Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: Jovicar on 11.11.2015, Wednesday, 21:05:16
-
Го поставив во категоријата за радиоаматери бидејќи сум сигурен тие ќе дадат најдобар одговор. Како што стои во насловот дали е можно да се пушти гсм/3г сигнал за дома и каква опрема е потребно? Фала
-
Возможно е. Основно нешто што ти треба е BTS станица и GSM концентратор. Додатно нешто што ти треба е концесија на фреквенциски план (вреден милион евра) од страна на АЕК (ова барем е во МК).
Со среќа !
-
Дури дома несмее да се има таа фрекфенција? :o
-
Никаде несмее на територијата на РМ без концесија на опсегот од АЕК. Кога концесијата вреди милиони евра, веруј АЕК работата многу сериозно си ја сфаќа со нелегално користење од страна на трети лица :-)
-
Пред неколку месеци фатија еден илегален мобилен оператор во Тетово и го затворија. Правел профит од 60 000 евра на ден.
-
@Јовичар
Што ти текна за домашна мобилна мрежа? Ок, можно е. Но комуникациите меѓу членовите на семејството сепак ќе оди преку мрежата на македонски телеком ако не се лажам, а тоа се плаќа. Вип ја користеше мрежата односно предавателите на т-мобиле, пред да наместат своја. Е добро сега, како мислиш тоа да го изведеш?
Како мислиш дека ќе имаш своја мрежа? Ќе поставиш репетитори низ цела Македонија за неколку телефони? Кој ќе ти изработи сим-картички? Мобилните телефони немаат опција two way communication како радиостаниците.
Најдобра опција е, земи си фамилијарен пакет од Т-мобиле или ОНЕ каде што телефонските разговори меѓу членовите на семејството се бесплатни и решен проблем.
Споено мислење: 12.11.2015, Thursday, 18:36:56
и башка како што вели милеров ефект, концесија, милион евра и ред процедури.
-
Пред неколку месеци фатија еден илегален мобилен оператор во Тетово и го затворија. Правел профит од 60 000 евра на ден.
Тој илегалниот *мобилен оператор* тунелирал VoIP преку интернет, нема ништо поврзано со правење своја мрежа
-
Дури дома несмее да се има таа фрекфенција? :o
А што мислиш? Има ли домашни и надворешни фрекфенции? Самото барање е резултат на непознавање на основните принципи на GSM мрежата,а во генот ни е да направиме *дубара* и ништо да не платиме,а да користиме * по дома само* некоја услуга. Дајте луѓе,бидете озбилни за овие работи! Македонија,како и секоја држава,наплатува за секое користење на фреквенциите за комерцијални цели.
-
Дури дома несмее да се има таа фрекфенција? :o
Леле се изнасмеав еј ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D еј легенди сте ако не е форумов нема ни да се насмеам како човек секогаш има некоја интересна идеја некој предлог ако е невозможен нема врска 8) 8).Ме расположивте навечер
-
Да ја затворам темава (или требаше порано) ? Оти не вреди да се дискутира на ваква тема
-
Најдобро ќе биде да ја избришеш.
-
Немора, може некој ќе постави слика од домашна изработена базна станица :D
-
Еве.слики од мојата * домашна * ГСМ станица ( во подрумот ми е ),како и антената која си ја направив над зградата 8).Ако некој се интересира еве и блок шема:
-
Сигурен сум дека некој може со помош на PC и доста електроника да симулира GSM мрежа :)
-
Имаше во мое време една конструкторска кутија, МЕХАНОТЕХНИКА се викаше...Можеби со неа ,евентуално.. 8)
-
Сигурен сум дека некој може со помош на PC и доста електроника да симулира GSM мрежа :)
Ако со „доста електроника“ мислиш USRP или Motorola C123, тогаш да, многу е возможно и повеќе од симулација да се направи :-)