На него вклучуваш 100w сиалица и часовник АНАЛОГЕН (сказалки) кој работи на 220v
Го местиш часовникот на 12.00
Кога ќе падне напонот 11v самиот инвертор ќе исклучи со тоа и часовникот.
Гледаш колку време светела сиалицата.
Од тука пресметуваш Ah има акумулаторот
Пример поминале 8 часа за 100w потрошувач
8 х 100 = 800w
800w / 12v(акумулатор) = 66,6 Аh
Јас вака знам и мислам дека е разумно има логика.
-
Ова прв пат го слушам,благодарам.Има некаква логика,ама заплеткано е и скроз несигурно! :D Прво - имам акумулатор кој држи 12В и акумулатор кој има едвај 11 В ,На едниот напонот паѓа за 5 минути,а другиот држи 25 мин.Ако и двата ги приклучам ке добијам скроз различито време,иако двата се пример 55А/часа.И тогаш зошто со 12В да делам?? Ова кожеби ке работи кај нов акумулатор,ама кај постар нема да полаже реално.
Јас би пробал капацитетот да го проверам вака.Би зел отпорник кој има мала внатрешна отпорност и мнооогу вати и би го врзал на клемите.Почетно би имал пример 12,3В без оптоварување,Со оптоварување за 1-2 мин напонот би паднал за 1-2 В па тогаш би правел пропорција и би пресметувал по стариот омов закон.
-
хмм ако е 55 сијалица од 12вати треба да го испразни скрос мислам за 55 саати.
-
зашто 12в изгледа затоашто 12,6 - 12,5 е волтажа на полн акумулатор во мирување , ако падне 11в тогаш инверторот ќе исклучи и вака ваљда земаат некоја средина. Инаку ако волтажата падне на 12в возилото не вклучува. Си бара да биде над 12в.
-
Доколку е многу стар полначот тогаш најверојатно се работи за грецов спој изработен од селен (selenium rectifier) слично како на сликата подолу (може да е кафеаф, црвен, зелен):
(http://theodoregray.com/periodictable/Samples/034.2/s7s.JPG)
Овој тип на исправувач е многу несигурен, грее и знае да пробие лесно и треба да го замениш со обичен грецов спој, би ти препорачал да ставиш метален од 35A за да може да издржува и кратки споеви без никаков проблем.
И јас имам полнач кој е доста стар и во него има ваков грец, е сега овој грец почна да фрла искри го отворив и видов беше механички оштетен сега сакам да го сменам дали да треба да се стави само грец или пак исправувач (грец, кондензатор, стабилизатор...)? :'(
-
измери го колкав е напонот на трансформаторот, после исправување, за полнење на оловни акумулатори, ти треба напон од 14-14,5V напон, значи го мериш напонот и го множиш со 1,41 ако добиеш некој напон од тоа ниво не мора регулатор, ама ако добиеш некој напон поголем би требало да ставиш регулатор.
Сепак на ова зависи и колку е моќно трафото, ако е некое малечко ќе имаш пад на напонот, ако е помоќно нема да има голем пад на напонот и така :)
пожелно е да се стави кондензатор, ама не е морално
-
измери го колкав е напонот на трансформаторот, после исправување, за полнење на оловни акумулатори, ти треба напон од 14-14,5V напон, значи го мериш напонот и го множиш со 1,41 ако добиеш некој напон од тоа ниво не мора регулатор, ама ако добиеш некој напон поголем би требало да ставиш регулатор.
Сепак на ова зависи и колку е моќно трафото, ако е некое малечко ќе имаш пад на напонот, ако е помоќно нема да има голем пад на напонот и така :)
пожелно е да се стави кондензатор, ама не е морално
Мислиш на кондензатор за филтрирање да ставам или...?
-
да де, после грецот да ставиш кондензатор, ама прво смени си го тоа грецот од селен пошто не ти треба таков грец, стави си некој понов :), гледаш борче има пишано да се стави стандарден од 35A
-
Јас имав еден ваков полнач, ама кај мене наместо грец имаше диоди две метални. Тие не вршеа баш најдобро работа, па ги заменив со еден гред од 35А од оние металните коцкасти и сеа си работи добро.
-
ако е со 2 диоди може да е комбинација на полбранов исправјач што дава повисок напон... али ако си задоволен со напонетите акумулатори... супер, битно тебе да ти е убо xD
-
Деновиве ја направив онаа втората шема,што ја има објавено batka,за полначот за акумулатори со автоматика,но некако чудно реагира.Кога ке го приклучам,светат жолтата и црвената диода,потоа ставам оптеретување (обична сијалица од 12в/21ват) светнува зелената диода,а сијалицата воопшто не светнува, напонот драстично паѓа.Дали ја има некој изработено шемата,и ако ја има нека кажи резултати :)
-
да не ги имаш погрешно местата на диодите, пошто на шемата пишува која диода што индикација дава, да не ги имаш сменато местата на зелената и црвената диода ?
-
Не,јас одма посумњав на то,ама така се како на шемата.Во шемата каде што пиши зелена да не треба да пиши црвена? ;D
-
Деновиве ја направив онаа втората шема,што ја има објавено batka,за полначот за акумулатори со автоматика,но некако чудно реагира.Кога ке го приклучам,светат жолтата и црвената диода,потоа ставам оптеретување (обична сијалица од 12в/21ват) светнува зелената диода,а сијалицата воопшто не светнува, напонот драстично паѓа.Дали ја има некој изработено шемата,и ако ја има нека кажи резултати :)
Шемата е исправна и проверена.Само пробава со сијалицава не *пали* Имаш некаква грешка,провери ,па врзи акумулатор и намести го напонот со 5К да светне полнење (црвена лед).Свети ли жолтата ЛЕД?Зелената ке свети ако имаш врзано акумулатор и ако е тој наполнет !
-
Го згрешив поларитетот на вториот тиристор ;D сега ке биди добро мислам :)