Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: GigaWatt on 24.11.2018, Saturday, 19:28:06
-
Чоеков си направи дувалка од обичен леткум :P. Нема кој знае каква контрола, ама можно е да биде функционална за некои прости работи ;).
-
Малце сум скептичен дека со 30 вати ќе направиш нешто, па и 100 да се, но сепак инвестицијата не е голема и вреди да се проба.
-
Сепак, ако не повеќе, барем ќе ја загрееш плочката за да можеш полесно да одлемуваш со обичен леткум ;). Само што мислам дека е непрактично пумпата за воздух да биде на самиот леткум... сепак, треба да се проба.
А за моќноста... на клипот топеше тинол жица со тоа чудо... можно е и местено да е, кој знае ???.
-
Да, ќе ја стопи, ама само тинол, на плочка кога ќе ја стави ќе треба 5 мин да дува за да се разлее. Во секој случај може да се проба, пазарските леткоми се ефтини, има и помоќни а пумпа за ваздух не знам колку е но може сигурно да се искористи и од други уреди за проба, па ако брка работа вреди и да се купи специјално за него. Додуша има клипчиња и за диу пумпи...
-
Додуша има клипчиња и за диу пумпи...
Хахахаха ;D ;D ;D... ако биде DIY, се нека биде DIY ;D.
-
мене ми изгледа како губење време, освен можеби за топенје на термоцрево за изолација и за правенје бељи со најлом кеси нема друга примена.