Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: DX-er on 31.05.2010, Monday, 15:39:42

Title: Отстранување на корозија од бакар
Post by: DX-er on 31.05.2010, Monday, 15:39:42
Имам неколку склопови кои имаат фатено корозија (потемнети бакарни водови) па има ли некој доста ефикасен спреј или друг начин за да се отстрани корозијата од бакарот ?
Па потоа да можам да ја заштитам плочката со калајлисување или сл.
Title: Одг: Отстранување на корозија од бакар
Post by: BorceBT on 31.05.2010, Monday, 17:25:53
Јас правам вака меѓутоа мора да се користат ракавици!!! Земате сунгерче за садови, го натопувате малку со солна киселина и ја триете плочката одоздола. Водовите го добиваат бакарниот изглед. Сунгерчето го миете убаво со вода. Со такво измиено сунгерче (влажно) ја чистите плочката за да нема веќе киселина на неа. Ја сушите плочката и прскате на неа Plastic спреј или некој прозирен лак.
Title: Одг: Отстранување на корозија од бакар
Post by: SaleSk on 31.05.2010, Monday, 20:11:46
Така е Борче. Понекогаш за поситни работи каде што не може да се употребува начинот кој ти си го кажал може да се употреби обична гумичка за бришење и суво крпче.
Title: Одг: Отстранување на корозија од бакар
Post by: LordZi on 31.05.2010, Monday, 20:23:18
Како што кажа Борче, солна киселина му е мајката и добро миење после  :)