Македонски форум за електроника

Стручна литература => Туторијали => Topic started by: Bojan on 18.05.2010, Tuesday, 00:28:59

Title: Правење на двострана плочка
Post by: Bojan on 18.05.2010, Tuesday, 00:28:59
треба да правам двострана плочка...ама па никогаш порано немам правено и сега незнам дали некоја страна треба да се врти како во огледало да се гледа. планирам да ја правам плочката со пегла (со тонер трансфер)....

секоја помош е добредојдена....
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: BorceBT on 18.05.2010, Tuesday, 03:51:40
Ако е добро нацртана плочата (правилно) тогаш обично вртење од другата страна и пеглање ке заврши работа, никакви огледала. Само треба да пазиш какво ќе биде вртењето, некои плочи се дизајнирани за обично вртење (значи само ја вртиш плочата по една оска и работиш) а некои се нацртани со дупло вртење (значи ја вртиш плочата и во едната и во другата оска и работиш). Како точно е нацртана плочата ќе видиш од положбата на пример на некои интегрирани кола како се совпаѓаат горната и долната страна. Не е тешко но малку е проблематично точно да ја погодиш горната и долната страна да се совпаѓаат, затоа ќе внимаваш да не ти избега една од страните кога ќе пеглаш иначе кога ќе бушиш ке ти бега пинот горе и пинот долу :)
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: Devil on 18.05.2010, Tuesday, 10:05:57
Ќе земеш термо фолија, ќе ја испеглаш едната страна и ќе стајш некој маркери низ кој ќе издупиш дупки, ќе ја земеш термо фолијата ( прозирна е ) и ќе ја наместиш одозгора да ти одговара на дупките и пеглаш :)
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: Bojan on 18.05.2010, Tuesday, 13:12:31
борче...не те сватив, како мислиш ако е добро нацртана плочката???
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: GigaWatt on 18.05.2010, Tuesday, 13:29:30
Претпоставувам дека мисли на тоа да биде добро направен тонер трансферот на едната страна. Ако е добро направен на едната страна, нема да има проблем со „избегани“ дупки од едната и од другата страна. Ако од еданта страна малку погрешно ја поставиш дупката, а на другата страна на правилно место, ќе „забегува“ дупката од едната и од другата страна.

Двослојните плочки се малку тешки за правење, имам пробано дава три пати и никогаш не ми излегувале како што треба. Нема начин да ја направиш еднослојна?
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: Devil on 18.05.2010, Tuesday, 14:07:59
може од една страна да ја прелепиш цела со селотејп, и да ја ставиш во раствор
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: GigaWatt on 18.05.2010, Tuesday, 14:17:29
Не сум пробал до сега така, не сум сигурен дали растворот не нагризува селотејп, знам дека еднаш или два пати сум имал хемиски изгореници од растворот, така да не знам дали обичен селотејп ќе заврши работа. Можеби некој квалитетен изолирбанд ;).
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: LordZi on 18.05.2010, Tuesday, 16:09:08
Едната страна ќе ја направиш нормално со тонер трансфер, другата ќе ја испрскаш со авто-лак спреј и ќе ја ставиш во киселина, ќе се нагризе само едната страна, сега со разредувач ќе ја избришеш бојата од другата страна, ќе избушиш неколку дупчиња за порамнување и со тонер трансфер ќе ја направиш и другата страна.
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: DRAMAN on 18.05.2010, Tuesday, 19:10:38
Devil, погоре спомна термо фолија- јас пробав со термо фолија за графоскоп ама не се одлепуваше тонерот од неа. Дали мислиш на истата фолија или има некоја друга и ако е друга каде да ја купам?
Поздрав
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: Devil on 18.05.2010, Tuesday, 20:16:36
се работи за истата, јас со неа кога правам 99% излегува се
а со хартија веќе 99.99%
имаме на училиште развиено „техника“ која успева во најголем број случаеви
повеќе имаш во една тема за печатење на плочи имам пишано како оди
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: laze on 07.09.2010, Tuesday, 20:00:43
а што правиме со виа точките, знае ли некој некоја финта ?
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: GigaWatt on 16.09.2010, Thursday, 01:43:04
а што правиме со виа точките

Какви се тие „виа“ точки ???
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: Devil on 16.09.2010, Thursday, 10:49:17
најверојатно мисли на оние точките кој ги спојуваат горниот и долниот слој од плочата
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: DX-er on 16.09.2010, Thursday, 13:38:10
а што правиме со виа точките

Какви се тие „виа“ точки ???
не знам ама имам слушнато од еден ги вика "ваа" точка  :D се шалам, тоа е само разлика во дијалект.
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: GigaWatt on 16.09.2010, Thursday, 14:42:59
Аууу, јас па чуди се „какви се сега овие виа точки“, дека сум чул за VIA chipsets ама не и за „виа“ точки, хахахаха ;D ;D ;D.
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: laze on 17.09.2010, Friday, 00:08:55
да тие се што ги спојуваат горниот и долниот слој, другар ми од hi tech ги вика виа , во proteus се виа и јас ги викам виа  ;D тебаше да пишам дупчиња  :)не точки
и дали имате финта ?
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: Devil on 17.09.2010, Friday, 14:34:50
земаш жичка мала и ги спојуваш :)
или со калај ги полниш :)

а како се прават тоа во цртањето треба една под една точка да се и после печатење бушиш од една страна и решено :)
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: laze on 18.09.2010, Saturday, 17:45:20
пример треба да се спојат горниот и долниот спој на некое пинче на дил лежиште а од горната страна  физички не е можно да се леми , сега идеално би било дупчињата да се направени како нитнички
па калајот убаво да се разалие од двете страни као што е случај кај фабричките повеке слојни ппк ,
 ме интересираше дали тоа може некако да се изведе во аматерски услови
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: batka on 18.09.2010, Saturday, 18:15:52
НЕ !
Title: Одг: Правење на двострана плочка
Post by: SKOLS_OLD on 30.09.2010, Thursday, 17:10:54
јас вака правам,зимам со шило и со голема сила притискам на плочката се разбира во виа дупчето!!Потоа ги полнам со калај!!