Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 15.09.2015, Tuesday, 21:53:07
-
Од пред неколку дена имам приметено чуден проблем со RU5 (врв на Водно). Кога ке го отпуштам копчето за емитување потоа се слуша сигнал од репетиторот но во позадина се слушаат некои тивки гласови како некои зборуваат, сето тоа го слушам и јас и соговорникот.
Друго нешто, овој репетитор е како напуштен, никој не го користи, кога и да се уклучам и да слушам нема никој на него, што е работата ?
-
Чудни работи се случуваат со RU5 и тоа редовно. Одете на линкот и слушнете.
https://soundcloud.com/user-893319551/ru5
-
Чудни работи се случуваат со RU5 и тоа редовно. Одете на линкот и слушнете.
https://soundcloud.com/user-893319551/ru5
Изгледа нешто доста го мачи репетиторот... Наскоро ќе пробаме дали ќе поминувам преку него од Неготино. Забегувам со темата ама што програм е тоа на сликата на soundcloud? :)
-
Денес таков звук слушав и од R1 кај Прилеп.
Програмот е SDR# ама тој програм работи само со RTL SDR USB стикче, се продаваат на интернет, пиши: DVB-T FM DAB SDR.
-
Денес таков звук слушав и од R1 кај Прилеп.
Програмот е SDR# ама тој програм работи само со RTL SDR USB стикче, се продаваат на интернет, пиши: DVB-T FM DAB SDR.
Ќе разгледам.. Јас дома од што имам пречки не сум ни во можност да го слушам Р1 но тоа е што е